Море за нив така само Австралија да се женат a не ни знаат што му е на австралијанките тактиката , ке се мажат од Македонија ке ги земат тој копукот и ке му најдат работа и цел живот само тој да работи а тие да шетаат и да трошат пари ,ако му чини нека останат во таму ако не авионот и назат , знаам полно вакви примери , и после се жалат само јас работам таа го троши парите ништо не работи , е па тоа е су го бараат и самите, и австралијанките повеќе не се Тоа што беа , знам повеќе мој другари женети во Австралија што се жалат дека на газ неможат да су седнат од работа а додека жените ништо не работат само се дотеруваат шетаат, е па тоа е сега
Не еден, туку многу повеќе машки познавам што намерно целат кон богати девојки. Баш пред некое време во очи ми падна еден познаник што имаше девојка, ќерка на директори...Му раскинала, па сега одма фатил друга исто ќерка на богати луѓе. Е добро, ние нафта пиеме. Типична машка спонзоруша. Има и богати и сиромашни спонзоруши. Не ми е чудно воопшто. Како што има девојки, така има и машки што зацртале дека ќе бидат со влијателна личност и точка. Нема врска дали се заљубени, битно да имаат моќ и пари. Неизживеани. Не ги бива да си постигнат нешто со свој труд, туку барем ги бива да шармираат богаташи и цел живот да живеат ко паразити на грб на дедото.
Ау темава.. Абе, се се до тоа, кој како ке си го навикни ај да речам партнерот Иначе реално, мене ми се гади дури од помислата, да извади новчаник девојка и да плати! Барем до сега НИТУ ЕДНАШ НЕ СУМ ДОЗВОЛИЛ (освен еднаш кога бев приморан- затоа што сакаше да чести) А реално од мое искуство досегашно, да не речам богато 99% сум сретнал спонзоруши, па дури и другарки повикуваа.. пошо нели „богат спонзор“ .. сепак не ми е ич за парите, напротив интересно ми е, како за 2 пијачки и ручек.. не те одбива да дојде кај тебе дома , па наредниот пат истото со другаркае Арно се рекло „Отвори му го џебот и ке видиш колку вреди“
Имам баш еден пример, тип на свои 33-34 год. парите не си ги знаеше, му тргна бизнисот и во рок од неколку години премногу се збогати. Инаку познат е така како женкар, често менуваше женски. Типов беше згодени доста често знаеше да се појави со топ женска. Запозна една преубава девојка во која се гледаше дека е навистина затрескан, често и со своите дела тоа го покажуваше. Таа беше предобра, душа човек. Малку заработуваше ама секогаш несебично го споделување со него иако тоа беа смешни пари за него. Одеа повеќе време, се гледаше дека тука има навистина љубов и дури сите се чудевме како сеуште не се одлучуваат за нешто повеќе. Така било оти типот имал други намери. Преку ноќ дознавме дека ја откачил девојкава и дека ќе се жени со една која не можеше ни оддалеку по ништо друго да и се приближи на првава освен по парите. Точно, женската која ја најде беше и од него пет пати побогата. И дури без срам си има признаено пред другари дека и покрај тоа што во животот свртел многу прекрасни девојки, планот му бил да се ожени со некоја која е исклучиво побогата од него самиот и со чии пари дополнително ќе може да располага. Клошар!
Многу така се растени, ако си од угледна, образована, финансиски успешна фамилија срамота е партнерот да ти е од работничка фамилија. Секогаш бирај бар едно ниво над тебе, што и да значи тоа. За да не тргаш маки во животО. Мене од дома -само да не е алкохоличар, коцкар и женкар Заостанати. Ако си убав, згоден и неопходен и ти се лепат од спротивен пол ко муви на г...о па имаш голем избор, потесниот избор ќе го ограничиш на богати и згодни. Ако немаш толку избор -само на богати или само на згодни, и крајна фаза -дај шта даш, толку се може. Се е калкулации, макар и потсвесни, чистина на емоции и целосно предавање само во први љубови на тин години. Натаму веќе почнуваш со прашања.
Во твојот случај, не станува збор за проста заљубеност, туку тоа што си бил вработена и си земала добра плата. Тоа мажето, го осетило тој момент, па сакал да ти се припија како пијавица. Одамна имам забележано дека машките спонзоруши се далеку поопасни од женските. Да е некој припадник на посилен пол и да не му е срам девојка да го части? Не е понижувачко, деградирачко е!
