Додека да отидам на контрола повторно ми се врати улцеративниот колитис. Забрането е алкохол и кафе. Кафе не пијам. Ама испив едно пиво(0,5) и дали е можно само од тоа да ми се повторува истото? На исхрана пазам.
https://forum.femina.mk/threads/Улцеративен-колитис.32705/ Да се надополниме на новата тема. Ако има некој/а што ќе ме дружи со УК..
Веќе подолго време имам проблеми со стомакот, т.е цела дигестија , а посебно после прележаниот ковид. Пред неколку години на гастроскопија ми дијагностицираа рефлукс гастритис. Година пред тоа, интолеранција на глутен и лактоза. Последните 2-3 години во периодот од април натаму, па еве и уште се мачам, болки, кркорење, грчеви, гасови, запек, тврда столица...ужас. Ко ќе ми е надразнет стомакот, од сѐ ме боли што ќе внесам. Најмногу реагирам ако јадам погрешно нешто и плус стрес. Пред 2 недели правев крвна слика, ок беше, не покажа никакво воспаление, само железото намалено. Се консултирав и со доктор од гастро и хирург во Битола, бидејќи почна да ми отекува од левата страна на папокот, обично после јадење. Исклучи сомнеж на кила. Според резултатите од крвта, ок е рече, ама ако сакаш за сигурно, предложи колоноскопија. Се мислев дали да се решам, не планирав искрено, ама денес забележав на дел од изметот малку свежа крв и се исплашив. До душа, имам и циклус Најверојатно ќе правам во Охрид кај др. Размоски.Без анестезија. Боли, не боли, ќе издржам Само да не е нешто страшно Има некој правено кај него? @IamSexyAndIKnowIt приклучи се во групата на фб за ulcerozen kolitis I crohnova bolest. Од цел реон има(Србија, Босна, Хрватска, Македонија..) Ќе прочиташ многу искуства, совети, мислења...плус и за ова што те интересира за биолошка терапија. Јас имам близок човек со Кронова болест, моментално започна со испитувања за биолошка терапија бидејќи ниедна друга претходно не му делуваше. Па, се надеваме дека сѐ ќе биде во ред. Ти посакувам и тебе многу здравје, успех, трпение и што побрзо во доживотна ремисија
Фала за инфо. Сигурна си дека немаш IBS? Крвта може да е од напрегање, пукање капилари и шознам ти уште какви глупости не слушнав.. Исто и јас цел живот имам мака со стомакот и цревата... Заебано е дека ништо што сакам да јадам и пијам не го смеам, за цел живот.
Не сум сигурна за IBS, немам направено колоноскопија, ама по сѐ изгледа тоа е. Во периоди кога немам стрес и внимавам што јадам, јадам безглутенска храна и без лактоза, ок ми е. Еве денес немав ни крв во столицата, значи од циклусот беше некни. Ќе видиме како ќе биди нареден период, па ако треба ќе одам на преглед. Те разбирам како ти е дека мора да се лишиш од тоа што ти е омилено, и јас истото откако сум без глутен 6 години, ама подобро да сме здрави и да немаме маки.
Dali nekoj pravel kolonoskopija kaj dr.Deriban ako moze iskustva kako ste pominale,kako se podnesuva dietata i anestezijata?
Jas pravev kaj dr. Deriban vo Promedika. Zadovolna sum od doktorot. Ke ti dadat instrukcii prethodno i nisto strasno ni so procistuvanjeto ni so anestezijata.
Kolku traese kolonoskopijata,dali anestezija znaci deka celo vreme ke spies za vreme na intervencijata i kolku brzo po budenjeto bese sposobna da si odis?
Da da celo vreme spies. Lesna anestezija, otkako se razbudiv lezev 15 min i si otidov. Samo preporacuvaat da ne vozis sama.So lesno.
и мене ми интересира, може ли за викенд да се направи во Систина или на др место приватно? посебно ако е итен случај (внатрешно крварење)?
Мислам дека може,ќе им кажете за што се работи,плус приватно е,а таму е се можно. Целата постапка трае пола час,многу е едноставно, ама претходно се подготвувате 2 дена со посебен режим на исхрана. Јас ја правев кај др.Васко Василевски. Ве поздравувам и се надевам дека се ќе биде во ред ❤
Поздрав, со помин да е. Еве мое искуство газирано никако! Јас исто кај Др Васко после скоро цела година лекување ми дозволи чаша вино. Јас после неколку месеци се напив неколку голтки кокакола од притисок во цревата болка до градниот кош чуствував... од пијалок вода , чај и ретко се частам со квалитетен бистар сок од јаболко или боровинка дури и дома цедено јаболко ми прави проблеми а кисели работи избегнувам па не цедам цитруси а ги јадам во мала количина. Си прашала за контролна колоноскопија ми предложи мене после 6 месеци ама не се кандисав (сама со себе )и ја откажав. Си дадов време од неколку месеци да се доведам во ред самата со храна и пијалоци (од форес , ќе земев залак од забранета храна или екстра кафе) Е кога видов се доведе се во ред со столиците полесно ми е да одолеам на забрани... Инаку сум пишала ИБС и да тоа имам ,таа е дијагноза на кирилица , ама имаше нешто што не разбирав а тоа било и воспалено тенко црево Др вели нема улцерозен колит, нема кронова туку ете воспаление некое... од нешто...од појма немам што... А како ти се врати болеста? Како си сега
Здраво, колоноскопија треба да правиме ама ни рекоа дека во државно треба да се чека многу па ќе одиме на приватно. Е сега чув дека само во Систина и Ремедика имало анестезија. Дали има некој што правел таму да ми каже искуство.
Здраво. Јас денеска правев колоноскопија во Систина кај др.Димитар Трајков. Презадоволна сум. Човекот уште пред да правам колоноскопија знаеше која дијагноза ја имам само од симптомите. Со целосна анестезија бев. После пола саат лежење као нова. Цената е 16800, ако треба биопсија се доплаќа 6000. Ако нешто плус ве интересира пишете ми во лп. Поздрав
Те молам пиши ми ги симптомите и дијагнозата.Јас имам страшен проблем со стомакот т.е цревата. Бев кај Василевски во Систина, ехото е чисто, ми препиша рудакол и еманера 3 недели, многу се плашам а не можам даиздржам од болки, да не наштетам на бебо 28 недела сум.
Те молам кажи ми дали претходно со др Трајков имаше преглед или консултации? Јас денес бев как него и за 2 мин муабет одма кажа колоноскопија и излезе. Е сеа мене ме интересира дали пред самата колоноскопија повторно се гледаме со докторот да го потсетиме што симптоми имаме, зашто мене и микроскопска биопсија ми спомнуваше а не верувам дека ќе се сеќава. Исто, дали по колоноскопијата веднаш кажува наод и дава терапија? Вие како поминавте, кои се наодите?
Се ќе се види на колоноскопијата. Ништо страшно не е. Одма и наод и терапија ќе имаш дури се освестиш