Матни мисли...Ми треба совет ....

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од IndependentGirl, 21 февруари 2011.

  1. IndependentGirl

    IndependentGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    26
    Вака....веќе имам барано еден совет поради еден инцидент што ми се случи со дечко ми па можеби некои од вас и знаат дел од мојата приказна...но за оние кои ништо не знаат ќе почнам од почеток..
    Еве денеска со дечко ми полниме година и седум месеци заедно (а чиниш како месец да беше) :P
    Многу го сакам и обично не си бев јас матријал за врска но еве со него ми се случи и тоа...да бидам посериозна...ме смени некако...Но нигде без проблеми :worried: Моите порблеми се од карактерот "сомневања"...Дечко ми пред мене имал врска од 2-3 години и страшно сум љубоморна на неговата бивша..таа велела дека демек ме сожалувала што сум со него (затоа што дечко ми не го бие баш добар глас во нашиот град).Во смисла го знаат како бунтовник,арогантен,си пивнува повеќе,лажач и ред други бед работи.Сепак со мене никогаш не покажал ароганција...на почеток да знаеше ептен многу да претера со пиењето но откако се скаравме поради,тоа и побарав од него да се смени тој навистина вложи напор и го намали алкохолот..Веќе се нема така крајно опивано...Сега проблемот ми е:многу се сомневам во врска со неговата бивша...незнам зошто но понекогаш си правам филмови дека е со мене од причина што неможе да е со неа,иако тој го тврди спротивното...јас многу се сложувам со цела негова фамилија,со сите негови другари,ептен добар глас ме бие во градот...и понекогаш си мислам од тие причини е со мене,демек како украс сум му :( Неколку пати сме се карале,и сум му кажала некои работи кои ми пречат,сум го условувала да ги смени и со цел да се погодиме ги менел....но пак...незнам..не сум сигурна...незнам како да се осигурам и да ги избришам тие сомнежи...и друго нешто што ми фали од него се деталите..ги нема...некогаш да се сети на некоја важна за нас дата,или онака без причина едно чоколатце да ми даде :D но не....тоа го нема кај него...не барам романтика но знак на пажња...Инаку пак нежен е многу со мене...до него се чувствувам заштитена,дека никој ништо не ми може :)
    Прашањето ми е...може ли некој да биде со вас скоро две години без да ве сака...но да биде ептен близок и приврзан,затоа што ние ептен се приврзавме,дури и фамилијарно ... можно ли е да ја сака бившата а да е така со мене...моментално малку сме скарани и еве овие денови треба да разговараме...како да постапам за да ги расчистам тие сомнежи? За директно да го прашам сум го прашала многу пати и секогаш ми одговара дека ако не ме сакал немало да биде толку време со мене,немало да ме запознава со неговите,немало да ме води на свадба на сестра му и да ме претставува на роднините,немало тој да се зближи со моите....и незнам друг начин како да се осигурам 100%....се пуштаат некои муабети поврзани со неговата бивша кои ме тераат да се сомневам...тие само 2-3 месеци како беа раскинати кога почнавме...дали ја заборавил скроз? :?:
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.561
    Најискрено,во твојов случај мене повеќе би ме мачеле неговиот проблем со алкохолот,етикетираност по негативно однесување во градот и агресивноста,отколку неговата бивша.
    Факт е дека има чувства за тебе и сериозни намери ете блискоста,па и семејната поврзаност,долго сте заедно се јасни докази за тоа.
    Некои луѓе се менуваат,ти сметаш дека ете поднамалил со алкохолот,ти и само ти најдобро знаеш колку е сменет и каков е со тебе,но најчесто вакви типови се ризична категорија за врска и брак,ама не е мое да ти судам или сугерирам.И некој сосема навидум мирен има шанси да ни направи прав пекол,нема општи правила.
    Мој совет е да се насочиш да испиташ добро дали дел од овие негативности кои ги има ги би ги применил врз тебе(да не даде Бог),а да не се замараш со бившата,не е воопшто битно кој не сакал да се заедно,факт е дека долго не се заедно и веќе е тоа далечно минато-поминале години.
    Се‘ најубаво.
     
