Не ми се јасни жените кои трпат физичко насилство. Fool me once, shame on you; fool me twice, shame on me. Па и повеќепати се случило? Трпиш во себе, криеш и не кажуваш никому, не си ја прекинала врската, а оправданието е - ние сме во голема љубов, страв ми е да не има последици врз него? Па и треба да има последици врз него. Да ми се заканува некој недораснат мочко, да ме удира кога ќе му прдне, да му се тресам, и да не можам да сторам ништо против тоа, зашто неретко продолжуваат да се закануваат и уценуваат... Полиција, мама, тато, братучеди од по 2 метри, рекетари, нафурани типчиња кои и за без пари ќе го здробат толку добро, што една недела нема да може да седне на гз! И не знам зошто криете од родителите. Ако мислите дека они нема да ви помогнат, кој друг на светов ви мисли подобро? Под итно раскинување! И гласници на врата или пред маало да му се пратат, со по некоја клоца и бокс, со пораката - да не ви се приближува никогаш повеќе.
Немам жал за девојките што се физички малтретирани, од причина што сами си дозволувате. Како што слушнав на еден филм неодамна "Кога ќе те удри првпат си жртва, секој следен пат си соучесник"
другаркати ти дала сосема искрен совет а истото ке ти го кажам и јас.тој кога еднаш се осмелил да те удри,тој ќе си продолжи и понатаму така.прекини со него да се гледаш.можда на почеток ке ти биде тешко ама ке помини.да сум јас на твое место и јас веднаш би раскинала со него. и јас имав ваква ситуација.првиот пат кога ме удри ништо не му реков ама кога тоа се случи втор пат јас прекинав со него.после тоа ме бараше и ме молеше да се смириме плачеше како дете мало,ме убедуваше дека нема повторно да ме удри.јас му поверував (пошто многу го сакав) и се смиривме.по неколку дена пак иста "песна".му раскинав и по некоја недела веке си имав друг дечко сакам да ти кажам,тој што прави така,не можи да се смени.ако ти раскинеш со него ке ти биде полесно пошто тој нема да те бара и да те моли(како што напиша,тој не те бара сега,а нема ни да те бара а мислам и дека не те сака.) затоа,немој да дозволиш никој,ама баш никој да се однесува така према тебе.раскиниму и уживај
Колку ли си заслепена, што го трпиш до сега??? Тое е првото прашање што ми падна на памет. Неколку страници наназад, девојкиве ти дале убави совети.... а јас само би те прашала: што би и посоветувала на некоја твоја блиска (па и не толку блиска) другарка доколку се најде во ваква ситуација? Тоа што ќе си го одговориш на ова прашање е точниот одговор за твојата ситуација Замисли пак да имаше ќерка и да ти кажеше дека вакво нешто и се случува........ Сечи дур е време.
Девојче каде ти е самопочитта дали ти уопште се цениш сама себе???Како можеш да дозволиш вакво нешто, како уопште можеш да дозволиш да те тепа и утре пак да го гледаш во очи да легнеш со него мене одма би ми се згадило би го замразила.Ако тој вака почнал верувај дека нема шанси да се смени.Без никакво размислување без око да ти трепне сечи стави крај.
И јас се согласувам со девојките погоре...јас би раскинала со некој ако ме навредува,а не пак ако крене рака...чим ти останале модрици,тоа значи дека силно те удрил и тоа не е прв пат...нема ни потреба од размислување што како понатаму,оти нема ПОНАТАМУ,ти немаш иднина со некој што те малтретира...полицијата не знам како реагира на оваквите случаеви,ама подобра опција ти е ако имаш на некој да му кажеш да го натепа со уште неколку другари,ама така убаво да го натепа,што друг пат нема да му текне да крене раката за било што,а не пак за тепање.
