Имав момче и одев 1 година се беше убаво додека не сфатив дека ме лаже за повеќе работи и му раскинав . Помина 1 година и сега ми врти сака да сме пак заедно и пред некој ден пак ме прелажа он одел со една само за односи и без јас да знам се гледаат , а он ми рече дека е крај ама ја ги видов Незнам дали го сакам ..... Како да се однесувам ?
Лажго.... Обратно од чесно е нечесно. Сама кажа дека те лажел, и тоа за ПОВЕЌЕ работи, не ЕДНА. А сега, уште не сте се смириле, откриваш дека пак не се отвора целосно. Епа тогаш зошто мислиш дека би бил искрен и чесен со тебе доколку се смирите? Очигледно дечково ги открива оние детали што него му одговараат. Сакаш да си со таков? Плус, поминало повеќе од една година. Тоа е доволно време да размисли и да расчисти со себе дали сака да е искрен кон тебе. Очигледно се одлучил на тоа да не е.
Лажго.... И самата си увидела делка не ти ја кажува вистината за една врска да биде стабилна темелот треба да и биде довербата, а сето останато се стекнува со текот на времето. Кога некој едаш ќе те повреди очекувај дека ако му опростиш наредниот пат ќе те повреди многу повеќе. Не дозволувај да те повредуваат, а не ни повредувај затоа ,, не го прави она што не сакаш да ти го прават,,. Можеш слободно да го откачиш како 13-то прасе и да и најдеш принц со кој ќе се осеќаш како принцеза.
Лажго.... Се согласувам со Nightwalker,па и кога веќе си издржала цела година без него,зошто да се навраќаш на некој што ќе те лаже?
Лажго.... Не ме возбудува , не го сакам , ама по нашето не најдов ни еден што ме привлекува ( а ни он сега ) и веќе се плашам една година никој не најдов , не ми се Свиѓа ,....
Лажго.... Според ова испаѓа дека ти не сакаш да му се вратиш поради нешто што си чувствувала за него, туку зашто тој ти е веќе позната и „сигурна“ варијанта. Е што има врска де? Демек ако не ти се свиѓа никој веќе една година, крај на светот е? Чекај, уште не е 21.12.2012. Пријателке, не прави грешка само зашто мислиш дека нешто што ти се случува, не треба да е така. Нема правило кое гласи дека по последната врска, имаш рок од максимум една година да најдеш нов... Полека, не се форсирај, и уживај. Подобро да си сама, додека не го најдеш вистинскиот, отколку да се вратиш на нешто старо, испробано и „изветреано“.
Лажго.... Бидејќи е така незнам зошто бараш совети како да се однесуваш со него ,, ако сеуште не ти значи нешто,, , јас причината ја гледам во тебе ти не си расчистила многу работи со самата себе.
Лажго.... Сите имаат мене ми е досадно , другарките одат со дечковци и немаат толку простор за мене . Плус незнам како ама ми се лепат само такви како што не ме привлекуваат ... Млада сум а љубовното поле ми е како на пензионер.... Не сакам да му се вратам , и неможам да фатам друг , ни да флертувам дали е до мене некој проблем.....
Лажго.... НЕмој заради тоа што сите околу тебе имаат дечковци а ти не,да се смириш со овој,па со тек на време да ти се вратат чувствата и после кога ќе те лаже тебе ќе те боли