Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога партнерот ќе подигне рака

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GordanaL, 20 мај 2012.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    55.059
    Пол:
    Женски
    Не си воопшто обврзана,ама зборот ми е ќе ти ветува нема да се повтори никогаш,ќе се сменам како во многу случаеви,не му посакувам на никој,ама повеќето се обврзани да,бидејќи се знаат можностите кај нас,јас не познавам многу жени кои заминале од мажот со 2 или 1 дете,ги немаме тие стандарди и помош од државата за жал,некогаш и да сакаш да се вратиш кај твоите нема да можеш,било да нема простор доволен,било да не те сака снаата бидејќи нели ќе си бидат тие друго семејство :)
     
  2. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    148
    Значи, секогаш сум велела дека доколку мојот партнер крене рака на мене..... крај ке биде со него, бидејки ако еднаш се случи, ке се случи и втор пат и трет и.тн и потоа како би живеела со него, во страв?? ма не не... затоа сум многу проти ова и никако не ѓи разберам девојките што го трпат ова.( ќе му се молам на Бога да не дозволи таков мене да ми припадне :lol:
     
  3. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Покрај се што трпам дома цврсто решив тоа НЕМА да го трпам..
    Луѓе сме,со збор ќе се разбереме,кавга,повишен тоа ама тепање :x
    И јас сметам дека овие личности се нетокму па ајде така ќе се докажуваат.
    Можеби некој не го сфаќа ова премногу сериозно и вели ај ќе помине ама јас со сигурност ви гарантирам дека нема!! само ќе биде полошо,за на крај да има каење за младоста,шансите,а уште и децата..трагедија е за нив.
    Фала Богу имам дечко со кој многу комуницираме,на тој начин ги решаваме работите и никогаш ама баш никогаш нема да дозволам да крене рака на мене..тоа ќе му биде прво и последно, а и ќе зажали што го сторил тоа!!!
     
  4. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Кога партнерот ќе подигне рака само ќе му речам поздрав.
    И нормално прекинувам со него . Чим еднаш ќе крене зошто да не се осмели пак ?
    И на што личи тоа да кренеш рака на девојче. Во ниту една ситуација тоа не го прифаќам . Дури и да станува збор за варање . Утепај ја со зборови а не со кревање на рака :)
     
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Кога партнерот ќе подигне рака, веднаш палам кола и одиме на брза помош, дека ако се случи тоа ќе му ја скршам. :!:

    Значи, едно од нештата кое не можам да го поднесам во врска, брак, е ова!
    Моите родители не кревале рака на мене, некој си таму ќе крева. Ма немој. |(
    Дефинитивно би раскрстила со таков човек засекогаш. Зашто еднаш ако крене рака, нема да му биде последен пат.
     
  6. NewBeginning

    NewBeginning Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    23
    Денес ме тепаше дечко ми. Многу. На челото имам модрица, усната ми е расцепена, по телото имам модрици, клупови коса ми паѓаат. Му вратив колку можев. Се беше затоа што во друштвото со кое бев на кафе беше еден другар со кој ми е забрането да се дружам. Јас сум била курва неверна заради таа причина, него сум му набивала рогови. Другарка му беше кај него кога тоа се случи. Ме однесе во друга соба и почна да ме мава. Стиснав заби и се трудев да му вратам најмногу што можам. Најтрагично е што знаев дека ме викна во соба за да ме тепа. Откога заврши ми рече да си одам. Не сакав, затоа што изгледав за никаде. Му реков да се средам дека ќе си отидам. Ве фати за коса и ме влечеше до влезната врата. Успеав да се отргнам и ме пушти да се средам. Во меѓувреме ми ги фрли работите преку врата. Во целата ситуација не знам само зошто мајка ми ја навредуваше... Ама јас му вратив и на навредите, зашто он може за мајка ми што сака да збори, ама самиот он редовно ги брка швалерите (множина) на мајка му од дома. Расчистив со него засекогаш, и криво ми е што не е ни прв пат ова. Ама долго време не ме тепаше, па мислев дека се сменил, дека нема веќе (така ми ветуваше). Сега ми е страв мајка ми да не примети дека сум тепана, не можам ни да го измијам лицето од пудрата, зашто ако мајка ми ме види, нема да има полиции и болници, ќе сака да среди мило за драго да му биде вратено, а јас само сакам да заборавам што поскоро. Многу ми е тешко, не ради тоа дека го сакам или такви работи, тешко ми е затоа што бев малтретирана и тоа од особа на која никогаш не би ја изневерила на било кој начин.
     
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Немам коментар за ваквите личности. Нависина сакам да им влезам во психата на овие психопати и да видам што размислуваат и зошто така се понашаат.
    Дали е генетско? Дали имале лошо детство? :x

    ЊуБегининг дефинитивно си требала уште првиот пат да го оставиш и да раскрстиш со таков монструм. Ама сепак не можеме да судиме за ситуација во која не сме биле нели.

