Кога тој пресериозно ќе ја сфати вашата врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Dabria, 12 септември 2016.

  1. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Свесна сум дека од половина од вас ќе добијам мислења од типот: „Вау, каков романтичен дечко, ти вештерке не го заслужуваш. Да беше мој не си свесна како ќе го сакав и чував!’’ - Но другата половина од вас ја молам за совет.
    И двајцата имаме 23 години. Во врска сме една година, од која последниве два месеца бевме разделени. Дечкото е внимателен, културен, од друга страна има одлична смисла за хумор, со него сум имала прекрасни моменти, многу глупости имаме направено заедно. Секако имавме и неколку кавги и несогласувања но бар по мое мислење, кога поминуваш толку време со некого тоа е сосем нормално. Убаво ми е со него, не сум сигурна дека го сакам но дефинитивно сум вљубена. Проблемот е во тоа што сметам дека дечково во последно време почна да врти некои муабети кои мене не ми се допаѓаат. Од кога се смиривме после една поголема кавга, стана многу приврзан за мене, дури до некоја мера љубоморен. Знам дека тоа им одговара на некои жени но јас уште од почетокот му имав дадено до знаење дека тоа мене не ми се допаѓа. Сепак прогледав низ прсти, секако, тој е таков каков што е и некои нешта морам да ги прифатам - не можам да го менувам ниту пак да програмирам совршен дечко.
    Но кога почна да ми кажува колку тој сакал ние двајца да се венчаме и колку добра мајка би била јас мојата реакција беше:
    [​IMG]
    Му реков полека, мене такви работи после само година врска не ми ни паднале на памет. Но тој продолжува да ми зборува за тоа и не знам како да постапам. Да, се обидов да зборувам со него за тоа но тој како да не ме слуша.
    Кога ќе му кажам дека тоа не ми се допаѓа и дека моите намери со него не се толку сериозни тој ми вели дека тој можел да го промени тоа. :worried:
    Од некоја причина се чувствувам заробено. Не можам да објаснам зошто, но ова за мене е гњавење. Совет?
     
    На Love...music, ku4ence, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  2. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    2.910
    Пол:
    Женски
    Многу убаво те разбирам бидејќи имав дечко што истиве муабети, а и посериозни почна да ми врти уште на прв дејт, и јас го сметам истото за гнавење. :D

    Гледам дека ти се свиѓа дечкото затоа пробај не со карање да го решиш ова, туку со убаво, а ако не биде така налути се и застани си зад својот став да види дека не може да те манипулира толку лесно (делот кај што рекол дека може да го промени тоа). Немој да се нервираш. Речи му дека има време, дека треба да се запознаете, да живеете заедно, дека сакаш да одиш полека и се да ви биде како што треба бидејќи го сакаш. И ако те сака мислам дека стварно треба да ти даде време. Речи му дека сакаш кога ќе се омажиш да биде за цел живот и не сакаш да избрзуваш со одлуките бидејќи не е мала работа.
    Од искуство на другарка што се омажи бидејќи мораше, тој и направи глупост намерно за да остане бремена и за да се омажат - внимавај. Можеби планира да биде најарен дечко на цел свет и се тоа и на тој начин да промени како ти размислуваш ама дај му до знаење јасно и гласно: што сакаш да правиш во иднина, какви планови си имаш за да не си прај фантазии предвреме. Или нека си те замислува како мајка на неговите деца, супер, ама не е фер да те манипулира, да те бутка, и на некој начин присилува и тебе кон тоа што тој го сака и си го има замислено без и ти да имаш желба за истото.
    Кажи му го истото што го напиша овде. Дека се чувствуваш заробено бидејќи тој ти наметнува нешто за кое што ниту си спремна, ниту го сакаш, па се надевам ќе средите.
    Поздрав. (fingers)
     
    На eloves, Love...music, Safira26 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bojana_Ilcevska

    Bojana_Ilcevska Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2016
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да седнеш да си направиш убаво муабет со човекот и да му објасниш како се чувствуваш. Е сега ако не му одговара тоа или најдете заедничко решение за тоа или може не сте еден за друг.
     
    На Love...music му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чудно ова една година сте во врска викаш дека си заљубена ама не знаеш дали го сакаш. Нешто не ми штима. Не можеш да бидеш една година со нeкој во сериозна врска и до толку многу да паничиш за вакви муабети. Да, може не си спремна и не се гледаш себе си во таа улога сега, ама па да се згрозиш од мислата мислам дека е премногу. Или ти не си спремна за врска или едноставно тој не е вистинскиот човек за тебе.