Лееле колку само е вистина. Во последната врска значи не сакаше ќесето да го извади, а ако го извади абе ќе го тутка ќе го превртува ама да го отвори никако. Јадење јас, пиење јас, во маркет јас уште гориво што му немав платено.
Da ama imase tuka I drugi raboti. Toj od porano si imal dolgovi, kredit, kazna vo banka zboruvam za vreme koga ne sme se poznavale nie. Rabotel vo stranstvo ama parite vo veter mu odele po kafici, kafani, pijancenja I gluposti. Koga se zapoznavme ne rabotese ama si rekov ok, period e moze sekomu da se sluci ke pomine. Meseci si minuvaa ama taa situacija ne se menuvase. Ne sum kazuvala nikogas kolku plata zemam ama toj bese svesen deka zimam solidna plata pa si mislese deka ke moze da me iskoristi. Moze ne direktno ama kade I so kogo da otidevme, sednevme jas plakav, zosto toj nikogas nemase pari. A ne mozeme da se izolirame od cel svet da ne se druzime so nikogo. Sreka so kratko bevme vo vrska, eden den mi prekipe I kazav kraj. Ne sum dolzna da hranam I pojam nekogo. Nemu mu bea dovolni 100 denari koi mu gi davase tatko mu za cigari I drugo nisto ne go interesirase. A imase situacii koga ne vikaa na kafe, rucek, vo drug gradovi drustvo toj celo vreme im vikase dogovorete se so za mene) I jas doagav u nezgodni situacii. A deka sakase da me iskoristi materijalno toa da imase premnogu situacii po koi go zabelezav ama ne bi u detali da vlagam. A ne opravduvam I obratni vakvi situacii.
Таму е само кркање , дрогс и курвалок ! Они во цела Австралија не нашле маж , дошле тука да бараат , нормално дека смрди нешто тука.
Многу е мал процентот на жени во МК што имаат таков луксуз на пари да финансираат некој маж и да го задржат за себе, а сосема трета работа е што најголем дел од тие ситуирани жени секогаш бараат уште некој помоќен од нив. Тоа е природен тек секаде во светот. Ние сме сеуште младо капиталистичко општество, но во развиени земји маж не може да дојде до тие богати девојки ако нема што да понуди таа што го нема, а не пак да те финансира. Тоа е илузија. Да не се лажеме. Богати девојки секаде во светот се движат во исклучиво затворени социјални кругови.
Многу ги гледате и двете страни работите еднострано, а тоа е во генерала зошто мажите сакаат да докажат дека жените не се во право и обратно. Егото што ти прави и на двете страни . Има и на двете страни материјалисти, тоа е реалноста. А тоа дека требало машко секогаш да плаќа сметка зошто ако не плати сметка тој не е маж - не се согласувам. Замислете машкото утре да изгуби работа и нема пари да плати ако сака девојката да излезе некаде тогаш што правиме? Ќе отиде во потрага по нафта во сопствен двор ?! Или пак обратно. Затоа тоа се вика „врска“ или „љубов“ а кај овие два збора во јазикот наш сиромашен спаѓа секогаш и разбирањето. Значи мора да се има разбирање. Убаво е машкото да плати сметка и јас сум за тоа и сметам дека така и треба да биде ама не претерувајте. Или пак еве друг пример. Во брак, мажот губи работа а жената работи и има пари тој период, тогаш што? Харикири на тераса. Ако си маж не значи дека секогаш коцките во животот ќе ти бидат подредени и дека ќе имаш работа и финансии. Има и црни времиња. А истово важи и за жената. А за материјалисти и материјалистки имало и ќе има и на двете страни. Секој има само различни искуства и не верувам дека овие работи можат да се стават на вага.
А зошто ви е чудно ова? Нели сите сме исти? Или пак само на девојките им е дозволено да бидат gold diggers.. Не гледам причина зошто и машките да не бидат такви кога веќе се бара еднаквост иако за мене не е убаво тоа и двете страни да го прават.
Леле ама ми се интересни овие за кои најголем срам би им било девојката да плати. Е зошто бе, да ве прашам, има некоја логична причина? Бидувањето маШ патем не е логична причина. Ај назад во педесеттите со вакви ставови.
Мене ме интересираат способни и реализирани машки личности. Моите пари се само мои и самата ќе ги трошам. Никогаш не би влегла во врска со некој кого треба да го издржувам.