Машките материјалисти во врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Tanjamm, 19 јануари 2018.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    5.373
    Многу примери ми покажуваат дека и машките прават калкулации пред да почнат врска. Конкретно две блиски личности деновиве ми дадоа такви примери, од кои едната рече „аман ми здосади да го частам, а има повеќе пари од мене, скржавец“, и друга која отишле на кафе, но откако кажала на дечкото дека не е вработена, веќе не се јавил, иако таа сакала втора средба. Мажите станаа многу големи материјалисти, барем мене така ми се чини. Си пробуваат паралелно кај неколку девојки и при тоа ја земаат „најдобрата понуда“. Чувства нема, ретко, а интерес има и тоа често.

    Мој пример, ми пишува дечко со кој кратко излегував, а три години не пишал ни збор, откако не можевме да се гледаме затоа што живее во соседна држава, а јас овде. Тој фати девојка и после 3 години сфатил дека сите знаат, само тој не знае, дека таа има друг паралелно и раскинал. Муабетот е дека 3 години ни Нова година не ми честитал, а еве го за 3 дена секој ден пишува, ми кажа раскинал, што, како. Така да нели е тоа интерес, нели е тука се пресметано?Подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка, и обратно, Кога како налага ситуацијата.
     
    На kathy es, celineparis, Victorian и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Се согласувам во последно време има се повеќе и повеќе машки што трчаат по девојки со пари. Знам доста такви примери, еве имам и другарка на која дечко и сум сигурна дека е со неа заради парите, свесен е дека ке му обезбеди работа, патувања,пари...ама па коа ке видиш никој не и ставил пиштол на чело за да биде со таков човек. Инаку да се навратам на делот кај што пишуваш за другарка ти која не е вработена- тука според мене може и да не станува збор за материјална корист. Можеби налетала на дечко кој сака финансиски стабилна девојка. А за дечкото што сега ти пишал а имал 3 годишна врска, биди внимателна, да не си му случајно само пролазна додека е во фаза на "преболување". :)
     
    На SV1911, Victorian, LadyInTheDark и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    5.373
    Нема да бидам пролазна. затоа што живее далеку и засега не се гледаме. Друго не сум јас утешна награда, па сега кога го изневерила јас сум втора опција, а 3 години едно здраво не пиша.
     
    На stetoskop и Summerbeauty им се допаѓа ова.
  4. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    Машките се материјалисти , точно е тоа. Но не колку што се девојките спонзоруши.
     
    На blonde_supergirl, Victorian, ToksycznaReakcja и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Каква врска имаат сега девојките, темава е за машки. Фала богу дека има многу такви девојки ама секое машко што практично издржува девојка, и плаќа пијачки,вечери, одмори само таква и заслужува. За среќа уште постојат девојки што ценат љубов и искреност.
     
    На The QueenD, Victorian, LadyInTheDark и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    4.880
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm ама насловот ми боде очи, без голема буква. (facepalm)
    На темава не би сакала да генерализирам, зошто има и девојки кои се подеднакво материјалисти.
    Не оправдувам вакво нешто, без разлика на полот. Значи ако зборуваме за возрасни, стабилни луѓе кои се ии би требале да бидат вработени некои работи не се океј.
    Пример излегуваш на прв состанок со дечко, чиста култура и бон тон е тој да ја плати сметката. Во ред е на втор состанок пак ти да го почестиш и така.
    Ама едно е состаноци на почетокот, друго е врска.
    Ако сте во врска подолго време може да се случи да паднете во секакви искушениа, повремено ти или тој независно да останете без работа, па и без финансии и нормално дека едниот ќе мора почесто да плаќа. Не би било страшно ако е само период ама на подолг план не би останала во таква врска.
    Имав една таква врска и колку и да беше добар дечкото, имал некои долгови не би на дугачко да расправам и не работеше никаде, па реално каде и да не повикаа цело време гледаше во мене јас да плаќам.
    Освен тоа очекуваше од мене дека јас како негова девојка сум требала да му помагам околу тие долгови, аха да ќе биде.
    Не е проблем еднаш, два пати, три пати ама јас така со месеци, па и години (ако продолжеше врската)не би сакала да терам.
     
