1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога партнерот ќе подигне рака

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GordanaL, 20 мај 2012.

  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Фала богу, не ми се случило. Ама да споделам нешто со вас. Пред многу години на фонтаната кај што е сега Порта Македонија, си седат дечко и девојка (инаку, беше нешто ко место за собирање). Почнаа гласно да се караат. И во еден момент тој и лепна шамар. Таа му вели: Што шравиш бе? А тој пак шамар, и уште еден, и уште еден. Се сили типот. И кога престана, онака важен целиот, кога зема типката го растепа (инаку, таа беше покрупна, а тој слабичок), па кога му мавна клоци, боксови, овој беше во шок, го маваше, го клоцаше, и на крај го фати и за коса и го бутна во фонтаната, го опцу, плукна, и си отиде со крената глава. По неколку секунди цела околина аплаудираше (секако на неа). МНоооогуууу јако. Цел живот ќе се смеам и ќе се сеќавам на типката. Он нејзе така. Само така за силеџии. Поентата на силеџијата е да тепа послаб, ама некогаш се заебува. А да се остане со некој што кренал рака, мене ми е вон памет.
     
    На IvanaJenner, rainbowec, angeloflove и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    ...љубовта си ги пакува куферите !
     
    На angeloflove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Посилно затворање на вратата-конкретна причина ???????
    Извини вака,ама поглупаво нешто немам прочитано.Илјада пати во четири и пол годишна врска ја имам трескано вратата од колата на дечко ми па чудно како тој ја немал таа КОНКРЕТНА ПРИЧИНА за да ме направи САЛАТА.
    СТОП ЗА НАСИЛСТВО-НИТУ ТИ ИМАШ ПРАВО НА БИЛО КОЈ ДА МУ МАВАШ ШАМАР,НИТУ НЕКОЈ ИМА ПРАВО ТЕБЕ ДА ТЕ ЗАМЕНИ СО БОКСЕРСКА ВРЕЌА.
    Нема простор за прашања,собери си ги сите спомени во еден куфер и ајт да те нема од неговиот живот.ТОЈ ШТО ВИСТИНСКИ ТЕ САКА,НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ МАВНЕ,ЗНАЕШ ЗОШТО??-Од ПОЧИТТА и ВОСХИТУВАЊЕТО и ЧУВСТВОТО ЗА ГРИЖА И ЗАШТИТНИЧКИ СТАВ кои ги поседува маж кој ВИСТИНСКИ САКА ЖЕНА.Поздрав,секое добро.
     
    На alex.7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. n.a.t.y

    n.a.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Kога мојот бивши ме удри првиот пат премолчев, вториот пат му реков дека нејќам да го видам повеке ме молеше ми ветуваше.... и му простив- но згрешив.. почна се почесто да го прави тоа
    ...Прекини ја врската, бидејки во иднина ке имаш поголеми проблеми...
    мојата врска траеше 2 години, моите дома го ценеа како нивен син, но тие незнаеја што прави тој, последниот пат знаеш што ми се случи катастрофа тој беше висок едно 170 цм значи ме дигна највисоко што можеше и со сета сила ладнокрвно ме тресна од земја, неможев 10 мин да станам имам сеуште последици иако поминаа 4 месеци... жити бога не дозволувај да ти се случи такво нешто, сум го поминала тоа и несакам никоја девојка да го осети ... :(
     
    На angeloflove му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    за жал сум била во таква ситуација, дечко ми среде парк да ме размава пред сите.. уште сме заедно, ме молеше долго време да му простам.. иако предходно неколку пати истото се случувало ама обично ќе му вратев со шамар и ќе престанеше ама овој пат беше мавање мавање, неможев да се свестам што ми се случува, луѓе ме гледаат незнаат што да направат.. имаше ѕидче едно од него главата ми ја маваше.. иако му опростив (за последен пат) длабоко верувам дека личност која вистински те сака нема да крене рака на тебе.. ќе те почитува.. а не вака да те понижува.. :(
     
    На angeloflove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    А зошто му прости? Зарем не осеќаш сега гадење кога си со него, не ли ти текнува цело време на случката?
    Или се плашиш да му раскинеш?
     
