Компулсивно прејадување

Дискусија во 'Психологија' започната од Perfection, 15 октомври 2010.

  1. Perfection

    Perfection Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Инспирирана од секојдневието и конкретно од случај на блиска пријателка се осмелив да ја отворам темата. Иако, немам навика да пишувам на форумов, морам да признаам чат-пат погледнувам, и секогаш се задржувам(пре)долго, навистина има што да се прочита. Како што напишав, инспирација за темата ми е случка од моето секојдневие, иако студирам во оваа област, сепак сакам да добијам некое мислење за оваа опака болест, а можеби и некое искуство, не мора де биде лично. Сметам дека булимијата, анорексијата и компулсивното прејадување (кое иако не е актуелизирано како претходните две)се болестите на 21 век, кои ги имало уште многу одамна, но сега земаат голем замав. Па се надевам дека овде, оние кои имаат потреба ќе прочитаат некое искуство, а со тоа ќе си помогнат на самите себе.
    Компулсивното прејадување е сериозно пореметување во исхраната, кое треба да го сфатат сериозно и оние кои се заболени, но и нивната околина. Се карактеризира со епизоди на прејадување, а со тоа и покачување на телесната маса. Треба да се нагласи дека постои разлика меѓу компулсивното прејадување спрема прејадувањето кое сите некогаш го практикуваме. Еднакво како и кај анорексијата и булимијата, постои страв од покачувањето на телесната тежина.
    Но, што е причината за ова психичко нарушување?
    Како и кај анорексијата и булимијата, храната е сретство со кое личноста се носи со депресијата, стресот, емоционалните и секојдневни проблеми. Храната им носи утеха на заболените, им олеснува да ја заборават или избегнат емоционалната болка која ја чувствуваат. Компулсивното нарушување најчесто се јавува во пораниот стадиум од животот, и најчесто ги погодува личностите кои никогаш не научиле да се носат со животните проблеми и секојдневието. Пореметувањето најчесто започнува со епизоди на прејадување, продолжува со гадење спрема самиот себе, при што се создава циклус кој може да трае со години доколку заболениот не побара адекватна помош. Симптоми на болеста се следниве:
    1. Личноста верува дека ке биде посреќна ако е послаба
    2. Прејадување
    3. Страв од неможност за да се престане со конзумирање на храна
    4. Чувство на мразење према себе, по прејадувањето
    5. Размислувањето за себе се сведува на мислењето на својата телесна маса
    6. Одбивање на конзумирање храна во јавност
    7. Објаснување на своите неуспеси, поради телесната тежина
    8. Гадење спрема своите прехрамбени навики
    9. Телесната маса е центар на животот
    10. Депресија
    Се претпоставува дека еден од начините на лечење е психичката терапија, но сепак се е до главата на заболениот.
    Се извинувам за предолгиот пост.
     
    На КикиМаус и Anggie им се допаѓа ова.
  2. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    15
    прв пат слушам за воа...иначе јас имам коментирано во темата анорексија,ама никој ми нема вратено...видов дека се разбираш во оваа област па ако не ти е тешко ако сакаш погледни го мојот пост
    zdravstveni-problemi/anoreksija-t1408/30.html#p205256
    иначе јас,ке видиш ако го прочиташ тоа,не јадам баш баш како што треба,и сега почнувам малку по малку да се плашам...ама некогаш навечер...на пример цел ден не јадам ништо и навечер веке неможам и одам во кујна и не јадам да речеш коо човек да седнам убаво,туку 2залчинја на пример кашкавал,2залчинја од ручекот,и така се со ке видам по 2 -3 залчинја...и после како што викаш како да се "мразам" пошто сум јадела...секој ден сум на вагата...се ми се врти околу изгледот и мојата телесна тежина... :sweat:
     
  3. Perfection

    Perfection Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    14
    Всушност и компулсивното прејадување настанува како резултат од твојот случај. Претпоставувам, дека премногу внимаваш на исхраната, на тоа што ќе внесеш во текот на денот, или подобро кажано се трудиш да внесеш минимално количество на храна. Па, токму затоа, при крајот на денот, и поради физичката, но првенствено психичката глад, настапува прејадувањето. Во твојот случај не е прејадување за сега но, ако не смениш нешто во твојот стил на живеење, верувај ми, наскоро ќе биде.
     
