1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мал проблем

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Springy, 23 октомври 2010.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Миме, јас иако тој фејсбук го сметам за многу глупав, сепак би настојувала да ме има во friends.Не викам дека не те прифаќа зашто нешто крие, ама ај сега ако не и да не излегувате каде што е бившата?!Сепак сте два месеци заедно.Ако и после разговорот продолжи по старо, тогаш мислам да почнеш и ти како него да се правиш дека не ти текнува да преземеш било што.И тоа ако не упали, ако не ни приемти, тогаш поубаво да се разделите додека е рано ;)
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    срцка да правев муабет све ќе покажи времето јас ако прифатив некои работи и истолерирав не значи то дека незнам што да прам или дека сум будала тоа му го разјаснив да му е кристално јасно не инсистирам на ништо апсолутно ако му значам и ако ме сака коко што рече ќе има осет самиот сепак ти благодарам за советот прифаќам све
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Девојки, овде ке пишувам за да ви текне каков проблем, ако може да се каже проблем, сум имала.
    Раскинавме..

    Се слушнавме денес околу 8, и ај да се видиме. Излеговме, доаѓа тој, пали цигара а пред тоа седна па ме бакна. Јас тамн да му кажам нема да ме бакнеш, тој го стори тоа нели и вели што сакаше да кажеш и јас му кажувам, тој вика па еве те бакнав. Се си беше како и обично, јас отидов да земам цигари и се враќам, тој ми вели најубаво е јас и ти да раскинеме.

    Го прашувам зошто, што сум згрешила, нешто погрешно сум направила? Да се поправам? Тој: не е до тебе проблемот, до мене е.. не сум достоен за тебе, заслужуваш повеќе. Ми го спомна и разговорот што го правевме околу тоа на претходните страници од оваа тема што сум пишала. Тој сфатил како јас барам од него да ме води на вечери, да ми купува подароци.. такви работи, сфатил погрешно. Вели кога ќе станам човек може ќе те побарам пак.

    Залудно му објаснував дека не е во право, јас го сакам и прифаќам таков, се што е тој сакам да бидам и јас, сакам да бидам дел од него таков каков што е, не му барам ништо освен да ме сака .. ТОј само со наведната глава седеше и пушти некоја солза и тој .. офф, кога му кажав гушни ме праша зошто. Му реков ми треба тоа.. и толку силно ме гушна .. што стигна до таму да имаме и секс, ама не бевме во можност па само орален имавме .. Го прашав ќе изгубиме ли секаков контакт, нема ли да комуницираме, вели како сакаш. Пак му повторував што сакам јас..

    На крај вели, не можам да те испратам сега, јас реков испрати ме, барем другарски, може ли? Се испративме.. на фејсбук го нема моето име кај него,

    Веќе една година сме заедно, вака до сега не сум сакала, вака како што ми е он никој не ми бил а и не верувам дека ќ еми биде некој.
    Ми требаше да го споделам со некој ова, не знам како да реагирам, што да правам.. како да се однесувам,

    сигурно ви звучи очајно, ама навистина не можам да се замислам без него, стана дел од мојот живот .. каков би бил истиот без него..
     
  4. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Девојки, ми треба мислење..
     
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Има финансиски проблеми,а можно е да се срами од неговите,има многу такви луѓе...Ако си навистина сигурна,дека те сака искрено,и со тебе не бил од корист ( без навреда ) ,тогаш потруди се да му докажеш дека пари ,и ништо слично не те интересира...Иако во другите твои постови,некако добив заклучок дека сакаш да те носи негде цело време...Можеби го почувствувал тоа,па затоа решил да прекрати.А можно е,( се надевам дека грешам) да престанал да те сака,па бара изговор за раскинување...
     
  6. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    како да му докажам дека можам јас и без тоа? му објаснував.. се слушаме пак преку телефон, можеби утре ќе се видиме. како да му докажам ? јас само му кажав дека сакам да правиме повеќе активности заедно тогаш, да не ни стане монотоно и на двајцата.. освен тогаш тоа веќе не сум го спомнала.. него јас го доживувам како пола јас, дел од мене.. како да докажам...
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не мора да го напињаш пак за врска...Едноставно јавувај му се,и речи му ај да шетнеме на кеј,едно друго...Не мора да зборите за вас,бидеќи може да почувствува дека само за тоа го викаш.Остави лагано да течат работите,ама пази во меѓувреме да не го дрпне некоја.Биди онаква како на почетокот,создади ваш свет,без родители,искачања и друго...
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Ух.. утре можеби ќе се видиме.. другарски онака, без плачки што знам.. :worried:
     
  9. Shizika

    Shizika Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    ja исчитав темава и твојов проблем и искрено жал ми е што ќе ти го пишам ова сега... :(
    јас мислам дека тој тебе не те сака и дека можеби никогаш не те ни сакал, туку едноставно со времето врската отишла во правец кој нему во моменов не му одговара (прости ми што можеби звучам грубо, ама зборувам од искуство), затоа и не се зближувал со тебе, затоа не те запознал со родителите...
    а, тоа што плачел кога ти раскинал...тоа затоа што тој знае колку ти го сакаш него, па тоа што те повредува оставајќи те му задава грижа на совест....
    во врска со слушањето на телефон по раскинувањето...хм, сите машки преферираат кај бившите да си остават простор за во случај да се премислат, тие се преголеми кукавици за да те остават еднаш за секогаш (како што тоа ние жените би направиле), посебно кога се многу млади...
    уште еднаш, извини ако премногу грубо звучам, ама подобро ќе биде за тебе ако го трошиш времето и енегријата на некој кој го заслужува тоа, а овој, овој остави го малце сам со себе можеби ќе се врати кога ќе размисли поубаво што изгубил...затоа и не се согласувам дека треба да бидеш со него и другарски да се гледате....па ти несакаш да бидете другари зарем не!!! тој тоа и треба да го свати, треба да почнеш да му фалиш, не добиваш ништо со тоа што тој ќе знае дека ќе бидеш тука за него секогаш...како да те има на закачалка... :worried:
     
  10. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    381
    Извини Спринги ама се сложувам со Чупе! Твојот проблем не е последица од пмс, ниту е филм него реалност! Колку побрзо се соочиш со вистината е многу подобро него да одуговлечуваш!
    Многу е јасно дека вие немате никаква близина,а ако досега после 1 година не сте ја створиле од сега па натаму е многу тешко....
    И ја исто мислам дека треба да го оставиш некое време ( можеби ќе сфати а може и не ) ! Млада си, излегувај со другарки, дружи се! Она што ви сте го имале е само физичка привлечност и е далеку од љубов :!:
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    ке се навикнеш и без него мила..јес да сега ти изгледа невозможно ама со тек на време ке помине ке се средиш..си имала живот и пред него нели..така да и после него ке продолжиш,не се родивте залепени како сијамски близнаци нели ;) а со молење и плачење ништо не постигнуваш можеш само да му станеш одбивна,да си рече-леле оваа е патетична,аман..ти кажи му шо сакаш,дека сакаш да продолжите,дека ти недостига и сл.но немој да го молиш,да плачеш да му се јавуваш и досагаш.ако треба да сте заедно тој самиот ке го свати тоа без да му правиш притисок.срекно.
     
  12. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Ама тој не е толку романтичен тип.. јас се навикнав на тоа, се навикнав на него, многу ми треба.. од една страна можеби сте во право вие, можеби и не.. што знам времето би требaало да покаже. Ама како јас без него?, не можам да се замислам без него, без него јас сум пола јас.. како се заљубив вака поима немам знам дека го сакам само и сакам да бидам со него таков каков што е, го прифаќам, ми треба само да знам дека е покрај мене сакајќи ме.

    Денес кога бев на кафе со две другарки му се јавив и како си што правиш.. за утре нели тој муабет.. и тој ми вели каде си на кафе, со кој.. Зошто прашува тогаш? Вчера кога бевме заедно нели кога кажа дека е најдобро да прекинеме, мене ми стигна една порака од една другарка .. почна да прашува веднаш кој те бара, што сака..

    Знам дека е патетично ова од моја страна ама немам воља за ништо, нервоза ме фака само и пакли цигари.. како да не сум јас, како ова мене да не ми се случува.. Јас не сакам да го преболам зашто знам дека нема. Не можам ни да опишам што ми е тој на мене.. како пола јас, така го доживувам, еден дел од мене..

    баш се осеќам како тотална моронка пишувајќи го ова, .. бил ли некој во ваква ситуација?

    и немојте да ми велите извини што грубо звучам, баш напротив.. јас може само субјективно да гледам на оваа работа..
     
