Мајка ми се меша во врската и ми прави проблеми

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од fensy, 2 мај 2011.

  1. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Девојки мајками ми праве постојани проблеми. Кај едввај го поздравува дечкоми и постојано ми се дери сум немала другарки само со него сум била , а со кој јас да фатам да се дружам се тие не биле за мене и школо и околности ни биле различни.толку девојќиња од мојава гимназија само јас со нив. и за се ми се дери, не знам веке што да правам со неа не знам !!!!!!!!!!!
     
  2. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Речиси секогаш, мајките сакајќи го најдоброто за нас (пошто сме им се на светов) и сакајќи да не заштитат, претеруваат во своето однесување. И нормално тоа не лути и тоа многу, али мора да сфатиме дека тоа го прават од преголема љубов. И мајка ми знае понекогаш да биде нападна и да ме убива со демагогии, али јас секогаш отворено разговарам со неа и и кажувам што ми пречи. Сака разбере сака не, нејзин проблем, а ако премногу замара тогаш идеме опција turn off :D
    Едно е битно -мајките секогаш го сакаат најдоброто за нас и не ретко се во право-
    А тоа што не го поздравува дечкоти
    хахахаха ме изнасмеа :D :D :D
    тоа е нејзино, неможеш ти да и кажеш како да се понаша. Едноставно таа си го покажува нејзиното, ако тебе ти е добро со дечкоти и сметаш дека мајка ти е грешка што не го сака и не видела каква прекрасна личност е тој, тогаш уживај си со него и ич да не ти биде гајле за никој и ништо !
     
    На bubica13 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Како што кажа unique123 мајки те ни мислат најдобро и бидејќи се грижат за нас понекогаш знаат да претераат но ти седни и разговарај со неа објасни и некои работи кажи и дека веќе не си мала и дека можеш да одлучуваш правилно, да си ги избираш другарките и да си избираш дали сакаш да бидеш со другарките или со дечко ти ... сигурно таа е загрижена за тебе како секој родител но сепак малку претерала па ти објасни и како стојат работите сигурно ќе свати
     
  4. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Седни си со неа на по едно кафе и кажи и дека не сакаш толку да ти се меша во врската и да ти се дера за тоа дали си имала или немала другарки! позз
     
  5. tea82

    tea82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Не дозволувај,да подпаднеш во тие критики на мајка ти,сепак мајка ти е и треба да ја поцитувас,биди икрена со неа и објасни и дека не ги прифакас нејзините одлуки,објасни и за се сто мислси,и обиди таа да те разбере,но немој никогас да ја лазес сто и да е немој да ја лазес својата мајка
     
  6. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    unique123 тебе може тоа да ти биде и препремногу смешно,али сепак фала на советот но јас си знам како ми е поради тоа. Се лути тој , а и не само тој и другарките пријателките и мене ме става во многу незгодна ситуација. Значи излегуваме јас дечкоми негов другар со девојката не сретнува ни здраво не им вели едвај едвај, додека на девојката мајка и и кафе кај неа дома и муабет и се . Значи дечкоми ми вели како да одам со тебе кога мајкати не ти дозволува може тоа не го кажува ама се праве да се скараме,одиме 2,5год. мене здраво не ми вика, па што почит има кон мене . Школска ми доаѓа кај мене,она не станува здраво да и каже. Доаѓа кај мене пријателка 2години постара од мене да ми објасни во врска со школо, и она кај дошла била постара од мене не била моја генерација. ме убива
     
  7. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Па седни си со неа, разговарај си кажи и све што ти смета и замоли ја да си го смени однесувањето. А на дечко ти можеш слободно да му кажеш да не се замара што и како праи мајка ти, пошто се додека си му ти ок и вие си се согласувате ништо друго не треба да биде битно.
     
  8. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Епа неможел тој така, јес да греота му било од мене да се пожале но сето ке завршело поради мајка ми. Немала никаков однос кон него,тој неможел да го трпи тоа. Мислел дека не ми даваат да одам со него но тоа не ми го кажувала така за да не ме повреде.
     
