Девојки фала ви на сите многу многу најмногу Мислам дека почнав да не се замарам со мајка ми толку многу, благодарение на вашите совети, фала ви Сега имам уште еден проблем, тој е многу срамежлив, дури повеќе и од мене. Како да допрам до него, немаме некое заедничко друштво, не знам како
Па јас мислам дека веќе си доволно возрасна и можеш самата да одлучуваш за себе. А околу тоа со мајка ти разговорот е најдобро решение. Ако не со неа, седни со татко ти па тој нека и каже мајка ти е не може така да ти вика глупава си, смотана си ... ( и мајка ми некогаш на нервоза знае да ми каже по некој лош збор). Седни и поразговарајте. А ако тоа момче ти се допаѓа, а и ти нему нема причина да не бидете заедно како и да е мајка ти ќе сфати дека веќе не си мало дете. Денешните деца од 11/12 имаат дечковци, зошто па ти да немаш, таман си си. А и не може да не се дружеш со никој! Запознавај нови луѓе, почни да спортуваш нешто, ако имаш некоја братучедка нека те таа запознае со нејзини другари/другарки едноставно биди друштвена а мајка ти како и да е ќе сфати.
Ве молам за помош.. имам проблеми со мојата мајка, не ми дозволува да се гледам со мојот дечко.. пробав и со криење, но полошо е така.. секојдневно ме навредува не можам да ја трпам повеќе.. вели дека сум мала и многу ја нервирам поради тоа што имам дечко, се обидував да разговарам со неа нормално, но не бидува.. а не можам да го оставам дечко ми, помина низ пекол и сега навистина му требам. Секој совет ќе ми биде добредојден...
^ Serendipity знам дека можеби нема многу да ти помогне, ама пробај повторно раговарај со неа. И ако почне да вика и да те навредува остани приземна, почекај да се смири и кажи и дека сакаш да разговараш како возразна личност, во четири очи, без навредувања. Потоа објасни и ја ситуацијата, кажи и дека ни на крај памет не би ти паднало да правиш со него нешто за што ќе се покаеш, затоа што мајка ти се плаши од тоа, дека дечко ти ќе те искористи само за секс и ќе те остави, а притоа ти ќе бидеш повредена. Пробај објасни и, сигурно ќе те сфати. А ако не, тогаш сигурно знае нешто за тој дечко или за тоа семејство и сака да те заштити. Ако пробате со ваков нормален разговор, таа ќе те доживее како одговорна личност и ќе сфати дека сама можеш да се заштитиш и дека нема да направиш нешто погрешно. Знам дека можеби не сум најсоодветна за давање совети, ама ова е што јас би направила ако се случи тоа. Пробај вака па кажи што си направила
Ke probam pak, imam probano vakov normalen razgovor no ne mi pomogna bas, sepak blagodaram za sovetot
јас не кажувам за тоа сакање, но сепак сакам да кажам немој да ги сваќаш сериозно комплиментите од мајкати.јас сум машко и бев дебел имав другари али слабо другарки...Татко ми почна да ми кажува смотан си ова она немаш женска итн.. доколку јас го сватев сериозно тоа ќе можеа да станат психички трауми.. такада може да стане ментален/на.тоа јас го сватив.. со совети од форуми итн. НИКОГАШ НЕГАТИВНИТЕ РАБОТИ НЕ ГИ СВАЌАЈ СЕРИОЗНО
Стравовите намајкати се во тоа што таа за тебе мисли дека си смотана и дека неможеш да излезеш на крај со дечко и дека тој ќе те искористи и недај оже ќе затрудниш и што потоа. Не е лесно да се биде родител иако негогаш не ѓи рабираме или несакаме да ѓи разбереме. Обиди се да и покажеш со дела а не со зборови дека си одговорна личност и се ќе биде во ред. А колку што видов имаш 16 години зарем не е тоа премалку за да имаш дечко?
Ti si dovolno golema za da odluchuvash za sovite postapki. polnoletna si. Prvo tajno gledaj se so nego. Po nekoe vreme mozhesh da i kazhesh na majka ti.
