1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога тој ви се заканува...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Desperate11, 18 ноември 2011.

  1. Desperate11

    Desperate11 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дури и ми е срам да почнам да ви кажувам за мојов проблем. Идевме 4 години.. со сакање, карање, раскинување, смирување.Последниов пат, пред месец ипол ОН на мене ми раскина (многу сигурен во себе) а како тоа да не беше доволно одма си фати и нова девојка. Бев во шок, не знаев што со себе АМА преживеав.Во мегувремено,он раскинува со новата девојка и пак ми се јавува да се смириме. После сите турбуленции КОНЕЧНО сум цврсто одлучна дека е дефинитивен крај али он тоа неможе да го прифати и упорно ме замара и ми се заканува. Најстрашно е што има неколку слики од мене во долна облека и мртов ладен неколку пати ми кажа дека ќе ги објави.Неможам да ви објаснам како се чуствувам , толку ми е срам , ке полудам , 4кила ослабев за три дена од стрес.
    Имал ли некој некое вакво искуство? Дали може некој нешто да ме посоветува?
     
  2. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Смири му се, избриши ги сликите и раскини му :)
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Може така, а може и да го пријавиш односно и ти контра уцена да му направиш дека ќе го пријавиш како те малтретирал и тоа и психички и физички малку нели ќе го заплашиш и дека можеш да измислиш тоа ... Па да видиме дали ќе е силен. Само немој во никој случај немој да му покажеш страв и слабост, тој тоа ќе го користи да те држи на тенка удица. Покажи и ти сила и спротивстави се
     
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Да сум на твое место ке му се смирам и ке го седнам пред мене да ги избрише сликите и после пак ке му раскинам. Ама има многу програми на интернет со кои можат да се повратат избришаните податоци така да зае*ана си јако. Памет за друг пат, голи слики или по долна облека сеедно, НЕ. ;)
     
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Пази за сликине може он да ги стави на нет али затоа и кривично се гони, плус тоа знаеш дека он е позади тоа.
    Од друга страна чим ти се заканува и пола пола е шансата дека ке ги стави ...
    Мој совет е ко шо кажа џули немој ама у никој случај и миг да му покажеш слабост. Никако тоа.
    И не му се смирувај ради тие закани.

    И на крај кажи му дека со тоа негово заканување плус ако имаш такви пораки од него може слободно една пријава да му се мавне.
    без нервози и играј смирено.
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Со полиција ништо нема да смени, а и што би му направиле. Ќе мисли дека блефираш и пак ќе ги објави. Најубаво е да се смириш, да ги избришиш од мобилен, од компјутер(и од канта), и фино лепо клоцата.... А ако му ги има дадено сликите на некој друг, тоа е друга приказна...
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Нема да ги стави тие слики зашто така не само што ќе знае дека нема шанси да му се смириш, туку ќе нема да може ни друга девојка да си најде.Само напразно ти се заканува за да те исплаши.
     
  8. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47

    Употреби тактика.Покажи му дека ама воопште не ти е гајле и кажи му дека може што сака да прави со сликите.Сега можеби си збунета кога ја прочита правата реченица но ќе ти објаснам.Тој е маж со слаб карактер,зошто вистински маж ваква долност никогаш нема да се заканува дека ќе направи.Тој сака да те држи во рака.Мое мислење е дека тој нема да го направи тоа,никогаш нема да ги објави тие слики.Само ужива да те нервира,провоцира и очигледно повредува.Пробај прво како ќе реагира на тоа што ти ладно ќе му кажеш дека ама ич не ти е гајле каде ќе ги објави сликите.Направи се дека тоа е нормална работа за тебе,демек не ти смети за да тој увиде дека преку сликите нема да те повреди тебе.Се надевам дека ме разбираш.Па кога ќе го увиде тоа ќе премине на некоја друга ''замка''.Не подпаѓај под него влијание и никако немој да ги пратиш нековите игри.
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Баш денес јавија на вести дека уапсиле некој таков уценувач, и тоа полицаец. Ја уценувал бившата девојка, и барал пари и и се заканувал дека ќе објави слики од неа. Таа фино си го пријавила во полиција, му наместиле заседа и го уапсиле. приказнава е посебно добра затоа што типот е полицаец. Па ако ти пукне филм, објасни му го ова на насилникот. Ако полицаец не се спасил затоа што уценувал, ни тој нека не се надева нешто многу. И да, не му покажувај страв, насилниците се хранат од стравот на жртвата.
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Како бе тоа луѓе да се смири, да му ги избрише и не знам приказни. Тој глуп е не може да направи милион фолдери, или да ги закачи на маил и да ги има. Нема, чим сакаш да биде крај тоа е. Немој силум. Со цврст став пред него, имаш 23 години, твоите веќе знаат дека си била долго со него, можеш и отворен муабет со еден од родителите и да им ја кажеш ситуацијата дека те уценува доколку го направи тоа, да не биде големо изненадување. Но, сепак ти на него не му покажувај слабост, кажи дека ти него ќе го пријавиш за уцена. И дека си сериозна, зошто не може тој да ти ја нарушува репутацијата. Макар нашла некој другар да му се јави и да се претстави како полицаец, ако многу напне. Аман од лабилни мажи аман.. Ти глава горе... и да ги стави врело е неколку дена после се се лади... Напред само..
     
