Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога партнерот ќе подигне рака

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GordanaL, 20 мај 2012.

  1. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Точно е дека не треба да тепа,ама вие можете бидејки сте женски а? На тој што сте му удриле шлаканица треба да ве скрши од ќотек.Не е важо дали е машко или жнско,никој не заслужува ќотек.
     
    На KATE26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Во право си teedybeear , тоа ми е поентата и мене, сите сме имале моменти кога сакаме на некоја личност да и удриме таква шлаканица што би ја паметела засекогаш , но сепак самоконтролата треба да си го направи своето, кога јас можам да се контролирам, може и тој од другата страна..... ниту таа ниту тој не смеат да дозволат да си нанесат такво понижување!
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Немојте, немојте, немојте да дозволувате никој да дига рака на вас.
    Колку пати ми доаѓало да и бапнам една, ама онака селски, ама ќе сум се завртел и ќе избегам надвор за да ми пројде лутината, и на мене и на неа. Е сеа проблем било кога ќе почне да трча по мене на улица и да ме се дере свашта. Не нешто во врска со кавгата него као „бегаш млади п**иња да е*еш, малото к*ре има потреба да се докажува, алкохоличару, иди да се лечиш, детиште недораснато.... “ и такви ми ти работи. Бившиот ја кршел од ќутек. Еднаш и и кажав дека со таков пис јазик нема никој да ја трпи.
    Поентата е дека нема оправдување за насилство. Ако некој е способен до толку да ти ги спои жиците за да го удриш, подобро прекини ја врската/бракот и за свое и за негово добро.

    Сепак, со драга воља би менувал наместо работите кои што ми ги кажала или постапките што ги направила, да ме удирала до бесвест (не дека и тоа го нема правено).

    Ако двајца неможат културно да се разберат како луѓе нема што да прават заедно.
    Не дека не сум удрил, да се разбереме.

    Само што кога се освестив знаев дека е крај. Ме намести како млад мајмун. Според нејзино сваќање со тоа требаше да сме квит за тоа што ме повреди, демек као сега на исто сме.

    Се иде во живот и со што све сум живеел.....
    Кавги има и мора да има, но мора да има правила на кавга, но не се тепајте. Ако тоа почне и се случи повеќе од еднаш, тука е крај па сакале да си признаете или не.
     
    На Cka, vinozito1, DjinTonik и 4 други им се допаѓа ова.
  4. KATE26

    KATE26 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    ми вети дека никогаш повеќе нема да крене рака. плачевме како мали деца, навистина се сакаме, но? дали секој заслужува втора шанса? ;(
     
  5. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    за такво нешто никој не заслужува втора шанса, кој тоа го направил еднаш ќе го направи повторно
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    ТИ подигни нога. :D (е сега може на два начина да се сфати, јас мислев на првиот :rofl: )
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EliBo

    EliBo Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Ми се има десено :@ тој мене рака јас него клоца и во буквална и во преносна смисла :lol: :lol: :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Немој никогаш да дозволите вашиот дечко да крене рака на вас :!: !!!
    И ако се случи еднаш тоа,верувајте ке има и реприза....Мене лично ми се има случено тоа.Бифшиот го имаше направено тоа повеќе пати.Првиот пат ме удри по рака...ама ај реков може нема да му се повтори....Немој да се залажувате со изговор дека „нема да се повтори“. После следуваа многу удари. Претежно кога беше пијан тоа го правеше но тоа не е оправдување. Никогаш нема да го заборавам потсинатото лево око..... ;( Цел ден седев пред огледало и плачев.....И ден денес да застанам пред огледало и ми се враќа таа слика :x .И после тоа се каеше ама џабе.
    А сегашниов дечко на зезанција ми има речено сите ги тепаат своите,само јас тебе не... :D (мрднат) а јас му велам немој ни да помислуваш на тоа а не пак да го направиш.
     
  9. Stronglady

    Stronglady Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Кога партнерот ќе подигне рака значи дека не ве почитува и секако не ве заслужува :)
     
    На tessie и Dinsyyy им се допаѓа ова.
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Што се дешава со светов? Најдобрата другарка ја тепа дечкото, вчера на улица малце му фалеше на еден да ја искрши девојката, друг пример го изварала-ја испотепал.. некако периодов само вакви приказни слушам :swear: прости луѓе.. друго нема што да се каже
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LUNA.girl

    LUNA.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    135
    Kога партнерот ќе крене рака значи не е човекот во кој сум се вљубила
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. smile-smile

    smile-smile Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    добар совет од другарката прекини ја врската..сега ако почнал така..понатаму што? ќе почни со посериозни повреди сега дигнал само рака те манал понатаму ќе почни да те тепа да те малтретира..најубоо да е прекиниш врската за понатаму да си немаш проблеми поголеми и да го трпиш негоо
     
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Абе откачи вратата па по него..А ти го па уште жалиш? Како тој по вратата? :^)
     
  14. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    недај боже да крене рака веднаш останува без неа ,а и без мене :|
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Еве уште еден случај на насилство.
    Како бе останувате со некој кој крева рака на вас. Не велам дека која и да било причина е оправдана, ама ова трескањево на вратава е живи смешки. Промаја бе, промаја!
    Јас не знам како и после такви работи успевате да го бакнувате и прегрнувате човекот кој ви остава белези по телото. Како мала кога мајка ми ќе ме плеснеше по газот неколку дена ми се гадеше од раката нејзина, камо ли вакви работи.
    Стварно ви се чудам :x
     
    На JessicaJJ96 и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  16. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    рака ќе крене ?! :x :fubar: нека проба па ќе го избришам од списокот на живите, никогаш повеќе нема да ме види, според мене се се решава со разговор 21 век сме .. :)
     
  17. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Какво црно кревање рака бе? Ќе направам да зажали што се родил. Луѓе сме, не сме стока па како животни да се тепаме наместо да зборуваме.
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    55.059
    Пол:
    Женски
    Да ми е маж и да немам друг избор да сум обврзана да го трпам,би размислувала,би барала може изговор нема да се повтори,би му дала уште една шанса да се поправи,ама да ми е дечко и да го трпам да ме тегне секој ден како стока нема да си дозволам никогаш ама никогаш :wasntme:
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ А зошто, ако ти е маж, си обврзана да го трпиш? Во матично кога потпишуваме за вакви ли работи потпишуваме?
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ќе му вратам назад. :lol: