^ Абе ајде, презираш родители кои се мешаат во паметот на 14 годишни девојчиња?! А форум- девојкиве се со ДРСКИ коментари, м? Девојчето не останало бремено, а ако продолжи со тој памет ќе биде вредоќа од домаќинка со цел чопор деца .. Место книгата да ја отвори, она ќе оди кај момакот и ќе ова-она, и посе родителите се криви, а? Ај ќе стискаме палци да го најде среќниот брачен сопатник, знаеш годините веќе и ѕвонат!
Колку заостанато размислување,се чудам. Ако таа има секс со него или ако оди кај него и не прават ништо значи ќе остане бремена. * Денес постојат милион начини да се заштитиш и милион врски кои се почнати од 13/14 години па траат со години и не останувале трудни,болни,не се мажеле на 16..Тоа е нашата Македонија,ако имаш секс или си кур*а или си трудна,секако според паметните мозочиња. И да НЕМА потреба родителот да се меша дали типот е богат или сиромашен се додека нивната ќерка е добро воспитана и среќна со него. Извинете за офф топик.
Се согласувам, не дирај меца у пица, дете си, читај, учи, со другарки излегувај, не е времето за секс. Има време за се во животот, не брзај .
Болдираното, кога ќе стигнеш на моја возраст и ќе си го прочиташ сопственово мислење, ќе се смееш и Чудиш што си напишала. Драга Стефанија, веќе си девојка со седумнаесет години скоро пред полнолетство, си стекнала веќе да речеме некои "искуства" од животот, знак прашалник кхм, а чак што тек следат уште. Али молим ти се девојчево со 14 години де ќе бирала меѓу родителите и дечко( деветнаесетгодишњак - се знае што му се вртка во мозочето) кој го знае помалку од месец, демек родителите и мислат лошо, а дечакот добро? Не е девојка туку дете, само шо ги фрлила пелените добила мензис и веќе е жена, ахам. Ќе бирала, па уште ќе се заштитувала, хахаха ме изнасмеа, а посе за два ти дена ќе шкртка на форумов: МИ КАСНИ, HELP, кое размислување ти е тоа жити се? Таа незнае што е кондом и како изгледа, па ќе се заштитува . Има време тек да бира да бира и да запознае секакви карактери. Место да прашува по форумов за средно образование и едукација, таа ке поставува вакви смешни теми.
Ете го тоа - 20 години се знае што мисли. Не,не се знае - ако сте имале лошо искуство не се сите такви,сфатете! На 14 секс,после ќе се чуди зашто и касни - заштита,заштита,заштита више ми здосади да спомнувам. Доверба,љубов,искреност,почитување - дали сте слушнале за тоа? Па јас сум во врска од 14 години и ниеднаш не сум била искористена иако дечкото е постар од мене 3ипол години,нити прв ми спомнал за секс,нит ништо па зарем само јас сум таков случај?.. А и откако почнав со сексуални односи ниеднаш не сум ја лупала главата во ѕид затоа што освен што му верувам на него им верувам и на кондомите и остали начини да се заштитиш.Премногу сте полни со предрасуди иако НЕ викам дека има доволно години за секс,сепак .. таа не ве прашува дали да има,туку бара совет за друго! За моето искуство не се секирај,имам поминато повеќе од што мислиш - не во темата секс,туку во проблеми и секакви други работи. Да не бидам ептен оф топик,ќе прашам во врска со темава - девојче што се деси со тебе и дечкото,дали се видовте и што направивте?
