E ова не можам никако да го сватам,што мисли машкото во тој момент кога ќе крене рака на женското Дали демек Еј јас сум машко сега ќе ти покажам,ама така дома кај мајка ти или кај сестра ти,пошто кога тој што би ја удрил својата девојка би имал сестра која би била удрена од нејзиниот дечко незнам што би му направил Значи сваќам еве пример девојката претерува го изневерува,незнам што прави,ама чекај бе да кренеш рака ? а зошто? море марш таму у три лепе и на лечење одма Јас доколку некогаш недај боже наидам на вакво нешто,тоа не би го скрила од мајка ми, а ниеден родител не би можел да го дозволи тоа. Мене мајка ми не ми кренала рака не пак тој некој. Голема поддршка за сите девојки кои го имаат овој проблем да соберат храброст и да кажат дома за истово, и големо против за сите девојки кои сепак решиле да останат во врска со некој ваков партнер ( изгледа сонуваат со мислата "Еј многу ме сака,ме удри ама сега многу се кае" !
Кога партнерот ќе подигне рака, јас ќе подигнам нога и ќе му ја начукам кај што сонцето не свети. Не го разбирам моментот, ама јас го сакам. Знаете како викаат, тенка е линијата меѓу љубовта и омразата. Е ова е моментот кога мојата љубов би ја преминала линијата. Со тој еден удар, он би поништил се што сме граделе, би покажал што мисли за мене, колку не ме почитува. Па зошто јас би сакала таков човек? И ова го кажувам како некоја што сака и љуби во животот. Гордана, се надевам дека се ќе се реши и ти посакувам да најдеш достоен маж.
Гордана искрено жал ми е што ти се случува ова но зошто не ги послушаш останатите совети?Примени еден два и ке видиш дека ке биде друго најпосле. Значи не смееш да дозволиш некој да се изживува врз тебе.Не смееш! Без разлика дали сте во брак дали сте имале долга или кратка врска. Утре не дај боже ке те претепа и како ке се правдаш? Тебе ти е страв да нема последици кон него но дали се прашуваш дали тој има страв кога те удара? Подобро прекини сега зошто ако утре сте во брак којзнае како ке биде? И децата ке страдаат не само ти. Мене татко ми не ми има кренато рака не пак да дозволам малтретирања од некој незрел тип? Да ми се случи мене тоа татко ми/брат ми нема да го удре има да го претепа. А јас веднаш ке ставам крај на такво измачување без разлика дали го сакам или не. Кажи и на мајка ти што е можно побрзо,пријави и во полиција-велиш дали се интересираат за такви работи?па секако малтретирање е тоа.Нема сигурно да седат со вкрстени раце. Запомни,ти си најважна и никој друг.Не дозволувај пак да се случи тоа.Сега е на ред да одлучиш ти пред да се случат полоши работи.
Никогаш не вели никогаш на секој може да му се случи такво нешто,да дојде до ситуација кога неможе ни сам да си поверува што трпи.Љубовта е толку слепа што некогаш се жртвува човек до тој степен да си ја заборави вредноста.Од мое лично, многу тешко и болно искуство кажувам дека навистина не е лесно,колку и да ја креваме суетата у воздух со коментари бреее што трпиш остави го веднаш...итн никој неможе да се стави во нејзина кожа.Тоа душевно и телесно малтретирање ни животни не го трпат и не го заслужиле камоли човек па и да си најрасипана и најгрешна НИ ТОГАШ нема право! Многу се збунувачки ситуациите во таквите врски бидејќи секогаш следува она во мојов случај извинување или те сакам јас тоа од што сакам да сме заедно бла бла. Неќам да го развлекувам постов нема потреба девојката си ја знае ситуацијата ама најбитното го заборавила или едноставно не го ни научила е тоа што незнае колку вреди,во целосна смисла на зборот,многу е лошо кога мислиш дека тој начин на живот е единствен и мора да трпиш,4 години не се малку и затоа човек заборава на многу поважни работи во животот од љубовта ако смее да се нарече тоа така,а тоа е здравјето.Кога го изгубив тогаш сфатив!! На добар пат си и ти и сите во слична ситуација да го изгубат да не ве чини само поскапо тогаш како мене.Наместо што ги бараш истите совети и коментари од форумот,мислам нормално дека тоа се советите истите ќе ги добиеш и од пријателки и другарки и од секој се знае,тоа е најлесно да се каже остави го,јас би те советувала да седнеш и да смислиш стратегија најпрво да си разјасниш на самата себе која си што си и дали би направила жртва за твојата иднина,ти секако си жртва значи силна си,верувај дека тоа не е љубов и јас така мислев а всушност љубовта не била таква замисли,тој тебе можеби те сака но не те почитува,не те смета за личност,епа тоа ти е исто како да живееш со непријател.Јас не кажав на никој отидов во полиција и никој не дозна освен тој,тоа беше првиот чекор натаму се си дојде по себе.. Велат во нервоза немој да донесуваш одлуки,напротив во такви моменти да собереш храброст а не да чекаш тој пак да ти се умилкува.Можеби ќе се свести во секој случај ќе има страв да го повтори тоа ама ќе сфати дека сепак не си била толку наивна.Никогаш немој да заборавиш тој нема никакво право да крене рака на тебе па макар и да си го изневерила,крај
Кога би го направил тоа со ГОЛЕМО задоволство би му ги скршила и двете па после да може само к*рот да си го дига и дома да неможе да си врши сам раб!!!
