Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Не знам дали има тема овде за нас анксиозно депресивните.

    Лани пред ковид планираа прв пат после 6г да ме тргнат од ад на пролет. Сега сум на зголемена доза. Психички ме уништи годинава. Пак имав панични напади, а со години немав.
     
    На Harper, Peperutce1115, noteforself и 13 други им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.831
    Допаѓања:
    145.547
    Јас никогаш сум немала проблеми. Ама сега имам- признавам. Ме толчи ситуацијата, се повеќе и повеќе.
     
    На Harper, Peperutce1115, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.493
    Допаѓања:
    199.013
    Тема сигурно има, еве сега сеарчинг. .
    Еве една убава како и таа што ја отворила :) https://forum.femina.mk/threads/Како-да-останеме-здрави-среќни-и-присебни-за-време-на-карантин.31385/page-2
    @duffi
    Ај да ја реактивираме
     
    Последна измена: 31 март 2021
    На mal.ecka, duffi, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Фајзер статистички има 0.5 поголема смртност.
    Вакцинирана сум со Фајзер патем.
     
    На candy.cane, JoyJoy, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.639
    Допаѓања:
    92.309
    Пол:
    Женски
    Ќе збориме за 6 месеци.Фајзерот има повеке несакани и не е побезбедна вакцина од АЗ.(Пропагандата против Аз ке заврши ,кога тогаш)
     
    На candy.cane, Peperutce1115, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.746
    Допаѓања:
    122.218
    Пол:
    Женски
    Јас пак, би примила било што, само не фајзер.
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  7. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    44.388
    Пол:
    Женски
    Веројатно мисли на клеточен имунитет докторот, каде т-клетките ги памтат инфекциите.
    Тоа за жал сеуште нема начин како да се докаже колку што знам, но е подолготраен.
    Секојдневно изложување на мали дози на вирусот, доволно за да направи реакција кај нив, недоволно да те разболи.
    Нешто налик терапија со имунизација против отров од пчели, оси итд за алергичните...
     
    На ALISA0000, Misskirova, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.493
    Допаѓања:
    199.013
    Ова инфо од прва рака од пановски?
    Извор, релевантен молам.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    27.882
    Разбирливо ми е на што мислел, ама не може да тврди некој дека касиерките или рандом луѓе кои имале контакт во глобала не се разболеле, кога се разболеа голем дел во мојава околина барем. И не само тие, туку и луѓе на шалтер, луѓе кои имаа многу контакти. За воопшто да може да се тврди нешто вакво и да има значење треба прво да е точна хипотезата дека не се заразувале.
    Иначе со неточна хипотеза се испаѓа точно, според логика :D
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.005
    Допаѓања:
    276.437
    Ти си по медиумите.
    Јас кога се тресев свежо вакцинирана гуглав амерички статистики (пошто кај нив сите се (беа) фајзер или модерна).
    Тој стрес нејќам пак :D

    Башка на редит заглавив тогаш, rabbit hole е :D

    Тука имаш подетално, 1.6% е (само не можам од жалмиезамозоков да видам дали само за фајзер или фајзер/модерна комбинирано) https://www.cdc.gov/mmwr/volumes/70/wr/mm7008e3.htm

    Секако, ова се американски статистики и верувам не се земени во предвид европските. Мислам дека и Пановски на ова алудира. Сепак, америве се добар "примерок" бидејќи немаат разновидност, опциите им беа фајзер/модерна, за АЗ не ни знам дали ги боцкаа, а Џ&Џ мислам уште не се ни почнати.
     