старата љубов.... Имам 20 год. пред 8 год кај нас работеше едно дете. тогаш тој беше 18 а јас 12. не знам како но во мене се разбудија некои чувства за него и приметував дека и тој чувствува нешто за мене... го засакав.......... онолку колку што може да сака 12 годишно дете..... бев дете знам.. ми беше страв да му кажам дека го сакам.. се плашев да не почни да кажува насекаде да ми се смее.. сепак бев 12 год... после 4 год (2008та) јас си фатив дечко и затерав со него 4 год и сеуште сум со него. А овој... другиот.. ми се јави еден ден на домашен ми кажа кој е, ме праша како сум, ова она.... и ми призна дека многу ме сакал то време ко работеше кај нас но исто и тој како и јас се плашел да ми признај бидејќи јас бев мала.... сега не знам што ми се случува. мислам дека почнаа да ми се враќаат чувствата кон него.... а од друга страна со дечко ми не сме баш во добри односи.. не знам, не знам........... Овој, другиот го дознал исто и мојот моб, преку мојот братучед и ми вели дека секогаш се сеќавал на мене, стално прашувал како сум, дали сум пораснала. и сега ми вели да излезиме да се видиме. вели дај ми шанса сега да те имам тогаш не можев. дај ми шанса да бидам близу до тебе. 8 год се немаме видено никогаш не те заборавив, имав девојки но не беше то то.... вели гледај те побарав после толку време. не те заборавив, ти беше посебна, мала и ми го заврте умот за 360 степени..... проблемот е сега што јас и дечко ми не ми е лесно да го заборавам 4 год сум со него... а и со овој другиот ми е убаво кога си правиме муабет за тоа време што помина.... не знам сега што да правам. дали да му дадам една шанса да бидиме малку заедно. дека тогаш не можевме..... стојам помеѓу два огна.. а кога се карам со дечко ми после тоа плачам...... значи проблемот е што не можам да се одлучам со кого да бидам.... дечко ми го сакам а истовреме ми се враќаат чувствата и кон љубовта од детството...... ве молам дајте некој совет оти стварно ке полудам.... фала однапред
старата љубов.... Епа сега вака , одлучи прво што сакаш и дали ти е убаво со сегашниот дечко.4 години не се малку знаеш....Си била само 12 години , запознај го човекот подобро и гледај како ќе се понаша со тебе.Дај си малку време на себе.А веќе ако навистина не оди со сегашниот , остави го на мирен начин и почни нова врска со љубовта од детствто.
старата љубов.... Како филм... Јас мислам прво ууубаво да си размислиш што сакаш. 4 години врска не се малку, сепак и со него си поминала многу работи. Тогаш си имала 12 години, каква можела да биде таа љубов.. Размисли какви се тие чувства, па и искочи со него еднаш види како ќе се одвуваат работите. Ако сметаш дека тоа е тоа, тогаш дај и шанса на таа љубов, но предходно ако треба 5 пати размисли за оваа врска сега, да не се каеш подоцна
старата љубов.... Јас мислам дека ти така се чувствуваш поради тоа што тој ти бил прва љубов на некој начин. А знаеш како викаат кога нешто доживуваш прв пат тоа е силно и иако е детски сепак е искрено. Не би требало да прекинеш со дечкото освен ако имате некои проблеми во врската или пак ако сметаш дека навистина чувствата кон него повеќе ги немаш. Да прекинеш 4-годишна врска само за да се вратиш на некој кој ти бил детска љубов мислам дека нема смисла. Размисли убаво што правиш - може многу да се каеш...
Заљубеност, а не љубов Не го познаваш дечково, твојата прва симпатија, за да го сакаш. Ти останува само некоја замисла што би било кога би било. А и тој исто така, сфиѓал некое 12год. девојче, а ти сега си жена. Што знае всушност тој за тебе, каков карактер имаш, што сакаш, што не сакаш, колку си мила или лоша Мој совет, прекини контакти со дечково, одвреме навреме ако ти прави мерак, фантазирај си за тоа како би било и продолжи си со дечкото. 4 год. не се малку, претпоставувам и криза те фаќа, да не направиш грешка. Ако случајно сакаш да раскинеш со дечкото, тоа нека не биде поради некој друг, туку поради твоето лично незадоволство од врската или отсуство на љубовни чувства.
