Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Билке, и покрај тоа што не го цитираше моето мислење, се извинувам но морам да Ви кажам дека сите знаеме дека модераторите работата ја извршуваат доброволно, без никаков надомест, но тоа не е мерило за оправдување во некои ситуации каде повеќе членови делат исто мислење. Мислам дека колку толку, треба да бидат опоменети за одредени однесувања и пристапи, одредени модераторки, бидејќи освен тоа што тие средуваат се, останатите членови всушност и го формираат форумот со секакви мислења.
    Нормално сите критики и забелешки напишани тука, се за да имаме поквалитетен и подобар форум, а не од лични интереси или сопствени фрустрации.
    Поздрав
     
    На macysh, Theodora, FBI и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Билке фала на одвоеното време навистина ти е исцрпен постот..Иако очекував да мавнеш по суштински. Да се разбереме барем, што не е случајот. Се осеќам ко да си играме жмурка малку..Одоколу одоколу и БАМ..на крај дипломатски - у право сте..али не.
    Онака... Yeeeeeeeeeeeeeeeeah...No. :D
    Ниедна од девојките што се модераторки не е лично нападната, напротив, имам фино мислење за некои од нив. Ама исто така форумов ми го прават непријатен кога се во улога на модераторки. Оние кои зборуваат за правила се тие што треба да ги знаат. Ако имате строги модераторски правила за учтивост, предлагам да ги научат многу детално бидејќи губиме на интерес а вие губите на посетеност и квалитет. Да сакав пазарска дискусија или петтооделенска женска вербална ферка, ќе излезев во школски. Пристапов на некои од нив е лош и некултурен. Башка што се напети како оптегната пранга од стар душек. Мало лакше дечки. Можда вршите голема работа, ама како што кажа и Билката - доброволци сте, нели?
    Ако е доброволно, не значи дека треба сеа сите еднаш у ден да се молиме за захвалност или да се толерираат секакви его бластери овде. Вршат голема ТЕХНИЧКА работа, браво! Се слагам. Не е лесно. Ама вршат и доста лоша работа во суштината на форумот со создавање незадоволство меѓу девојките. Мене Фемина ми е место кај што сакам да се зезам, да се забавувам, да читнам нешто корисно, да влезам во аргументирана дискусија, и кога сум била правилно бришена, не сум зуцнала ни збор. Ама веќе се претерува, а админите се тие кои што треба да ја увидат таа ситуација и наместо да не тапшаат по рамо - браво топ, ама вие не разбирате колку им е нив тешко ...да подразмислат каде кој зошто и како е модератор. Mислам. Give us some credit Билче :D
    Губите квалитетни форумски ликови на сметка на детки игрички и покажување заби кај што не треба. Кој не смее да каса боље и нека не лае.
     
    На Danilela, julie77, x.Daisy.x и 4 други им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Нека ми се лутат модераторките ако сакаат, ама така си е-во трговијата има едно непишано правило-муштеријата секогаш е во право :D
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bilkata

    bilkata Администратор

    Се зачлени на:
    4 октомври 2008
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.682
    Да, постои тој проблем и можно е понекогаш да се направи грешка. Ако сметате дека некое ваше мислење било непотребно избришано, слободно пишете ЛП до некој од модераторите одговорни за соодветната категорија или пишете ми мене. :)

    Апсолутно се согласувам. Верувајте дека постојано се обидуваме да ги минимизираме грешките. И се надевам дека во иднина вакви проблеми ќе има сè помалку. :)

    Јас навистина ве молам да ми испратите ЛП ако наидете на лош и арогантен однос кон вас од страна на било која модераторка. Не можам да ветам дека отсега натаму никогаш нема одредено мислење да биде непотребно преместено/избришано, но за несоодветно однесување ќе бидат преземани мерки.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.286
    Утре во 12 часот,Ве покануваме на свечено доделување на дипломи и ордени за заслуга (обете засегнати страни) во просториите на Фемина.Дипломите се доделуваат на најголемите алапачи,најголемите инситуатори,филмомани и режисери,во знак на признание и благодарност дека го прават тоа добро и јако,а ордените за заслуга е за инаетчиите,барачите на вина,дупки у закон,подбуцнувачите,зошто стварно мислам,е опасно *зрело* и паметно,ептен доликува на жени од 14 до 70 години,браос!Жени,стварно нема смисла и работава е тегет више,страшно неинтересна и досадна,ама со капитал Д!

    Фијлес,колку што вие допринесувате (тука се вклучувам и јас,како обична форумџика),толку го обликуваме и ние,затоа што ако не се бришат непотребните работи,не се заклучуваат теми,таа убава креација на феминките ќе изгледа навидум буниште и нема да дојдат до израз многу работи.Биливми!

