Консултации со гинеколози

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од bilkata, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.666
    Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство започна кампања под мотото „Месец на женското здравје“. Во текот на април, преку голем број на активности, кон женската популација ќе се испраќа пораката за важноста на редовните гинеколошки прегледи за зачувување и подобрување на женското репродуктивно здравје.

    Како дел од кампањата, Фемина во соработка со Клиниката за гинекологија и акушерство ќе им овозможи на претставничките на понежниот пол да добијат стручни одговори на своите прашања поврзани со женското здравје.

    Поконкретно, преку форумот на Фемина сите вие ќе можете да им поставувате прашања на гинеколози. Во текот на наредните четири недели, на вашите прашања ќе одговараат:

    • Д-р Владимир Трајковски – прашања од областа на лапароскопија, стерилитет, хормонални нарушувања и сл.
    • Д-р Горан Кочоски – прашања од областа на породување, безболно породување, царски рез.
    • Д-р Игор Алулоски – прашања од областа на карцином, HPV, ЦИН I, II, III, конизација и сл.
    • Д-р Марија Хаџи-Лега – прашања од областа на пренаталната дијагностика, односно ехо прегледи во бременоста, тестови за бременост и сл.
    Докторите ќе одговараат на поставените прашања двапати неделно и тоа во среда и петок.
     
    На Nellaaa, Lovc4e, lonelyswety и 75 други им се допаѓа ова.
  2. ilovehim

    ilovehim Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    4
    Вака, јас сакам да прашам... пред месец дена абортирав, тој ден после абортусот ми течеше менструацијата, после тоа престана, после една недела добив пак, но само еден ден... и тоа повеќе беше како кафенкаста течност. Ми препишаа апчиња и едни капки, ги пиев... Сега не ми доаѓа, има некој проблем или нормално е тоа...
     
    На Macence94 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dzvonchica

    Dzvonchica Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам бел исцедок од вагината веќе подолго време, без никакви други симптоми. Имам редовен менструален циклус со нормални болки. Имам болки, но не неиздржливи, туку нормални како што сум ги имала од секогаш. Користев вагиналети препишани од гинеколог, но не ми помогнаа. На вратот ми избија акни и се прашувам дали има некоја поврзаност со хормонлни нарушувања или слично. Ви благодарам
     
  4. elenka88

    elenka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    4
    Прашање до доктор Владимир Трајковски..на ехо ми открија полип на матка...ми рекоа да се обратам кај вас за хистероскопија..па како иде процедурата,кој ден сте на клиника??? И уште нешто дали е морално да се отстрани,иако сите викаат да,сеа за се не ми прави проблеми никакви,али ми рекоа може да ми засмета за време на бременост здравјe...Што би ми препорачале вие?? Благодарам однапред..
     
  5. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Прашање за соодветниот за истото гинеколог: пречесто настинувам односно пречесто имам болка во јајниците ,бело прање ...мојот гинеколог редовно ја повторува лекцијата нозете да ми се на топло секогаш да сум добро облечена итн. Меѓутоа нечесто сум помислила дали е можно овие чести настинки да имаат последици по моето репродуктивно здравје, јас се чувам и сум одговорна кон себе но секоја година барем неколку пати ми се случува да имам огромни болки често мокрење и непријатен мирис доле....не секогаш се лечам со антибиотици или вагиналети...
    благодарам и поздрав
     
  6. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    501
    Јас имам прашање за мајка ми. Таа има 43 години. Пред една година менструацијата и стана нередовна, некои месеци има и по два пати и по три, и тоа обилна менструација која трае една недела. Пред два-три месеци почна да има редовна менструација-на 30 дена. Но овој месец повторно истото. Доби еднаш на 1ви април и траеше до 7ми, па сега повторно на 18ти април. Има обилно крварење и ужасни болки во пределот на матката и десниот јајник и во пределот на крстната коска.
    Ви благодарам.
     
  7. lunami

    lunami Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Zdravo,nova sum na forumov i bi sakala da prasam kolku moze da im se veruva na testovite za bremenost?
    posleden ciklus imav na 29mart,prethodno se pazevme a posle ciklusot imavme ednas odnos bez pazenje.Imav cuvstvo deka sum nastinata a ne sum neznam kako da objasnam,na eden forum najdov deka toa moze da e znak za bremenost,BT mi bese 36,4 i posle odnosot pocna da raste taka da se dvizi od 37 do 37,3
    prviot pozitiven test go vidov 11 den od prviot den od ciklusot,napraviv 30 testa mozda od togas navamu i site se pozitivni od tri razni marki samo dva se negativni od druga marka na testovi.Bi trebalo da ne dobijam na 29 april,na pocetokot imav simptomi no sega imam samo pms,koj nikogas ne bil prisuten za vreme na ciklus ili pred ciklus.Dali moze da se nadevam ili ne?Blagodaram odnapred
     
