1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Консултации со гинеколози

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од bilkata, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinavip

    tinavip Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    53
    не паничи толку,знам дека си исплашена јас го поминав истото и те разбирам,пред 2 години мене ми пронајдоа цин 3 и ме правеа конизација и сега си одам на контоли на секој 4 месеци и резултатите ми се супер,еве сега одам на 2 детенце,мене на клиника ме оперираше др игор алуловски и сум презадоволна супер доктор,за цинот и Hpv само подиганје на имунитетот така ми рече др...ке пиеш витамин ц,цинк,селен,фолна киселина,ти посакувам се најдобро....не се плаши нема нисто страшно..... :* :hai:
     
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.887
    полицистични јајници и тироидната жлезда како и дали влијаат на менструалниот циклус?

    (по некој симптом ако може да се каже или ?)
     
  3. kalipso

    kalipso Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Hello na site!
    Prv pat pisuvam i se nadevam ke se snajdam:)
    Znaci imam prasanje za bremenosta-poroduvanje?
    Znaci bremena sum po vtorpat a prviot poragaj mi bese so carski rez.
    Razlikata ke e 2 godini i mesec ili i denovi.
    E sega ima li sansi vtoriot pat da se porodam prirodno i detali okolu toa ve molam prosto sum opsednata so ovaa prasanje?
    Pozzzzzzz
    [mod-kirilica:1sh7ttsy][/mod-kirilica:1sh7ttsy]
     
  4. espreso2000

    espreso2000 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки.Незнам дали мојов проблем е за во оваа тема,ама незнам каде да го сместам. а уште потешко да го објаснам.мојот проблем е во гаките. многу се потам доле,гаките како да ми се помочани.не верувам дека ми е бело прање,затоа што немам секред,само така ми се водени,баш како да сум се помочала.го има ли некој од вас овој проблем? ова ми прави голем проблем,немошам да носам светли алишта ,малку ако седнамведнаш ми се познава.овој проблем го имам и лете и зиме.многу се потам.а инаку немам никаков проблем,циклусот ми е редовен.ве молам за совет,позз.
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Има шанси да.
    Таков случај имав во семејството,првото дете го роди со царски,а второто природно.
    Се зависи од тоа како ќе се отвараш и дали ќе можеш да се отвориш доволно за природно пораѓање.
     
  6. almince10

    almince10 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    вака здраво на сите јас би сакала да ми некој помогне од гинеколози бремена сум 6+4 не знаев дека сум бремена а бев на терапија дараприм 25 мг и сулфадиазин 500 мг зосто пред 6 месеци имав спонтан поради токсоплазма сега една докторка ми предлага прекин на бременоста а јас не сакам плодот се развива нормално а таблети ги пијев 24 дена последна мен 18 мај а таблети ги почнав 29 мај и ги пијев до 21 јун бев бремена 4 недељи
     
  7. honey5

    honey5 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    здарво имам едно прашање уставри повеќе е страв и ме мачи во психата... вака пред година и 2 месеци имав абортус.. после абортусот докотрот ми даде едни апцинја и едни капки да ги пијам и по две недели негде отидов на преглде и ми рече дека се е добро.. но ме мачи едно прашање една докторка ми рече дека после прв аботрус имало големи шанси за стерилитет... кај што го вршев абортусот во Систина ми рекоа дека не е точно тоа дека се зависи од тоа во која недела си , здраствентаа состојба итн... е сега многу ме плаши тоа што ми го кажа таа докторка...
     
  8. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    А ти да и кажеш на таа докторка да оди некаде кај што нема да кажам. Точно е дека може недај боже да настанат компликации за време на абортусот, ама ако поминало се во најдобар ред нема причина да се грижиш. Што да кажеме ние што сме имале спонтани, а верувај на форумов за жал не има многу. Требаше ли после тоа да се самоубиеме затоа што за нас нема спас-нема веќе да раѓаме. Глупости. Речиси сите забременивме, конкретно јас после речиси 5 месеци и тоа од прв обид и сега го гурам 5 месец. Не помислувај веќе на тоа. Што било тоа е. Мисли на убавите работи во животот и ќе видиш дека кога ќе дојде вистинското време за тебе и ти ќе бидеш мајка. :*
     