    Друго...во ред,се преслушавме,се изредија сите...само не ми е јасно,зошто се раздиплија форумџики кои не беа во центарот на случувањата,а толку емотивно се потресоа?!Стварно не ми оди во глава.Кои беа тие остри реплики на девојки кои воопшто не биле повикани и засегнати,а ниту лично навредени.Дали јас како човек,заслужувам повеќе или било која друга форумџика да е во прашање или една,обична тема,која како што гледате требало во даден момент да биде заклучена и не била заклучена од нечиј моментален мотив?!Ако е така,во ред,нека служи на чест на тие кои се дрзнаа лично да навредуваат,впрочем не говори за било која од нас,туку за онаа која се реши толку храбро да се...да кажам истакне.

    Трето...кои се тие фрустрирани кои се истресуваат,многу сакам да знам.Не е ова иронично или саркастично,туку стварно ме интересира.Не дека ги бранам,ама јас не сум сретнала крајно безобразен пристап или не сум била присутна тогаш..и ме занима кои се напнатите.Ја нисам одавде очигледно.

    Четврто,зошто ми дојде преку веќе од инсинуирање и слични глупости,да си кажам...пред да донесувате икс заклучоци кои ги читам по лп...модератор сум на Општи,тело и диети...пред да се затресе уште некоја зелена,немам врска со кафе-муабети и тоа што таму се брише и прави,освен кога се бара групно мислење,па моето да допринесе колку-толку ако треба и мора.И немам врска со бришење на некои сократовски и аристотелски мисли,впрочем возбудата за таквите ми помина уште во пубертет,па не ги ни пратам
    Испочитувано е секое размислување,од почеток до крај,но дали се испочитувани нашите?!Сега се бара влакно во јајцето?!Сега се цели кон изнудување на извинување?!Зошто се поставуваат прашања и прашања и прашања...баш на оној детски и наивен начин кога на крајот се бара вината и да се бара победник...или до крајот на нашето форумско битисување ќе се гаѓаме со скапани сливи ко мали деца у маало?!Сакате ли вооојнаааа....даааа...еее еве ви го наааа итн итн...Ќе речете да сакав да се кубам за коса,ќе отидов у школски,а не гледате,дека тука токму тоа се прави.
    Сега пак темата немало да биде иста...ете видовте,не била идеја на некоја си форумџика,туку била групна одлука со која се согласуваат и администраторите...и сега што да правиме за да се врати пак темата во стариот сјај?!Да си се вратите и да си се зезате во исто темпо затоа што тоа ви причинувало задоволство...
    Заклучокот е тој...бунтот беше продукт на заклучена тема,темата не беше заклучена од никоја модераторка конкретно,особено заради нејзината љубомора (омг...женишча!),затоа што значела некому е отворена (во ред,ок,ама дали вредеше до толку да се навредуваат личностите на модераторките?!Неврмајнд,се надевам дека ова ќе биде сфатено ко сугестија да се преиспитаат лично некои работи).Алармот,затоа што сега не беше спомнат,ама претходно беше на други места ( и не,не беше и тој инициран од мене,побогу,беше само прифатен од моја страна.Имаат некои луѓе свое јас и доволно се гласни за да бидат чуени сами кога кажуваат нешто!да не може чоек на раат да си учи ставки и одредби)беше чисто за да се подигне свеста дека постојат други теми и дека фаворизирањето допринесува да замираат и да не доаѓаат до израз нови форумџики,а не да биде такозвани сузавец за разбивање на групирања (е ова веќе стана и тема на муабет,зошто сериозно дојдоа до израз некои работи после заклучување на темата,но нема везе,тоа е веќе друга тема и туѓа ствар у која нејќам да навлагам).
    Фала многу,довиџења.Бидете кул,бидете ин,бидете така и бидете помалку жени во случајов во име на стариот сјај и дружба...и се однесува ова и на оние и овие и на сите.Досадна станува работава,ама стварно.
    Муабетот е,нема виновни (јас барем не се чувствувам ко таква),ниту барам,ниту гледам кај другата страна (која друга,јас доаѓам од другата страна,ова чисто за да имаат на ум одредени дека сум,се надевам дека и сите останати сме свесни за тоа),ниту ме занима,ниту сакам да се плеткам у тие глупости повеќе.А ако некому му причинува задоволство и има некои садистички побуди,па бара да му се прават метании...друг муабет,впрочем,причина плус за на некое советување,зошто форумот НЕ Е место за наоѓање на потврди кои реалноста не може да ги даде.Па кој е кој тука,за да на некого некој му се повинува и му бара прошка и за што?!Што делевте,имот?!Дечко?!Шо?!Работата е јасна ко суза и више не знам каде треба да се обрати(те)ме.Бранко е крив,ви е гајле...ни е гајле.

    Сега хејтајте ме и вие и тие и сите и ич не ми е гајле.Мене ми смучи и грозно ми е при секоја пауза од нештото,да доаѓам тука и да немам желба да се логирам заради спилберковски приказни,мајке ми.Проблем се бара во нешто во кое РЕАЛНО го нема...

