И се се претвора во еден затворен магичен круг, децата ве гледаат со модрици ве прашуваат мамо мамо што е тоа! Ако имате ќерка, ќе ве гледа и ќе учи, па и таа така ќе трпи некој да ја тепа, таткото ќе го учи синот од мал види сине е што е да си маж! Ретко, мноооогуу ретко од таквите семејства децата се свестуваат и си велат,чекај, мене вака не! И од генерација во генерација се создава едно болно потомство! Девојки ја имате нашата поддршка - СТАВЕТЕ СТОП НА НАСИЛСТВОТО!!!!
Убедена сум дека не сум ни првата,ни последна што го има истиот став по ова прашање.Искрено жал ми е што воопшто читам вакви мислења,целосно стојам зад ставот дека со шамара ништо не се решава,јас ни за најголемата причина што може некој да ја изнесе нема да подржам кревање рака,се може да се реши со Крај,развод,разговор..било што. Ниту сум кренала на некој рака ниту пак планирам да решам нешто со ќотек.Фала богу имам уста и мозок,нив ги користам во секоја прилика. Не ми е целта да убедувам некој во мојот став,досега не сум била удрена од никого,а краеви на врска сум имала со секакви причини,изгледа сум имала среќа да не налетам на некој мачо мен па да ме вразуми. И на крај краева,кој е Тој и со какво право би ме удрил?!Ниту ме создал,ниту ме планирал,крвно не сум поврзана,секој по својот пат.
Неможе така..што си му ти нему боксерка вреќа?? И кога ќе влезете во брак ќе ти го прави тоа..Чим пет-шест пати се осудил тогаш ќе се осуди и другпат.Иначе најдобро е да раскинете..А кога ќе раскинете да му препорачаш да се запише на некој спорт..да ја вади така (негативната)енергија или простете на збооров ако има (муда) на посилен МАЖ од него,а не преку понежниот пол...
Е браво дегенот бокс ми има удрено! тој со боксови ама ја клоца в јајца! ДЕГЕН! -.- П.С не ми е дечко повеќе
Ако некогаш (не дај боже) ми подигне рака некој (па и било кој) се колнам ќе му го зацрнам животот Озбилна сум
Многу од оние кои се жртви си викаат - ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ СМЕНИ,ВЕРУВАМ или пак ја користат најлошо оправдувачката фраза - ЈАС СУМ ВИНОВНА. Без разлика колку и да си виновна никогаш и никој несмее тоа да го реши со удар,никогаш. Да се смени? Баш напротив,кога ќе види колку молчиш и трпиш тогаш ќе добие повеќе сила мислејќи дека со еден удар ги решил сите проблеми.За да биде уште полошо,после некое време се стекнува страв да се раскине таква врска затоа што тој е опсесивен и нека не те чуди неговото манијачење и откако нема да бидеш со него.Ова се прекинува додека е време,инаку НЕДАЈ БОЖЕ ако се земеш со ваков тип утре и твоите деца ќе трпат не само ти.Јас секогаш сум рекла едно - нити сум негова сопственост,нити тој ме родил,нити тој ме гледал,нити пак ме носел во стомак 9 месеци за да ме команда и да ме удира. Тој што ќе ме удри,ќе остане без рака.
Ако се обиде да крене рака,попрво јас него ќе го потиснам и тој ќе јади ќотек Не,до сега се немам најдено во таква ситуација,и не се плашам дека ќе се најдам,тој никогаш ми се нема ни развикано а не да ме удри.А јас да еднаш се заинативме нешто и ми вика ај дека нема да ме удриш,и јас ај дека ќе те удрам И кога сум му ја опалила една,и почна да се смее,ми вика абе ти вистина си била будала,не те мислев до толку А кога би се нашла јас во таква ситуација,дефинитивно би го оставила,ма каква љубов какви бакрачи Тој ако ме сакал немало да ме удри,нек крши гла,не е ни прв ни последен Па јас не сум животно тој да се изживува Бог да чува! Ја удрил неколку пати и уште не прашува што да прави,па излезот е јасен,ако ти е убаво остани па нек те тепа
