1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мал проблем

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Springy, 23 октомври 2010.

  1. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Немој да бегаш и да се криеш. Ако сакаш да бидеш со него и ако ти значи исконтактирај го, направете си муабет и средете си. Штом си со него, веројатно ти значи, а ако ти значи тогаш седни го и пробајте да си ги средите работите.
     
    На milicka19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cvetelina

    cvetelina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    54
    Кога 2ца почнуваат врска мејѓу нив треба да има потполна отвореност за секаков разговор јас 5 год сум во врска се запознав со неговите после 3 месеци и стварно се зближивме но после некое време се подсакравме и тоа влијаеше на сите, сите бараја некои одговори за кои јас ги немав,и сега се каам сто воопшто се запознав...јас несакав но тој беше тој сто инсистираше па тоа и ете се деси тоа што се деси......
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    разговарај со него што е проблемот што не излагате. може би дечкото нема финансии за да излага а сака да биде со тебе и најлесно му е во парк на клупа и такви места. знаеш машките се по затворени и не сакаат многу работи да признаат така да треба тактички да се поставиш. дали ќе те запознае или не со неговите најблиски тоа не е ни некој проблем, што помалку се зближуваш по убаво за тебе. може би дечкото не е толку близок со родителите и не разговараат за такви теми. биди стрплива и она што е твое само ќе си дојде ;)
     
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека си во право за ова што го пишуваш. Што и да се случи кога веќе се остварила блискост со родителите за се ќе знаат и ќе си дадат право да се мешаат и да даваат сугестии дури и да не е потребно тоа од нив. Убаво е да се запознае но да биди на дистанца. Јас мислам дека ние младите тука многу грешиме. Времињата некогаш не биле вакви како сега.
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Мислам дека не треба да притискаш дотолку. Детето можда нема финансии да одите на кафе или излегувања како ти што сакаш. А ако не се сменал после муабетот што сте го направиле, два пати размисли дали сакаш да си во врска со него...
     
  6. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Можда нема финансии,можда има леви родители,па несака да ти ствара проблеми,можеби е срамежлив...а,можеби едноставно не сте на иста фрекфенција...јас мислам дека ова е баш она-јас сум таков каков што сум,можеш да ме прифатиш,а и немораш...значи,најверојатно дечко ти смета дека вие сте блиски,дека нема потреба од повеќе зближување,од запознавање со родители,ретки се тие случаи,ама ете ги има и такви,додека ти си спротивно од тоа,ти си типично девојче што сака внимание,блискост...мојата надобра другарка е во таква врска,и тоа они имаат по 24-25 години,една година се заедно,а она не се знае со неговите,ни он со нејзините,никогаш не отишла кај него додека неговите се дома,ниту пак он додека нејзините се дома,се гледаат 2-3 пати у недела и тоа на кафе или на некоја вечера и еднаш месечно одат надвор од градот во викендица на дечко и за да имаат секс...според мене они немаат никаква блискост,али кога ја прашав како може да биде во таква врска,ми рече дека претходната врска(2 год беше со дечкото) и заврши само поради таа преголема блискост,поради блискоста со родителите негови(што на крај и ја уништија врската),поминување премногу врееме заедно,така да сега има прекрасна врска,затоа што двајцата се такви луѓе и ни едниот ни другиот нема потреба од повеќе и не се чувствува запоставено...е кај тебе проблемот е во тоа што ти сакаш повеќе од тоа,како што гледам нема да добиеш(дај Боже да се среди),па затоа мој совет,барај си друга сродна душа,оваа очигледно не е вистинската ;) позз
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    вака ги прочитав сите твои коментари внимателно незнам каков тип е твојот дечко но 10 месеци се доста време ти да знајш и јас на твое место би се замислила зошто после толку време наместо све да делите и да решавате заедно вие се оддалечувате но сето тоа се дознава со разговор ти мора да разговараш со него најотворено и најозбилно можеби детето во семејството има проблеми сериозни кој се плаши да ти ги кажи од тоа како ќе се поставиш ти и како ќе реагираш потоа тие се тешко сватливи работи затоа мора да му дадеш дознаење на твојот дечко дека без разлика што и да е ти секогаш ќе бидеш покрај него и тука за него тој можеби има потеба почесто да го слуша тоа за да се опушти повеќе пред тебе и да почне да ти ги кажува проблемите и не завземвај став во типот НЕДОСТАПНА мислам дека тоа се децки работи со тоа ништо нема да постигнеш туку напротив ќе изгубиш значи фаќај го телефонот врака јавиму се на дечкоти однесиги ти некаде на кафе на некое мирно место каде ќе мошите да разговарате смирено разумно биди вистинска дама ајде ;)
     
