se pocna otkako pred godina dena odluciv da ja prekinam vrskata so dolgogodisnoto momce i da pobaram nekoj koj poveke me pocituva,bidejki uste od poodamna ziveev so faktot deka me vara a pritoa pri zdrav razum me pravese luda deka si umisluvam deka sum bolna sto navodno sama gi pravam kavgite ( i NORMALNO koga ke sakam da go dokazam sprotivnoto sekogas sleduvaat pogrdni zborovi, jas nisto neznam i red drugi stvari za da na kraj da me napadne mene i da me dovede vo situacija da se zamislam da ne e slucajno problemot do mene) zatoa resiv da svrtam nov list, megutoa nemozev bez nego mi trebase vo teski momenti koi gi pominuvav vo zivotot i se smirivme po moja inicijativa. Najgolemata greska moja e sto dozvoliv da misli deka sum jas kriva deka sme se razdelile,iako odlukata za razdelba proizleze od negoviot odnos prema mene . Sega sme smireni megutoa toj seuste vodi dvoen zivot,pak pocna so starite naviki a jas koga i da sakam da mu kazam deka znam za se me potsetuva deka ne e on kako mene da brkam drugi i da mu raskinuvam, ako jas sum mu raskinala za drug neznaci deka i on me vara iako mu otkriv se namail ama napad e najdobra odbrana imam golem problem nemozam bez nego a neznam sto da napravam ,moze li da se promeni nesto,kako li da go promenam
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... имаш 24 и дечкоти има авторитет врз тебе? незнам како си допушташ да знаеш дека те мафта и да неможеш без него?? а да те прашам ако те запроси и те вара што тогаш? нема врска твое си е ти неможеш без него пошо несакаш да бидеш без него. Можеби треба да седнеш и да напраиш муабет со него смирено пополека, вака и вака неќам да бидам варана ако ти се иде иди ако не раскинуваме и чао ако му значиш ќе се смени второ, чим за него нападот е најдобра одбрана и ти почни да праиш ко него, нека ги согледа неговите грешки во тебе и коа ќе ти рече вака и вака праиш ти одбрани се со неговиот напад. И верувај сонце сите можат без секого, можеби не е тој за тебе можеби ти треба само време да го преболиш и тоа е тоа, би ти препорачала чим е таков (гад) да се оладиш од него. На овој свет сигурно ќе се најде некој што ќе те сака и почитува како што заслужуваш. Се најдобро ))
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... не се лажи себе си,таквите тешко се менуваат,јас низ истото поминав и некако раскинавме се видовме на 2пати случајно и од љубопитност прифатив излегување на муабет и 2та пати тој се обидуваше да ме заведе ама кога гледаше не му оди исто почнуваше со напад и така остана,ми недостигаше не велам не и те сфаќам кога пишуваш дека ти било тешко без неги и си му се смирувала,е тогаш и јас бев на твоја возраст,сега по 6-7години поминати баш сум среќна што раскинавме и никогаш не му се вратив и како за потврда дека не згрешив еве ти пример,сега јас имам убава стабилна врска,а тој се омажи со првата што ја затрудне и случајно шетаме со партнерот а ете го него од немајкаде ја влечка кутрата си трудна жена поминува крај мене толку блиску за да го видам дека ете се скрасил,ама и да слушнам како таа луто му вели ме гледаш ли колкава сум што ме влечкаш наваму каде одиме.....размисли си и ти каде сакаш да одиш да те влече некој ваков или достоинствено да чекориш пркрај некој што те заслужува а и ти него,во кој си едноставно
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... Fala vi za podrskata znam deka se sto mi treba e hrabrost za da mozam da donesam odluka
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... Дефинитивно човеков не те заслужува. Тој всушност никоја не ја заслужува. Тоа значи дека е тој личност кој нема совест,почит и никогаш не ке може да те усреки единствено ке те разочарува и само ти ке имаш мака кога ке го увидиш тоа ке се запрашаш што сум чекала затоа ти велам дека тој не е вреден да се разговара за него.Мој совет ти е да си започнеш нов живот и што подалеку од овој дечко.Немој само да велиш го сакам како понатаму.Многу лесно и многу убаво ке ти биде без него. Некој кој не го цени она што го има покрај себе... значи не е вреден да го има.
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... Znam deka e taka samo kaj mene e malce komplicirano, nemam nikoj blizok i nemam sili da prekinam se,edinstveno toj mi e kakva takva podrska,najmilite gi nemam poveke,toj go znae toa deka nemozam bez nego i zatoa go zloupotrebuva :-/
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... 'Многу се лаже оној човек кој мисли дека не може да живее без луѓе,а уште повеќе се лаже оној кој мисли дека луѓето не можат да живеат без него'.. Една од моите омилени мисли Значи те замолувам да ставеш акцент на првиот дел од реченицата.Ти тоа ставарно не можеш без него?На 24ти години дозволуваш така? Девојче веќе си зрела личност,во најубави години,наместо да имаш убави моменти со него,ти само нервози..колку и да разговараш со него,и колку и да ветува дека ќе се смени или сл,се се сведува на едно-'волкот го менува крзното,но не и навиките'. Знам дека си очајна,немаш ничија поддршка,бидејќи спомена дека немаш најблиски и сл,ама тоа не е изговор да дозволуваш некој да си поигрува со тебе,т.е да те искористува знаејќи дека го сакаш. Мој совет ти е да прекинеш веднаш со таква врска,ако може да се нарече врска.И сама кажа дека нему му е сеедно дали сте заедно или не.Во тој случај,не сум баш сигурна дека тој всушност те сака.. А тука се и погрдните зборови,неверства.. Ахх бегај од таков под итно.. Овоа твоето е само навика,заедно сте подолго време,а секако и стравот од самотијата. Не си престарена,можеби новата љубов е околу тебе,само ти заслепена си и не ја забележуваш.
