Косопаст

Дискусија во 'Коса' започната од ANITA5, 25 јануари 2011.

  1. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    Косопаст – дали некој знае нешто повеке за оваа болест? Ве молам пишете.

    Да појаснам малце... се случува да опаѓа косата како кругови. Благодарам.
     
  2. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.620
    косопаст

    Човекот дневно од скалпот губи по стотина влакна. Поголемиот дел од нив се регенереираат за некој период. Опаѓањето на косата може да настане поради многу причини кои можат да бидат здравствени, хормонални нарушувања, недостатоци, честа промена на боја на коса, промена на екстремни климатски услови, загаденoст на водата и многу други надворешни и внатрешни фактори. Како и да е, кога ќе изгубите повеќе коса тоа резултира со ќелавост по одреден период. Еве неколку совети кои можете да ги употребите ако сте забележале дека ја губите косата или пак можете да ги употребите како превентива.

    Рецепти за секојдневна употреба


    * Пред заспивање земете неколку главички лук, излупете ги и размачкајте го пределот со помалку коса. Масирајте го скалпот а потоа измачкајте го со маслиново масло. Покријте ја главата со капа пред спиење. Утрото измијте ја главата. Прво се плакне со топла вода во која ќе ставите јаболков оцет, а потоа шампонирајте.

    * Масирајте го скалпот секој ден со 1 лажичка мед промешано со сок од кромид периодично.

    * Масирајте го скалпот со пченкарно масло и завиткајте ја главата со крпа натопена со топла вода. Оставете ја 1 час. Исплакнете ја со вода во која предходно сте ставиле јаболков сок. Потоа шампонирајте.

    * Барем 3 пати во неделата масирајте го скалпот со маслиново масло, ставете капа и оставете ја така цела ноќ. Следното утро исплакнете ја со благ шампон.


    Можеби ќе ви пречи мирисот на лукот или пак кромидот на овие маски на природна база, но вака знаете што ставате и нема потреба да се плашите дека ќе изгубите повеќе коса. Со ова само ќе ја извадите заробената нечистотија и маснотија во косата. Така се отвараат порите и се овозможува на косата да расте. Ова исто така можете да го применувате ако сакате да ја згуснете косата.

    За тие што нема да можат да го поднесат мирисот еве нешто друго:
    зелен чај, најмалку 4 чаши дневно, а ако ни тој вкус не ви се допаѓа или пак немате време да го приготвите тогаш побарајте го во капсули.
    Витамин Д, Б, протеин, магнезиум железо, тоа значи, спанаќ, пилешко, јајца, мисиркино месо, бадеми. Изборот е ваш.
     
    На Acka22 и BILJANARADOVSKA им се допаѓа ова.
  3. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    косопаст

    фала мила но круговите се повеке се шират кај него :worried:
     
  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.620
    косопаст

    А има ли посетено доктор, јас знам мажи што го прават ова со лукот и многу помогнало затоа и го пастирав , треба на време да почни да се лечи
     
  5. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    5
    косопаст

    Ти одговорив и на предходната тема мачкај ги круговите со чешлиња лук имам слушнато дека дава добар резултат :)
     
  6. ANITA5

    ANITA5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    13
    ви благодарам но тоа што му е препишано од доктор еве веке 6 месеци нема резултат
     
  7. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    на една другарка и се појави такво нешто ама само на едно место,и и дадоа некоја билка ја правел некој роднина нејзин,и да ти кажам не само таа туку многу луѓе што се мачкале со тоа се мнооогу задоволни,е сега како ја набави и колку пари беше незз ама ако сакаш ќе прашам позз
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.874
    Братучед ми имаше ваква мака. :worried: Ги триеше местата со лукче, главичето пресечено точно на пола, каде што е концентрирана хранливата материја. Инаку има тема за ова, разгледај, некој корисен одговор може да има :)
    kosa/opaganje-na-kosata-t214/
     
  9. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    И мене ме интересира косопадот, доколку некој има свое лично искуство или близок кој го решил овој проблем нека сподели со другите.

    Косопадот или алопеција ареата како што се нарекува се јавува како крукчиња на главата на различни места.
    Досега откако докторите се откажаа со образложението генетски е, нема лек, имаме испробано и препарати и треви и се што сме прочитале од искуства но безуспешно(секој организам различно делува) па затоа ве молам доколку имате некое искуство споделете го.
    Фала ви однапред.

    Отприлика вака изгледа
     

    Прикачени фајлови:

    • alopecia.jpg
      alopecia.jpg
      Големина на фајлот:
      20,1 KB
      Прегледи:
      467
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека овој проблем т.е опаѓање на косата на одредени места во вид на кругчиња се јавувал поради стресови и голема нервоза и знам случај каде на жената повторно и порасна коса, а тоа го постигна со мачкање (стругање) со лук (кој нели претходно ќе се пресечи, за да течноста допре до кожата) на оголеното место.
    Но, сепак треба да се посети и дерматолог, за да евентуално не се работи и за некое габично заболување, па да треба и друга терапија.
     