  8. IndependentGirl

    IndependentGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    И јас имав сличен проблем на почетокот...Со дечко ми година и седум месеци како сме заедно...Меѓутоа проблемот не ми беше со неговите,со нив уште на почеток ме запозна и еве и ден денес и на ручек ќе седиме заедно,и тој кај мене дома си оди кога мене ме нема со татко ми фудбал си гледаат :D и се така...Кај мене проблемот на почетокот беше тоа што го спомна ти со излегувањето...Ние речиси во јавност не се појавувавме заедно..Се или кај него дома или на некакви викендици а на кафе онака денски како сите нормални парови или вечер на излегување ептеееееееееен ретко...
    Епа јас му кажав дека тоа ми пречи и дека сакам како секоја нормална двојка да бидеме и ние...од тој ден се смени и почнавме се почесто да шетаме ,да излегуваме....но сега и кога ќе ми рече тој да излеземе јас му предлагам да си земеме некое филмче и да си седиме дома самички :P Едноставно немам потреба од тоа ...поубо е кога сме си сами .... кафето-мафето повеќе е за друштвото...подобро тој пола саат што ќе седиме во некој кафич да му ја летнеме под ќебето и да си се изнагушкаме :lol:

    Мој совет...Кажи му дека тоа ти пречи,дека имаш потреба повеќе од тие моменти што ги изнаброи...но ќе видиш дека откако ќе ги добиеш нема да имаш толку многу потреба од нив..Работата е што ние понекогаш сакаме да бидеме видени..еве сме со дечкото видете колку се сакамее....сите да знаете.... ама после со тек на времето ќе увидиш дека тоа е најмалку важно....Успех :*
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки
    незнаев ова моето проблемче каде да го сместам па еве овде се надевам дека искрени совети ке ми дадете
    вака девојки со дечкото сум 2 месеци во врска пред нас тој имаше врска ама не му одеше си раскинаја све послем ние злеговме во друштво па ојдовме на кафе сами муабети и ни тргна да речам
    проблемот е во тоа што уморна сум на секое да го потсетвам што да прави јас упорна сум затоа што го засакав и несакам да го изгубам постојано се трудам и само ја градам ова врска а тој само мисли дека еднаш или два пати ако се јави во денот доволно е до душа сака секој ден да се видиме макар и на 5 минути му имам речено и вели дека знаел да сака ама незнаел како да го покаже тоа дека едноставно таков сум но не е то то за мене јас кога сакам давам све од себе едноставно таква сум но сакам и да ми биди возвратено пополека осеќам дека ја губам силата неможам повеќе денес ми пукна филмот видов дека колку повеќе му угодваш на некој поќе си ја крева цената фб-кот за мене не е некоја голема работа на почетокот се расправавме да не бидеме пријатели заради таја бившата мн.беше проблематична правеше кавги скандали све преминав преку тоа но еве поминај 2 месеци и почнав да мислам дека крие нешто душата ме боли ;( несакам повеќе да сум повредена несакам за 2 месеци многу се зближивме отворено си разговараме но и во многу работи чуден ми е како да крие нешто јас за све бев толерантна за долгата врска за работата за неговите проблеми внимание од моја страна невидена од тоа многу малку ми е возвратено и денес ми пукна филмот како нешто во мене да се скрши :sweat: неможам повеќе
    ве молам за совет девојки што да правам да продолжам да се трудам или не? од др.страна пак детето е паметно од уба фамилија да речам и несакам да го изгубам но и несакам на некого времето да му го пополнувам така се осетив денес мојот проблем не е голем можеби но мене од ваквите ситници душата ме боли кажетеми девојки што да правам?фала ви однапред на сите
     
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ако е така како што велиш, односно дека ти „пукнало“ нешто внатре, мислам дека натаму колку и да се трудиш, нема да ја подобриш ситуацијата, и и при најмала „грешка“ од него ќе си на граница на експлодирање. Искрено, според ова што го напиша, јас не можам да те замислам долго време и во успешна врска со него. Но сепак, пробај да разговараш многу отворено и сериозно на оваа тема, и објасни му за твоите очекувања и ставови во една врска, и што би ценела... Но и секако, да те предупредам дека независно за кој дечко се работи, неблагодарно е да очекуваш од нив во љубовта да се докажуваат и изразуваат на начинот на којшто ти го правиш тоа, односно да одат по твое однапред пишано „сценарио“. Секој си има свои начини, нели?
    Како и да е, среќно, и размисли убаво што понатаму... Според мене, твојава причина за грижа „не држи вода“, но ете, доколку во тебе се „скришило“ она нешто кое те држело за него, мислам дека натаму тешко ќе ги вратиш работите во нормала и ќе функционираш како темпирана бомба.
     