  4. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    15
    да да...па дали внимавам...точно е тоа дека се обидувам минимално храна да јадам во текот на денот.... :worried: ....најискрено ке се потрудам да се сменам...иако знам дека нема да ми биде лесно,ама стварно ме фати страв :sweat: :sweat: фала ти
     
  5. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Сум чула за оваада кажам состојба болест уште мн одамна но булимијата анорексијата се попознати а не ретко компулсивното прејадување е тесно поврзано со булимијата незнам за со анорексијата пошто нели таа е изгладнување но мислам дека сите овие три појави се мн тесно поврзани.Значи депресијата и некое емотивно незадоволство го потиснуваат со големи количини храна мислејќи дека ќе се чувствуваат подобро но по прејадувањето напротив грижата на совест вината ја прави состојбата уште полоша,тука следи булимијата некои за да ја исперат вината го повраќаат тој обилен оброк ....Во секој случај тоа на почетокот се прави свесно со намера а потоа преоѓа во навика која може да го уништи организмот а мислам дека прејадувањето дури несвесно некои луѓе го практикуваат незадоволни од врската од немањето на врска од семејни проблеми тие бараат утеха во храната храната е поим за нешто топло вкусно безбедно нешто што нема да ве разочара....Потребна е психијатриска помош во сите наведени случаи,ставот кон храната е дека треба да се јаде да се преживее да се гледа на неа кон задоволство но не и како решение за проблемите...поздрав
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.317
    Овие болести на новиов век, се страшни и морбиднни, а покрај се‘, тоа се должи на некое психичко нарушување.

    Дене поголем процент од младите не се задоволни од себе, па зар мора да се анорексични?
    Во коската и кожата не гледам некоја убавина, од женска перспектива :^) .

    Се што е во умерени количини е здраво.
    Значи разновидното и умерено хранење, вежбање и сл, ни носат сакан резултат, резултат :!: без последици. Додека пак според темпото на брзиот живот, полесно е да се најадеш и да повратиш(исто како да не си јадел, ама има разлика што се излачува киселина во желудникот и тој се оштетува, како и забниот глеѓ) или пак некои бираат да не јадат.

    Епа потоа тие таквите со ниска самодоверба, не почитување на самите себе и омраза кон своето тело завршуваат кај психотерапевти, а потоа низ нивниот живот се влечка секојпат нивното минато и стравот од повторно враќање на болеста.
     
  7. srekica

    srekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас сум ви пример за булимија.Веќе години се борам со оваа болест.Сум била на неколку психијатри и никој не ми помогна,сум пробала и со нутриционист.Земав 2 години хемиски лаксативи и диуретици и сега без нив неможам ни да мокрам ни да се испразнам.Ако не ги земам еден ден нагло се дујам за 4 кила на ден.Ако можете да ми помогнете и да ми кажете некој добар психијатар и дали воопшто има лек за оваа болест.Во едно и ја изгубив менструацијата.....
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.688
    Овие болести се се позастапени во денешно време и искрено човек неможе да не се плаши од нив. Се знае дека се што е претерано не е добро-ниту прејадувањето ниту изгладнувањето. Клучот е во тоа да бидеме умерени, да си ја знаеме границата, затоа што овие болести можат да ни го уништат животот.
    И мора да бидеме свесни дека изгледот не е најважната работа, постојат и други многу поважни и поголеми квалитети.
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    61
    Незнам каде спаѓа ова моето, но ќе напишам тука. Толку многу бев оптеретена со мојата тежина,сакав да ја покачам, така што во последниот период почнав да земам секакви додатоци за покачување на тежината и како резултат на тоа почнав да се прејадувам. Сега многу ми речи бидејќи стомакот ми е постојано подуен и уште ги имам тие епизоди на прејадување. Дали ова претставува почеток на некое заболување?
     
  10. srekica

    srekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас сум веке преплашена и затоа барам помош од сите страни.Како што кажав се имам испробано,али мислам дека спас м и е само некој добр психијатар,и затоа ако некој знае го молам да ми помогне
     
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.769
    Допаѓања:
    28.643
    Eпа јас сум болна тогаш :| ! Kако и поголемиот дел од девојките!
    леле да, точно е ова, и јас сум ваква, некогаш јадам до смрт, да не можам од кревет да станам еј :D !
    и во јавност не јадам најчесто избегнувам да јадам, многу ми е глупаво!
     