    Пред да седнеш да правиш муабет со него, седни и размисли си за твоите чувства. Дали и колку ти значи, и зошто толкава одбивност кон заедничка иднина. Збориме за фиктивна иднина, некогаш, за некоја година, две... Не ти предложил брак.

    Јас да сум со некој една година и да не знам дали го сакам, би прекинала. Дечкото очигледно е сериозен и развил многу чувства кон тебе и те гледа како онаа со која би сакал да го помине животот.

    Биди искрена со себе, а и со него.
     
    На glosipgirl, Ana Chio, Shljaki и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Daisy10

    Daisy10 Активен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2016
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    94
    Пол:
    Женски
    Не е само до муабетот ти си пишала дека веќе си разговарала веќе еднаш за тоа со него, но тој не те почитува тоа што си го кажала и си тера по свое.Мое мислење дека на таквите не им треба многу внимание што паметот им е само во тоа од искуство на другарка ќе ти кажам случка.
    Имаше она дечко исто како тебе година идеше со него,скроз иста ситуација како твојата.Кога направија година другаркава имаше однос со него прв пат и беше тоа и мислеше дека му ја остварила желбата и дека поубаво ќе им биде во врската, но се излажала.Дечкото откако си го доби тоа што сакаше после тоа едноставно ја шитна другарка ми без око да му трепне.Подоцна она се каеше за тоа, но касно беше за се.
    Мој совет: Чувај те се од таквите што само паметот им е таму има време за се.Ако не се осеќаш подготвена немој тоа да го правиш зашто подоцна може да се каеш.
     
    На Love...music му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.931
    Допаѓања:
    6.403
    Пол:
    Женски
    De bre covekot ne ti klekna na kolena so prsten.
    Mu si dala takvo ubavo custvo I posle poveke od godina dena vrska toa e normalno spodelil so tebe na kakov nacin te gleda I toa e kompliment za mene neznam sto se pritrese tolku...Kako I da e edna godina vrska ne e malku za ako saka nekoj vo brak da stapi jas so mojot verenik se verivme po 5meseci I toa sto si nego go pocustvuvav ni za moment ne go pocustvuvav vo prethodnata propadnata vrska od 4godini...
    Kako Ida e ne sve na ista branova dolzina sto bi se reklo I mene ne mi ste kompatibilni, moe mislenje...
     
    Последна измена: 13 септември 2016
    На glosipgirl, Love...music, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Едно е кога некој тоа ќе го спомне, еднаш, два пати. Но кога ќе му кажеш дека тоа не ти се допаѓа а тој почнува секојдневно да зборува на таа тема тогаш е друго.
     
    На Love...music, zhap4e, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    37.088
    Пол:
    Женски
    Треба да си среќна што го сака тоа, што сака семејство да има со тебе. Не е тоа ништо лошо, друго е ако не го сакаш.
     
    На Love...music, Bella.04 и Arthur им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.691
    Допаѓања:
    50.086
    Пол:
    Женски
    Ти немаш проблем со него туку со себе, односно со твоите чувства. Ми се чини дека не е тој вистинскиот за тебе. Една година сте заедно а викаш дека не го сакаш, заљубеност е едно (површно) а љубов е друго (длабоко), а и 23 имаш, сосема е нормално да се спомнува и да се разговара за иднина и заеднички живот.
    Ако тој има желба за семејство а ти тоа не го сакаш, кажи му. И двајцата не си го губете времето ако нема љубов и ако ви се косат интересите. Размисли прво за она што ти сакаш и што ти чувствуваш па соопшти му нему.
     
    На Love...music, Antebellum, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    Па не знам еве, искрено. Очигледно е дека сите си имаме различни преференции во врската, но да повторам јас од самиот почеток му дадов до знаење дека тоа не ми одговара, Не мораш да имаш којзнае какви длабоки чувства за да бидеш во врска со некого - доволно е да уживаш во времето кое го поминувате заедно, бар според мене. Јас многу споро ги развивам таквите чувства, тоа го знае и тој. Јас знам што сакам, сакам да останам со него но не ми се допаѓаат ваквите разговори.
    Ме вознемирува некако, ме гуши.
     
    На Ana Chio, Love...music и 1209 им се допаѓа ова.
  11. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.608
    Пол:
    Женски
    Ако на 23 не ти требаат длабоки чувства за да бидеш во врска убаво разграничи го тоа со него. Не знам како не сфаќаш дека дечкото е озбилен и се гледа иднина со тебе! Не сега, ама некогаш! А ти упорно викаш дека ти се повраќа од тоа. Ама пак сакаш да си со него, ама да биде како што ти сакаш.
    Ти пишавме сите да бидеш искрена, да размислиш убаво, ти си тераш исто. Ако те вознемирува и те гуши, а он не преќинува да ти збори за тоа - раскини му де. Што се мајтапиш со него? Ја стварно не те сфаќам што сакаш, а мислам дека ни сама не знаеш.
     
