Ве молам за одговор Епаа...вака.. Јас сум од Скопје,голем град,а и нашето семејсто е угледно,јас сум девојче со добри родители,до сега одлична ученичка,сите ме фалат,ама он е од мал град,никој и ништо,поголем е од мене,од тој град пола од повеке ми се роднини,одма се дознава,сите зборат.А и да мала сум,тој е поголем,ама мене љубовта ми е важна.Сега планираме да идам кај него,тој да дојде тука,на гости,дома кај него,ке правиме ова она,и ред др работи.Татко ми кога ке дознае дека на овие години идам со таков ке ме убие,ке се срами дека сум му керка,а до денес се гордееше со мене.Што да правам??
Ве молам за одговор A.n.n.a.b.e.l.l.a 21година имаш? А тој? И дали ти е тој дечко или уште не сте ништо? И што подразбираш под ред други работи, да не планираш бегалка да бидеш?
Ве молам за одговор Нее,немам 21,така ги лупнав годините,14 имам,а он 19.Па вика дека сум му девојка,денес се договравме да одам кај него дома..
Ве молам за одговор оп стој...а што се подразбира под ред други работи? зошто одиш кај него, бегалка планираш да бидеш да си заминеш од дома?
Ве молам за одговор Неее,не планирам да бегам.Само ке идам кај него на гости,ке се шетаме. ЛЕлел незнам што да правам.
Ве молам за одговор Колку сте ограничени не ми се верува Јас сум од Скопје,голем град да ти е**м големиот град. А ти на 14 години наместо да размислуваш за дечковци и одење кај него пожелно е лектирите да си ги прочиташ и чисто онака да се дружиш со другарките!
Ве молам за одговор Вака и мене ми се деси истото јас имам 15 тој има 18 од друг град е.. И вујко ми ме виде со него мене тоа ми беше крај на светот.. Али со тек на време се смиривме и не ми верува слепо како порано јас сум сеуште со детето и многу се сакаме и сега тие мислат дека сме скарани а ние всушност никогаш не се скаравме јас те советувам да не бираш знаеш дека нема да можиш да живееш ни без едното ни без другото барем јас така.. Кријај додека можеш мене ми успева а после незнам.. Или пак можеш да му кажиш таа ти е подобра варијанта ама ако веќе знаеш дека нема да ти дозволат јас така би направила..И ТАКА НАПРАВИВ ДРЖАМ ПАЛЦИ ШО И ДА ОДЛУ4ИШ
Ве молам за одговор Сакам да кажам дека бидејки е помал се лесно може да се дознае,секој за секој се знае.
Ве молам за одговор Како бре незнаеш што да правиш???? Почекај уште 3-4 години да пораснеш, да созрееш, па многу јасно ќе ти биде што треба да правиш. А и тој токмакот, не е свесен ли дека кривично може да одговара што се плетка со малолетни. Тебе пак ќе те соберат дома со изгубена доверба и целосно нарушени фамилијарни односи, а он ќе биде среќен ако татко ти не го пријави во полиција, па да одлежи малку што се занесува и наметнува ставови на малолетно лице.
Ве молам за одговор Вака A.n.n.a.b.e.l.l.a, искрено те разбирам се плашиш деке твојте ќе те мразат. И јас на 14 се фатив со мојот сегашен дечко,и он беше постар од мене имаше 22 години. И јас бев одличен ученик, моите ме сакаа се горее со мене(мислам дека не постои таков роител,кој не си го сака детето)....но тоа не значеше дека јас не треба да имам свој живот,свој избор....а фала богу имам прекрасен дечко. Второ, не избрзувај....колку и да мислиш дека знаеш,верувај со 14години многу многу и не знаеш. Трето тоа ТИ РЕКОЛ дека си му девојка, зарем веруваш? Се знае што се дечко и девојка,... А и како што можам да приметам ти толку и не се плашиш што твоите би дознале дека имаш дечко, туку што он не е од угледно и богато семејство, за што твоите очигледно ти преферираат и така те воспитувале штом ти го имаш тој страв. A.n.n.a.b.e.l.l.a, да беше он од ист град, да можевте да се гледате да сте навистина дечко и девојка а не на рекла казала па и да разберам. Вака, ти препорачувам НЕ ОДИ на своја рака сама со само 14 години, во друг град кај некој што ти вели дека ти е дечко итд итд. Ако сакаш искрено и навистина да си со него, кажи и на мајка ти. Ти велам друго ќе беше он да е тука па и да имате тајна врска, ама вака со твои 14 години да се мавташ по друг град некако не ми е баш при памет.
