околку 220 ден мислам не ме фаќај за збор алвердере од авокадо во дм ќе ја надеш виолетово кутивче Се става на сува коса(јас некад малце ја потопувам косата )ја мачкам цела коса и ја врзувам така пола сат или 40 мин и после ја мијам .
Косата ми е ужас сува, пробав многу работи но ништо не ми ја среди целосно. Ќе го пробам и ова... Фала
Јас пред една недела ја купив калос маската со кератин и сум задоволна. Јас ја купив од Жито маркетот истотака ја има и во Тинекс . На форумов има тема за калос маските, разгледај ја ќе најдеш интересни информации Еве линк https://forum.femina.mk/threads/kallos-козметика-за-коса.27614/
Дали некоја членка ја има користено колекцијата на Kaypro ? Вчера ги нарачав од станата Мој фризер дистрибутери се на повеќе фризерски студиа низ Македонија. Јас имам мрсна коса ама лани правев омбре и долната половина ми е многу изгорена ја шишам на 2 несеци ама джабе. Од оваа страна ми ја препорачаа линијата со кератин за сува и оштетена коса а една фризерка ми кажа маската од кавијар била најдобра за фарбана и сува коса целосно ја обновувала па вечер ќе ја пробам и ќе ви кажам
Јас ги користев ампулите и доста бев задоволна. Баш пиши како ти се допаѓаат останатите производи. Коментално ги користам маската и шампонот на Kallos, ама не сум воопшто задоволна.
Многу се убави и шампонот и маската и серумот. Ја прават косата сјајна поздрава и лесно се расчешлува. Конечно си најдов добар шампон ти ги препорачувам.
Јас ја користам оваа, предобра е косата ми ја прави како свила. Евтина е а ќе ви трае долго време Препорачувам.
Искрено незнам точно али околу 200 ден е го купив јас во дм ,а во другиве продавници не сум загледала
Здраво Ја мијам косата со шампон од коприва, со лук и некои масла али проблемот е што не можам да го поднесам веќе. Навистина помага, 2-3 месеци како го користам и имам нови бебешки влакна, али така ми ја сплескува, не можам никако да ја обликувам... @Biodevojka далии случајно знаеш некоја маска за коса со лук или сл, што можам еднаш неделно да ја ставам, а да ја мијам косата со обичен шампон, пошто ова не се издржува Поздрав
Дали ова го правиш за да ја зајакнеш косата и да го спречиш опаѓањето??? Ако да, пробај пред секое миење масажа на коренот со масло од семкиод тиква и етерично масло од розмарин. Во 50 мл. масло од семки од тиква (го има во сите продавници за здрава храна и поголеми супермаркети) стави 10 капки етерично масло од ризмарин. Нанеси мала количина само на коренот на главата (сув не е потребно да биде мокар или ако сакаш на цела коса рогаш благо навлажнета) и убаво масирај со благи движења. Покрој со ќеса и остави да делува барем 30 мин. Измиј со убав шампон. Етеричното масло го сти,улира растот на косата, а овој рецепт само со друг вид на масло го препорачав на три разни девојќи и сите ми пишаа да ми кажат дека им израснале нови нлакненца. Поздрав п.с. и најважно, не смрди како лукот!!!
Девојки месец дена користам кокосов путер како маска. Конкретно на лицето имам многу подобрувања, но на косата не гледам промена. Треба да помине повеќе време или конкретно кај мене не делува?