1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога партнерот ќе подигне рака

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GordanaL, 20 мај 2012.

  1. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    mene do sega nikoj ne mi dignal raka a i nema da dozvolam za toa sto krevaat raka na vas sami sve si krivi nikoga ne dozvoluvajte da vi krene raka na vas
    [mod-kirilica:2gffbcxn][/mod-kirilica:2gffbcxn]
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    И мене до сега никој ми немал рака кренато. На сите тоа што им се случило, одма прекинете ја врската! :nod: :nod: :nod:
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ... јас го кревам сатарот.
     
  4. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    3.887
    Пол:
    Женски
    Според мене ова е пострашно и од неверство, преку ова никогаш не би поминала. Ако се сакам самата себе и се ценам нема што да барам со него. Сигурно ќе има некој што ќе знае да го цени тоа што го има.
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    До сега не сум била во таква ситуација а мислам и дека нема да бидам (но никогаш не се знае) бидејќи мојот дечко е најмногу против тоа да се крене рака на ЖЕНА.
     
  6. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Драги мои феминки имам навистина голем проблем што едноставно сама не би можела да го решам.Ми треба ваше мислење за мојава ситуација. Имам двегодишна врска со човек постар од мене 9 години, разведен со деца. Значи не е проблемот во тоа,јас од самиот почеток го прифатив неговото минато, ги прифатив дечињата.Проблемот помеѓу нас е во тоа што, кога ќе настане некоја расправија, толку е вжештена ситуацијата, што тој постојано ме навредува и на неколку пати тој крена рака на мене . Се покајува за тоа, но смета дека јас сум виновна што сум го предизвикала на тоа. Навистина е грижлив кон мене, и ме сака, но дали ме почитува???? Не би рекла, премногу се кае и вели дека мораме заедно да се бориме повеќе да не дојде до таква ситуација, дека и јас не смеам да дозволам да ме удри....сметам дека неговиот одговор би требало да биде НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА КРЕНАМ РАКА....а не јас да не сум дозволела да дојде до тоа.....постои несигурност во мене ... навистина лесно може да се изнервира.....но неговата нервоза прераснува во БЕС......... сака повторно да му се вратам, да си дадеме уште една шанса и да пробаме да го решиме заедно тој проблем....навистина ми значи во животов и го сакам , но не знам дали би можела да го простам тоа?
     
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.308
    Пол:
    Женски
    Kате,убаво од твоја од твоја страна што си го прифатила таков каков што е.Nо,зајакот лежи зошто се развел :^) ?Aко неговата сопруга исто како тебе била малтретирана,не си помислила на тоа?
    Aко јас би била во таква ситуација,би му раскинала веднаш.Tој те смета тебе за виновна,плус ти треба да не дозволиш да те удри :fubar: .Oдма автоматски стави му крај не си должна да го трпиш насилството,колку и да те боли подобро така отколку да живееш во илузија дека тој ќе се промени.
     
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Кога партнерот ќе подигне рака ГОТОВО Е. Крај на врската.
     
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Koга тоа ќе се случи - во истиот момент КРАЈ на врската.
    Нема што понатаму да се прави муабет па молење па не знам што..
     
  10. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    МИ треба подршка , неколку пати ме тегнеше, буткаше, ме удираше по нозе, но последен пат ударите ми беа насочени во глава, неможев да се одбранам и само лежев чекајќи да заврши....грозно........тоа го напраВИ САМО затоа што му реков КОЈ СИ ПА ТИ ДА ТИ објаснувам и не сакам сега да разговарам, ТОА МНОГУ ГО НАВРЕДИЛО ЗАТОА ШТО САКАЛ ДА ГРАДИ живот со мене и дека премногу му значам....знам да бидам некогаш инат , но знам и дека тоа што тој го направи беше крајно , за да си заминам...живеевме заедно, и сега бара втора шанса.... знам дека проблемите со разговор секогаш може да се решат, а јас понекогаш бегам од нив....... многу долго разговаравме после сето ова и самиот признава дека не сака да биде агресивен дека се кае,и дека сака тој проблем заедно да го надминеме, немав храбрсот на моите да им ја раскажам целата вистина, затоа што последиците би биле поголеми,сакав ова да го решам сама.....но не е едноставно..... секогаш велев за девојки кои се нашле во таква ситуација , дека немаат самопочит и самодоверба, сега јас сум една од тие....не знам дали ако си дадеме уште една шанса работите ќе се подобрат???? во очите му се гледа дека премногу се кае.......не знам колку е добра идеја да го кажам ова на неговите кои навистина ги почитувам а и тие мене, немам хабрсот на татко ми и мајка ми да им кажам која е всушност вистинската причина поради која заминав? навистина знае како да се грижи, како да ми покаже дека ме сака.....но кога ќе ме навреди во некоја расправија или ќе ме турне , како да не бил тој човек што јас го сакам.... не сум тип кој изневерува и лаже па ете да се осуди тоа да го направи .....колку и да сум згрешила сепак мислам дека не е решение таков да биде кон мене...... навистина тешко е да се донесе одлука?!
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    КАТЕ26 сега ќе ти пишам една моја случка за да ти доволам што всушност сакам да ти кажам преку пример.
    Кога јас ја започнав врската со дечко ми значи на почетокот, разговарав со еден постар, поискусен колега на работа (тогаш уште работев) и ме прашува онака како постар брат како ти е со дечко ти. И јас цела понесена супер, одлично, ме почитува, прекрасен е со мене, неможам ништо лошо да кажам. :inlove: И колегава вели тоа е одлично и ми е навистина мило меѓутоа еден совет од мене (нон-стоп ми делеше совети) сега најмногу да ги држиш очите отворени, зашто сеуште се немате скарано, откако ќе се случи првата поголема, жестока караница ќе знаеш со каков човек си. И јас прво цела прашалници.. :^) И ми вели човекот се гледа во лошото, а не во доброто. Он може вака да е и најпрекрасен ама при една мала караница да се претвора во животно да те навредува со секакви зборови, да те удри и уште што не. Тогаш малце се подразмислив и сфатив дека е најдобриот совет кој некогаш некој ми го дал. Фала богу до сега со дечко ми во ниедна караница не сме си рекле ни лош збор, а камоли да ме удри или јас него.
    Значи џабе е јас да сум најдобра и најпрекрасна, а при една најмала ситница да му викам се и сешто и обратно се разбира. А за физички напад ич да не коментирам.