Ве молам за одговор Искрено, почекај. Имаш време за заљубување, уживај во животот. Нема врска што тој е од друг град, а ти од Скопје. Како демек тука во Скопјево цвеќиња цветаат... Ама имаш само 14 години а размислуваш на долги стази. Јас кога имав 14 уште играв фудбал со 10 другари од маало кои не ми беа ништо. Времињата се менуваат, генерацииве стануваат многу повозрасни за своите години, али не треба да се брза со животот... Девојче, од се срце ти го давам советот. Не брзај никаде со животот, има време за се!
Ве молам за одговор Не е така страшно како шо си го замислуваш ти. Не им давај повод сепак да се срамат. Дури и да ти кажат нешто твоите е за да те заштитат и да не направиш некоја глупост со него. Затоа шо велиш ќе правиме ово оно и ред други работи. Немој да се залажуваш да правиш ово оно,без разлика колку ѕвезди ти симнува. Велиш он е никој и ништо,и ти си никој и ништо,родителите може ти се нешто,а не ти,немој така да зборуваш за некој. Рано ти е за гости дома и правење ово оно. Цел живот имаш пред тебе за идење кај некој дома и правење ово оно. Гледај си другарките,симпатии,школо и уживај,нема шо да се замараш со такви работи уште сеа.
Ве молам за одговор ЈА би да се акнеш еднашка двапати од ќош некој ... Ти девојка небаре голема порасната време више за љубов водење а ??? Иако ми смрдиш на трол, ке си речам дека е ипак побитно семејството. Али чим си запнала да идеш со глава у ѕид повели
Ве молам за одговор Годините не се важни.Сепак убаво ке размислам.Инаку он ке дојде во декенври и ке седи во Ск до март,а до декенври ке се договориме кај кој да иде,ама јас ке идам кај него,бидјеки кај него дома можеме да одиме,кај мене не. Пак убаво ке размислам и фала ви на советите.
Слушај, не сум многу голема да ти држам лекции, сепак сум само година постара, (повозрасна, не постара ) но мислам дека е во ред ако кажам, јас имам дечко, цел месец сме заедно, моите знаат, тој е три години постар, но е свесен, поточно паметен, а и е многу воздржан. Можеби ако не им соопштив на моите, тој ќе бараше нешто повеќе од мене! Како што ти велиш ова-она! Но, сега се чувствувам сигурна, ако нешто иалм не е во ред, ќе ја прашам мама, сепак и таа поминала низ истото, нели? Мислам, подобро направи тека, а и да кажам 5 години не е баш мала разлика!
Браво прекрасно, нема каде да излезете нели, па мора дома кај него. Несакам да осудувам ама со 14 год. вакво размислување? Малце преиспитај се и размисли со ладна глава што и како планираш да правиш, светот не е розов не се сите добри, мили, искрени и фини како што ти се прават.
Само уште едно прашање Епа вака...нели јас се запознав,мислам ке се запознаем,збориме на тел,сега за сега и треба во септенври,ама проблемот е што јас незнам што да му зборам на тел,ние збориме ама целата се кочам и незнам што да зборам.Ве молам кажете ми што да му кажам,нешто друго???
^^ Се гледа дека си помала од мене. Како и да е јас само си прашав се надевам некој ке одговори,некој што е поискусен.
За Анабела: Како прво премногу сте дрски и коментарите ви се како девојчето да останало бремено или како да се спрема да бега од дома,damn! -.- * Инаку многу мразам родители кои се мешаат каде што навистина нема потреба.Да те малтретира,да те користи сфаќам ама само затоа што "не ти е достоен" епа нека ми извинат ама немаат право! Како можат тие да знаат со кого ќе ти биде среќата? А што ако фатиш скопско "фраерче" тогаш ќе се величаат? Bullshit.Мислам дека треба да си го слушаш срцето и нема потреба да бираш помеѓу семејство и дечко,затоа што тие ти се семејство и покрај тоа што се бунат на крај ќе прифатат дека си со тој човек.Не викам јас дека ќе останеш со него вечно,но можеби и тоа ќе биде! Најголема грешка на родителите е да забрануваат затоа што така само не тераат да го пробаме тоа уште повеќе.Јас мислам дека треба да си одиш со дечкото и да им кажеш на твоите да се помират со тоа.За идењето кај него дома пази што правиш т.е. памет во глава.