    На Lavinija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    104
    Другар ми имаше ваков проблем, отиде на лекар и му даваа разни лекови, масти, лосиони и слично кои ги плаќаше цело богатство и ништо на крај. Но, кога го проба рецептот со лукот му помина и сега си има коса :) Понекогаш, но ретко му паѓа пак косата (него му кажаа дека стресот му го предизвикува косопастот), но веднаш реагира со рецептот со лук и му поминува за кратко време..ако сакате ќе го прашам со што точно го меша лукот и ќе ви пишам :)
     
    На Lavinija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    Фала ви за одговорите девојки.
    Од доктори нема конкретен одговор, креми, лосиони, се е џабе, одговорот е дека е стрес или генетски и нема најдено конкретна причина за проблемот.
    И рецептот со лукот со триење навечер е испробан ама не даде ефект, или пак брзо се откажа... :?:
    Ќе пробаме пак со лукот па може ќе има резултат некој.
    Доколку некој друг имал ист проблем и го решил нека сподели совет.
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.206
    Допаѓања:
    74.735
    Пол:
    Женски
    Како мала имав косопаст и долго време мака мачев со него. Пиев Пантенол таблетки, ги растварав и во шампонот, а многу ми помогнаа и алое спрејот и гелот (имав еден за пиење и еден за мачкање) на Forever Living. Не знам дали и како можат да се најдат уште, јас проблемот го имав пред десетина години и овие производи ми се покажаа како најефикасни.
    Во секој случај, Пантенол, Б-витамини, оброци богати со витамини и железо и лук мора да ти помогнат. :)
     
  14. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    169
    Јас имав косопаст сега брзо, и тоа од регенератотрот на Орзене.
    Косата ми паѓаше насекаде, цел тепих во собата ми беше полн влакна.Откако престанав да го користам се стабилизира ситуацијата.
     
  15. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    3.965
    Допаѓања:
    12.845
    Пол:
    Женски
    За косопад рецепт:
    во шапон брезов ке ставите 5-6 лукчиња излупени и ќе ги оставите неколку дена. После со овој шапон ќе си миете глава. Јас го немам лично користено оти нема таков проблем но познавам луѓе кои ова им помогнало.
     
  16. Elence93

    Elence93 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    3.791
    Пол:
    Женски
    Мајка ми има испробано и со лукот и мерц апчиња и пантенол, тоа од топ шоп што е што свети и ништо. Стававме и б-витамини во шамонот и кромид али ете... Искрено мислам дека освен пресадување не може да се поттикне и да нарасне. Но, можеби и си е до организмот, вреди да се проба прво.
     
  17. Angelce201

    Angelce201 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    6
    Ве молам за совет премногу сум во очај ... мајка ми има коспаст а истовремено и псоријаза таа толку се разочара кога виде дека има и косопаст... неможам да ја гледам како се нервира јас уште повеќе се нервирам ВЕ МОЛАМ АКО НЕКОЈ СТВАРНО ИМА НЕКАКОВ ЛЕК И ЗА ПСОРИЈАЗАТА И ЗА КОСОПАСТОТ НЕКА МИ ПИШИ ... :( :( :( :@@@@@@@@
     
  18. altea

    altea Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    ako seuste ima problem sokosopas mozam da ti dadam broj od edna zena vo prilep jas pred 1 mesec zemav od nea lek vo sisence go plativ 500 denari. Krugot kaj sto nemam kosa prestana da se siri inaku mn brzo mi se napravi znaci mn brzo se siri e sega mislam deka pocnuva da mi raste kosa ali ne smeam da se farbam zasto novite vlakna bile mn slabi i tenki ako seuste imate problem pisete mi ke vi dadam telefonski broj pozz
     
  19. Kadrava 87

    Kadrava 87 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Jas imav problem so kosopast pred 3 god i edinstven spas mi bese domasniot lek so:3 glavici luk, 3 limoni, 100ml ricinusovo maslo i 500mg rakija.Se i sesto pred toa imav probano i nemase efekt.
     
  20. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    149
    Доколку некој друг член на темата има било каква информација за некој успешен лек, нека ја сподели, начинот на подготовка, начинот на користење, после колкав временски период сте забележале резултати.

    @altea Може ли да ми кажеш дали сега после неколку месеци откако си го напишала мислењето ти порасна ли коса?
    Како се употребува лекот и колку долго го употребуваше ти за да покаже резултати?
    Може ли да ми дадеш број од жената?

    @Kadrava 87 може ли подетално да напишеш како го користеше лекот?
    Дали се мачкаше? Колку пати дневно? Колкав временски период помина откако се покажаа резултати?

    Ви благодарам однапред.