1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мал проблем

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Springy, 23 октомври 2010.

  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Прво, добро ве најдов :) Нова сум тука и одма одборив тема за проблем..
    Вака, во врска сум шест месеци. Претходно сум била два пати во врска, меѓутоа оваа ми е поинаква. И двајцата мои претходни дечковци ме носеле дома, сум седела со нивните родители, сме излегувале заедно, дали на прошетки, дали на кафе, кога сум имала многу за учење ме чекале после училиште и сите нормални работи што ги прават двојките. Но овој дечко ниту ме запознава со родителите, ниту ме носи дома. Кај него седиме само кога неговите се излезени, кога се среќаваме седиме надвор некаде на некоја клупа, во некоја градинка, на такви места... Дали 3-4 пати сме биле заедно на кафе, а заедничките излегувања се бројат на прстите на едната рака. Ми нагласува дека ме сака, и го докажува тоа ... моите знаат за него, од неговите знам дека брат му (кој е помал) само знае, за родителите не знам...
    Прашалник ми виси над главата во врска со тие излегувања, мислам дека заслужувам повеќе од 1-2 пати неделно седење и бакнување на клупа. Како да му кажам дека тоа веќе станува монотоно, како да го сфатам тоа негово однесување?
     
  2. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Се зависи до карактерот на дечкото, еве и јас одам со дечко ми 2 години па до ден денес не сум седела ни со татко му ни со мајка му а не ни сакам, кога ќе влезам кај него ќе си кажам добар ден, добра вечер и ќе си влезам во соба толку. Тоа што те носи само по клупи, градинки треба да поразговараш со него искрено без ништо да премолчиш да му кажеш што ти смета отворено, а за запознавање со неговите родители не брзај, што ќе добиеш ако секој дечко тебе те запознава со родителите како и да е ти идеш со него а не со неговите родители ;)
     
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Не дека сакам да седам со нив, исто како тебе и јас сум се однесувала со родителите на претходите, за што и би зборувала со нив? Зборот ми беше, тој никогаш не ме носи дома кога и неговите се дома, само кога се излезени а тоа може да се случи еднаш во месецот, затоа ми е чудно.
     
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Па прашај го де во што е проблемот, така и бифшиот дечко на сестра ми и правеше ја викаше кај него дома само кога неговите беа излезени и сеуште не сфативме која беше дилемата, ако не го прашаш не верувам дека ќе сфатиш сама :^)
     
  5. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Размислувала сум како да го прашам, ама незгодно ми е
     
  6. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Нема потреба да ти е незгодно верувај.Доколку и понатаму планираш да бидеш со него потребно е искрено да разговарате за секој проблем.
     
  7. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    :worried: Па почни со прашањето: Знаат ли твоите дека имаш девојка? И потоа остави да тече разговорот нема што да ти биде незгодно кажи си што ти смета, ако продолжите така ќе ти стане многу монотоно и досадно а врската може да се прекине. Собери храброст и разговарај па после пиши што си направила!
    Среќно :)
     
  8. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Покани го ти кај тебе прво на гости. Можеби е срамежлив или е тип на машки што не носи дома девојки. Ако ти е досадно само по клупи превземи ти иницијатива и предложи некој ресторант или нешто слично, покани го почесто за излегување не чекај само на него.
     
  9. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Има доаѓано кај мене. Прв тој дојде кај мене, па јас кај него. На почетокот јас предлагав излегувања, некои беа прифраќани, некои не (одбиваните имале доволно аргументи, а јас во себе си викам трпение- спасение). Незгодно ми е јас само, знаете поубаво е кога знаеш дека некој сака да те изведе, на кој и да е ќе му стане досадно 6 месеци на клупи, не знам како на него не му е монотоно. Јас навистина сакам да бидам со него, само не знам кој е неговиот проблем, крие ли нешто ...
     
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    5.396
    Тогаш не ти преостанува ништо друго освен отворено да разговараш, нема што да ти биде непријатно, ако ти е монотоно значи не е во ред врската така да немаш што да изгубиш.
     
  11. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Притен предлог, ќе го прашам прво знаат ли неговите за мене. Пример сега, еве го виси на овие социјалните мрежи, јас да го прашам каде вечер како и обично, нема ли секоја од вас да се осеќа како да диши некому в врат?
     
  12. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Не знам зашто тоа напињање за да отидеш дома и да се запознаеш со неговите,ко да одите сто години,па ај сега не му текнува после пет години да ме запознае со неговите работава...Она на што прво ти треба да поработиш е вие да се зближите повеќе и да имате почести излегувања(ако он сака),пошто очигледно дека ја тегне работата,а не право преку леб погача.Али знам,имав јас еден таков случај на девојче во моја близина,она така право од првиот ден бараше да постои тоа оди ми-дојди ми,па после на крајот секакви се направија ,поклони фрлаа и уште милион глупости.Ете ти доказ дека и тоа не е гаранција.А и може дечкото не е во тој стил,од кај да знаеш,не секој е одма за толкаво зближување.Затоа разговарај,а ако не па и не си престарела,ќе дојдат и други и ваљда ќе се најде некој посериозен момак меѓу нив ;)
     