Пази вака, ТИ велиш дека се у прашање 4 год, кои како шо гледам првин шо си размислила е д аму простиш за да не ги фрлиш тие 4год у вода. Арно ама, дечкото твој од самиот момент кога кренал рака на тебе знај дека ги плукнал и ги фрлил тие 4 год у неповрат. Друго, ја па ке кажам, дека машко ако еднаш удри пак ке го стори тоа, се додека не запреш ти самата. Едноставно, ова е доволен и голем знак на непочит и на немање љубов од негова страна. Ти што си доживеала при тоа кога те удрил, треба он дупло да доживее таков стрес, зашто не постои ни најмало оправдување за крената рака на девојче, партнерка или жена. Значи ја те советувам, или кажи и на мајка ти. Или самата расчисти со типот, без враќање назад, без помирување и слично, зашто веруј ми истото ке ти се повтори. Едноставно детево не заслужува шанса да знаеш ! А најмалку пак тебе те заслужува Едноставно собери сили и стави крај, смени бр, смени места на излегување биди повеќе со луѓе околу тебе и тоа е тоа. Ја искрено ке ти кажам, јас бев удрена од бившиот мој еднаш зборев за ова, али ја продужив со него све тоа и раскинавме и бевме едно време другари и т.н. Ама ти се верува дека мене уште пред очи ми стои тој момент кога ме залепи типот ? Ти се верува дека секад после тоа коа ке праев муабет со него, коа ке зборев сонего и како другари мене само таа слика ми беше пред очи ? Дека и ден денес да помислам на него прво на тоа ми текнува па после све остало ?? Ке ти биде тешко, знам и сите кои поминале низ истото знаеме, ама мораш да се избориш да го тргнеш од твој живот зашто не те заслужува, зашто немаш среќа и иднина со таков чоек. Тргни се док е време. Поздрав и се најубаво.
Кога партнерот ќе дигне рака, задње ќе му биде. Без разлика дали сме во брак или 10 годишна врска. Ниту па психички ќе дозволам некој да ме малтретира. Ако покрај другото од партнерот не можам да добијам грижа, внимание и некое чувство на сигурност, тогаш што ќе ми го? Нешто да се врти колку да не бидам сама? За да си лечи фрустрации преку мене? „ама го сакам“...м? Што поточно сакаш, крвничката фаца што ти ја прави кога посегнува кон тебе или најгрозните зборови од душата што ги извадил за да ти ги каже? На неколку наврати сум била сведок на грозни сцени каде што дечкото во јавност ја крши од ќотек девојката. Таман си зинал од згрозување и се чудиш како да помогнеш, почнува женскава да се влече по него и да го моли да не ја остава... Па се замислува човек колку ниско мислење треба да имаш за себе за да паднеш на тоа дно.
Абе какво сакање, тури му пепел. Тој да не те сака случајно чим те тепа!? Златна, тој што те сака -сака да си среќна, а не модра. Крај.
Наместо да бидеш со човек кој ке те чува, заштитува и сака повеке од својот живот... ти си продолжила да си го губиш времето со таков кретен, размисли убаво дали вреди
Мила од една страна те разбирам како се чувствуваш, но никако не смееш да дозволиш тоа да го направи уште еднаш. Не те заслужува тебе и твојата љубов.Да те удри поради тоа што си ја треснала вратата?????? Ма ајде молим те во кое време тој живее во турско? Девојко одма свести се не заслужва ни секунда да мислиш на него и ни една твоја солза,пријави го во полиција,ич немој да го жалиш, после 4 години тој вака да ти прави,замисли како ќе ви биде кога ќе сте во брак ако стигнете до таму,а мој совет е веднаш расчисти со него и никогаш не ни помислувај на него.Тешко е знам,но секогаш кога ќе ти текни на него,помисли на тоа што ти правел и одма ќе се појави горчина кон него. Јас не можам да ти кажам како да се чувствуваш,нормално,но мораш да стисниш заби и да му раскиниш веднаш на тој тип. Колку има машки кои што ке ја користат раката само за да те милуваат и гушкат,а не за нешто друго. И добро е тоа што ти побарал пауза,ти по една недела рачи му јас не сакам пауза,јас сакам да раскиниме засекогаш,па тој нека си ја чука глата.
