За цисти на јајниците имам слушнато дека помага сојата.Дека таа во себе содржи природен естоген хормон и дека помага во лекувањето на полцистични јајници.
Поздрав и од мене. Јас имам циста на јајникот, еднометриозна. Еднаш се оперирав но пак ми се појави. Нема што немам пробано од природни лекови овие неколку месеци. Најмногу помага ленено семе, соја и кикиритки. Редовна употреба на црвен кантарион и ајдучка трева засладена со мед. Исто така се препорачува и порополис. Поздрав
jas immam endometrioza receno mi e deka soino mleko ne smeam,piev za da krenam imunitet,no mi rekoja nikako ne smeam a stom ne moze soino mleko ne moze nisto od soja barem jas taka mislam
mene mi go preporacaa cajot od neven da go pijam za cistata i sega toa pijam.a covek stvarno da se zbuni eden vika ova e dobro,drug vika ona e dobro,da ne znaes so da probas ili pak od se da probas i da se nadevas deka neso ke ti pomogne a sega so procitav pogore od neferiti ,planiram i ajducka treva da zemam.
i jas imam problrm so rani`ka na grloto na matkata koristev natopeni tamponi so kantarionovo ulje i gineks forte vaginaleti,~aj od ajdu~ka treva,neven i kantarion rezultatite ne gi znam no se nadevam deka ke bidat pozitivni naj va`no od se e deka nema bel sekret i nikakov miris vsu[nost mirisa na ~isto neka proba i majkati toa se prirodni bogatstva koi sekako ne [tetat izvinete za latinicata slaba sum so tastaturata.
pepi,cisti na jajnici i ranicki na grloto na matkata se dva mnogu razlicni poima ne deka ni smetas vo diskusijata da ne me razberis pogresno,ama ima druga tema za ranicki na grlo na matka da ne gi mesame temite i praime kasa popara,pozdravce.
Полицистични јајници - лекување на природна база Доколку има некој искуство со овој проблем, ајде да го споделиме со сите. Би почнала од себе. Полицистични јајници ми се дијагностицирани уште пред 7 години. Примав многу хормонски терапии (Дијане 35, Примолут Нор, Дабростон.... на некои и не се сеќавам) и ништо. На почеток циклусот ми задоцнуваше по 2 месеци и на крај до пред половина година по 4-5 месеци. Мажена сум веќе 4 години, со сопругот сакаме детенце, но во мојот случај тоа е невозможно зашто немам овулации. Состојба НУЛА . Но, како и да е цврсто верувам во Бога дека еден ден ќе бидам мајка, па можеби и на повеќе деца. Да се навратам на темата, тоа е мојот случај и еве еден лек што мене ми помогна од 4-5 месеци да добивам месечен циклус на 2, па и сега последниот пат на еден месец . А тоа е ЧАЈ. Последниот пат пред да почнам да го пијам чајот добив циклус во октомври. Започнав да пијам чај во 23 февруари и на големо изненадување добив точно на 23 март. За време на циклусот воопшто не пиев, а откако ми заврши повторно почнав да пијам. Одтогаш добивам на 2 месеци, а последниот пат добив во септември и денес значи октомври. Од самиот пубертет кога започнав да добивам циклус имав доста големи болки пришто дури и не можев да одам. А сега и не сеќавам кога добивам без ни една болка. А сега да ви го кажам и чајот. 1 филтер кесичка чај од нане 1 филтер кесичка чај од мајчина душица 1 филтер кесичка чај од коприва 1 филтер кесичка чај од камилица и 2-3 цветови ајдучка трева Се прави чај со околу 1,5 до 2 л вода, секој ден освен во циклусот тогаш можете да пиете чај од нане доколку имате болки. Овој чај го пиев буквално со се, во текот на целиот ден. Го засладував со една лажица мед. Вкусот е добар освен може да ви горчи ајдучката трева, а за да не ви горчи направете вака: во врелата вода чувајте ја само 5 минути. Мојот начин на подготовка, можеби и не правилен не знам беше вака: Ставав 1 л вода ладна вода и сите филтер кесички заедно со ајдучката трева да зоврие. Потоа процедував, повторно ставав 1 л ладна вода повторно да зоврие и повторно процедував. На крај дури е врел чајот го ставав медот и го поклопував со капак за да не испарува. Се надевам дека и некој друг ќе го сподели своето искуство како го надминал овој проблем. Па доколку знаете нешто како дополнително да ги поттикнам јајниците да овулираат помагајте. Поздрав.