    На honey5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. honey5

    honey5 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    А ти да и кажеш на таа докторка да оди некаде кај што нема да кажам. Точно е дека може недај боже да настанат компликации за време на абортусот, ама ако поминало се во најдобар ред нема причина да се грижиш. Што да кажеме ние што сме имале спонтани, а верувај на форумов за жал не има многу. Требаше ли после тоа да се самоубиеме затоа што за нас нема спас-нема веќе да раѓаме. Глупости. Речиси сите забременивме, конкретно јас после речиси 5 месеци и тоа од прв обид и сега го гурам 5 месец. Не помислувај веќе на тоа. Што било тоа е. Мисли на убавите работи во животот и ќе видиш дека кога ќе дојде вистинското време за тебе и ти ќе бидеш мајка. :*


    Фала ти многу :D и за таа докторка имам и многу други неубави работи слуссано знам на една жена и викала дека е бремена а на крај испаднало дека не е итн.... а со мене тогаш ми го рече кога ми каѓа дека сум бремена и за да не помислувам на абортус ... ама после тоа си отидов во систина и многу поинаку беше и се помина во најдобар ред и после кога бев на преглед се беше во ред....фала ти многу уште еднаш :*
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  10. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали влијае туширањето додека имам менструација, оти баба ми нон стоп ми вели да не се туширам додека имам.. И дали има врска туширање со топла и ладна вода, оти си знам во лето да си манам ладен туш додека имам, или пак тоа не влијае на меструацијата??
     
  11. Gossip-girl96

    Gossip-girl96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    81
    Пред неколку дена со партнерот имавме односи на нехигиенско место, утрото се разбудив со болки во долниот дел на стомакот и вагината, цело време имам силна болка како гризење и пецкање во внатрешниот дел на вагиналните усни околу клиторисот и цело време чуствувам потреба за одење во вц и при крајот на мокрењето се појавува повторно многу силна и непријатна болка, мокрачата е матна и со непријатна миризба и при бришењето има многу малце крв. Незнам дали се работи за бактерија или нешто друго, ако може некој да ми каже за што се работи бидејќи немам на кого да се обратам. Фала однапред.
     
  12. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Значи веднаш, ама веднаш на гинеколог. Ќе ти направи микробиолошки испитувања и ќе ти даде терапија. Не одложувај утре, задутре зошто ако ти е првпат на гинеколог треба да знаеш дека за резултати се чека 3-4 дена зависи како има гужва на микро и до тогаш најверојатно нема да може да ти препише ништо.
     
  13. macamaca24

    macamaca24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    имам појачан исцедок со многу непријатен мирис,при првата посета на гинеколог пред 10 дена ми направија пап тест и излезе гарденела и инфламација....... денес ми земаа брис за микробиологија...... се плашам што би можел да покаже тој.... сите испитувања ќе се направат од брисевите,ккао и уринокултура и тест од крв за кламидија..... многу сум исплашена за моето репродуктивно здравје во иднина.... дали мојата плодност може да е загрозена од можните инфекции? имам 25 години и немам раѓано досеа. ве молам за мислење и искуста ваши........ благодарам :(
     
  14. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Или се можда бабини деветини..
     
  15. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    Или се можда бабини деветини..
    колку што знам јас нема никаква врска туширањето за време на менструација. ;)
     
  16. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Имам забележано кога се туширам со топла повеќе ми течи, а кога се туширам со ладна ми прекинува. Или можда мене така ми личи од тоа што ми го кажуваат.. Незнам :(
     
  17. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    така е да нормално е тоа да се случува и мене ми е така....но сметам дека тоа незначи да избегаваш туширање :!: според мене баш во тие денови хигиената треба да е на уште повисоко ниво ;)
     
  18. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Да долу, ама ми вели хормоните во телото нешто се пореметват, абе бабини деветини :/.. Безвеза. Сепак фала :*
     
  19. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    мое мислење е да не се секираш туширај си се слободно бар колку што јас знам неможе нешто да ти се деси, мене не и се десило ;) :inlove:
     
  20. puflataa

    puflataa Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    ne ti se chini sekogash koga e leto teche poveke od zeshkoto, a koga imash nemoj so laden tush ne e voopshto ubavo za jajnicite i slichno, a inaku i jas imam slushnato za toa da ne se tushiram dodeka imam dobieno..mislam deka radi toa shto prestanuva da teche..isto kako koa idesh na odmor i da vlezesh vo voda, nema da ti teche..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.