Со ова никако не можам да се согласам. Секој си е сам за себе, секој си ги знае своите граници. Сепак и зависи до карактерот. Јас до сега сметам дека сум се изградила како личност и знам што би дозволила што не, така што можам да речам дека е ова една од оние работи за која знам како ќе изреагирам. Љубовта е слепа, ама некогаш се сакаме самите себе повеќе.
И што ако сте во врска 4 години? И 10 да бидам, се знае ако еднаш крене рака ќе крене и втор пат. Сами сте криви што им дозволувате, и уште ќе слушам муабети од типот на :"ме сака и го сакам" Бруко една светска. Каде ви е достоинството? Ако ви се трпи, трпите, ама мене ова да ми се случи, како прво ќе му пикнам два прсти во очите, една по јајца и после тоа ќе средам некое машко да го дотера онака убаво. И нека го нашминка убаво на лицето. Јас се чудам како опростувате и си продолжувате понатаму како ништо да не се случило. Добро, не чувствувате страв на пример кога ќе почне кавга (што е нормално во една врска), дека во секој момент може да ти ја плесне една? Јас под штрек би била. А каква љубов е тоа ако покрај партнерот се чувствувам уплашена, наместо заштитена и сакана?
Точно еве коментарот држи место но зборот ми беше за вредноста која ја заборава човек,немора да се однесува на ќотек еве пример некоја навреда зар има некој право да те навреди со погрдни зборови во кавга пример,да збориме реално,тој што вика дека не се кара или нема кризи тој лаже.Сакам да и објаснам дека не е единствена има многу во таков случај,сепак фала што се изјаснуваш и даваш свое мислење да се сите така отворени и да се држат жените заедно можеби на друг начин ќе размислуваат да не доаѓа до такви ситуации
За тоа што го кажуваш за зашто така не го направи дома или како ќе реагира ако сестра му биде на тој начин третирана од дечко и, беше една од констатациите на мајка ми. Сега откако јас сфатив и јас сакам да им дадам поддршка на сите девојки што поминале низ тоа што јас го поминав. Значи не е крај на свет, колку и да го сакаш. И јас го сакав премногу, ама зашто? За да ме тепа? Епа сега нека види како е без вреќа за бокс. Ти благодарам многу. Се се реши и сега мора да се продолжи понатаму! Имај убав ден! Ти благодарам многу! Јас не напишав, ама официјално оваа врска е затворена. Размислив убаво и дојдов до решение дека треба да прекинам, така и се случи! Имај убав ден!
Кога такво нешто ќе ми се случи, тој партнер нема да биде ист за мене...Како прво, таа личност веќе не би можела да ја сметам за маж, а потоа за човек со интелигенција на просечен хомо сапиенс. Животни проблемите ги решаваат со агресија затоа што тие друг начин и не знаат. Но ние? Срамота за нашиот вид ако се`уште креваме рака на послаб од нас или маж на жена. Од кај на кај па тој е маж. Не би му простила, не би го гледала како истиот човек, не би го гледала како човек во кого сум се вљубила.