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    2.124
    Навистина ме растажува оваа Твоја ситуација...Сигурна сум дека се обиделе да Ти помогнат на разни начини нашите доктори,но сепак проблемот на оваа болест за жал лежи во Твојата душа... или народно кажано во -Некоја Твоја Неостварена ЖЕЛБА?! Сети се зошто си почнала да се казнуваш или да го буташ прстот во грло...дали вредеше Твојата фигура-твојата Личност во тие денови(Или пак НА СВЕТОТ ВООПШТО НЕ МУ БЕШЕ ГАЈЛЕ;ЗА ТЕБЕ ЗА ТВОЈАТА ФОРМА?-ТИЕ ЈА РЕШАВАА НОВАТА БАКТЕРИЈА/ВИРУС, И ГИ ПОЛНЕА УСТИТЕ НА БОЛНИТЕ СО ХРАНА ЗА ДА ОЗДРАВАТ,ДА ОСТАНАТ ЖИВИ И Да СЕ РАДУВААТ ВО СИТЕ КОНФЕКЦИСКИ БРОЕВИ;ВО СИТЕ УБАВИНИ ШТО НИЕ НЕ ГИ НИ ПРИМЕТУВАМЕ ТРУДЕЈКИ СЕ ДА Бидеме СТАНДАРД! Биди реална,сврти се кон општеството,не мисли на ИЗГЛЕДОТ, НА СТОМАКОТ,на КИЛОГРАМИТЕ,...мисли на нови места, на доживување НА ТВОЈАТА НЕОСВАРЕНА ЖЕЛБА;НА ТВОЈОТ НОВ ЖИВОТ НА НОВИТЕ ЛУДИ ГОДИНИ ШТО ТЕ ЧЕКААТ ::::ДА ,ЗАБОРАВИ НА ЛАКСАТИВИ;ЏВАКАЈ БАВНО И ШЕТАЈ СЛОБОДНО НИЗ УЛИЦИТЕ _ПА И ДА СЕ УДИРААТ ВО ТЕБЕ АНОРЕКСИЧНИ ГЛУПАЦИ КОЈ ГИ ВРТИ БЕ?! ШТО НАПРАВИЛЕ ТИЕ СЕМ,ГЛАДУВАЊЕ И ШМИНКАЊЕ...ПА Зарем ФИНТАТА на Животот е во тоа :emo: БЉАК
     
  13. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    98
    srekica мислам дека ќе можам да те упатам на право место. Но да не пишувам тука, слободно прати ми порака ако сакаш повеќе информации.
     
  14. srekica

    srekica Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Кај да ти пратам порака барам помош. Те молам.
     
  15. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    Wise guy, srekica, ќе Ве замолам слободно да дискутирате за да можат информациите да бидат достапни за сите, со цел да им помогнеме на сите кои страдаат од оваа ѓаволштина. Велам ѓаволштина зашто и самата имам проблеми и на своја кожа сум осетила како е. Дијагностицирана ми е булимија. Се трудам да се решам од ова чудо кое ми го пореметува и професионалниот а пред се страда социјалниот живот, посетувам психијатар и се информирам околу болеста, ама све е залудно. На крај на неделата повторно завршувам со прејадување и со плус 3 кг. само од еден ден јадење на тестенини, леб и слатки.
     
  16. MorticiaAddams

    MorticiaAddams Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    139
    Страдам. Свесна сум дека сум зависна од јадење, а сепак јадам се додека не ми дојде до грло. Ќе започнам диета, но на крајот на денот секогаш се наоѓам себеси како скришум јадам во собата слатки, леб, и сл. Кога сум излезена со другарки, срам ми е да јадам, бидејќи сите тие се слаби и јадат нормално, а јас сум онаа што јади премногу и се дебелее. Единствена зависност ми е храната, и незнам како да ја откажам, како дрога ми е. Кога ќе се прејадам, се чувствувам дебело, и чувствувам гадење спрема себе. Верувам дека ако ослабам ќе сум посреќна. Својата телесна тежина ја кривам заради сите шанси кои сум ги пропуштила. Опседната сум со јадење, кога ќе станам наутро, првата мисла ми е 'ми се јади!' .. Незнам веќе што да направам, се ми е залудно ... :x
     
  17. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33
    MorticiaAddams мене нутриционист ми помага да го пребродам ова. Бев и на психијатар, тој ми даде таблетки Прозак (не ги пиев), и само со разговорот со доктор немав некои подобрувања, ете не успеа да допре до мојот мозок.