    На Mia.MGK му/ѝ се допаѓа ова.
  3. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    771
    не верувам дека е со тебе за да ја заборави бившата (можеби првите месеци бил со тебе заради тоа) ама по ова што го прочитав очигледно е дека те сака.. затоа ич не замарајсе за бившата..
    мој совет ако планираш и нешто по озбилно со него за во иднина најдобро е да седнеш и озбилно да разговараш со него за неговиот проблем со агресивното однесување (кое сигурно е резултат на прекумерното пиење).. најдобро е да побарате заедничко решение.. нека побара и стручна помош... како последица од алкохолоѕ може да стане агресивен и кон тебе..
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.781
    Допаѓања:
    65.183
    Пол:
    Женски
    За тоа што го бие глас требало да размислиш пред да стапиш во врска со него. Но, штом си веќе со него тоа не треба да те интересира. Не е со тебе барем според мене заради тоа што не може да е со бившата. Ако не сакал да биде со тебе немало да се промени. Според мене проблемот е сега во твојата сомнеж, која треба да ја тргнеш ако сакаш да останете заедно. Ако сега почнеш со некои тестирања ќе биде лошо и за тебе и за него. Уживај си во врската :)
     
    На Simona^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Да сум на твое место , ќе го направам следново -
    Ќе го оставам некое време малку да се олади.
    Така, ќе си знаеш за многу посигурно
    дали и колку му значиш,
    ти или неговата бивша
    и воедно, да го замолиш колку што може да ги ублажи неговите лоши особини (не дека 100% ќе го смениш, луѓето не се менуваат туку-така), ама барем малку да се подобри, за тебе, за себе, ако му значиш ти и вашата врска.

    Ти секако нема да го направиш тоа
    - зашто го сакаш
    - зашто мислиш дека подобра работа правиш прилепена за него, отколку малку разделена
    - зашто нормално, како и секоја друга девојка, имаш страв дека така ќе направиш невидена штета и можеш да го изгубиш засекогаш.

    Ама според мене, штетата ќе е поголема ако останеш со него, и со тон сериозни сомнежи.
    Од тоа ќе произлегуваат уште многу кавги во иднина, а ти никогаш нема да си начисто (како и сега во моментов) ДАЛИ ДЕЧКОТО ТЕ САКА ТЕБЕ, или ти си му украс (твои зборови се ова) за пред народот, за пред семејството, плус на неговото минус (лошата репутација).

    Некои ти напишале - мора дечкото да те сака.
    Мене година и 7 месеци - не ми значат ништо, т.е. временскиот период не го поистоветувам со Љубов.
    Некои се заедно и 10 години, па нема разбирање и Љубов,
    други се само 5 месеци, па се начисто со чувствата.
    Втора работа - запознавање со роднини, свадби, братучетки, крштевки исто не се мерило за сериозност.
    За Љубов пак најмалку.
    Барем не за мене.
    Милион парови знам кои биле и поблиски и посериозни, па на крајот се распаднале.
    Тоа не ти е гаранција апсолутно за ништо.

    Ама ние бевме на свадба, он мора да ме сака и да му значам. :^)
    Која е логиката тука?

    Го кажав мојот совет,
    знам дека нема да го послушаш,
    ама според мене тоа е единствениот начин да си бидеш начисто засекогаш - те сака тебе вистински или не.
    Ќе се бори ли за тебе, ќе ги изглади ли барем малку лошите навики,
    или ќе крене раце од се' и ќе се налее уште толку со алкохол.
    Твое е.
    Со среќа.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, Candid, Jule.Sk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    374
    ИндепендетГрл немало потреба од нова тема за сличен (ако не и ист) проблем кога веќе имаш отворено една! :^)