    На Love...music и Antebellum им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.061
    Допаѓања:
    160.692
    Пол:
    Женски
    Дабриа, мила, од тоа што сум те читала досега јас потполно те разбирам - како личност се гледа дека си една современа девојка со слободен дух. Како таква не ми е чудно на овие години (па дури и за подолгорочно) уште да не ти паѓа на памет брак, деца, семејство - тоа е твое право и не гледам ништо лошо во тоа.
    Како што ти кажаа, треба да му покажеш дека стварно не ти годат такви муабети и дека се чувствуваш како да те притиска. Ако продолжи така, крај краева заслужуваш да имаш до себе личност со исти приоритети и поглед на животот како твоите :)
     
    На eloves, Love...music, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Xviuxy

    Xviuxy Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Па, ако има 23 не значи дека треба да се лета и одма да се омажи зашто била 1 година во врска.
    И да, постојат личности кои им треба подолго време да создадат длабоки емоции за некого, без разлика на времето.
    Потполно те разбирам и мене тоа би ме гушело ..

    Едноставно разговарај со него, објасни му дека тоа е навистина сериозна тема за која во моментов не се чувствуваш подготвена и наместо секој ден да ти го споменува тоа и да ти објаснува како може да те убеди, едноставно да ужива во секој момент со тебе, правејќи некој нов споѓен, сигурно така подобро би те убедил, отколку на овој начин, на кој едноставно те гуши и ти создава паника.

    П.С внимавај за време на сексот
     
    На eloves, Love...music, ku4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.088
    Едноставно, и двајцата сакате различни нешта во животот моментално. Нормално е да си со некој толку време, а сепак да не го имаш ,, изгубено ,, разумот по него од првиот ден, туку да одиш полека и да го запознаваш човекот целосно. Штом си останала со него толку време, значи дека вреди и дека ти значи.

    Ако сметаш дека има некоја шанса некогаш да бидете во брак и да имате деца, тогаш кажи му повторно да не те напнува, и да почека некое време работите да се одвиваат природно и од твоја страна. Можеби, за месец, година, две ќе ги смениш чуствата и мислењето, па во тој случај не би ти препорачала да раскинете.

    Но, од друга страна неговото игнорирање на твоите чуства и став во врска со темата, покажуваат дека никој не е совршен...Сигурно си мисли дека само си бладаш, и дека на крај ,ќе те изманипулира да се земете поскоро...Добро размисли дали и покрај сите убави карактеристики, би била со човек кој не те слуша што му зборуваш, и не се обзира на твоите чуства.
     
    На eloves, Love...music, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.217
    Пол:
    Женски
    ^ Тоа е и мојот проблем тука. Јас бев искрена и со него и со себе. За мене врската не мора да има секогаш брак за цел, понекогаш врските ни помагаат да созреваме, да градиме карактер и да споделуваме убави моменти со некого. Тоа не значи дека јас уште од сега можам да бидам сигурна дека би се земала со него. Да бидеш со некого само за брак за мене не е ни повеќе ни помалку од искористување. Баш заради ваквото однесување јас би му раскинала. Затоа што сакам меѓусебно разбирање и играње со отворени карти. Ако нему не му е убаво вака и му е толку важно да влезе во брак тогаш нека си оди. Мене вака ми е убаво, но не планирам да ги менувам своите ставови и планови само заради него.
    И да, кога ќе му спомнам да успори малку со вакви муабети или тоа го сфаќа како шега или се лути. Баш затоа мислам дека проблемот тука не е во мене.
     
    Последна измена: 14 септември 2016
    На eloves, Love...music, ku4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  16. N0NamE

    N0NamE Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Машки
    Девојко ваква шанса нема да имаш можеби друг пат чим е упорен и како што и самата кажуваш внимателен, културен значи дечкото е искрен спрема тебе и те сака.Дали попрво би избрала да се забавуваш со десетина други затоа што мислиш дека сеуште си млада, и дека треба да уживаш во животот пред да дојде оној вистинскиот или ке ја искористиш оваа прилика кога веќе го имаш оној вистинскиот ако го сакаш и ти се разбира.Впрочем зашто толку мислиш дека све е избрзано можеби е само искрен и го кажува тоа што го мисли и чуствува спрема тебе и тоа што сака да го има со тебе брак и да оформи семејство.Ако мислиш дека треба да седнете и да поразговарате околу овие работи тогаш направете го тоа кажи му го тоа што мислиш белким ке те разбере со оглед на тоа што кажуваш дека те сака и она што јас го мислам е дека тој е вистинскиот за тебе само треба да ги решите тие проблеми помеѓу вас останатото само по себе ке дојде.
     