    Не си ти стока, ниту си на патот најдена за некој така да се однесува со тебе. :fubar:
    Ако тој нема поверение во тебе, значи си има проблем со самиот себе и едноставно таквите болни љубомори доведуваат до непромислени постапки.
    Јас би кажала на родителите, да ми се случеше такво нешто. И да, би го тужела. И тоа како би го тужела.
    Дебил. |(
     
    На Mama25 и Hipica им се допаѓа ова.
  8. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Зошто не го пријавиш?
    Верувај самата си си крива.
    Кажуваш дека не е првпат.Тогаш зошто си останала со него и си му простила,тоа му даде сила и знаел дека може со тебе да прави што сака.
    Кога некој еднаш ке го направи тоа ке му се повтори уште сто пати.
    Кој е тој тебе така да ти прави? Да го пријавиш уште одма,овој момент.
    Извини,ама најголема грешка е во тебе.
    Како воопшто си му дозволила тој што сака со тебе да прави? Како откако ке те удри ти сеуште можеш да го бакнуваш,да не ти е гадно да те допира?
    Тој не е човек.Не те заслужува.
    Сега почни од ново.
    Нов живот.И пред да бидеш со некој во врска размисли неколку пати.
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Подалеку од такви личности. Уште првиот пат кога кренал рака на тебе, уште тогаш требало да ја прекинеш врската. Незнам како си можела да продолжиш таква врска зар тоа ти го сметаш за љубов ? Зар мислеше дека ќе се смени ? Не таквите си остануваат исти. Штом во врската така прави, ако стигнеш со него до брак би било пекол за тебе. Сигурно сега ти е многу тешко, но си научила нова лекција. Себери храброст и продолжи понатаму. Ако повторно се обиде да ти направи такво нешто пријави го.
     
  10. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Се згрозив од твојот пост.
    Многу ми е жал,се надевам дека нема да имаш некои посериозни проблеми од ова.
    Ах бре,кога партнерот првпат крене рака на вас-ќе крене и втор пат!Колку и да ветува дека се сменил/ќе се смене,тоа е.
    Знам дека поради љубовта кон него си била заслепена,но те молам веќе не се доведувај во ваква ситуација.
    Ни под точка разно немој да прифатиш никаков разговор со него,а пак за смирување да не коментирам!
    И да те моле,и да плаче-крај нека е.
    Кога во врска вака ти прави,за нешто посериозно не ни сакам да претпоставам како ќе биде.
    Не си ја ограничувај слободата.Уживај во животот.Има толку мн убавини кои ги нуди-другарства(и немој во иднина да прифаќаш услови од типот-забрането другарство.Со дечко ќе раскинеш,ама другарките/ките се тука за цел живот),нова љубов,авантури.
    Зарем тоа го сакаш за тебе-ќотек?
    Мислам дека и твојот одговор е не.
    Ти посакувам се најдобро!
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ни сопствената крава нема да ти верува на празни ветувања ако ја избиеш два-три пати. За човек е доволно ЕДНАШ.

    Се‘ дури жените размислуваат како немаат каде, немаат помош, нема да ги примеле дома... до тогаш ќе трпат вакви мајмунлоци од партнерите.
    Абе ќе пријавам семејно насилство, полиции ќе вмешам, медиуми. Да го покажуваат со прст!
    Ама јас не би останала во таков дом, камо ли деца да оставам.
    Та ајде јас може и ќе се одбранам и ќе му вратам, ами на сета фрустрираност ако крене рака на децата? Ќе му вратат ли? Како? :o Не сакам ни да замислам такво нешто, камо ли да го доживеам.

    Тука веднаш доаѓаат до прашање егзистенцијалните средства и финансиите, како жените влегуваат во брак чекајќи мажот да ги издржува нив и децата, тотално незаинтересирани да напредуваат во својата работа и да имаат свој сопствен буџет и придонес во домот.
    Ама тоа е веќе друга тема на дискусија.
    Разочаран од сопствената мајка, мисли дека сите жени на светот се како неа. Не е ова ретка појава. Напротив. Растени во таква средина, мажите добиваат искривена слика за жените и обично секоја партнерка ја поистоветуваат со мајка си, па стануваат опсесивно љубоморни на секој еден маж во животот на партнерката. Некогаш може да се случи да се сомнева дури и во член од блиското семејство (брат, братучед, ете нека е и близок другар) од што толку ниско мислење има за жените.
    На дечково му треба стручна помош т.е. здав разговор со личност која ќе му влезе длабоко во психата, а ЊуБегининг не е способна да го направи тоа.
    Девојче, немој уште еднаш да си отишла во неговиот дом, престани да комуцираш со него, кажи на мајка ти што се случило, па и в полиција пријави го. Не си ти должна да патиш за нечие пореметено перцепирање на работите.
    Мајка му е најмногу крива во целиов случај, зашто наместо да го воспита детето како најдобро знае и умее, таа се занимавала со ку*варлук и истовремено му дала погрешна слика за тоа како една жена треба да се однесува и со какви карактеристики треба да се носи.
     