    Е сега нели му виде во моб. дека има разговор со бившата у 3 00...уште ли не направивте муабет!? Да ти каже дали зборувал или не...земи тестирај го и ќе си знаеш на што си...дали те лаже или не :?:
    А не знам и што бараш совет, ја лично не би знаела дали дечко ти е со тебе затоа што не може да биде со бившата или те сака...Тоа ти треба најубаво да си го знаеш и да осетиш зошто е со тебе скоро 2 год.
    Може и го бие лош глас и све ама па ти не си единствена девојка у градот ( да не ме сватиш погрешно ) ако не сакал да е со тебе ќе бил со некоја друга. А тоа запознавње со неговите, т.е. официјализирање на врска е сосема нормално во долга врска не игра никаква улога и по свадби водење и ред други јавни места...Сето тоа е сосема нормално во долги врски а и плус кажа 24/7 сте заедно!
    Тебе изгледа најголем проблем ти е бившта негова и муабети околу што кружат ( па муабети отсекогаш и постоеле, на народ уста не можеш да им ги затвориш) А сомнежот што си го имаш ќе мораш сама да си го решиш со разговор со дечко ти...
    Со среќа!
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Ах девојче, девојче премногу си опседната со таа бившата. Опушти се малку. Сите мислења овде ти се само таа бивша. Премногу си опседната а можам да замислам дека и на партнерот постојано му ја зборуваш. Малку е нелогички тоа што вие сте заедно толку многу време а да не те сака. Оставија бившата и гледај си ја љубовта уживај. А тоа што не го бие добар глас требало на време да си мислиш и незнам како ќе можеш да живееш со човек полн со негативности и пороци колку и да се менува човек неможе целосно да се смени а овде богами и има премногу за менување. Незнам дали на тебе љубовта ти е задоволство или тортура и самата велиш дечкото има премногу негативности, опседната си со бившата, не му веруваш. Неможеме ние да ти помогнеме мораш самата да си помогнеш. Дека си фина и срцка мислам девојка не се ни сомневам и мислам дека заслужуваш многу подобар ;)
     
  8. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Незнам како да го разберам ова "го бие/ме бие лош/добар глас во градот"
    Луѓето постојтат за да зборуваат.Да наоѓаат мани,да се ситат на туѓата несреќа.
    Што ако тебе те бие добар глас,а него лош? Што значи тоа?
    Гледај како дечкото се однесува со тебе..длаи те почитува,те цени,се грижи за тебе,дали направил нешто со што те натерал да се посомневаш во него ?
    Дали воопшто твоите сомнежи се поткрепени со нешто?
    Ако нешто од ова чкрипи,тогаш оправдани ти се.
    И Трендафилка е во право дека времето поминато заедно не се поистоветува со љубов.Меѓутоа момакот бил со лош глас,па зошто би останал со тебе толку време? Мислам,толку време..ако имате здрава врска,а не од година и 7 месеци..година и 5 месеци да сте ги поминале во расправии.
    И ако твоите сомнежи не се оправдани,немој со тоа што си посесивна да го тргнеш од тебе дечкото.
    На секој би му здосадило нон-стоп да го прашуваш дали има нешто со бифшата.
    И што се однесува до ситниците,датите и слично..крај краева,сите искажуваме љубов на различен начин.
    Расчисти сама со себе,потоа со дечкото.
    Се најдобро :)
     