  11. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    како прво навистина мал проблем. мислам дека не тереба воопшто за ништо да се грижиш. ок ти се јавува два пати на ден во ред и мислам дека е доволно, бар според мене, многу малку гушење време за се. и јас со мојот првин се слушавме 3 пати на ден па после 2 пати. на почетокот си титкавме па престана тој да ми титка и јас ифрит лута но што тоа не значи дека не те сака. што сакав со ова да ти доволам не е важно дали некој 100 пати ке ти се јави или 1 но тоа 1 да биде искрено, не е важно дали некој ке ти каже те сакам или денес во лутина ке прескокне. важно е што чуствува во срцето и душата. колку ти осеќаш љубов од негова страна. баталете тој фб зар тоа ви стана мерило дали некој ве сака или не. ти рекол убаво дека не сака да си имате проблеми заради бившата ок прифати го тоа, а проверки е за тоа е лесно идете кај него уклучете фб и ако немаш доверба нека стои и ке видиш кој во кое време и што ќе пише. сметам дека без разлог се нервираш и пред се треба да сватиш дека машките се многу помалку склони на романтика, не се грижи не треба ти да бидеш иницијатор и не напнувај се, ке си дојде на свое па 2 месеци се малку да се прилагодите, а после адаптацијата еден на друг постави си правила. тој може се уште се однесува како со бившата. но со тек на време ке увиди дека си друга и правилата ке си ги поставиш. мислам дека за вакви работи каде што нема потреба од паника не паничи.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    не јас несакам на ист начин да ми биди возвратено но јас сум таков човек што не се лигави туку све на дело покажва сакам да кажам дека јас се трудам дури и премногу за овие 2 месеци и прифатив мн.работи но денес како да видов дека не ги цени тие работи уморна сум на моменти и јас мислам дека треба да разговарам знам дека не е некој проблем но сепак сакав да го споделам не се чуствувам добро и сакав да добијам некој совет сепак благодарам
     
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    а девојки што ќе речете за фб кот и за тоа што воопшто не сме пријатели?упорно ми кажува дека треба да имам доверба во него ама доволно ме имат повредено верувам само на дела на празни зборови не цело време ме копка како да крие нешто не сакам да да допрам темата оти експлозија настанва
     
  14. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ти благодарам твоите совети ме смирија малку не паничам но сепак ќе имам еден добар разговор :*
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Но тоа си го направила самоиницијативно, не пoради негов притисок, нели? Затоа, ако ја продолжуваш врскава, пред се’ задолжително разговор, а потоа и постави си строги критериуми за тоа колку ќе „вложуваш“ во неа, и гледај влогот да биде во зависност и од неговиот труд и посвета, за да не се осеќаш како „жртва“.
    Среќно. :)

    ^^
    А за Фејсбукот, колку и да помогнал во откривање на не знам какви неверства или лаги, сепак ќе ти поставам само едно прашање... А што доколку не постоеше Фејсбук, или слични социјални мрежи? Дали тогаш ќе бараше причина за сомнеж на некое друго поле? Зашто мислам дека овде се работи општо, за твојата доверба во него (бидејќи сама велиш дека досега те повредувале), и дека Фејсбукот ти се нашол со вистински повод за главен „осомничен“ во таа негова евентуална превара.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    да во право си прифатив самоиницијативно бидејќи видов дека е паметно дете и мислев дека вреди да се вложи и тоа и го сторив само сакам тоа да се цени како јас што ценам но во право си неможиш на човек да му наредиш на ист начин да ти возврати
    фб кот за мене е глупост но со тоа што тој станва нервозен од темата во мене се створа сомнеж само поради тоа девојки но сепак ќе имам еден разговор со него незнам како ќе бидам сватена но несакам да се нервозирам како денес си ветив а самата себе дека никој поќе нема да дозволам да ме повреди и така ќе биди
     
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    мислам дека фб не треба да ти биде репер за работите дали те сака или не или дали те вара или не. јас секогаш за се и сите совети тргам лично од мене и пак ке ти кажам ете јас немам а мојот има и што?? не ме сака или не ме зема за жена. што сака нека прави на фб ако те сака ке те сака макар да има 10 профила и да не си му пријател. сепак ти си му пријател во срце и душа тоа го неможат сите 10000 пријатели на фб.
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Јас забележав дека вакви филмови ме маваат во период на пмс. Не сум ни забележала дека сте дискутирале за мојот ако може да се каже проблем :) Во тој предиод барам игла во сено, ама му објаснив дека тоа не можам да го контролирам. Фала ви во секој случај девојки ;)
     
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ти благодарам душо сепак потребни ми беа вакви коментари да чујам добро размислив и во право си за фб кот сепак нескам да уништам све што до сега градев за еден глуп фб-к благодарам :*
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки
    разговарав многу озбилно со дечкоми му кажав све што ми смета и дека сакам да разјасниме и да се поправи секако ако сака ме свати убаво реце дека ме сака и ќе дај све од себе ;) се надевам на најдобро ви благодарам на вашите совети да не избувнувам ве сакам :wasntme:
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.