    На +++, celineparis, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Значи во средно имав 3добри другарки и често кога вртевме муабети која каков дечко-маж сака,едната од нив царевата ќерка си кажуваше ваков и ваков,јас да имам пари,тој да има фаца и тело,да ми трчка,децата да ми ги гледа јас кога не можам и многу да се сакаме.
    По неколку години типот што ден денешен и е маж и татко на децата е како излезен од нејзините фантазии.
    Живеат во стан нејзините што и го купија,од стабилна плата од нејзина работа во фирмата на нејзините,а тој го ожени додека он уште студираше и до ден денешен менува работни позиции на година до 8-9месеци и често седи без работа т.е. кисне во теретаана дека фаца и тело мора да се има да се одржува бракот,а за пари жена е благајна.:D
    @Aleksandar1212 во право си дека повеќе жени се спонзоруши од мажи материјалисти.
    Но според мене кога на вага ќе ги ставам сите мажи материјалисти наспроти жени спонзоруши знаеш каде вагата натежнува?
    На погрдото за гледање маж лигуш без свое јас туку загреан за парите на женичката т.е.нејзините родители.
     
    На calliope, Rose96, martovsko cveke и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    64.316
    А што е толку погрешно што машкото би плаќало пијачка/вечера на девојка со која е во постабилна врска ако може да си го дозволи тоа? Кога самите жени го осудуваат ова, тогаш после нема што да ни е криво ако мажите го прават тоа. И добивањето поклон од маж независно со повод или без, стана спонзоришање/продавање за парфем/кошула/шминка...да не знае човек што да рече и што да мисли.
     
    На Dennings, oblace1, YoungandBeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Машки
    Mene bi mi bilo sram zensko da mi placa ili da se grebam od zena. A iskreno ne znam zenite sto majka baraat so takvi mazi?
     
    На blackwave, LUCI 99, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    Уживаат ,шетаат, поклончичи, па кога ќе го исцицаат му праат dump. А не е исклучена и опцијата да си има и друг маж у позадина.
     
    На buba4e89 и stetoskop им се допаѓа ова.
  11. Summerbeauty

    Summerbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Зборам баш за оние категории на дебојки кои бараат богат дечко, ништо друго не прифаќаат и не се способни самите да застанат на свои нозе.
     
    На blackwave, daylight и Emy867 им се допаѓа ова.
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Машки
    Kakov e toj maz sto ne e sposoben sam da si zaraboti za zivotot, pa uste zena da go finansira? Jas da sum zensko takvi ni pod razno ne bi gi poglednala, a ne pak da gradam nekoja vrska.
     
    На kathy es, Rose96, martovsko cveke и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Feminka192

    Feminka192 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    2.542
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме. Сите луѓе се матријалисти независно од полот. Секој сака убав живот и никого не окривувам поради тоа. И мене многу погрдо ми делува кога маж се гребе од девојка за пијачка, кафе и цигари. МАЖ бе да се вртка околу тебе како мало дете кога сака чоколадо. Не дека за девојка делува убаво.
    Сосема нормално ми е да се интересира некој со што се занимавам и секако дека и јас не сакам да заглавам со некој мрзливец што не сака за работа да се фати но да не забораваме каде живееме. Значи ако некоја личност е моментално невработена можеби по 6 месеци или година ќе биде на солидно место со добра заработка. Животот е тркало.
    Еве не би ми сметало да бидам со некој невработен ако проценам дека има во главата со напомена дека сигурно нема да му ги плаќам сметките.
    Да заокружам ДА и мажите се материјалисти.
     
    На celineparis, martovsko cveke, Victorian и 13 други им се допаѓа ова.
  14. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    3.828
    Пол:
    Женски
    Има бе и машки спонзоруши што се чудите? :D
    Една другарка имаше еден таков типац со кој се гледаше еден период. Човеков имаше 30 години, таа 21. Тој невработен, а другарка ми студент. Него му било испод части со факултетска диплома да работи што било за 12000, а не гледаше ништо понижувачко во тоа што кај и да одеа другарка ми му плаќаше кафе, јадење, такси, па и цигари.

    Логично.

    Арно после на другаркава и дојде преку глава и се освести, па го откачи.