  13. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    a бре душо,пола јас,пола јас...ти не си пола ти си цело..можеш и сама без него.сеа нормално ти е тешко и незамисливо без него,ама со тек на време ке се одвикнеш,како викаат каде има навика има и одвика.те разбираме дека го сакаш.и јас и сигурно скоро сите тука што сме сме поминале низ такви моменти,да сакаш некого и да те остави,да се разделите.и мислиш дека е крај на светот,ама верувај не е.
    а тоа што се интересира за тебе кај си шо си,нормално е сте биле заедно,има чуства за тебе сеуште.може пак ке се смирите.ама немој да седиш и кукаш него шетај со другарките,искористи го убавото време.па што треба да биде ке биде. ;)
     
  14. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Сите велат ќе помине, што знам .. а како поима немам. Јас со овој човек сакам цел живот да бидам, што се случува со мене, баш ми е чудно.

    фала со објективните мислења.. во секој случај. Истите ми значат многу во овој момент. И пак .. не велете изивини што грубо звучам.
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Springy ти ги исчитав сите мислења и на крај дојдов до заклучок дека ти не го сакаш доволно,туку само го сакаш неговото внимание.
    Имаш 18 години како што видов и иако проблемот со тоа дека не те носи дома велиш дека не е проблем,сепак е проблем..ама твој.
    Јас дома единствениот дечко со кој ќе ги запознам моите ќе биде оној со кој ќе се мажам,за другите мои интимности не сакам да ми знаат.
    Едноставно треба да сфатиш дека не секој човек има толку близок контакт со родителите,иако навидум ти изгледа така.
    Тоа што другите твои дечковци те запознавале со родителите и те гледале како да си верена со него,не значи апсолутно ништо,но ти навикната од тоа нивно внимание и го очекуваш од секој нареден истото.
    А,не се сите исти, не секој искажува чувства на исти начин.
    И нормално после таков разговор што ти си му свртила, ќе сфати дека ти очекуваш многу повеќе од него, дека не можеш да го прифатиш онаков каков што е.
    Незнам зошто мислиш дека врската би се зацврстила ако се гледате секој ден,а не 2-3 пати неделно.
    Јас мислам дека така ќе се створи таа монотоност што постојано ја кажуваш.
    Девојката е девојка,а мислам дека тој е од оние типови што знаат дека со неа кога-тогаш ќе раскинат,а другарите ќе му останат.
    Можеби не сте ни компитабилни.
    Ти си таа што сака динамичност и размрданост,тој е сосема спротивното и не можете да се поклопите.
    Начинот на кој што ти си му го пренела тоа,е сосема погрешен.
    Но,тој точно те сфатил,како што и јас те сфатив.
    Сакаш само да имаш некој покрај тебе,да очекуваш повеќе отколку што може да ти даде.
    Ти си таа што го оттргна од себе,а сега го сакаш назад.

    За крај јас би ти рекла наврати се на цела врска од почеток до крајов.
    Запиши ги чувствата твои, твоите очекувања,твоите БАРАЊА, како мислиш дека ти си придонесла во таа врска и со што.
    А,потоа како го доживуваш него.
    Зошто на сите ни е лесно да ја бараме вината во друг,а најчесто таа е во нас.
    Во случајов ти мислиш дека си погрешно сфатена,но ти си таа што е во конфузија и не знае што сака,не тој.
    Но,не го забележуваш.. зошто сите сме предодредени прво за нас да помислиме,па потоа за другите.

    Сега остави го на мира,не го барај.
    Нека помине еве еден месец.
    Ако ти повторно се осетиш осамена и ти недостига,ако не најдеш некој друг.. тогаш да го побараш.
    Тогаш навистина го сакаш заради него,а не заради неговото внимание.
    Сега ти е свежо и мислиш цел свет е урнат над тебе,а не е така.
    И после еден месец поминат,па и два..ако повторно ги имате чувствата еден кон друг ќе сте заедно,со тоа што ти ќе му ветиш дека ќе се потрудиш да го прифатиш онаков каков што е,а тој да ти вети дека ќе ја почитува твојата искреност и директност.
     
  16. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Ашлинг златна, фала на опширниот одговор иако јас не се согласувам со твоето мислење.

    Ајде те молам одговори ми што би направила ти во ваква ситуација. Одиш со дечкото што искрено го сакаш, убаво ти е со него, сакаш да продожите да бидете заедно и да речеме тој истото го чувствува за тебе. Ама вашата врска се заоснова само на едно седење на клупа. Кога и да се видите вие седите на исто место во некоја градинка. Ти не бараш од него да ти купува подароци, да те носи на вечери, сакаш да правите заедно повеќе активности, да те чека од школо да речеме, кога е убаво времето да се шетнете.. и такви слични работи. Не би го сакала тоа? И сега како би му го рекла ти тоа на него а да не бидеш погрешно сфатена? Во таква ситуација бев јас, тоа со родителите го спомнав онака што знам, ..