    На Elena69221, Anouk и Daydream им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.091
    Допаѓања:
    36.227
    Пол:
    Женски
    Ако еднаш подигне рака, ќе подигне и пак. Таквите мажи не си ги заслужуваат жените.
     
  13. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    .....значи дошол КРАЈ-от :hai: !
    Без коментар! Се вртам и си заминувам.
    Што толку арчите пенкало за ова тема, не ми е јасно!? |-)
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ти сврти му го гзенцето.
    Чинам неколку садо мазо акции може да си изведете.

    Девојки почитувајте се себеси. Било колку тој и да е моќен, богат, убав, сакан од сите - доколку ве тепа значи си има некој проблем со живците. Никако не останувајте со таков нечовек.
     
    На kva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    Значи штом дигнал рака значи вие сте претерале , значи дечкото,мажот колку и да биде трепелив , мирен а вие секој ден му се качувате преку глава му ги дигате нервите за глупости и неотребни работи , секако дека на секој би му прекиснал и би дигнал рака, исто и јас би дигнал, зошто никој не е должен да трпи напади секојдневно.

    Па според вашето и таков маж не заслужува жена смрдла,кучка,дрдорка,глупачка.
     
  16. Alison.Di

    Alison.Di Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски


    :o :o :o :o ДАЛИ ТИ СИ СВЕСЕН ДЕКА ПОСТОЈАТ ЗАКОНИ ЧОВЕКУ ? :!: Стварно, :fubar: размисли малку... Такви се мажите шо не се задоволни од самите себе...со тепање на женската/сопругата си ја докажуваат себеси својата машкост, си го хранат егото. :^) Да не беше трагично ке беше смешно-за малце... и никој не го воодушеви со ова освен сам себе !!! И ако некоја те замара и на глава ти се качува, те нервира и е ГЛУПАЧА можи фино-лепо да и раскиниш и живеј си мирно .... :swear:

    А девојките кои го имаат тој проблем ... ТАКОВ „МАЖ“ не заслужува да го погледниш, а камоли да си со него и совети да бараш ... ОТПИШИ ГО ... за мангупи на батерии има институции ... него не му е потребна женска ... потребен му е ЛЕКАР или пак цела ИНСТИТУЦИЈА...
    НЕМА ЗАКОНИ ДОВОЛНО СИЛНИ КАЈ НАС... НЕКА НАПРАЈ НА ЗАПАДО НЕШТО СЛИЧНО АКО Е ТОЛКАВ МАЖ.... :@ |(
     
    На Audrey16 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Најинтересни ми се оние девојки кои откако ќе бидат излупани, ќе речат „Абе не изгледаше насилен“. Сигурно тоа го помисли и една девојка вчера која ја ишпиунирав на поминување, на која дечкото и рече (додека се расправаа седнати на едно ѕидче покрај улица): „Ќути, не јади гомна, слушна!?“.

    Епа да не видиш дека следна фаза после вреѓање е шамар, па клоца, треба да си дебил. А ако не си дебил и ова му го дозволиш, епа онда сестро си заслужила да те тепаат. :fubar:

    Искривената слика уште се нарекува и „реалност“. Не е тоа искривена слика, златна, напротив, тоа што им е мајка не значи дека е поразлична од просекот. Дури, оние мажи кои ќе ја добијат оваа слика за жените полесно поминуваат во животот, помисли на оние мажи кои биле воспитани од своите мајки во духот на еднаквоста, почитта и љубовта... и во животот завршуваат со девојка чија мајка била овој стереотип кој ти го напиша. И после плачки... golddiger била, сакала имотот од наследството да го здипли, не ја сакала свекрвата, се љутела зошто предбрачен... па нормално, зашто таа слика што грото мажи ја добиваат како воспитување од своите мајки е просекот, односно важи за 90% од луѓето, за тоталното мнозинство. :doh:
     
  18. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
     
  19. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    21.159
    Кога ке подигне рака? Треба да најдеш неколку набилдани мушкарци, да го фатат и да го скршат од ќотек и да свати глупавиот како е кога ке те тресне некој посилен од тебе. :rofl: :rofl: :rofl: Никако не оправдувам, ако некој те сака никогаш нема да дозволи да те повреди, без разлика дали не е расположен, или му фали нешто ментално, или си му кажала нешто што не му е по кеф........... А ако еднаш крене рака на тебе тоа ке го стори пак, и пак и пак и се така. Затоа никогаш не дозволувајте да дојде до тоа, а ако веке дотичниот го стори тоа ставете му на знаење дека вие не сте боксерска вреќа и шутнете го без разлика колку го сакате.