GordanaL го прочитав твојов проблем ако не се лажам имаш 21 година.Тој ти е само дечко?така нели? Не си смеела да дозволиш да бидеш со тој човек,тоа се болни луѓе,кој нешто им се има случено во животот кога биле мали,не планирам да филозофирам туку само да ти укажам дека типов е болен,нормален човек не крева рака тој разговара,дечкото има некое психичко растројство,верувам дека си преплашена,но мораш потхитно ДА ГО БАТАЛИШ,секако мораш ова да им го кажеш на РОДИТЕЛИТЕ,за да не дојде да се уништиш потоа што се случило само запомни човеков е психички растроен или има болест која ја крие,или како погоре што напишав нешто преживеано кога бил мал.Не заборавај имаш 21 година девојко науши да уживаш во животот а не да стравуваш дали психопатот ќе се обиде повторно да те удри.....Не мораш да го послусас советов,но размисли ти сега незнаеш каде се наогаш,а ќе знаеш ли која си ако се омажиш за оваков човек ...Пушти го лудаков да се лечи.... најди си човек/дечко што ќе те научи да ја почуствуваш среќата и моќта на љубовта верувам дека го заслужува тоа секој па и ти....НЕ ДВОУМИСЕ РАЗГОВАРАЈ СО РОДИТЕЛИТЕ;А ЛУДАКОТ МОЖЕ ПРАВО ВО НЕРВНО ДА СЕ ЛЕЧИ....ПОЧНИ ДА ЖИВЕЕШ НАУЧИ ДА БИДЕШ САКАНА ОД ЧОВЕК КАКОВ ШТО ЗАСЛУЖУВАШ;А ОВОЈ....да не се повторувам
Веројатно сите го имате истиот став на темава, па и јас... вакво нешто е недозволиво, не се простува, не се заборава. Мене ми се нема случено, скраја да е. Ама знам дека ако некогаш се случи, крајот ќе дојде веднаш. Таква личност не заслужува да има некој покрај себе, не заслужува љубов и почит. Си стојам на ставот дека со насилство ништо не се решава, напротив работите стануваат полоши. И кој е тој? Дечко? Со кое право тој би кренал рака на мене? Ни прв ни последен не е, таков лудак во мојот живот не ми треба. И никако неможам да ги разберам девојките што упорно молчат, кријат, ги трпат ваквите испади, и полека се помируваат со тоа. Не се уништувајте себеси, што побрзо кажете некому, и ја завршите приказната со тој болен ум, толку подобро за вас. Не сте должни да трпите такво понижување и малтретирање. И не се залажувајте дека ве сака, или некогаш ве сакал, да било така немало ни да помисли да дигне рака на вас. Подалеку од такви психопати!
ВИСТИНСКИОТ МАЖ НИКОГАШ НЕ КРЕВА РАКА НА ЖЕНА!Не бадијала оваа реклама одеше толку време на телевизија каде примери беа ракометарот Кире Лазаров и фудбалерот Артим Шакири.Ако вашиот маж или дечко брачните проблеми ги решава на ваков начин тогаш да знаете дека коефициентот на интелигенција му е испод просек што значи спаѓа во групата на малоумни луѓе или дегени.
Според овој пост ќе дадам логична обратна теза-Вистинската жена никогаш не би дозволила некој да ја малтретира бидејќи знае колку вреди и тоа може да биде постапка на некој со низок коефициент момак такозвани деген.А онаа која го дозволува тоа е компатибилна во паметот со нејзиниот "боксер у успону" чиј успех е постигнат со тоа што истепал по физикус послаба и понежна од него.Он наместо со бакнежи,ја сака со боксови..а она демек крива била,самата си вика.Таква кулминација и заклучок после секој "тренинг" ни кажува едно-девојката е глупа ко сајла.Абе да пукнеш од толкава коцентрација на глупавост на едно место. Ај за овие парови еден
Имав и јас еден гад таков изопачен во мозокот.Тој што денеска кренал рака на тебе,утре и двете ке ги крене.Или си тепач-или не си.Трето нема.Најубаво тргни си се со време ,а ако сеуште те замара па фала богу има и институции за таквите ко него.Не се плаши воопшто да кажеш дома,ништо не губиш само ке си помогнеш себе си,и ке се спасиш од такви ко него.позз
Кога партнерот ќе дигне рака, значи дека денес ја научил лекцијата. Шала на страна , доколку партнерот подигне рака, и ве плесне ( освен за време на секс ) значи дека е искомплексиран и неваспитан. И дефинитнивно сте му победнички медал дека он е посилниот. Начин за доминација нема да дозволам да биде кревање на рака. Не се случило и нема да се случи. Ма и да го љубам и мажена да сум, после такво нешто, нема да одговрама за постапките.
Кога партнерот ќе подигне рака ,треба да го пријавите во полиција како и секој друг насилник. Зошто би толерирала некој само затоа што ми е партнер?
Jas mislam deka moras da go otkacis i da go prijavis bidejkji ako ti go pravel toa na tebe kje pravi i na drugi a ti mozes da sprecis da ima i ponatamosni zrtvi bidejkji ti samata znaes kako e. Bez razlika dali go sakas ili ne ova e pravilnata rabota da se napravi vo vakva situacija.
Lovewillfindaway прочитај ги правилата во форумов гледам нова си пишувај кирилица ! А што се однесува до темава мислаам машко кога ке дигне 1 рака на тебе ке има и 2 и 3 ... пат .. Дај ти се молам 21 век сме,не си најдена на улица ти па некој да те мава кога ке му прдне.. ццц