    И освеен шо позивате форумџики,модераторки и не знам кој уште...освен кај Билката,обратете се лично и персонално кај што сметате,а не пасивна агресија да пршти на сите страни и сите кој е,кој е...Шо ќар,ако е повеќе на лична основа?!А мислам дека и поголемиот дел и така и ќе бидат...
    Бре!Дерман да се немало од женска беља!
    Топчето ми падна,Лилит ми го грабна,дај ми го Лилит,не ти го давам ќе го продадам,за четири гроша,Лилит е лоша!Бу!
    Срам да ви е на сите до една од ДВЕТЕ страни!


    И само затоа што некој се трудел да си ја исполни должноста според правилата и можностите,не значи дека вас ве мрази и дека тоа се однесува на вас лично,а тоа како се одразува ќе се види на дело.
    И уште ова,последно е ветувам...на доброволна основа,што значи,колку што сте вие корисници,толку сме и ние,а форумот се прави врз основа на меѓусебно разбирање.Сум муабетела по теми,ми било посочено,не сум се налутила...така што баталете муабетот со конзумерот и понудувачот,тука таа фора не пали.А друг е муабетот што...заради колективна одлука,се *обесија* форумџики кои вредат,а тоа што некој рече дека треба да се преиспитаат...ќе му речам да си прочита тоа што пиша пред некој ден.Проблемот е во него.Сепак и ние ко модератори функционираме со правила,така што не е ништо на слободна воља.До душа,повеќе за себе си зборувам,реков не сум упатена во тие дрски моменти и средби од трет вид.

    Ај така,имајте убав и пријатен ден и бидете и вие пријатни и флексибилни ко што доликува на жена,а не осми март и сите сме најбоље,се удараме у груди и поправете у тема шо е дама,зошо очито е некоја која си кубе коси со другите тн дами и не се однесувајте ко на некој да му се сронал или да треба да му се сроне бисерот и да му се одземе дијадемата.
    Пис!
     
    На Lux, karak, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Форумов го посетував долго време како гостин и го доживувам како место каде ќе најдам некоја корисна информација. Значи доаѓам, наоѓам некој кој имал слична мака :) , што превземал и чао. Е сега, дојде и време кога официјално се логирав...и еве чат пат по некое коментарче. Овој историјат го пишувам за да не добијам коментар (макар и невидлив) што знае оваа (нов член) :)
    На разгоренава дискусија би рекла - купувачот е секогаш во право, така да форумџиките го имаат пиесталот. Што би бришеле модератотите ако ние не пишуваме. Досега немам сретнато некој пост кој е вулгарен, навредлив и недоличен (или имам посетувано само такви теми или тоа е така затоа што модератотите ја завршиле својата работа). Значи, има потреба и од модератори ( од каде ќе купи купувачот ако продавачот е на пауза :) ). Но, нивната макотрпна работа не е наш проблем, сте се фатиле на орото - играјте. Со сила убавина не бива. Ако не ви чини логоут и ариведерчи.
     
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Со оваа реченица се е кажано...апсолутната форумска вистина
    луѓе бе ....докажување :^) ...втф на форууум...АНОНИМЕН????????
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ќе додадам дека не беше преместен, туку избришан...ова не се случило само еднаш.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.082
    Пол:
    Женски
    Јас како засегната за темата Музички идол, пошто и на таа и се нафрливте, мора да си кажам мислење. Темата е токму за тоа, за музички идол, за настапите, за гала вечерите, за идолите... И токму за тоа се дискутира, не се прави муабет на разноразни теми, во таа тема не се опфаќа ништо друго, освен конкретната цел на темата. И затоа не ви беше на место коментарот.
     
    На Monna.Monna, x.Daisy.x, Lux и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ^ Истото сакав и јас да го кажам. На темата се дискутира конкретно за Идол. Додека во темата „Да зборуваме на дијалект“ е многу поинаку, се прекршува 11тото правило:

    Во случајов вади тоа што се зборува на дијалект.
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Мислам дека треба на модераторките да им се дозволи да заклучуваат теми од било кои категории кога работите одат во крајност.
     
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Зошто ми е избришано мислењето во Прв Бакнеж?
    Ја имав цитирано Мајли, после мене една феминка остави мислење и ја цитираше Мајли и сега моето го нема.
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не е критика, забелешка е ;)

    Поместете си го саатот напред, касните ;) :lol:
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    5.393
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    А зошто ваков пропуст е направено со типов profil/marijan12/ ? Со нула мислења си виси на чет.
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.112
    Допаѓања:
    67.082
    Пол:
    Женски
    Не може да влезе на четот, само го дава таму дека се обидува да го отвори, инаку не може да чита :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Еве несакам да кодошам :) ама ова Авон ми боде очи во тема Тело. Чиста реклама
     
  19. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Предлагам да се заклучи и избриши темата ЗАЉУБЕНА НА ФБ , џабе се развива полемика..приказнава е ептен пацерска , банално осмислена.
     
  20. noskirT

    noskirT Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    ...модераторите да си поведат сметка за начинот на кои некои членови врегаат се закануваат и пагаат на ниско ниво...заради тоа што некој ден ке си најдат дечковци и можно е да им се пастира на фејсбук тука сто пишуваат срамота е за нив пред се...опоменете ги...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.