  13. aquafortune

    aquafortune Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    23
    Јас и дечко ми сме 9 месеци во врска и не ме запознал со неговите,нема потреба,не ни сакам...Сега последниве 3,4 месеци почнав да одам почесто кај него...Сакам да ти кажам дека не е се до тоа да одите кај него,да те запознае со родителите.Важно е вие двајца да бидете блиски,да ви биде убаво,да нема несогласувања...
    Мислам дека нема потреба да му се секираш за ова,но ако ти мислиш дека треба да разговараш со него,ако ти пречи ова,разговарај. ;) :)
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Искрено многу ми е чудно што многу девојки очекуваат врската многу брзо да порасне во друг степен на интимност. Не сакам такви девојки што ја форсираат врската, сакаат близина каква што се гради долго време....Имам и јас ваква дургарка што мислеше дека може со дечко и во рок од 3 месеци да постигне близина која јас и дечко ми ја имаме, а се знаеме 5 години од кои 1 сме заедно.
    Не можам точно да дефинирам што сакаш ти од врскава, што очекуваш. Ама како што гледам јас ти фали стпен на блискост , што е сосема нормално. Не разбирам само како може на дечко ти да му е нормално седење на клупа и лигавење 6 месеци. Каде ви е интимата? :?:
    За запознавањето со родителите нема да кажам ништо ,освен дека е најспоредна работа и нема апсолутна никаква улога во зближувањето. Е сега, друго е неговите воопшто да не знаат дека има тој девојка.
    Мислам дека отворен пристап ти е најдобар. Кажи дека сакаш малку повеќе блискост, дека сакаш чувство на сигурност и близина.
    И последниов пост твој, дека се чувствуваш како да му дишеш во врат, ти е лошо мислење. Не треба така да се чувствуваш, напротив како што гледам јас ти вложуваш прилично доста за да ви успее врската.
    Не ти е страшен проблемот, мислам дека разговор може да го реши.
     
  15. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522


    Погрешно сум сфатена. Не ми фали запознавање со неговите, ми фали внимание. Погрешно сум сфатена и за тоа дека ја форсирам врската. Тоа со неговите го пишав како еден од примерите... Ние се гледаме 2 до 3 пати неделно, не му правам проблем кога излегува со другарите, не му правам проблем дека сака последниот ден од неделата да му го посвети на спортот. Не сакам да се запознаам со неговите, тоа беше пример, сакам да правиме заеднички работи почесто... Прашањето ми беше како да го наведам на тоа... како што кажав нашите заеднички излегувања се бројат на прсти, се` се сведува на лигавење по клупи... а да, и комуницирање на фејсбук.
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Да да, добро те сфатив не се грижи :)
    Ти фали внимание, нормално е тоа. Изгледа сите е фативме за примерот со родителите, што не е толку важен, а и нема некоја улога во твојата потреба.
    Значи, единствено што би било најдобро во ситуацијава е да му го кажеш тоа, и не преку фејсбук :!:
    Седнете си некаде на кафе, кажи му вака и вака, јас сакам од тебе да превземеш иницијатива за правење на интересни работи заедно. Кажи му дека ти фали динамика во врската, и дека ако не се случат промени , тебе ќе ти стане монотоно и досадно и...ќе бидеш приморана да најдеш некој позабавен.
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Прашалник ми виси над главата во врска со тие излегувања, мислам дека заслужувам повеќе од 1-2 пати неделно седење и бакнување на клупа. Како да му кажам дека тоа веќе станува монотоно, како да го сфатам тоа негово однесување?[/quote]

    Можеби не сака да форсира за да не го сватиш погрешно (сака само секс со тебе)...Направи си отоврен муабет со него, дека сакаш повеќе нежност со него. Предлагај идеи каде да прошетате, отидете на гости кај некој негов другар и сл.
    Тие прашалници ке можеш да ги решиш само ако разговараш со него а ние овде може само да нагаѓаме што и како.
     
  18. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Девојки, ви благодарам на советите :) Разговаравме и мислам дека нашата врска по разговорот повеќе се зацврсти. ;)
     
    На nedzma му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Девојки, пак јас :worried: Проблемот е ист, веќе 10 месеца сме заедно, а блискоста ни е катастрофа. Како би постапиле вие на мое место?

    Овие денови пукнав :sweat:. Телефонот ми е исклучен, фејсбукот го деактивирав, добро ли сторив? :(
     
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека немаш баш најдобро постапено некако како да бегаш да се соочиш со реалноста. Те сфаќам дека многу мисли ти летаат низ глава но смири се малку. Не е толку страшно според мене. Треба да поработиш и ти за да се зближите, не да оставаш се на него. И како што следев низ мислењата ти се плашиш нешто да му речиш тие незгодно но на такво начин неможиш блискост да оствариш. Со одењето дома немора да значи дека тој не те сака или има друга од каде знаеш како му е дома и какви се родителите. Одиш 10 месеци пак има нешто што ја држи таа врска не е тоа така. Разговарај со него и поработи малку на тоа не се опседнувај со глупави мисли. Ти го сакаш него но не си сигурна дали и тој тебе. Не барај како другите да биди можеби нема да те пречекува од школо но ќе направи друго за тебе. Некако како да бараш многу детски работи од него и така се однесуваш како несозреана девојка без лутење. Нека не те мачат такви мисли не е се така црно како што мислиш.