za priroden lek ne znam bas megutoa da te prasam dali si probala da napravis endokrinoloski ispituvanja ili da dobies mislenje od endokrinolog deka i tuka imas odgovori i mislenje zosto ne e sala da nemas ovulacija a posakuvas bremenost pozz
IVITA-VE, ти благодарам за советот, но можам со сигурност да ти кажам, дека на последниов циклус направив хормонални испитувања и резултатите беа многу, многу подобри од порано. Се надевам на уште подобри резултати. Исто, сакам да споделам нешто со Вас. На еден форум за полицистични јајници го дознав и тоа дека според некои најнови испитувања еден од главните фактори за тоа бил дијабетесот. Мало покачување на гликозата во крвта можело да биде причинител за појава на полицистични јајници. Кога ги споредив резултатите од порано кога имав редовен месечен циклус и сега се зачудив зашто навистина имам покачување на шеќерот (гликозата во крвта). Затоа претходниот месец откако го дознав тоа започнав секој ден да си јадам по 1-3 чена лук (бидејќи лукот има својство да го нормализира шеќерот во крвта) пред јадење (за да немам непријатен мирис), пиев чај од брусница (исто и брусницата го има истото својство како и лукот) и навистина видов подобрување (иако во резултатите од крвта сеуште немам висок, ризичен степен на шеќер во крвта), можеби и затоа хормоналниот статус ми се подобри. Еден пример ме поттикна на ова. Се работеше за една жена која 10 години се борела да добие бебе, а имала полицистични јајници. И кога го дознала ова побарала од својата докторка да пие (Метформин) поблаги лекови за дијабетес, но таа не сакала да и даде зашто немала дијабетес. Контактирала со лекарот од Америка и тој и рекол да ги пие истите лекарства, но да додаде метформин. Исто и рекол дека и да остане бремена да не го прекинува зашто може да добие спонтан абортус. Навистина жената по 2-3 месеци останала бремена, се породила ама ги следела упатствата да не прекинува со лекарствата. Не ве советувам да земате нешто на своја рака (што се однесува до лекарства), едноставно посоветувајте се со вашиот гинеколог за ова.
Serafima да знаеш дека сум ти благодарна ова дијабетисот со цистите не сум го знаела и сега со некој мој испитувања повразав некој работи.Последниот пат ми рекоа да направам комплетно испитување на крвта.Поздрав
Епа јас затоа и сакав да ти предложам да посетиш ендокринлог тоа е хормон од панкреасот и се вика На1Ц и е еден вид на дијабет од тип 2 како и сто кажа лек за тоа е метформинот и дава еден вид стимул на јајниците и ги доведува во ред за да има нормална овулација,зборувам од искуство и веке некој 6-7 год ги решавам овие проблеми и затоа ти викам за оваа работа најсоодветни се ендокринлозите доколку се уште не си била а сакаш можам да те насочам позз и се најдобро
и јас имам полицистицни јајници и од денес поцнав да пијам цај од невен,коприза кантарион и ајдуцка трева. Се надевам дека ке ми помогне.
од лани летото ми открија дека имам полицистични јајници(прво ми доцнеше по 10 дена, а последниов циклус 18 дена, и искрено мислев дека веке нема да имам циклус) се додека не го прочитав твојот пост Серафима мислев дека за полицистични јајници е оперативен зафат. Ти благодарам многу за рецептот, и во најскоро време ке ги набавам сите тревки, и да почнам да го пијам да ми се нормализира мензисот. Поздравче
jas imam cisti na jajnikot so antibiotici ne isceznaja ni pri menstruacija gi imam vele pola godina cistite se vodeni znaci predlagate samo so tamponi natopeni vo kantarion ?uste nekoj sovet ve molam. [mod-kirilica:lkbbv2ok][/mod-kirilica:lkbbv2ok]
Цистите на јајници не се лекуваат со антибиотици. Можеш да ја прочиташ цела тема, исто и да пролисташ тука, па можеби ќе најдеш соодветно решение во секој случај, консултација со гинеколог и соодветна терапија би требало да го решат проблемот.
^^ Мене ми ги открија со вагинално ехо. Инаку лекот од бело вино и рузмарин, кој бил ефикасен за цисти на јајниците и помагал при подобрување на плодноста и против секакви вагинални инфекции, се подготвувал на следниов начин: - 1 л бело вино - 3-4 гранчиња рузмарин (може и повеќе, нема зијан од повеќе рузмарин, суштината на леков е во неговото дејство) Се ставале во сад, може и во стакленото шише од виното, да одстојат месец-дена на сонце.
Јас го имам користено чајов и од лично искуство можам да кажам дека помага. -2 супени лажици коњско опавче -1 супена лажица хмељ -2 сипени лажици жалфија -2 супени лажици нане -1 супена лажица валиријана -1 супена лажица јаглика -2 супени лажици камилица Сите овие состојки се мешаат заедно и се прави една смеса. Чајот се пие 14 дена, по 2 пати на ден. Се става пола литар вода да зоврие. Откако ќе зоврие, се додава 1 рамна лажица од миксот од чаеви и врие заедно со водата 2 минути. Потоа се трга од рингла и се остава да отстои 1 саат. Добиениот чај се пие два пати дневно. Пола наутро и пола навечер (откако водата ќе зоврие се добива околу 450 мл чај). Додека се конзумира чајов, препорачливо е да се конзумира и цвекло.