  11. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Зошто да ти е срам?Па фала Богу ти бил дечко,сте биле интимни и сега овој лудак,кукавица една ќе те уценува оти те сликал :fubar: .Немој да наседнуваш,душо,такви финти употребуват очајни машки слабаци .Ако ти послужи за пример,еве да ти кажам и другарка ми имаше ваква случка,и тоа типот ја снимал додека имале секс,замисли си ,и ја уценуваше дека ќе објави на нет и триста уцени.Кога дојде кај мене,плачеше цел ден.Јас се умешав ,ми стана криво,тој и се јави јас кренав и му се развикав знаеш ли која сум јас (демек нејзината мајка),како може да се закануваш уште еднаш ако се јавиш ќе те пријавиме во полиција,ово оно,(ама ептен се развикав :$ )типот фати прашина ни пет ни шест.После некое време пак ја задеваше,јас ја советував мртва ладна да му рече дека ако објави на нет само ќе и направи добра реклама,нека повели (ептен сум била откачена |( какви совети сум давала).Типот уствари и се закануваше за да ја задржи за секс,но јас не и дозволив да се упропасти со тој никаквец,слабич :emo: .Со таквите само храбро и отсечно ,да видиш како ќе лета на метар кога ќе те види.Се надевам дека ќе се покажеш силна и немој да се плашиш,само остро со такви ѓубриња :!:
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не би сакала да сум на твое место но не е крај на светот.
    И јас би ти порачала да зборуваш со некој.На крај па и пријави го во полиција.Нема зошто да ти е срам,си била вљубена,сте оделе долго.Него треба да е го срам ако е навистина подготвен да направи такво нешто.
    Во никој случај не размислувај да се вратиш со него,за да ги избришеш сликите и после пак да му раскинеш.Тоа е лудост и нема шанси да ти успее.Сигурно нема да те остави сама во соба и да ти го остави фолдерот со сликите на тацна за да ги избришеш.
    Најпаметно решение е да го пријавиш,сепак тоа што тој го прави е вознемирување но ти си знаеш...
     
  13. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    „Кучето што лае не каса“. Немој да се нервираш, биди со ладна глава. Тој е вон себе си и не знае што да прави. Со фактот дека сте оделе 4 години, сигурно и дека го знае твоите јаки и слаби страни и знае како да те исплаши. Ти со тоа што му покажуваш страв, тој мисли дека може да владее со тебе. Покажи му дека не може така, со тоа што нема да покажуваш слабост пред него и да се плашиш од неговите закани. Не можеш да му бидеш марионета, па кога сака тој да раскинете, а кога сака да се смирите, да си игра со тебе. Дали тој ти даде јасни аргументи зошто ти раскина, и после уште посилни аргументи и причини зошто да му се вратиш? Тој само сака психички те малтретира, а за намера сигурно не е луд да ги постави сликите, кога со нашата технологија може да се лоцира од кој компјутер се поставени, и да има лажен профил, пак би го откриле. И како што претходно кажаа, ако се пријави тоа, тешко него. Имај свое „јас“, и биди доследна на своите критериуми, и послушај ги советите на останатите форумџики. Нека биде како што сакаш ти, а не како што сака тој. Ти не си негова сопственост, ниту ти го дал животот за да може така да те малтретира. Па, и на крај на краишта, и да ги објави, а нема тоа да се случи, немаш од што да се срамиш. Поголемиот дел од девојките се сликаат по купачи костим и намерно ги објавуваат. А ако ги постави тој, само тој губи, а по тебе ќе трчаат машките - така кажи му мртво ладно, ако пак ти се заканува, и кажи дека воопшто не ти е гајле дали ќе ги постави.
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    И на другарка моја еден кретен и се закануваше како божем имал слики од неа дрн дрн дрн ама ќе ги дал на цело мало да види што и како имале како ја сликал,ако несакала она тоа да се случи да имале секс.....Она го реши проблемот на тој начин што му прати другарче нејзино од воена полиција на врата,и овој се пеплоса од тогаш па навака нигде го нема....така и овој сака само да те користи за секс а ти фино лепо спискај му па ќе се повлече одма
     
  15. Desperate11

    Desperate11 Активен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки фала многу што сте се потрудивте да ми помогнете , без да ги прочитам вашите коментари навистина ќе полудев. Сега за сега нема ништо ново , му кажав дека ќе им кажам на моите ... па ќе видиме.