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    моите дома премногу го сакаат, за син го сметаат, знам дека ако раскинам со него тие први ќе почнат мене да ме окривуваат за се.. а и незнам, кога е добар е предобар, кога е лош е прелош.. незнам дали ќе ме сфатиш, незнам како да се изразам.. последниот пат доаѓаше кај мене на врата да ме моли само, велеше ќе се убиел, немало веќе да му се повтори..
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    твоите дома го сакаат премногу????????
    а да им кажеш дека те сомлел од котек и цел парк гледал како те мава дали ке го сакаат уште толку многу ?????
    кажи им дека и главата ти ја трескал од зидчето па уште повеке нека го сакаат
    мислам какво банално оправдување е тоа фала му на господ што не ти нанел некоја потешка повреда па цел век да си го чешаш газот
    сега како девојка ако те тепа и малтертира па утре кога ке му станеш жена??????
    тогаш јака ти душа што те чека а ке ти фали несто дали рака нога или глава нели така насилнички се понаша со тебе
    земи откачи го одма колку и да е тешко колку и да го сакаш додека си здрава и читава тоа ти е совет од мене
    али знам дека нема да го спроведеш а во тој случај госпот нека те чува само
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Луѓе бре, по 5 години имате па мамичка по газе ве плеснала и ај ништо?
    Како бре така им простувате?
    Што се понижувате така?
    Можете да сакате некој што ве плеска ко кравјо лајно на асфалт?
    Сега да сте ми пред мене кога би ви ја мавнала по една (море и 2-3), па ударите од дечковците би ви дошле ко галење во споредба со овие мавања. И не се ни шалам.

    Немате храброст, зависите од нив, што?
    Ма ништо живо на свет бре не треба да ви е оправдување да му простите за такво нешто.
    Општо никој нема право да крене рака на никого, а најмалку пак некој што би требало токму да ве заштити во случај да се појави друга личност што би ве нападнала физички.
    Па вие не одите со мажи, со шлајм пичкици одите.
    Ако сега дури сте во врска си зеле замав да ве тепаат пред народ, што ќе остане за утре ако стапите во брак и сте сами дома? Би дозволиле да ве крши од ќотек пред децата? Да ги потресува?
    Не не, си заслужувате штом сте така глупи.
    Ќе ми опростите што си земав за право да ве наречам така, ама никоја личност со грам самопочит и здрава логика не би си го дозволила тоа.
    Па мака ме фаќа што читам бре!

    А ти Сањичка си имаш проблем со психопат. Само тие менуваат така брзо расположение, па час се предобри, час се силат, а ова со самоубиство е најдолно нешто. Магаре да му го зачука, пичкица.
    Те нашол наивна па курташак си поигрува, жими газов што би се самоубил.
    А мислиш ти да кажеш на твоите дека те тепа, ќе го бранат него, м?
    Е браво бе. Јас се кладам дека татко ти со сачмарка ќе го поздрави.
    Сама си си крива. Трпи ако си будала. И ти и другиве.
     
    На Mr.X, angeloflove, pamelche и 9 други им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Кога ќе им објасниш на твоите што се случува навистина, тогаш нема да те обвинуваат туку татко ти ќе сака да му покаже какво е чувството нему да му ја маваат главата од ѕидчето :devil:
    Дека ќе се убие не верувам, дека ќе му се повтори тоа сигурно.
    И не ми кажа дали се плашиш од него, па затоа остануваш во врската?
    А те сфаќам биди сигурна, и затоа сакам да ти кажам да бегаш од ова додека не станало многу полошо.

    И вака едно прашање, не до тебе, туку општо.
    Што им е на машките бре?
    Секој втор е болно љубоморен, а секој трет се осмелува и да мава по девојката?
    Толку ли се нема сигурност во себе, или фрустрациите од околината најлесно е да се истурат на оној кој е најблиску и сака да даде само љубов?
    Се грозам од вакви нелуѓе.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    за плашење не дека се плашам туку што знам.. еднаш му раскинав заради вакви испади што имаше на болна љубомора.. и цело време каде одам јас ете го и тој таму, на автобуска после школо знаеше колку часа колку време сум на школо, кога си одам и он тоа време баш на таа автобуска, секаде го имаше, знаев дека нема да го заборавам..
    свесна сум дека не е здрава ситуацијава, сега да не се урочам 4 месеца веќе се е добро, но мислам дека немам храброст да прекинам долга врска.. но сепак да се случи уште еднаш ќе морам и те како..
     
  12. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757

    ако останиш здрава и права на наредниот пат
     
  13. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    7.730
    Остави го, не се плаши да му раскинеш. И јас бев со еден таков малоумен и сега без него осеќам големо олеснување. Нема да се смене ништо. И овој мојот бивши така викаше, кога беше арен мислеш тој е најдобриот дечко,ама кога ќе се откачи поради болната љубомора можеше и да ме убие. А дека тој нешто ќе си направи, не верувај. Само заплашува дека ќе се убие. Му дадов многу шанси, ајде последен наредниот пак последен пат и на крај ми скисна. Се повеќе ми стануваше одбивен. Таквите само себе се сакаат. И моите го сакаа како син оти убаво глумеше, ама на крај со полиција завршивме оти ме следеше и во град и пред факултет и ме брукаше пред сите. Бегај подалеку тоа само ќе ти кажам
     
  14. bbeebbee

    bbeebbee Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Кога партнерот ќе крене рака брз партнерката значи дека не ја цени не ја почитува и ја гази буквално,ја омаловажува-тоа значи и дека не ја сака,а ако некој не те сака ЧАО речи му слободно!!Само храбро девојќи мора да им го дотераме паметот на таквите расипани машки.
    ако воопшто можат да се наречат тие машки !!
     