    Што се однесува пак на нутриционист, најверојатно од нејзината убедливост и сигурност во она што ми го предлага, се придржувам на менито, јадам многу овошје и не ми се случило да се прејадам, еве веќе 2 недели. Сепак е рано да се радувам дека сум успеала, ама осеќам дека немам такви нагони као порано. Иде кон подобро. Биче боље
     
    На MorticiaAddams му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Christina30

    Christina30 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Ne znam kako e imeto za eating disorders na makedonski, zatoa sto za zal, ne e prosireno kaj nas znacenjeto na ovie bolesti. Toa da se prosiri e mnogu znacajno, zatoa sto ima lugje kaj koi postojat simptomite na ovie bolesti (jas gi prepoznavam), spored ova sto go vikate i vie. Potrebno e, vo skolite da se ucat decata ( osobeno devojcinjata) na ovie bolesti, za da ne dojde do slucaj tie da zapadnat vo niv.
    Dali kaj nas ima centri za lekuvanje na ovie bolesti? Ne zboram za psihijatri, tuku posebni centri??

    Kako sto veke znaete:

    -Anoreksija- izvrtena slika za svoeto telo, ne jadenje, obsesivno broenje kalorii, drasticno namaluvanje na tezinata sto znaci preslabost- licnosta e samo koski i koza
    - Bulimija- prejaduvanje ( najcesto so brza hrana) i potoa povrakanje
    - Kompulsivno prejaduvanje- nekontrolirano prejaduvanje (takanareceni binges-epizodi), nemoknost za da se prestane, duri ne se ni cuvstvuva vkusot na toa sto se jade. Doveduva do zgolemuvanje na tezinata

    Seto ova najcesto se pravi vo tajna...


    Jas vo minatoto sum imala simptomi na anoreksija, na bulimija i na prejaduvanje. Togas ne znaev sto se slucuva so mene... bese navistina uzasno... od edna do druga krajnost.. postojana borba so kilogramite...I den denes seuste gi imam ovie bolesti, no sepak ne odam vo ekstremnosti i koga glasceto vo mene ke kaze ne ti e potrebno toa, nemoras da jades ili jadi prejadi se posle mozes da povratis ili ke vezbas utre, naogjam nacin da se sprecam iako e mnogu tesko, zasto ovie bolesti se psihicki. Mislite se postojano tuka:worried:.Sekoj den e borba... probuvam da ne poludam ako treba da jadam od mc... zasto ako ne jadam togas drugite ke primetat deka nesto e vo red.

    Edinstveniot nacin da ja odrzuvam linijata da ne poluduvam okolu ona sto go jadam e da znam otprilika kolku kalorii sodrzi toa sto go jadam, iako problem pretstavuva sto imame nekoi jadenja sto gi nema vo drugite zemji. Se nauciv po najlos pat i vo skoro vreme doznav deka edinstveniot nacin koj sto najdobro raboti za mene e toa- broenje kalorii. Od togas, namesto pavlaka jadam kiselo mleko, sto e mnogu pomalku kaloricno, namesto palacinki so eurokrem jadam so med i cimet ( mnogu pomalku kaloricno a seuste mnooogu vkusno, plus medot i cimetot pomagaat pri slabeenje) i slicni takvi zameni.

    Spored ona sto go nauciv vo posledno vreme i sto e vistina- veruvajte!:
    Mnogu od lugeto ne vnesuvaat dovolno kalorii. So toa teloto im odi vo takanarecena faza na prezivuvanje i so toa im se zabavuva metabolizmot. Zabaven metabolizam- doveduva do potesko sogoruvanje na kalorii. Normalno e ako teloto gladuva gladuva i potoa mu se dovedat kalorii toa se da zacuva i skladira kako masti( salo), zatoa sto znae deka treba da cuva za sleden pat koga ke gladuva.
    I potoa lugjeto ne slabeat. Nema da jadat da kazeme 2 nedeli - na dieta a potoa koga povtorno ke pocnat so slatkite se zdebeluvaat i rezultatot e pak nezadovoluvacki. Zatoa treba od se po malku. Umerenost- Merata e nesto sto ne ni sozdava problemi-taka e! Namesto 100g cokolado moze eden red samo ili namesto cokolado- jabolko. Toj rezim na ishrana ne treba da se vika dieta tuku treba da bide sekojdneven nacin na ishrana i sekako ste sakale ili ne- da se kombinira so vezbi. Pritoa mora da znaete kolku kalorii treba da vnesuvate spored tezina, visina, godiste i slicno, a za toa postoi kalkulator.(1200 kalorii se potrebni samo za postoenjeto vase). - spored ova se rakovodam sega.