  9. Haritiela

    Haritiela Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Може е банална работа ама за првпат ме заболе срцево , ме допре ова иако навидум не изгледа ништо озбилно
    Идам со дечко ми 2 и пол години , ама пред пола година бевме скарани , месец дена и од кога се смиривме ни се на стаклени нозе односите...постар е 4 години од мене ама не е тој тип да седне и да прави муабет како зрел човек..многу работи повеќе ги разбирам од него ...Ме сака ептен ме чува..у кратки црти за него
    е сега пред 3 недели седевме у дискотека на сепаре , у недела ...случајно искочив на цигара и се запознавме...дечко ми како да беше љубоморен што склопивме муабет па да докаже дека не е го викна со нас на сепаре (се знаеја и претходно)
    е сега он идеше со женска му скоро 5 години...и таа вечер си ги раскажавме животите у кратки црти...имаше добар телефон се сликавме и ми ги прати сликите сабајлето на фб...му пишав фала и од кога стана од спиење ми врати у стил нема проблем ...и смајлито кое му го пратив уствари беше старт на муабетот
    сосема непланирано случајно, осетив дека имаме приближно исти души , сами збореа , 2 сати ми летеа како минута со него..зборевме до 9 без прекин..после отиде да се види со женската и се врати пак продуживме..ама најнормален и другарски муабет.Претходно ми имаше кажано дека им се лабави односите и на нив.Утредента раскинаа..му рекла муабет у стил ке се ебам со твој најдобар другар и го погодило
    Човек со подобра душа нити запознав нити ке запознам..муабетот течеше до вчера значи околу 10 тина дена..од убаво поубаво..слушање пишување и се видовме еднаш ама ништо не напраивме зашто сепак сум во врска каква-таква-некаква. се повеќе и повеќе се осеќаа душиве..ми рече еднаш сакам да си само моја, ке те направам најсреќна...толку беше мил , дечко како што секоја би посакала.едноставно ми правеше да ми е убаво,ми го правеше кејфот. Му се пушташе едно курвиче што ја помина цел град, а не се знаеја...и го заебавав за неа..му кажав убаво ми е што праиме муабет ама и да се смириш со бившата ке си останеме најнормално од моја страна...И пред 2 дена точно значи сабајлето се начукала , па на него му рекле јави и се , го замолиле и од што има душа , а ја му викам глуп си..и се јави
    и утредента(завчера) се понашаше на дистанца таков напнат беше и ми пукна филмот зашто по природа сум дрска малце а он знаше да ме смири и му реков ти уште ја сакаш , цело време ја спомнуваш , ја мислиш , ако толку сакаш иди смири се...а мене ми викаше нејќам више да ја видам дрн мрн...после муабетот неможам да ја смислам , ја животов со прекрасна особа како тебе си го замислив...
    значи планиравме иднина да имаме...а ја полека да се оддалечам од мојот ...
    И ме фати инат , зашто сум таква и му се испонашав ...и ке се изедам жива сеа...ми спушти тогаш...и ми пиша сега ке идам кај неа и ке се смирам ти ме натера вака...и ми покажа дека таму припаѓам..
    срцево м исе кинеше цела ноќ...10 дена бевме како у врска и како 10 години да се знаеме..од сабајле до вечер на телефон на камера...се видовме...
    И приметив претходно дека го има стаено под команда и си раководи со него како сака...иначе живее сама и он често преспива кај неа...И ми рече не ми звони цел вечер ке останам кај неа, ке ти се јавам ке ти кажам дали сум се смирил утре...и чекај чекај се разболев од мака осаменост и нервоза, а полагав утредента..и му звонам после факултет од на другарка број зашто скриен ми е сељачки и да не е со неа си помислив ама крвта ми беше камен више неможев..и му викам кај си? сам си? и ми вика не не и приметив дека е со неа...и ми звони накај 7 и вика не се смирив , болна била нешто ама озбилно било...со неа ке сум и вечер ке ти се јавам со скриен у случај да си со дечкото не кревај..и ми рече дека ја сум го натерала вака..ама не му погрешив ништо, каква грешка направив за ваков конраст и невоза да јадам сега? И ми рече ке ти се јавам пак ке се чуеме ама ке бидам со неа јас, и кога ке си идам од кај неа ке ти звонам.. и еве сега е 12 уште го нема поминаа 30 саати скоро..колку работи денес имав да му кажам од срце..колку ми е тешко само господ знае..како дождови да паѓаат у мене, за првпат вака да осетам нешто да ме допре..
    Сега спремам испити учам ама не ми е тука паметот , ке прошетав ке излезев , вака телефонот до мене и чекај, многу ми е болно и ке препукнам...што да правам според вас?
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Чорба ќе правиш, што друго. Нели гледаш дека си е со девојката и бара разни изговори кои што не држат вода за да биде со неа.Со тебе само си го лади мозокот.
    Кога видел дека си загреана и колку повеќе ти контрира, толку повеќе се загреваш за него. Нема ништо од оваа таканаречена ФБ врска и гледање на камера.
     
    На joy1 и Waka-waka им се допаѓа ова.
  11. samsung12345

    samsung12345 Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Dobro vecer sakam da prasam dali ste zapoznaeni so zborot Mahinizam i dali mozi da mi go obrazlozite podobro sto mislite dali e vo red da se bide Mahinizam ? ne znam stvarno so znaci zboro mahinizam no del kako so imam citano decko mi gi ima tie raboti vo nego.Ne znaev kade da se obratam posto nema takva tema pa reiv ovde .. Blagodaram od napred
     
  12. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Да не случајно мислеш на мазохизам (уживање во болка и понижување)?
     
