Консултации со гинеколози

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од bilkata, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. the.child

    the.child Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    34
    Мое мислење е дека имаш кандида, и јас ја имам таа, сега за сега ја немам... Ама кога ја имам многу ме чеша..
    Јас се мијав со камилица на секои 3/4 часа и понекогаш и со сода бикербона.
     
  2. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    А зошто да не одиш на лекар? :^) Зошто да си играш со здравјето? Зошто да погодуваш дали е кандида или е некоја бактерија? Ако те пече и кога мокриш, оди на матичен и побарај упат за микробиолошка анализа на мокрача. Анализата ќе ти покаже дали има бактерија и кој антибиотик ќе одговара. Доколку нема бактерија во мокрача, оди на гинеколог, можеби е вагинална инфекција. Во секој случај, не превземај ништо на своја рака! Единствено нема штета од чаеви: брусница и увин, :!: но доколку имаш некоја бактерија во зголемен број, чаевите може само да ти ги олеснат симптомите а не и да ја уништат бактеријата. Додека пак, ако пиеш чаеви во комбинација со соодветниот антибиотик многу полесно ќе се справиш со бактеријата ( :!: доколку станува збор за бактерија).
     
  3. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    прво ќе одиш на лекар да ти земат мокрача, да видат дали ќе покаже таму некоја бактерија, ако имаш болки и печење додека мокриш, сигурно е инфекција на мочните патишта, после и на гинеколог, да види и тој, после ќе ти дадат лекарства, во меѓувреме мачкај се канестен маст, нема штета од неа, миј се со камилица и пиј чаеви... мене пак од пред 15-тина дена ме болеше кога мокрев, ме чешаше страшно, земав мокрача, крв, на гинеколог бев, се ми е супер, што не пробав дома, и од пред 3-4 дена пијам по 2 кила чај од надавка, коњско опавче и увин чај и уште од првиот ден ми се смири премногу, значи било е инфекција на мочните патишта, и уште пијам, а зошто не ми покажа ништо на резултатите не знам :| пиј и ти чаеви, можеби ќе ти се смири, и секако да посетиш лекар :)
     
  4. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    fifi16 анализата на мокрача ти ја правеа во микробиологија или во обична лабораторија? Има разлика.
     
  5. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Ќе пробам со канестен маст ( штом нема да штети).
    Да ми заврши меструацијата и ќе почекам да видам дали ќе има подобрување ( ќе користам канестен и камилица, и бруслица ќе пијам ) ако пак е исто ќе морам на доктор.
    Инаку ме пече на допир, кога мокрам, и некогаш ме чеша.
    Ви благодарам на советите.
     
  6. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    и во обична и во микробиологија... затоа и се чудам зошто не ми покажа ништо, ама нема веза, битно ми се смири, па сега сум раат :D
     
  7. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    dushiche, не знам зошто не сакаш да одиш на лекар, но сметам дека што и да е причината треба да ја совладаш и да одиш, можеш навистина да си го искомплицираш животот само поради една инфекција (бактериска, габична или вирусна - без разлика).

    Fifi, јас искрено понекогаш се сомневам во анализите од лабораториите, поготово кога симптомите си постојат. Јас би правела повторна анализа, можеби и во друга лабораторија (микробиолошка), доколку симптоми постојат.
     
  8. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    прво мразам на лекар да одам воопшто, а второ имам срам од гинеколог. Знаам глупави причини, и крива сум, и кога тогаш морам да го победам стравот и срамот.
     
  9. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ете уште една причина за сомневање :D симптоми немам веќе, супер сум, па ако се повтори, ќе барам друга лабораторија :D
     
  10. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Dali so neredovna menstruacija mali se sansite za bremenost?se izvinuvam za latinicava
     
  11. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Користам вагинални капсули polygynax и секое сабајле имам некаков жолт исцедок, дали тоа е од капсулите? Дали можеби треба да почнам да се грижам??
     
  12. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Активна ли е темава и дали одговараат гинеколози тука?
     
  13. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Сакам да ве прашам зошто секретот ми мириса непријатно (имам слушано дека може да е од инфекција, но сеуште немам односи, односно сеуште сум невина, па како може да добијам инфекција?). Благодарам.. :)
     
  14. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    малку глупо ќе изгледа прашањево али само ме интересира, дали преку ехо може да се примети дека си имала односи?
     
  15. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    последниот циклус ми беше на 2ри.12 вчера правев анализа крвна на бетаHCG и само пишува под 25,читав на интернет дека ако е од 2-25треба да се повтори за точност по 48часа,се јавив во гак да прашам колку точно бил резултатот го немаат треба пак да го повторам,објаснете ми како е ова можно и што да сторам и дали е навистина негативен?
     
  16. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Преку обично не, секако. Само преку вагинално, што ниеден гинеколог не би помислил да ти го прави доколку кажеш дека си невина.
     
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Мислам дека е од капсулите. Јас користев порано едни и морав да носам улошка зошто секое утро имав исцедок од нив. Нормално е зошто се топат и тоа мора да се истече некаде.

    Можеш да имаш инфекција иако си невина. Отиди си на гинеколог, нека те види и испитај си. :)
     
  18. sweetieq

    sweetieq Нов член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Jas sakam da prasam dali postoi medikamentozen abortus vo Makedonija i do koja nedela se izvrsuva?
     
  19. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Мислам дека се извршува некаде до кај 12 недела и во некоја од приватниве болници, а во државна мислам дека не прават или ако прават може да е порано, а не до 12 недела.
     
  20. natalyyy

    natalyyy Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пред еден месец помеѓу вагината и јајникот од десната страна осетив нешто како топче но бидејќи имав брунка мислев дека ми од неа. Но еве има цел месец и сеуште има топче таму.Брунката од тогаш ми излезе уште еднаш на истото место. Дали е нешто загрижувачко, што може да е тоа топче? Извинете што сум малку нејасна но незнам како точно да ви објаснам. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.