    Јас не оправдувам, за кој пол и да се работи, ама мене како девојка ми е непријатно дечко ми да ми плати два-три пати со ред, пошто се осеќам како паразит, а камоли машко да бев и од девојката да чекам...:x
     
    На SV1911, martovsko cveke, blonde_supergirl и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm pak gulabi I vrapci :D se nekako okolu toa Se vrti pri izbor verojatno :) gulabite Se zeznati, simbol na sloboda dzabe ne se :)
    Taka sto koj kolku I da kalkulira veruvaj od cist esap dolga ljubov podobro nema. Koga stanuva zbor za vekje vozrasni lugje bi trebalo I edniot I drugiot da zarabotuvaat za sebe, a potoa da mozat zaedno da oformat nesto. Vo zivotot doagja do se, zatoa Se vikaat partneri da se poddrzuvaat megjusebno no, ne toa da e ednostrano ili edniot da go sisa drugiot. Spored mene toa Ne e materijalizam, tuku svest za toa kako e podobro, dvajcata da rabotat ili samo eden I se da e na toj.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.001
    Допаѓања:
    34.068
    Пол:
    Женски
    Материјалисти има од двата пола, не се само мажите. Секоја чест на исклучоци бидејќи се ретки. Не е толку ненормално некој да не е вработен моментално. Разбирам да сакаш финансиски стабилен партнер, но ете Македонија е ова и понекогаш стварно е тешко да имаш стабилна работа и плата.
    За тоа со плаќањето, се согласувам дека на првото излегување некаде дечкото треба да ја плати сметката. Јас и дечко ми скоро секогаш ја делиме сметката, понекогаш само тој плаќа, ретко кога само јас да платам. Јас сум уште студент и немам работа, а неговата плата не е некоја голема ама не е ни минимална, така да одвреме навреме си дозволуваме нешто повеќе. Не е се до парите.
     
    На +++ и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.459
    Допаѓања:
    13.735
    Пол:
    Женски
    Еден пример ке ви кажам само т.е два примери :
    Дечко од другарка и другар нивни со девојка , убави парови , симпатични дечки и девојки , во врска 5-6 години , како маж и жена си беа .
    И кога чекавме да слушниме дека ке прават свадба дечкиве им раскинуваат на девојчињата и автоматски двајцата се верат за некои прасици од 120 кг дојдени од Австралија :x и се женат наравно за нив :puke:
    Немам коментар за понатаму!
     
    На filip4, EraBon, LadyInTheDark и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    4.880
    Пол:
    Женски
    Нормално дека сите сме материјалисти по малку и искрено секој има право на тоа да не се лажеме.
    Не е фер некој да ме искористува, утре ќе дојде ред каде што ќе треба заеднички да се појавиме на свадба, роденден, слава, погреб што нормално се си има свој трошок каде што заеднички треба да се учествува, а не само јас. Пишав погоре пример, ако нему му се доволни 100 денари што му ги дава татко му за цигари ок ама мене не ми се. Треба и да излезеш некаде и со народ да се вмешаш, секојдневно аздисување и јадење надвор не оправдувам ама зошто еднаш или два пати неделно да не си дозволам да излезам и седнам некаде. Сум го искусила тоа, ќе не викне друг пар да излеземе или седиме некаде, тој се туфка не му се оди и ајде ти плати го таксито. Не е еднаш или два пати, лошо е кога преминува во навика. Седнуваме некаде нормално јас плаќам за нас двајца зошто тој сигурно не носи пари и тоа веќе преминува во искористување.
    Да се разбереме не оправдувам и обратен случај, каде што девојките глумат спонзоруши и чекаат некој да ги чести или да им купи нешто.
    И уште муабети дека јас сум земала добра плата, тој имал долгови од порано за кои јас ни не знаев зошто не сме се ни познавале тогаш, па да сум му помогнела малку. Важи ајде ќе биде, му ја спраштав со висок старт и веќе очи не ми виде. Не ми треба мене таква љубов, од љубов не се живее.
     
    На calliope, celineparis, martovsko cveke и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.077

    Оф мори мајкооо...

    Нејсе, али затоа муживе се пичкаруши, оти најбитно им е да е згодна и убава, и сите другари да сакаат да ја легнат, и чим стаи две кила или и пројде модата, ќе си фатат друга позгодна. Ако веќе не одат и со неа истовремено, нали...

    Секое лонче си има поклопче...
    Бирно жените се курви увек, као и да свртиш...
     
    На DAngel, buba4e89, Rose96 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.669
    Пол:
    Машки
    И машките и женските треба да испробаат што повеќе партнери како би си го нашле капачето кое им одговара.
    Жените само ги бие лош глас доколку менуваат пречесто. А мажите тоа ги билда.