  13. samsung12345

    samsung12345 Нов член

    Се зачлени на:
    2 мај 2014
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    Да да на тоа мислев :)
     
  14. Wonderfulx

    Wonderfulx Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Не знаев во која тема да пишам, мислам дека оваа е најприлагодна за мојов случај.
    Вака девојки, пред 8 месеци почнав да чувствувам нешто кон едно момче(постар од мене е 5 години), не знам дали е тоа опсесија или љубов, постојано мислам на него, кога патувавме во ист автобус кога и да го погледнев тој ме гледаше мене, или кога да поминуваше покрај мене ме погледнуваше... Но по некое време дознав дека и се пуштал на една моја соученичка,демек многу ја сакал ова-она а таа си е таква со сите излегува и сите ја користат, ама еве уште еден проблем, една друга другарка(не ми е толку блиска другарка, онака си живееме) ја бендисувал и нејзе и нејзе и пишувал исто како и на оваа мојава соученичка. Во сите овие месеци ниту ми лајкнал,ниту ми пишал на фб, а во живо постојано ме гледа, не знам што да правам мислам дека се заљубиив :( ..А него му е сеедно за мене, ладен е, сфатив дека тие погледи ништо не му значат, ако толку сакаше нешто прв ќе започнеше.
    Не ми е сеедно за него кога ќе ми кажат вака демек свиѓа друга а јас со него не се ни познавам, многу е глупо знам не се ни познаваме а јас постојано на него мислам :tmi::@
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Не си заљубена, само ти годи шмекањето. Ни два реда муабет немате направено.
    Тие муабетите што си ги слушнала за него: може се точни, може не се. Ако се, верувај, не ти треба човек што не знае на која побрзо да и‘ се пушти.
     
    На Natalian му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.812
    Пол:
    Женски

    Ништо страшно си се заљубила. Јас кога бев заљубена доволно ми беше да го гледам симпатијата. Според мојата логика се заљубуваш во некој што не можеш да го имаш покрај себе, а го сакаш тој што ти е партнер. Дечкото изгледа како играч и мислам дека треба да стоиш понастрана од него. Не се вози во ист автобус, гледај да го избегнуваш, со тек на време ќе се најде некој нов :)
     
  17. Lora45

    Lora45 Активен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дечки дечко ми пред мене имаше 2 годишна врска,кога почнавме да идеме бившата му пиша и тој и вратил,та го прашувала за мене,колкава сум била,од каде сум била и сл.потоа тој и даваше лајкови на фејс,исто и таа,и му коментираше на слики,тој ми рече дека нема ништо со неа и дека не се интересира со неа,после некое време ја избришал од френдс,иначе идеме 1 година,не знам што да мислам веке дајте совет
     
  18. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Nikako ne mi e jasna edna rabota....duri cela edna godina ne ste steknale doverba vo deckovcite pa tolku vi smetaat bivsite? stvarno li mislite deka nekoe masko bi izdrzalo tolku vreme so vas dokolku ne ve saka ili ne cuvstvuva nisto ? vo edna vrska e mnogu bitna doverbata ako ja nemas togas zosto si so nego? i on ne li smee da stava lajkovi i da ima bivsi na fb?ne znaci deka ako ja ima togas on sigurno ne te saka i ima nesto so nea hahah abe premnogu ima lazna ljubov pa tesko e da se prepoznae pravata ama edna godina i se somnevas ??
     
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.859
    Допаѓања:
    112.942
    @Lora45 приказната на еден начин е и завршена, ја избришал на фб, а сите знајме дека фб е свето место денес.
    Ајдее ... една врска се состои од две основни работи: љубов + доверба. Едното без другото не оди. Зошто би оделе со некој ако немаме доверба во истиот?
    Бившата е назад, можи да проба да дојди пак ама ако вие го имате клучот во врската, нема да успеј.
     
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.663
    Допаѓања:
    14.088
    Пол:
    Женски
    Ti prashuvash za neshto shto se sluchuvalo pred edna godina ili jas pogreshno razbrav?