    Размисли убаво, ова беше најдобронамерно. :)
     
    На Nade-sunrise, Elena69221, Marjan007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    фала ти мила на советот, тешко ќе биде да донесам одлука, постојано се слушаме и пораки, и мислам тоа уште потешко прави да ми биде.... а имам и јас чувство на вина.....сепак за расправија потребни се двајца....но секогаш го имав и јас тој став дека нема никој никакво право да крене рака, значи во ниту една расправија не го навредив, имало причина и јас да бидам хистерична и имало моменти кога заслужил да го навредам но секогаш сум знаела да се контролирам ...... некогаш си го поставувам прашањето зошто баш тој мораше да биде таков и дали би можела да му помогнам .....сепак сметам дека тоа е психички проблем, што постојат начини да се излечи....ми значи тој човек и сакам да му помогнам,знам дека никој не би ме подржал во тоа, дури и еден дел од мене не ме подржува, со самата себе се борам,едната половина ми кажува дека треба да му помогнам,ако тој проблем го решиме,знам дека се дурго би ни било совршено, а другата половина пак ми вели да прекинам........ :(
     
  13. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Јас сум првата што ќе рече дека луѓето може да се сменат! Но кога се работи за насилство не сум баш сигурна. Кога некој ќе се одлучи да крене рака врз тебе со тоа сака да покаже доминантност а тоа секако не е во ред! Никој човек а посебно не жена не заслужува да биде удрена и малтретирана. Тоа што не си им кажала на твоите родители мислам дека не е во ред. Треба да знаат. Посебно ако се решиш да му простиш и да му се вратиш на дечкото. Јас сепак би ти советувала да се тргнеш на страна. Ќе биде подобро за тебе. Ако се вратиш мислам дека нема да остане само на тоа. Ќе му покажеш дека си слаба и дека спрема тебе може да се однесува како сака, иако ќе ти вели дека му е жал и дека те сака и дека нема повеќе да се повтори. Во секој случај не ти е лесно и потполно те разбирам. Како и да испадене на крај ја имаш мојата поддршка а верувам и поддршката од сите феминки :*
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Имав сличен проблем, само мојот досега завршувал само вербално и моево не е врска туку брак...
    истото: јас сум го предизвикала, а со што, не знам. Се` со убав тон „ако може/ако не ти е проблем/те молам/фала мило“ (значи мислам дека дури и некои мајки на деца нивни со таков тон и трпеливост не им се обраќаат), никогаш не сум дозволила да бидам првата која ќе повиши тон и пак во такви ситуации тој бил оној кој велел „Еј уште мене крив ме напраи...“ Не би пишувала конкретни ситуации, но за некои едноставни работи кои може и сум пројавила иницијатива да се решат мирно, дури и со прегратка на крај што се вели, тој избувнувал и бил навистина вербално суров и кажувал работи кои ќе останат во сеќавање и да ме третира како кралица до крајот на животот.

    Се` ова интензивно земаше замав последнава година. Еднаш, ај ќе простам, машко е, нервозен е, ај двапати „само последно време е ваков, можеби поминува низ некоја криза“, ама се има повторено многу пати и колку и да сакам да го спасам браков гледам ситуацијава станува алармантна веќе. И утредента или по два дена сме разговарале и самиот ми заблагодарувал што сум го предомислила и тн и тн.