  8. bitol4anka

    bitol4anka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    29
    прашање за доктор владимир трајковски

    здраво.се работи за мојата свекрва.таја има 42 год.од секогаш имала проблеми со менструацијата,била и на гинеколог и ништо и велат се е во ред,но со менструацијата не е во ред.кога ке и дојде има мн обилно крварење и циклусот и трае по 8-9 дена.но има и еден др проблем а и дојде таја има мн болки во главата,толку силни што се има случувано да појде и на доктор со јаки болки во главата и скочанетос низ цело тело.тоа се случува само кога има менструација.би сакала да знаеме што е причината за тоа....ке бидам мн благодарна доколку ми одговорите...позззз
     
  9. zi.vc-e

    zi.vc-e Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Zdravo, vekje 1 godina imam promeni vo beloto pranje ( ima zolto-zelena boja i neprijatno mirisa) i postojano cesanje. isto taka vekje 1 mesec nemozam da imam odnosi bidejki cuvstvuvam golema bolka i neprijatnost. Sum koristena i kanesten krema i vaginaleti no nema pomos. ve molam za sovet
     
  10. majami

    majami Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Zdravo,
    Pred godina I pol se presiliv od normalna klima ( 4 godisni vreminja) na samo letni temperaturi I odtogas pocna da mi se menuva menstrualniot ciklus, pocnav da dobivam sekoj mesec predvreme I pocna da mi trae menstruacijata po 7 dena, a normalno imav 4-5 dena. Od fevruari minata godina pocnav da pijam mikroginon I gi piev do noemvri. Dodeka gi piev mikroginon vlaknata na nozete pocnaa da mi rastat posporo, kosata prestana da mi paga I izgubiv 9kg. Otkako prestanav da gi pijam menstruacijata mi doaga razlino, vlaknata mi rastat pobrzo, kosata pak mi paga, I pak se zdebeliv. Dali moze da prodolzam da gi pijam mikroginon I treba li da pravam pauza ili ne?
    Blagodaram
     
  11. queen88

    queen88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Добар ден,
    Едно големо браво за Фемина и за гинеколозите кои го прават ова за нас,
    Имам едно прашање имам нормален циклус со нормални болки значи никогаш до сега сум немала проблеми, но овој месец при односите со мојот партнер почнав да чуствувам болка некаде на влезот на вагината, подоцна после една недела, при односот со мојот партнер забележав крв не толку изразена и не како менструалната крв, тоа траеше еден ден и не се повтори пак но повторно чуствувам болка при односот не толку силна но доволно да ме плаши дека може да се појави повторно, ми рекоа дека може да биде поради нежноста на вагиналниот ѕид но сепак дали може да ми дадете некој постручен одговор.

    Ви благодарам однапред!
     
  12. Ariel25

    Ariel25 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Sakam da prasham
    Imam nerodovna menstroacija i koga imam mi doaga obilno,nerodovna znaci ne tocno da datumot mozi nekoja nedela plus,no obicno koga se tushiram zabelezuvam kako pagaat parcina zgrutcena krv vo vreme na menstroacijata dali e toa normalno? I vo predelot na preponite,kaj vaginata kozata mi e potemna,mislam deka toa e nekoja bakterija ili slc ve molam kazete so kaka krema da se mackam da dojde do izbeluvanje. Fala odnapred
     
  13. ahristova

    ahristova Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    И јас благодарам на Фемина и почитуваните д-ри за дадената можност.
    Прашањето ми е упатено кон д-р Трајковски.
    Имам 29 г.
    Порано менст. циклус не ми беше многу редовен. Но последните 2 години се нормализира. Се досега.
    Последниот циклус ми беше на 02 Март и ете до денес не сум добила.
    Немам никакви симптоми како болка во градите, во јајниците, и сл.
    Најголемиот проблем е што имам бело прање и тоа го имам не само сега а уште од првите години на циклусот.

    Поради тоа што со сопругот имаме нормални полови односи и се обидуваме да имаме дете првата помисла ми беше дека најверојатно сум бремена, но не сум. Направив тест и бев на ехо кај ваша колешка и таа исто така потврди дека нема бременост. Но не ми спомна за друг проблем.
    Можете ли да ми кажете на што може да се должи закаснувањето на циклусот? Што треба да испитам, да проверам ?
    Однапред Ви благодарам!
     