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Во врска сум веќе 2 години меѓутоа врската ми е врска на далечина.Со дечко ми се гледаме скоро на секои 6-7 месеци.Цело ова време не сум го изневерила се до пред 4 месеци не знам ни како дојде до тоа.Дечкото со кој го изневерив живее во мојата улица бевме добри другари и од другарство испадна во нешто плус.Спонтано се случи се.Мислам дека сето тоа се случи затоа што ми фалесеше некој да е цело време покрај мене да е тука кога ми треба а тоа го најдов во дргарот.На почетокот се беше како некоја игра но сега прерасна во нешто друго.Другар ми ако веќе можам уште така да го наречам уште на самиот старт знаеше дека во мојот живот постои друг но и тој ја прифати играта барем тоа беше на почетокот. Е сега драги мои сакам да ве замолам за совет ова не ми се има никогаш случено затоа сакам барем малку ако можи да ми помогнете и да ми дадете некој совет за да можам и со помош ваша да одлучам....јас ги сакам и двајцата и не знам на која страна да се одлучам, и со двајцата имам разбирајње,љубов и сите тие работи,дечко ми ни на крај памет не се сомнева дека излегувам и со друг.Тоа е мојот проблем ве молам за помош па макар и да ме осудите се ке прифатам
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ јас да сум на твое место би се одлучила за дргарот од твојата улица бидејки јас не сум за врска на далечина од проста причина шо сакам ко че бидам со некој да сум секогаш ко че ми текни а не на 6-7 месеци да го гледам
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Хммммм јас не би можела да издржам да имам врска на далечина и покрај тоа да се гледаме на секои 7 месеци...ајде бе ке го заборавам дечко ми како изгледа.. од секогаш сум велела дека тоа за мене не е врска.. ти си се одлучила за другарот иако си имала дечко.. јас не те осудувам но мислам дека ти самата треба да се преиспиташ и да одлучиш со кој би останала. Јас сакам секогаш до мене да е некој кој ке ми треба најмногу а не да се гледам на 7 месеци. Кога веке си се одлучила за другарчето јас мислам дека треба да раскиниш со дечкото кога веке си го изневерила еднаш (а тоа ке го направиш пак можеби) и да пробаш со другарчето за кого викаш дека има нешто повеќе.. Ти си знаеш најдобро.. поздравче и со среќа што и да одлучиш
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ И јас би се одлучила за другарот.И јас не сум за врска на далечина,пошто повеќето врски ми биле такви,па завршиле неславно.Другаров ти е блиску,па нон стоп ќе си се гледате,а со овој другиов се гледаш на 6-7 месеци.Сепак 2 годишна врска не е малку, ама каква врска е таа? Да не можеш кога сакаш да си се видиш со дечкото. Како што кажа и сама ти фали некој,па еве другарот ќе надомести за тоа Сепак на тебе останува да си расчистиш со чувствата,да размислиш и да одлучиш со кој од нив двајца сакаш да останеш Кога треба да бираш помеѓу две работи,секогаш избери ја втората. Ако првата била доволно добра не би имало потреба од бирање
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Се сложувам со мислењата погоре.Врска на далечина за мене не е врска .Слушањето на скајп и гледањето преку камера никогаш нема да ги замени прегратките во живо и дружбата и времето поминато заедно еден до друг.Друго е да се гледате почетсто барем еднаш месечно кога веке е заминат не е постојано тука но на 6-7 месеци е стварно многу.И јас како и другите феминки ти препорачувам да си го задржиш дечково што е до тебе наместо тој во странство.
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ а со овај далечнииов толку премногу сте далеку шо на 6-7 месеци се гледате?
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ фала ви на сите многу убаво си кажавте но јас една работа заборавив да напишам дека сега за сега е така со дечкото, тој за неколку месеци планира да си дојди кај нас во македонија да живее засекогаш и не знам дали ке можам да го погледнам во очи а знам дека сум го изневерила.Другарми многу убаво ми кажа дека не мислел да ме засака меѓутоа ме засака и тоа многу и сега почна да му смета тоа што јас веќе имам и друг па ми кажа дека додека не расчистам со дечкото ако воопшто планирам да расчистам, повеке да не го барам затоа што не можел да издржи да имаме се и да ни е најубо а јас пак кога ке си одам дома дека ќе се слушам со дечкото и се повлече а неговото повлекувајне мене многу ми падна тешко,ми даде и време зашто тој не е мало дете па да си играме има 28 години. Не знам што да кажам но верувајте многу ми е тешко
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Пред некој ден ќе ти речев да се одлучиш за врска на далечина т.е да го одбериш дечко ти ама сега од лично искуство ти велам бегај од врска на делечина, подруго е кога ќе го имаш пред очи, кога ќе имаш некој да те гушне кога ти е тешко, да те насмее, јас сум за да го одбереш другар ти, и ти не си мала, мислам 25 години се доволни за да знаеме што сакаме. Среќно
ЗА ПРВ ПАТ НЕ МОЖАМ ДА СЕ ОДЛУЧАМ ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ Врскаи на далечина имам видено и многу од нив биле успешни,но ова твоево е претерано на 6-7 месеци гледање па баш и целосно те сваќам што си почнала со другарот да се забавуваш.Во врска од 2 години ти со саканиот се имаш видено само 4 пати,не и јас да сум на твое место би продолжила со другарот но пред се би му се јавила да му раскинам на дечкото оти на два стола не се седи.Сепак послушај си го срцето тоа ќе ти го даде најмудриот совет и ке те изведе на прав заклучок не давај разумот да те збуни.