    Znam deka e mnogu tesko, osobeno epizodite na prejaduvanje se mnogu teski da se sprecat, zatoa sto pred da zapocnete smetate deka e vo red da se prejadete i deka otposle ke se cuvstvuvate podobro, no vsusnost se slucuva obratnoto. Sovet od mene- isplanirajte sto da jadete vo tekot na denot. VO NIKOJ SLUCAJ ne probuvajte nisto da ne jadete zasto pak ke zavrsi so istoto- prejaduvanje. Za sekoj obrok opredelete si kolku ke jadete i stavete si vo cinija i trgnete se na strana od drugoto sto ostanalo. No sepak povtorno ke mislite na hranata- znam se slucuva postojano i so mene, no probajte da pravite nesto sto ke vi gi otrgne mislite. Za vreme na skolska godina, so tolku mnogu za ucenje, ne mislam na hrana do tolku mnogu, na nekoj nacin me otrgnuva. No letniot period mi e poveke kriticen... nema sto da se pravi po cel den i hranata e postojano vo moite misli. Uste edna preporaka- ako imate epizoda na prejaduvanje glejte da bide na zelencuk i ovosje, iako znam deka sekogas vo prejaduvanjata se vklucuvaat najkaloricnite jadenja... Zasto sepak dodeka se prejaduvam- prejaduvav ( barem vo mojot slucaj), ne cuvstvuvav vkus... ne sum imala takva epizoda vo poslednive 2 meseci.. i sum mnogu srekna za toa!

    Za anoreksijata se javuva glasche ( go narekuvaat ANA) vo mojata glava sto me kontrolira... ne jadi go toa vidi go kakvo e, koj znae kolku kalorii ima... Vezbaj vezbaj vezbaj do smrt na gladno! Posle trening sum vezbala doma na steper, posle teretana 2 casa isto. Ova e isprepleteno so bulimijata ( zasto ova se drugi nacini da se istrosat kaloriite). Nekogas sum se prejaduvala i sum se terala i da povrakam, a nekogas sum vezbala- kako sto spomnav, kako nacin da otstranam se sto sum izela.

    Inace koja e pricinata za pojavata na ovie bolesti kaj vas? Dali ste primetile? Spored ona sto go citav toa pretstavuva nacin da go kontroliras svojot zivot- osobeno anoreksijata. Kaj mene mislam deka bese pritisok od okolinata- moite drugarki. Tie bile slabi od sekogas, a vikaa kolku se debeli, ne znam sto i seto toa me dovede da se cuvstvuvam inferiorno. Pa zapocna so obicna dieta za slabeenje i prerasna vo pekol.. sega sum vo dobra sostojba, skoro isto kolku niv iako se gledam kako debela vo ogledaloto... koga ke spomnat za dieti i hrana se cuvstvuvam cudno i gledam sto pobrgu da ja smenam temata, a vo sebe si ja iskoristuvam mojata eating disorder kako odbrana na nekoj nacin, ne mozam ni samata da si objasnam...
    [mod-kirilica:3gxyzvu1][/mod-kirilica:3gxyzvu1]
     
  19. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    33

    Christina30 Во моето 2 годишно истражување околу проблемите со нарушена исхрана, не сум стретнала центри за лекување на вакви случаи во Македонија.
    Другото твое прашање околу причините за појава на вакви епизоди, кај мене лично не е поврзано со депресија или разочарување, па ајде после да се набутам као вол. Значи, НЕ! Јас сум визуелно суштество и тоа ми се случува само ако нешто ептен ме примами на изглед, го јадам и после неможам да се воздржам. Што е тоа една коцка чоколадо, боље не пробувам ич!
    Но, има лек за све. Причините за појава на овие болести се едни, барем кај мене, каква депресија, какви бакрачи. Значи кај мене се е последица на воздржување од одредена храна или тотално изгладнување во обид да изгубам кг.
    Лекот му е разновидна исхрана и никако изгладнување. Така нит се слабее нит ништо. Само баланс и тоа е тоа.

    П.С. пишувај кирилица ;)
     
  20. Christina30

    Christina30 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Океј ќе пишувам кирилица :)

    И самата велиш дека лекот му е разновидна храна, а не изгладнување, а сепак го правиш тоа и се воздржуваш од храна.. и тоа ти придонесува за прејадувањето. Зашто тогаш не си го слушаш сопствениот совет и не јадеш балансирано?

    А за тоа со чоколадото, имаш право, јас ако пробам една коцка ме тера уште и уште и уште. Затоа или воопшто не јадам или пак ќе земам ќе однесам кај мене во соба само еден ред и после пијам вода и на тој начин се спречувам да посегнам по уште, што е многу многу тешко... Или пак ќе земам чоколадо и јаболка и по јадење на чоколадото по 10 минути јадам јаболко и ми се менува вкусот и копнежот по чоколадо стивнува..