    На angeloflove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Да сум жена и некој маж да крене рака на мене...
    Ај да речеме дека после цел живот со пелени ќе биде.
    Basically,сакам да кажам да не си дозволувате некој исфрустриран мајмун да крене рака на вас чисто оти е појак и оти мисли дека нема да му вратите...
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Бев сведок на една ваква случка. Останав запрепастена. Всушност не беше прв пат да ја удре. Пред тоа ја удирал повеќе пати. И’ кажував да го остави, а она беше убедена дека ја сака. Како да не. Од една страна и ние женските сме виновни. Ако еднаш не’ удрат, треба да ставиме крај засекогаш, па и да го пријавиме. Но, се’ почесто има женски кои го трпат ова физичко малтретирање. Да дозволам некој си мене да ме удре, никогаш повеќе нема да ме виде, а не да па да го молам и да се понижувам пред него, колку и да го сакам. Да ме сака нема ни да помисле на ова, а камоли да го направе. Понекогаш сите нас ни се случило да се изнервираме и збеснеме и да сакаме се’ околу нас да искршеме, но :!: контрола пред се’. Не е должен некој да страда ради нас.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ама озбилно, кој педерски момент е да кренеш рака на некој понежен и помалку силен од тебе...Ако ти се мава, ако пукаш од нервоза, земи си бе брат една боксерска вреќа, стави ја негде кај шо ќе си сам и мавај братче до утре сабајле ако сакаш. Ако сакаш и слика залепи од тој шо сакаш да го удриш и скрши се бре од боксирање. Никој не го родил изранил и исчувал тоа девојче за ти да го тепаш..ццц коса ми се крева на глава од такви уназадени и ретардирани створења :@ Море не да би го оставила, би ме запаметил таков некој силеџија мене за цел живот :devil: За се` што сакаме да си кажеме, си постојат зборови, време, место и начин...одлика на еден хомо сапиенс е да размислува за овие работи. Море да имам јас некоја власт да ги осудам ваквиве силеџии, директ би ги депортирала по џунглите, со сличните на нив (иако сепак, многу подобри суштества од нив кои помалку го заслужуваат епитетот ѕверови од ваквите мажи).
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Најголема мизерија е кога партнерот ке крене рака тогаш велам дека тој е болен и со тој човек е толку.... минутута помината со него е премногу.Можам да разберам се но удар да дозволиме никогаш........Точно дека после тој удар настанува страв во душата, прашања доаѓаат одговор нема па не дај боже ако особата нема кој да ја заштити тогаш таа едноставно се препушта на неговата немилост иако не смее така да размислива за се има решение,секој по својот пат никој никому не мудал живот па некој да се иживува со неа
     
  19. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201
    Најдобриот совет кој го имам слушнато од баба ми:
    Внучке отвори ги очите гледај и одбирај убаво! Ако не оди СКАРАЈ МУ СЕ дури е време! Млада си, шетај, живеј си го животот, не е срамота да се скараш, срамота е цел град да знае дека те изневерува, сите да знаат од што ти се модриците, а ти кого го лажеш самата себе си или другите? Не можам да си поверувам како млади девојки си дозволуваат вакво нешто! Што е полошо на 19, 20 години да се свестиш и да си најдиш некој нормален или на 35 со две-три деца кога ќе немаш каде и шансите за среќа САМА СИ СИ ГИ ИЗБРИШАЛА!!!! И не се плашете, свестете се дури е време, НИКОЈ НЕМА ДА ВЕ ОСУДУВА АКО СЕ СКАРАТЕ И ПОСЛЕ ДОЛГА ВРСКА! Тој ќе биде покажуван со ПРСТ насекаде! И на таквите треба не само да му се скарате туку и на секоја бандера флаер да залепите, на рекламите на Сител како најава пред Бурни Времиња да го кажуваат па на никоја да не и се случи вакво нешто, сам како пес да шета по улици!

    Значи вклучете го мозокот дури е време, не дозволувајте да станете економски зависни од него! Не дозволувајте да ви го испере мозокот со реченици од типот Нема да најдеш друг, тебе никој нема да те сака, веќе си е**на и слично!!!