Каде виде дека е полнолетна кога има 16 години (така и пишува на нејзиниот профил) и според мене сеуште е мала за да има дечко на 16 години и според мене во право е нејзината мајка што не и дозволува да има дечко
а зошто да нема дечко ?сега не викам и односи да има со него,но дечко може да си има,тоа е нормално,дај сетете се ние какви бевме на 16 години јас бев вљубена уште на 14 ,сите сакаат да си ја изживеат младоста нели?само внимателно ,и секако мајка и не мисли ништо лошо,секој родител му го посакува најдоброто на своето дете
извини, но 100% сум сигурна дека мојата мајка не смета дека сум смотана или слично. А за односи со партнер пред 18 години не сум ни помислила. Фала богу разумна сум. погледни ги девојчињата од 13-14 години денес, ретко која не е "несреќно вљубена" или пак нема дечко. не велам дека сум јас голема, но сепак нормално е човек во овие години да влегува во тие води. тоа е мое мислење
Ja kje ti dadam eden sove t sedni so majka ti objasni i deka vekje si golema i smireno razgovaraj so nea iskreno ne mislam deka si mala na 16 godini da imash de4ko poglednete gi site deneshnive generacii kakvi se pa posle zborete dali e mala dali ne deca od 10 godinki gi gledam po ulica so de4kovcite fateni pod raka a ne pak ona so svoite 16 godini a ako majka ti povtorni ti zabranuva posle razgovorot mislam deka nemora taa sve da znae noo po nekoe vreme kazhi i sepak ne e ubavo da se krijat raboti dolgo vreme pozz [mod-kirilica:2xhmx33j][/mod-kirilica:2xhmx33j]
и ја си имав со мама проблеми (иначе има 15 години ке пра 16 за 2 месеци) првпат си фатив дечко пред 10 месеци и ете ти расправии и контрање. ама ко виде како размислува и дека не е то 'туку така си те лажит' сепак остина малце. сепак што и да е си требат упорност ко ке видит дека си одлучна и дека се сакате ке олабајт и морат да прифатит кога - тогаш
Вака .. имав дечко 14 месеци и нешто,се беше извонредно.. нашата љубов беше како во бајките,онаа права љубов а ја имавме на само 16 години јас,а тој 18 . Последните месеци имавме мали недоразбирања,мали караници но се онака безвезе,ништо посебно.. Тој замина на екскурзија низ Европа 7 дена .. кога се врати излеговме и тој самиот ми призна дека ме изневерил со неколку курви тамо во некоја дискотека..бев запрепастена незнаев што да му кажам,тој ми рече дека после тоа што ми го направил неможе да продолжи со мене..неколку дена по тоа видување,нашата разделба не се слушнавме воопшто,не пишувавме на фб, и слушнав од другарките дека му се допаѓа друга,односно девојка од моето друштво,но не сме нешшто претерано блиски со неа,но летово нон стоп излегувавме и се тоа..тој почна да става слики со друштвото и таа на нив.. неможев тоа да го поднесам и го избришав..по некој ден после тоа бевме на роденден кај неа,и нејзината сестра тие се близначки,бевме поканети и тој и јас,со останатите.. Тој не дојде на време,задоцни дојде покасно со трубачи,како изненадување,играше со неа пред мене,а го носеше саатот на раката,што јас му го купив за годишнината.Неможам да го опишам чувството,подоцна тој свиреше цело време,јас излегов и роденденот го преседов надвор.. Неможам да се навикнам сеуште дека е крај,неможам да го преболам,неможам да заборавам на се...сепак во мене некаде длабоко во срцето стои мала надеж дека ова е само лош период и дека се ке заврши,и пак ке почне одново нашата приказна,ке продолжи..Би сакала да ве прашам дали некогаш кога би посакал да ми се врати треба да му опростам и да му се вратам?Јас тоа би го направила затоа што превише го сакам и неможам без него..вие што мислите?
Какво враќање, каква љубов од бајките? Прво, можел да си дозоли да те изневери со обични "лесни" девојки (и тоа во множина, не една) после долга и убава врска, второ, некој да ти го приреди тој срам, таа болка, да почне да излегува со твоја познаничка и уште да и дојде со трубачи на роденденот на кој и ти присуствуваш.... извини што ќе ти кажам, ама тој не вреди ни пет пари. Малку ако те почитува, не мора да те сака, и ако има малце човечност, не смее да го направи тоа. И да сече вени пред тебе не треба да му се вратиш. Толку од мене, ти си знаеш понатаму, ама ако продолжиш да живееш со надеж, само ќе те боли повеќе.
Toj nikogas ne te ni sakal da te sakal nemalo da te izneveri, nemalo da trca po drugarkati i da nosit tvoj podarok bez ni malku bolka i sekjavanje. Barem mu go dozna vistinskoto lice so vreme
Какво простување, какво враќање назад ! Добро е што уште сега си го дознала каков човек е он. Не е ни прв ни последен, има време ќе си најдеш друг што вистински ќе те сака. Не е ни прв, ни последен
Не ги осудувајте вашите родители во право се.Еве дури ќе се навратам на тие години и ќе ги споредам и моите.Еве татко ми ќе го земам за пример, да биде машко мислење. Немав јас некој стабилни врски, на тие години многу машки знаат да бидат идиоти, јас на овие години имам многу поинакво мислење.Врска на 16 години е најубаво да биде со некој што е малку постар или врсник,некој што е сличен на вас и што ќе имате и другарска база.Татко ми вика дека на тие години треба да се има некој од типот што ќе сака да излезете до некаде, да се забавувате, како што кажав нешто слично на другар, без запознавање со неговите или вашите, без нешто сериозно,така обична врска да се каже.Никој несака да е искористен, па така се во свое време.