Имав другар ваков, стално викаше дека цело време цели за девојка што живее надвор од Македонија и да биде богата и искрено ми се гадеше кога го гледав како лаже други девојки што не беа од неговите богати фантазии. Не сакам ниту мажи ниту жени без амбиции, сакам мажи што си го вреднуваат трудот и не се расфрлаат со парите како да нема утре само за да привлечат внимание или мажи што чекаат жената да ги издржува.
Јас не сакам неамбициозни луѓе. Не ми е за парите, ама ако нема желба да успее во животот, на секој план, не би можеле да бидеме заедно.
Земи си бројче и чекај во редот за тоа што те интересира. п.с.робава што те интересира од одма е резервирана или распродадена. Има женски кои исклучиво со тоа се бават и не оставаат такви парчиња за останативе смртнички.
Гледај си за себе, како што впрочем секој треба пред себе да гледа. Јас не спаѓам во тие што чекаат ред.
Не е никаков срам девојка да плати на машко, според мене. А зошто да биде срамота кога сме исти според права и должности. Но друга е работата кога се рабити за поимот МАТЕРИЈАЛИСТ. Според мене при изборот на девојката или машкото кога се работи за сериозна врска, поголем е процентот на девојки спрема машки, кај кои преовладува материјалното.
тие мажина што чекаат од жена финансиска помош, и што се со неја ради пари , тие несе мажи!само се водат како мажи на документ. крајно неспособни и не одговорни мажина! маж не би направил таков кукавички потег никогаш.