Он тебе те тепа и ти се мислиш што последици ќе има врз него? Девојче ти си во огромна заблуда по типот! Зашто се сметаш ти дека си крива? Па што ако си треснала врата не е крај на светот па он да има дозвола да те удри !
Кога партнерот ќе подигне рака ќе остене без двете раце! Мене не ми е јасно како можете да бидете со некој кој ве има ударено, а тој некој треба да е ваша потпора и заштита. Кој кранал рака еднаш ќе крене и втор и трет пат.
Јас би те советувала да му кажиш за твојата ситуација дома на мајкати или таткоти (зависи со кој си поблиска).. И јас така правев ме удри еднаш..ок на мајтап ..вториот пат имав модринки на лицето, а последниот пат сакав да му се скарам а тој ми се закануваше и со секакви погрдни зборови ме нарекуваше, ме мана повторно му кажав дома на моите и навистина ми помогнаја, а да не заборавам најмногу мојата другарка :/
Колку и години некој да е во врска или брак, не заслужува да биде повредуван ни психички а ни физички. Погоре некој кажа волкот го менува крзното но умот не, тоа е точно значи тој што еднаш удрил, ќе удри втор пат и трет и така натака.... Должината на врската не е предуслов да бидеш мачена така да културно стави крај. Не мора да се замараш ни со полиции ни глупости само едно чао и пријано. Ќе бидеш посреќна и ќе затвориш едно тежко поглавје од твојот живот но ќе бидеш пресреќна и еден ден ќе си кажеш еднаш постапив правилно. Во спротива ќе си носиш модрици цел живот, утре ќе живееш за децата и дрн дрн... Немој да бидеш лабилна девојка постави си се и зацртај си една животна цел со мотото ЈАС МОЖАМ
Душо... другарка ми, беше во врска со типот 7 години. Прв пат ја удри на една забава изговорот беше пијан бев не знаев што правам итн глупости. После тоа.. за се што ќе речеше таа а него не му се допаѓаше ја тепаше, ја тепаше и тоа пред сите човече. Пред кого ќе стигнеше кај ќе стигнеше.. оваа одеше со него, трпеше малтретирање, понижување и што не.. се додека не и пукна филмот и не го пријави во полиција.. постојано беше со модринки по раце, по лице.. Сакам да ти кажам.. БЕГАЈ ОД НЕГО!!! Чим те удрил еднаш.. нема да престане.. тоа што си уште со него само му дава до знаење дека и покрај тепањето ти ќе си со него.. значи има слобода да прави што сака и кога ќе те удри ти ќе се повлечеш и пак ќе си со него.. бегај што подалеку од него!!! ОДМА!!!
Работата јас ќе ја завршам. Како што пишав и претходно нели побара пауза и паузата помина и ми се јави и се однесуваше како ништо да не било. Дали мислеше дека јас толку брзо ќе заборавам? Како и да е јас почнав нов живот и не се замарам повеќе со психопати. Сигурно ќе најдам некој што ќе ме почитува. Фала ви на сите за тоа што придонесовте да сфатам некои работи и да се чувствувам посигурно.
ГорданаЛ ти го прочитав проблемот, а ги прочитав и советите од останатите девојки. Не се навраќај пак кај тој дечко, штом неколку пати во врска кренал рака, во иднина кога би ти бил маж ќе шеташ шарена со модрици. Тој не те заслужува, тој не те сака, а може колку и да сака да ти тврди дека ќе се подобри, тоа ќе биде само маска. Разговарај со твоите родители, или со некој за тебе близок, поддршката од блиските ќе ти влее поголема самодоверба. Бегај од него.