    На Peperutce1115, MarijaMi90, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  11. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    11.110
    Допаѓања:
    219.210
    Пол:
    Женски
    Камо да дојдам на ред,Астра Зенека би ја примила немам проблем со тоа,арно ама која година ќе биде тоа,можеби 2022 ќе дојдам на ред:wasntme:
     
    На Peperutce1115, Doozy, Justicija и 4 други им се допаѓа ова.
  12. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    44.388
    Пол:
    Женски
    Види за професиите треба статистика.
    Ама кај мене по игра на случајност или не, скоро никој од блискиве ми маркети не знам заразен.
    Дури ни матичниве, до мене ми се на работа, еве година дена со позитивни работат, никој не фати до сега.
    Блиска моја исто во салон за нокти, секој саат се со различни муштерии што се вика, никоја не ја прележа.
    Може така се погодило, но јас ете верувам до некаде во клеточниот имунитет.
    Само не знам каква е статистиката однос пушач/непушач.
    Оти читам статии кај пушачите дробовите имаче некоја обвивка, како да кажам, наслаги ваљда од никотин, катран итд, кои не му даваат на вирусот да пробие во дробовите. Додека тој пробува, имунитето работи и се изборува.
    Вака некако ја разбрав.
    Е сега и примери од околина пто знам, баш пушачите полесно поминаа, така да се тешам една добра работа и од нив да има.:D
     
    На Kitten, MarijaMi90, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.746
    Допаѓања:
    122.218
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Братучед (40години), син на колешка (35години) и цимерка на сестра ми (27 години) сите завршија во болница.
    Тројцата се непушачи.
     
    На mal.ecka, LejlaD и emiliana им се допаѓа ова.
  14. DomD

    DomD Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Од која фејк страница ја ископа таа статистика со 700повеќе починати во 2020?Према завод за статистика прелиминарни податоци за умрени во 2020 бројката е 25,049 што е 4,500 повеќе од 2019
     
    На Spidy и Angie1432 им се допаѓа ова.
  15. Stellata

    Stellata Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Женски
    Добровечер. Јас сум медицинско лице во Англија, конкретно работам во итна медицина во локалната болница. Темава ја следам зошто имам родители во Македонија.
    Немав план да се вклучувам воопшто, но ова веќе што се случува ме провоцира да кажам збор два. Доста е веќе со дискриминаторски политики, оти што веќе не се кажа лошо за вакцина што сите ја чекаат ама оти ја нема, па да не се владите криви оти ја нема, сто и еден несакан ефект и најдоа.
    Тука во Јануари гореше на големо. Ги паркиравме пациенти по ходници. Пред мои очи. И во фебруари скоро исто, па тек март почна да се стабилизира. Ама ете, таа вакцина што не чини, сега на 12 саати работа земам по 4х15минути паузи, јадам 30 минути, си разговарам со колеги и пациенти, си работам нормално. Пред месец дена не јадев тие 12 саати, си дојдев дома гладна и отепана, јадев леб и кашкавал или што се најде и плачев додека не заспијам и утре пак иста песна.
    Не ги слушајте простум за вакцините. Политики водат кој знае какви. Еве, вакцината овде покажува резултати веќе и ќе се опуштаме постепено. Ние, кај и да е сме, на пат сме кон нормално додека земји горат како ние горевме во Јануари од новиот ни сој. Ама ако светот не се придружи, па едноставно нема да се дружиме. Астра Зенека се дава тука на секој на кој му е ред. Нема граници на години, женски, машки, контрацептивни, прележани. Ништо. Ред ти е реди се. Освен ако имаш моментални симптоми е единствениот услов да не ја добие некој. Луѓе едвај чекаат и си одат по ред на вакцина. Немаме никакви сценарија дека на некој му се слошило. Не па да умрел.
     
    На CarrieBradshow, rainbowmama, candy.cane и 34 други им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    21.136
    Допаѓања:
    134.694
    Пол:
    Женски
    Јас сум 42 години, има пред мене побитни категории да се боцкаат. Ќе видиме. Секако ако треба ќе се вакцинирам, не сум антиваксер. Не следам многу ама мене др ми има кажано не АЗ заради други работи за кои не би на форум.

    Што ми требаше Тиме.мк да отворам, да видам името на едната родилка и да видам дека има мала ќеркичка.. Леле трагедија душа мала. Не се само бројки.. Душички 2 без мајка останаа од оваа проклетија. Ќе има ли крај веќе.