  14. Camomile

    Camomile Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Најпрво да ви ја поздравам идејата, одлична прилика за добивање релевантни мислења.
    Прашањето ми е до Д-р Марија Хаџи Лега.
    Се обидувавме да зачнеме 12 месеци, последните 3 месеца пиев капсули Vitex Agnus Castus или Chasteberry fruit. Ми помогна со продолжувањето на лутеалната фаза, и како резултат пред 3 дена добив позитивен тест за бременост.
    Се прашувам дали треба да продолжам да ги пијам капсулите во првото тромесечие? Мојата матична докторка гинеколог воопшто немаше одговор на ова прашање, впрочем не беше ни запознаена со Витекс.
    Однапред благодарам.
     
    На swizzlec му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Maths

    Maths Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво,
    Моето прашање е за доктор Владимир Трајковски.
    Бидејќи после сексот и двајцата со мојот партнер имаме потешкотии со сува кожа која се лупи , проследено со чешање. Почнавме да користеме лосион за тело и повеќе го немаме тој проблем.Ова најверојатно е поради тоа што и двајцата имаме сува кожа.Моето прашање е дали е добро да се користи лосион за тело или не или би можеле да ми дадете препорака за нешто друго во врска со нашиот проблем.
    Благодарам многу,
    Поздрав
     
  16. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    285
    Јас надвор од темата, меѓутоа сакам да го пофалам едниствено докторот Игор Алуловски, за сериозното извршување на работата, одговарање на нашите прашања, од тоа што го гледам до сега, единствено тој постојано одговара на прашањата, и сакам да го поздравам и да им посакам на другите да се огледаат на него, бидејќи сите имаме прашања и сме во исчекувања на нивните одговори!
     
    На Brankapska, ivona83, maca22 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    12
    zdravo imam rasanje do dr-vladimir trajkovski imam neredovna menstruacija veke 10 godini.pijam antidepresivi, isto taka veke 10 godini.no neredovnosta bese i pred niv da gi pijam osobeno posle poroduvanjeto na vtoroto dete.najcesto zavrsuvam so kiretaza ednas vo godinata osobeno naprolet vo istiot mesec mart.sum ispitala materijal od matkata se e vo red.redovno odam na pap testovi se e vo red.imam policisticni jajnici i prekumerena tezina koja nastana otkako me fati depresijata .sega ima okolu edna godina pijam endometril po pola tabletka dnevno deset dena po red sekoj mesec i taka dobivam normalno.no stom gi prekinam povtorno isto se javuva.sto da pravam ve molam odgovorete mi na prasanjeto pozz.
     
    На Morninglover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. majcule

    majcule Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, imam edno prasanje....imam redovna menstruacija a vo posledno vreme imam bolki vo desniot jajnik ,no toa ne se normalni bolki tuku kako vnatresno pecenje osekam a isto i belo pranje cesto imam ....dali nesto strasno e ili...???
     
  19. Dr.Hadzi-Lega

    Dr.Hadzi-Lega Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Pocituvana trudnica,

    Za kapsulite Vitex Agnus Castus nemam soznanija deka ja prodolzuvaat lutealnata faza ,kako i podatoci vrz osnova na medicina bazirana na dokazi.So ogled deka se raboti za period na organogeneza bi vi preporacala istite da ne gi konzumirate.Za dopolnitrelni soveti mozete da se obratite na Klinikata za Ginekologija i akuserstvo .

    Dr.Marija Hadzi-Lega
     
  20. lunami

    lunami Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Imam prasanje do dr.Marija Hadzi Lega

    pocituvana doktorka,prethodno postaviv prasanje no vece gi imam rezultatite od beta,ne samo testovite sto bea pozitivni posle 4den od odnos denes konecno dobiv rezultat deka sum bremena.Za prviot trimestar normalno e od 0-200 a kaj mene e 140,na prasanjeto dali se raboti moze za povekeplodova bremenost,ne sakaa da mi kazat nisto dodeka ne me vidi doktor,a na doktor sum tek sleden mesec na kraj,togas ke bidam veke vlezena vo tret mesec nekolku dena.Dali postoi somnevanje deka se raboti za bliznaci?I dali e normalno da imam bolki vo dolniot del od stomakot?Vtora bremenost mi e,no prvata mi bese bolna cel mesec posto od samiot pocetok me fati grip koj se povtori,pa bolkite bea od nego.Sega se osecam sosema poinaku za razlika od togas,mnogu podobro no se plasam da ja krevam na race mojata kerkicka koja ima 20meseci i ja donesov na svet so carski.Vas sovet okolu toa dobro bi mi dosol,blagodaram odnapred.
     
    На mateja1609 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.