    Штом јас не сум му раскинала на него тогаш што би барала уште ако не ми е добро со него и ако не го прифаќам таков каков што е? И како да му го докажам јас на него тоа?
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Спринги, мислам дека ова ти е прва сериозна врска и плус мислам дека си премногу заљубена во детево, па сега тоа раскинување ти доаѓа ко киселина во фаца.
    Непријатно е чуството верувам, и верувам дека ти е мачно што не сте заедно и што она што ти прераснало во навика повеќе го нема.
    Но не еднаш сум кажала овде на форумов - и ќе се повторам со она што ти го кажаа и останатите.
    НЕ Е КРАЈ НА СВЕТОТ! Така да девојче те молам немој со муабети дека половина од твоето јас го нема. Ќе го има повторно не се секирај ;)

    Според она што си пишала, мене ми е повеќе од јасно дека типот не сака да е со тебе. Причината за раскинувањето е чист алибизам, од мое искуство. Знаеш и ти кога би сакала да откачиш некој кој очигледно те сака, би бирала зборови кои би биле најмалку болни за другата страна. Така и тој. Не сака да те повреди но едноставно - не сака да е повеќе со тебе.

    Немој со сила ништо да правиш, не ја сили врската. Не се концентрирај на тоа да ја поправиш или да ја вратиш назад затоа што токму тоа ќе има многу деструктивно дејство врз тебе. Концентрирај се на други работи во врска со тебе. Инвестирај во нешто што ќе ти биде поисплатливо - инвестирај во себе. Посвети си се, излегувај, уживај бре девојко, па млада си! Целиот свет ти е сега на дланка :) Ќе видиш кога повторно ќе почнеш да живееш што би се рекло, ќе заборавиш дека некогаш вака си се чуствувала како што се чуствуваш сега ;)

    Да цитирам еден тип од еден филм - кога сме со некого во врска, на тој некој му даваме дел од своето срце. И кога одеднаш тој некој ќе си отиде, срцето не боли затоа што му било одземено тоа парче и сега му фали. Ама, деновите поминуваат и постепено се навикнуваме да живееме без тоа парче се додека не дојде некој друг кој ќе ни го надополни срцето со ново парче.

    Така да, гледаш? Секое парче од срцето кое сме го дале се враќа на овој или на оној начин, немај гајле, за кратко време ќе бидеш во најдобар ред ;)
     
    На LivingGlam и marama им се допаѓа ова.
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    значи девојки морам пак да се навратам на мене и да го кажам ова оти ќе експлодирам
    дечкото од последниот пат кога пишав овде се поправи во однос на понашањето и за тоа што му замерив и сам си призна дека греши дека сака да се поправи дека ме сака и не сака да се караме
    добивам од него внимание не велам не но сепак ми се сомнителни некои работи и неможам да си ја пуштам душата како човек рает вервајтеме пак ќе се навратам на фб-кот можеби некои од вас мислат дека е глупост но неможам да дозволам бе дечкоми да го немам за пријател нели е така?
    а бившата да му биди пријателка еден од условите кој му ги поставив беше тој а тој поминаја 2дена уште го нема исполнето то туку фатил вчера поклони ми купва ми идеше со кутијата по гла да го акнам незнам дали заборај оти има некои проблеми дома (макар што тоа не е изговор сите имаме)или се прај на 3 и пол ме фаќа ужасен инает а не сакам да се карам но со тоа што избегнува јас самата се наполнав со сомнежи ве молам девојки кажете што би направиле на мое место можеби е глупост ова моето ама нервозна сум многу :doh:
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    јас на твое место би испитала што се случува со неговата бифша оти искрено мене ми е сомнителна работава,и тоа да те нема за пријателка на фб???? што па толку му е гајле што ќе рече или помисли бифшата? мораш да испиташ или постави му услов ако одма не ја среди таа работа со фб раскини му и биди одлучна не попуштај,па ќе видиш евентуално колку му значиш,стварно е глупаво и чудно тоа што го прави....поздрав
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Миме, јас одамна ти кажав дека тоа со фб ми е многу чудно, така што јас на твое место не би се откажала па не знам колку да се караме.
    Не може ти да не си му во пријатели заради бивша, веќе 3 месеци сте заедно, може само обратно. Мене не ми е нормално.