    @Stellata благорам на инфо. Ќе видиме да дојдеме на ред само. Аман веќе не се издржува. Се скренавме.
     
    Последна измена: 1 април 2021
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Машки
     
  18. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Националниот институт за јавно здравје во Словенија денес излезе со статистика колку слуачи на несакани ефекти се имаат појавено при вакцинирањето на населението во државата и при која од вакцините тие се најбројни. Живеам во Словенија и ме засегаат директно овие податоци, ама сметам дека се интересни и ќе ги споделам. Инаку досега во земјата се дадени скоро 420.000 дози, додека со втора доза се вакцинирани 112.000 луѓе.

    Кај Фајзер се забележани 2252 случаи од 246.368 дадени дози (0,91%) на несакани појави од вакцината. Најчести нуспојави се генерални тегоби и промени на местото на апликацијата, па невролошки појави, тешкотии со мускулите и коскениот систем и везните ткива, тешкотии со дигестивниот систем и психички тегоби. Во 25 примери се работи за потешки ефекти од вакцината.

    Со Модерна се реализирани 20.443 вакцинации, на ИЈЗ се пријавени 39 случаи на несакани појави од вакцината (значи помалку од 0,2%), во еден од нив се работи за потешки нуспојави.

    Со АЗ се вакцинирани 75.606 луѓе, од нив се забележани 1068 случаи на несакани ефекти од вакцината (1,4%). Во најголем број случаи се работи за генерални тегоби и болки не местото на апликација на вакцината, малаксаност, невролошки тегоби, болка во мускулите и коските и проблеми со дигестијата. Во 10 случаи се забележани посериозни нуспојави.

    Смрт од вакцинирање со било која вакцина, или барем сомнеж на поврзаност на смрт со вакцината не е пријавено.

    Државата само за еден ден ја имаше ставено на пауза вакцинацијата со АЗ, веќе следниот ден со неа јавно се вакцинираше цел политички врв. Вакцинацијата тече непречено веќе 3 месеци, не постои никаква отпорност на населението кон ниту една од вакцините, сите се вакцинираат по редот по кој се пријавени. Мојот партнер со АЗ се вакцинираше вчера, си дошол, го боцнале, не го прашале ништо за историја на болести, единствено гледаат во моментот да немаш симптоми и да се чувствуваш добро. Од вечерта е со 37.5 тт и малаксаност што е и нормална реакција и се надеваме дека брзо ќе мине.

    Словенија е во една форма на карантин од октомври, непрекинато 6 месеци имаме полициски час навечер, ресторани и кафичи се затворени во целиот тој период, не се одржуваат никакви јавни настани и собири, а и покрај тоа бројките беа со месеци високи. Од денес па се до 11 април при бројка од 500 хоспитализирани луѓе на територија на цела држава, има локдаун и нема да работи ништо освен продавниците за храна и аптеките, а освен критичната инфраструктура сите останати ќе работат од дома, школите и градинките ќе бидат затворени. Забрането е напуштање на местото на живеење, а за напуштање на државата без оправдана причина, казната е 400 еур.
     
    На Peperutce1115, Ambrosia, tinka-mace и 12 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.465
    Допаѓања:
    127.602
    Време е да се распушиме:D
     
    На senjorita-v, emiliana, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    20.158
    Пол:
    Женски
    Ахахаххахаха викаш? На гугл ако отвориш мислам дека пишува дека пушачите се со многу поголем ризик од сериозна клиничка слика отколку непушачите....чудно, ама во пракса и јас знам мн пушачи што мн лесно поминале ... искрено јас тоа на случајност го препишувам и др фактори како години, bmi индекс, општа здравствена состојба, среќа итн. И јас сум пушач, во обид да станам непушач (тешко ми оди :sweat:) ми одговара ова што си го пишала, ама не верувам дека е така :) Бацки :inlove:
     
    На saki13, emiliana, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.