    И уште од старт му се нагласува на дечкото преку кои работи не би преминале, па да видите како ќе реагира и дали вреди да се почни нешто! Јас на дечко ми му нагласив убаво
    Никогаш нема да ти простам ако ме удриш, ако ме изневериш, ако си љубоморен, ако само помислиш да ми забраниш нешто што сакам да направам ( добронамерен совет прифаќам, ама забрани не) и ако се однесуваш како јас да ти сум потчинета а ти Султан Сулејман! Е така нема, таков менталитет не толерирам - не сме во пусто турско и јас тоа нема да го трпам! Во врскава сме јас и ти, не е битно кој е постар - еднакви сме!

    Ама тоа сум само јас, си реагирам пред време, си ги барам правата уште не одземени :lol: ( пу пу да не се урочам )
    И да, се расприкажав многу, така да, јасно ви е- На дечкото дозволено му е само два прсти во воздух да крева за да дојде до збор! :D
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мене ми е жал што кога и да се појави некоја девојка на форумот со ваков проблем, или со болно љубоморен дечко- штом почнам да навалувам и да и ја кажувам вистината што таа и самата ја знае, ама се лаже дека не е така од страв да им погледне на проблемите во очи, девојката се повлекува од темата и пишува по другите теми ко ништо да не било. :(

    Ако сте пробале да прекинете и тој почнал да ви се заканува и да ве следи насекаде, немојте да се убедувате самите себе дека тоа е затоа што ве сака- НЕ!
    Тоа е затоа што тој е една несигурна будала, типична џукела која нема с од самодоверба и неговите фрустрации решил да си ги истура на вас, бидејќи вие за разлика од другите сте го почитувале и сте го третирале како човек.
    А очигледно другите имале право што го третирале така како што го третирале, но тогаш вие сте верувале во неговите филмови за општеството, за неговите способности и планови во иднина и за неговата огромна љубов кон вас и заштитата што ви ја нуди од тоа сурово општество.

    Море марш таму ќе му кажете!
    Нека ѕвони бре, што дека ѕвони, нека ве следи- не ли знаете да покажете заби малку?
    Подобро ќе се борам некој период, ќе му се спротивставувам после раскинување, ако треба и ќе го пријавам- отколку после цел живот да живеам со таква будала и да жалам за моите соништа, моите амбиции, мојата убавина, мојата младост.
    Оти сега можеби ви е срам, можеби си викате како ќе му раскинам, потоа ќе ми направи скандал на сред центар, или во кафич или не ти знам каде- а не ви текнува дека ако останете со него потоа полицијате ќе ве посетува дома почесто од сите други и сите ќе знаат што ви се случува кога ќе шетате по улица со географска карта на лицето, ама тогаш ќе имате и дечиња, ќе биде уште полошо затоа што поради вашата слабост и кукавичлук ќе уништите и уште невини животи, освен вашиот.

    Затоа не туку цимолете додека го читате ова, не е решението додека ви се ежи кожата од сценаријата да го затворите лаптопот и да се преправате дека се е ок, кога не е, запомнете- не е!
    И да е само болно љубоморен не е, а не пак да крева рака на вас и да ви ја мава главата од ѕитчето.
    Не е ок вие да седите по цел ден дома, а тој да ви носи јадење за да не шетате по улица и да привлекувате машки погледи со вашето грешно тело :^) , не е ок да бидете во изолација, не е ок да давате извештаи на секои 20 минути каде сте, не е ок- болно е.

    Земете решете ги таквите “врски“ еднаш за секогаш, соочете се со проблемите место да ги трупате под тепих затоа што таму растат, растат и потоа никој не може да ги отстрани.

    Ако треба ќе отвориме тема каде што ќе ви даваме поддршка на сите оние со такви партнери, ќе ви даваме сила да ги пребродите тие периоди после раскинување, кога тој е во шок од повредено его и почнува со разни закани, ќе бидеме тука со вас- само ве молам, ве преколнувам да не бегате и да се правите на сила блесави и тука како што глумите пред сите ваши блиски.
    Ние не сме ви непријатели- тој е, запомнете.

    И не проверувам што и како сум напишала, само ќе одам испрати, затоа што ова ми е собирано долго време читајќи ги ваквите теми и стварно се нервирам кога ви пишувам овде или во лп, а вие упорно ме убедувате дека не е така и потоа ве снемува, а јас почнувам да се прашувам колку лошо станало кога целосно ќе ве снема од форумот.
    Немојте бре девојки, немојте така, немојте додека имате време.
     
    На angeloflove, Trnche, H.VAGA и 7 други им се допаѓа ова.