    На Love...music и shz им се допаѓа ова.
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    2.910
    Пол:
    Женски
    ^ Многу сте ми чудни. Ако некој ми се подаде, било каков, јас треба да се оженам со него оти друг може и да не најдам???? Ви се молам. На мене на 18 години ми се случи истото, типот сакаше да се жениме после месец дена врска и што требаше јас да направам, да се оженам оти друг можеби нема да сака да се ожени со мене? Живи глупости. Друго што заборавате а го спомна девојчето е дека станал љубоморен, што воопшто не е добро. Треба да се заборави нешто што и смета оти сакал да ја ожени?
    Колку што разбрав, таа нема намера да се забавува со уште десет други туку сака да оди полека. Ако им иде добро се по ред ќе си дојде.
    Бил искрен. Ако е искрен и ја сака што толку му се брза? Има време за се. Ако ја сака и е искрен, супер, нека сака семејство ама нека не напиња.
     
    Последна измена: 14 септември 2016
    На eloves, Love...music, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.659
    Допаѓања:
    28.471
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што му запнавте на девојчето дека не е нормално што не е спремна на брак, многу нормално е да нема сеуште развиено длабока љубов за година време, некогаш едноставно на некои луѓе им треба време за да развијат таква длабока поврзаност. Таа е со него оти и е убаво, врската оди добро и смета дека уште не и е време за мажење и дека сака да биде малку подолго време во врска со него за да се согласи на тој чекор. Не ми е јасно зошто тоа неа ја прави личност која не знае што сака. Таа убаво му рекла дека не е спремна на таков чекор и дека мисли дека е рано. Тоа сигурно не значи дека таа ќе го остави или сака да оди уште со 10 мажи за да биде сигурна, туку едноставно сака да проживеат уште неколку години како пар во врска додека да се одлучат на тој чекор. Можеби смета дека е млада, јас со дечко ми сум толку години заедно па до скоро имав чувство дека не е време за тоа и тоа нема никаква врска со тоа дали го сакам или не. Може сака да си се осамостои прво како личност која може да се грижи пред се сама за себе па потоа за фамилија. @Dabria ако продолжи да го наметнува тоа прашање седни и кажи му дека не си спремна на тој чекор, дека тоа не значи дека планираш да го оставиш или дека не сакаш во иднина да бидете во брак туку дека сега во моментот сметаш дека не сте доволно спремни за таков чекор. Ако тој не разбере и на крај стварно те запроси ти ќе бидеш принудена да му кажеш не и да прекинете, ако по секоја цена го сака тоа нека биде спремен на вакви последици. Мене ми личи како тој да сака да те врзе по секоја цена не од толкава желба за брак туку поради некои негови несигурности.
     
    На eloves, Love...music, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    А колку време сте смирени?
    Бидејќи и самата кажа дека ова се случува откако сте се смириле, ми личи дека дечкото за тие 2 месеци додека сте биле разделени, сфатил колку му значиш. И сфатил дека некаде во иднина, down the road - се гледа со тебе. Мислам дека сепак не е спремен утре да ти понуди брак, само што сака да ти даде до знаење дека му е убаво во врската и може да си го замисли животот со тебе. Ако е таква ситуацијата, не дозволувај да те плашат неговите чувства и уживај во врската.
    А ако ова веќе подолго време се случува и гледаш дека навистина е сериозен за брак, искрено не знам дали само со разговор ќе се смени тоа. Имам другарка што дечкото 3 пати ја запросуваше. Од кои еднаш во јавност, со цел да се усрами и да мора да прифати. Кога некој е цврсто решен на таков чекор, секогаш се надева дека потајно и ти го чувствуваш истото, или дека барем со некаков (романтичен) чин ќе може да те убеди.
     
    На Antebellum и Dabria им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    6.097
    Пол:
    Женски
    Dechkoto se plashi deka kje go otkachis i go gleda brakot kako nachin da te zarobi na nekoj nachin.
    Ti preporachuvam mnogu da vnimavash pri seksot zatoa shto ako ne uspee da te ubedi na drug nachin, mnogu verojatno e deka kje proba da te napumpa za da te prinudi da se zemete.
    A na ovie shto te sovetuvaat deka treba da bidesh presrekjna shto nekoj sakal da te ozheni im proporachuvam da go poglednat vnimatelno kalendarot. Vreminjata koga brakot bil zhivotna misija na sekoja zhena se vekje zad nas.
     
    На Ana Chio, supertoasty, Love...music и 6 други им се допаѓа ова.