Раскини со него, без разлика дали уште чувствуваш нешто за него.Чим еднаш тоа го направил, сигурно ќе направи и пак.Не вреди да се биде со таков човек и не вреди да си го трошиш времето со него.Прекини контакт со него на било каков начин, а ако сам нешто направи повторно, пријави го.Ќе најдеш друг, што навистина ќе те цени и почитува како личност
вистинскиот маж Н Е удира жена и престанете со тоа кажи и на мајка ти, на татко ти има девојката да се оддалечи од него, а пред тоа од во полиција, ако има модринки ги покажува, типот добива ЗАБРАНА за доближување и решен проблем и ако партнер крене рака на мене, нема тате да му ја скрши на 3 дела, туку ЈАС ке бидам таа што има да го натерам да не ме заборави никогаш додека е жив
види душо ако дечкоти сега крева рака на тебе па што ќе стане во бракот? веднаш прекини со него бидејќи покасно или подоцна мора да го оставиш а ако премолчуваш само ќе одложуваш, а ако одложуваш може да биде и доцна брак, деца па притисок од родителите како разведена ова она. ако не го направиш тоа сега верувај дека после и ќе се каеш. па и не си стока па да те тепа. се надевам дека ќе донесес правилна одлука. поздрав
Како се доведувате во ваква ситуација ,ем тепани ем се чудите што да правите,дилема околу тоа дали да останете заедно?! Утре другиден во брачна заедница со него каде ќе има многу поголеми проблеми од тие во врската тогаш се почесто ќе губи контрола . И вие си стоите кога некој се обидува да ве удри и после тоа не му враќате? Сериозно? Мене татко ми не ме удрил никогаш па некој лигуш ќе крева рака на мене. Ако бидам удрена таа болка дупло ќе му ја вратам,женско сум да но колку што имам сила толку,нокти имам ќе му ги закачам. Ќе си заминам после и око нема да ми види. А зависи дали станува збор за удар или тепање па и ќе го пријавам во полиција. И да се разбереме ,тоа не е љубов.Неможе да ве сака ако крева рака на вас. И НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ, не се надевајте залудно.
Нема место за дискусија! Не му е ни прв пат, а нема ни да му биде последен!!! Ако сакаш да се осудиш уште од сега и да го минуваш времето во страв и што уште би направил, тогаш не размислуваш за сопствената среќа... што не е воопшто праведно! А неговите комплекси може да си ги леши на лекар пред се, или да му се погоди уште поголема будала па ќе се млатат взаемно.. Запознав една девојка што се возбудуваше секогаш кога дечкото ќе кренеше рака на неа, и незнам дали се уште заедно и дали завршиле за годишница во Градска, сепак тоа е ,,посебен,, случај.. Продолжи понатаму и мојот АС секогаш е ,,I'd rather be alone, than unhappy!"
Прво недај боже да крене рака на мене има и раце и нозе се да му испокршам и да запамти на кого кренал рака... Инаку и јас сум била во ваква ситуација со првиот ми мој дечко.. се испокаравме и он ни два ни три оп шамарче и јас кутам ајде де ништо не е.. и послем некое време сакав да му раскинам е тогаш имаше добро карање, демек јас сум била негова не сум можела да го оставам божее психопат и бам тој на мене бокс.. бокс во вистинска смисла на зборот целата бев во крвови и крај на крај ми пукна филмот па кога сум фатила да го тепам да го мавам да види он како е да крене некој рака на тебе..незнам од каде ми дојде таа сила во моментот ама битно модар си одеше и кога ке ме види сега некаде ја наведнува главата...
Значи вака имам постара сестра,која имаше врска 6 год.. последните 2 беа пекол,се разбира мене ми се доверуваше,за најмали ситници и кревал рака.Фала богу дека ќе ја советувам да му раскине,но не сакаше да ме послуша.. па и се деси следново: биле во друг град нагости,и на враќање во дискотека..го повишила тонот и онака баш салам ја измлатил.. и не сакал да ја врати.. тоа беше врвот на неговата бруталност.Веднаш потоа му раскина...сега е и омажена и очекува бебе .. ) Размисли какви последици може да има.. штом еднаш кренал рака Кај машките се знае што треба да се крене на девојче..;-D
Воопшто не треба да размислуваш дали да останиш во врска со него или не! Каква врска е тоа? Дали ти го сакаш него?? Како можи да сакаш човек кој те повредува и тоа и на физички и психички начин?? Како можеш да го погледнеш во очи?? Што живот понатаму ќе видиш ти со него? Батали ги тие 4ри години. Подобро фрли 4 год отколку цел живот. Си ја треснала вратата?? Него требало после да го тресниш по фаца со вратата. Идиот. Таквите како него се обични кукавици кои неможат маж да истепаат па на жена. Јас незнам што би направила зашто не сум се нашла во таква ситуација ама ги знам последиците од тоа. Кренал рака на неа еднаш, па два пати па три ... па четири... ама бил пијан незнаел што прави.. потоа не му било гајле дали ја тепа дома или во јавност. не му било гајле дали е бремена. па по некоја година дали детето гледа. и знаеш што се случи? живееме сами 21 година и ни е супер. Мисли на иднината малку. остави го, тоа не е љубов. Ако продолжи да те бара и малтретира тогаш в полиција
Кога партнерот ќе крене рака -тоа е КРАЈ на врската! И колку и да се извинува и лигави после тоа,едноставно е -КРАЈ!