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... Без секого се може, животот продолжува, секое утро нов ден се раѓа. Само тешко се може со болката во срцето, но затоа времето тече како река и со себе носи се. Фрли ги во таа река твоето себе- непочитување и твојата не-самодоверба. Нека одитат со реката.Насмевни се и започни го денот релаксирано.Не силувај: сега сакам среќа. Сама ЌЕ ДОЈДЕ. А ТИ ЌЕ И ПОМОГНЕШ ! позд.
Koga toj ima potpolen avtoritet vo vrskata... Fala vi uste ednas na podrskata svesna sum za se,znam deka e taka, samo koga i da recam gotovo e , nemozam zasekogas da se trgnam od nego tesko e da se donese odluka,togas zaboravam na losite raboti mi se vrakaat samo ubavite spomeni i pak se sveduva na isto,se vrtam vo krug ,kako i da e pozdravce do site vas sto posvetivte vreme za mojot problem [mod-kirilica:cyla4st1][/mod-kirilica:cyla4st1]
Кога тој има целосен аторитет во врската... Подобро е да раскинеш и да поминеш 2-3 болни месеци во преболување а за волја на вистината времето навистина лечи се, отколку да трпиш болна врска која трае константно. Почни себе си да се респектираш повеќе а да се жртвуваш помалку. Собери сила, стисни заби и извадисе од врска во која не смееш да си дозволиш да бидеш. Можеш ти многу подобро од тоа. Среќно
Кога тој има целосен аторитет во врската... Се сложувам со феминката , времето лечи се без секој се може, некогаш ни е тешко да ставиме крај, но мораме заради самите нас, пред се треба да имаме почит спрема себе ако сакаме да не почитуваат другите
Треба да се има компромис во една врска за да биде среќна и успешна,ако го нема тоа се е џабе не може мажот да се замислува дека ова е некое робовладетелско опшество во кое жената е потчинета а тој е нејзин Ага,е не може така имајте си свој став и борбеност,не потпаѓајте под ничиј авторитет
Кога тој го има целиот авторитет во врската има две опции. Или трпиш и не се жалиш; или бегаш од таков човек.
Се понадевав дека е ова поинаква тема, а оно било само еден обичен проблем. А да ја свртиме темава? Поголем авторитет во врската секогаш има еден од партнерите. Во случајов не се работи за авторитет, туку за злоупотреба на чувства, авторитет е нешто не толку страшно. Вообичаено, во сериозните врски, авторитетот го има жената, таа ги носи главните одлуки во домот, таа е влада во сенка, бидејќи мажите се оние кои сакаат да се чаталат дека се „Мажи“ во куќа, па затоа и постои оној виц... Жената му вика на мажот - „излагај од под маса, не се криј“, а тој и` враќа „Ја сум маж у оваа куќа, кај сакам ќе се кријам“. Ако мене ме праша некој, супер е таа распределба, жената го има авторитетот во кујна и дневна, а тој да го има авторитетот во спална, зашто секоја девојка која знае што е добар секс, знае дека неавторитетен дечко во кревет, значи и досаден секс. Ама секоја сонува за тој да ја залепи за ѕид, да и ја гризне долната усна, да ја погледне строго и да и` рече „соблакај гаќичките!“ односно да биде авторитетен до граница на понижувачка строгост. Во превод, сите момци се смотани, што своите фрустрации и негодувања од девојката ги искажуваат у дневна, на нејзин терен, место во спална, на негов „домашен“ терен.
Навистина на 24 години си го дозволуваш ова? Типов те има осетено дека си несигурна, знае дека мислиш дека неможеш да најдеш друг и сега слободно може да ти прави што сака бидејќи знае дека нема да го оставиш. Зарем ти е убаво да бидеш втора? И еве како го замислуваш животот со него? Прво нема ни да те побара, ги знам ваквите..И да те земе утре ти ќе седиш дома а тој секоја вечер со друга..Не се залажувај дека ќе се смени, најди си друг, батали го овој ниту те заслужува ниту ти треба..Треба да имаш некој што ќе те прави среќна, што нема да сака да се тргне од тебе и што нема ни да помисли на друга а не па на двојна врска Инаку што е со твоите? Немаш ли другарки? Пробај излези негде, ако немаш со кој најди нешто што ќе ти го исполнува времето како фитнес,некој курс по јазици или нешто што те влече..Не се затварај и не дзволувај стравот од самотија и некој искомплексиран идиот да влијаат на тебе!