    Последната таква ситуација е тазе, пред 3-4 дена, кога официјално ми пукна филм. Што решив? Го подготвив да има на ум дека при следната грубост ќе си одам. Дел од алиштата веќе и се`уште ми стојат во една торба. Тој се подзамисли малку затоа што никогаш не сум му се заканила со ова, напротив, тој сакал на нервоза да си оди, јас сум го предомислувала, знаејќи си го бракот, велејќи му дека таа нервоза скапо ќе ја плати, бидејќи и самиот би бил прегорд да се врати без да чувствува болка и понижување, а не сум сакала да чувствува болка и понижување покрај мене.

    Но од тие работи ми скисна веќе. Последниот пат му реков „Многу џокери потроши и многу малку фали да ги наполнам и останатите куфери а тоа кога ќе се случи, нема назад со мене.“ Јас сум таква, многу работи толерирам, бракот го сметам за света работа која колку што дозволува ситуацијата треба да се зачува, но се` си има граница.

    Сега е добар, ми угодува, задоволен изгледа, но џабе. Џабе се бисерите денес кога некој до вчера те ранел со г**на што се вели. Го ценам неговото сегашно однесување и му возвраќам со иста мера, утре да ми е мирна совеста дека се` сум сторила за овој брак. Но, не дека не ми поминува низ глава дека можеби ми прави нешто зад грб па затоа е ваков. Но, едноставно, од сегашна перспектива не ме интересира, додека ми е удобно во бракот, ќе седам, ќе го поддржувам, ќе се грижам за него, ќе му бидам верна. При првото вознемирување, веќе лицето нема да ми го види. Воопшто, кога ќе престане да ми биде убаво во бракот, веќе нема да се трудам како порано, да негувам и обновувам чувства, туку без трошка грижа на совест ќе си побарам развод и финито.

    Имам во окружување блиска личност жртва на повремено физичко насилство од партнерот. Тоа е како некој вид на заразна болест. Еднаш штом се опуштил да ја удри и таа му простила, уште помалку му треба да го повтори тоа следниот пат, следниот пат уште помалку треба (така таа ми го опиша ова) и знам дека овие мои ситуации да завршуваа со удар, немаше да бидам воопшто толку толерантна, туку таа расправија која завршила со удар ќе била последен контакт пред разводот. Сакам да ти кажам дека брак не вреди да чуваш со такво однесување од негова страна, не пак врска.

    E да, сега е фин, но мене тоа сега ништо не ми значи. Си се истресол, си ја испразнил тој нервозата, мене ме наполнил со горчина, самиот се ослободил од истата и така. И ја би била фина ... абе Финска. И воопшто не чувствувам жал или милост кон тоа однесување, така што не го сожалувај ни ти кога ќе те моли.
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Да ме удара :fubar: нека си мисли..мене дома не ме тепале....па ќе си одам дома аа што си мисли.. (доколку ми е дечко де..па и сопруг да е ако можам да си ги гледам децата-ако постојат и ќе се разведам ако треба...нема да е прв ни последен дечко на планетава).. Ако еднаш проба втори и трет пат не му бега...навика ќе му стане можеби
     
    На hermosa и tessie им се допаѓа ова.
  16. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Партнерот нема никакво право да подигне рака.Ма каква и да била причината за таа расправија што настанала се се решава со збор боже мој,па и со раскинување,па крај краева и со развод ако се во брак.А оправдувања од типот си заслужив,никако ако било еднаш ќе се повтори поново и колку и да сакаш да заборавиш тоа ке те потсетува со секое погледнување во човекот ке се присетиш дека тој некогаш те удрил.Мој совет ако сте во врска одма прекинувајте,а ако веке сте во брак првиот пат оправдајте го во мислите со некој изговор за да може да продолжите понатака а ако се повтори уште еднаш тогаш тој не е за вас ке повтори пак и пак барајте некое чаре бидејки грешка се случува еднаш,а ако се повтори тоа више не е грешка,тоа преминува во насилство.
     
  17. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    и уште една работа која премногу ме разочара ....Жената требало да има стравопочит кон мажот??????? Да се вратиме ако не во турско......Јас секогаш ќе имам почит кон тој што ќе биде со мене, но страв никогаш! :!:
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Ако партнерот подигне рака- ти ќе подигнеш нога поточно клоца во задникот, друго решение за ова јас не гледам.

    А ако главна амбиција ви е да бидете боксерска вреќа и чергиче за пред врата тогаш слободно продолжете си никој не ви е крив. ;)
     
  19. zaguben

    zaguben Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    170
    Пол:
    Машки
    Кога партнерот ќе подигне рака ти треба да му дадеш ЦРВЕН КАРТОН и да го напуштиш.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kiki80

    kiki80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Ќе подигне рака??? па ќе му ја скршам бе, а никогаш не би дозволила било кој да дигне рака на мене, па луѓе сме , каков и да има проблем може да се реши со муабет, мојот сопруг е многу фино човече Ч) никогаш не би подигнал рака на мене во ниту еден случај, но недај боже некогаш да се деси -БИ ГО НАПУШТИЛА веднаш, затоа што тој ако еднаш дигне рака -нема да му биде последен пат.
    И би препорачала на сите кои имаат таков проблем ценете се и сакајте се себеси и никогаш не дозволувајте некој да ве удри па дури и кога сте виновни за нешто.