  9. Manuelap

    Manuelap Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    8
    Majka e majka, edna na svetot, pokusaj da zboruvas so nea, smireno i kazi joj so ti smeta kaj nea, i taka da najdete nekoe resenje, ona kao mnogu majki mislat deka kerka i e mala uste i da se druzi, da izleguva do ponok, i da ima decko. samo razgovor i dogovor moze da ti pomogne. nikako ne smes da se naljutis so majkati, ipak ona ti e majka.
    [mod-kirilica:289tdhz9][/mod-kirilica:289tdhz9]
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.419
    Допаѓања:
    5.376
    Детето секогаш е поблиску со едниот родител искористи ја шансата и направи еден добар разговор со тој што си поблиска, ако си поблиска со татко ти разговарај за твојот проблем со него и тој ќе и објасни убаво. Ако не седни со блиска тетка или било која блиска роднина што има подобри и помодерни сваќања и нека и објасни се што треба на мајка ти доколку веќе ти немаш никаков однос или пристап кон неа така ќе ти биде најдобро, а со дечкото не дозволувајте да се карате заради неа.
     
  11. delinejskata

    delinejskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    И јас имам сличен проблем во мојата врска.Барав ваква тема неможев да најдам па решив овде да пишам иначе нова сум на форумов.Вака во врска сум со мојот дечко веке 5 месеци,со нас е ок но проблемот е мојата сестра.Таа ме запозна со него и таа ми го намести и онака беше ептен добра со него до пред некое време.Послем тоа таа почна да ги оладува односите со нас двајца како да ни љубомори на врската несакам така да се изразувам ама така ми делува иако ми е сестра.Додека тој доаѓаше кај мене дома се беше ок ама кога јас почнав да одам кај него дома таа почна со мене да се однесува мн ладно нон стоп ми викаше за се нешто ми кажуваше кое време да се вратам и сл.Онака ептен ми е чудна затоа што пред тоа беше повеќе за него отколку за мене а сега ни двајцата не и одговараме.Пред некој ден јас бев во скопје со него да видам некои работи за матура затоа што сум матурантка а таа наместо кога ми се јави да ме праша сто сум си купила и како си поминувам таа ми вика дома да не се враќам.Иначе јас со неа седам сама во стан и кога се вратив од скопје ми кажа да си излезам од станот да сум си одела со него да живеам демек тој ме лажел и незнам се што не ми кажа.Дечко ми ме сваќа и во се ме подржува ама ни двајцата неможеме да ја сватиме неа од каде таква промена а најлошото е што ми кажа дека веке не сакала да го види демек којзнае што и направил а и ми се ближи матура ...и стварно незнам кој филм го има во таа нејзина глава само знам дека навистина ни претставува голем проблем во врската ....неможеме нормална врска да имаме ..а и несака да разговара со мене на таа тема ...стварно незнам што да правам во врска со неа....
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    fensy
    те разбирам во каква ситуација си, оти многу пати до сега се случило мајка ми да одбие да ги прифати момците со кои сум била во врска(освен тој првиот, најмногу го засакаа и заедно со татко ми и брат ми, и многу пати се слушило да ми префрли зошто не сум се омажила за него |( оти со него ке ми било најдобро)
     
  13. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Да,и јас го имам истиот проблем.
    Отсекогаш сум го имала.
    Според мајка ми, никој не е доволно добар и убав и паметен и богат и не знам уште каков не за да биде со мене.
    Успешно ми расипа една врска (имаше и други фактори ,но таа и татко му беа пресудни),а сега ,гледам и оваа сака да ми ја расипе.
    Не можам да најдам заеднички јазик со женава!
    Ма дечко ми имал досие (за толку смешна работа што и самиот збор досие бега од контекст ) , па не зел ниеден испит , па не знам што... Секојдневно се карам со неа, мене ми е убаво со него и се ми е таман, гајле ми е што немал земено испити или не знам што, додека е тој коректен со мене - таман ми е.
    Арно ама, таа не сфаќа,не знам кој и е проблемот.
    Ах , да, ако не земел диплома од факс ,од што ли ќе сме живееле , со што ќе сме ги хранеле децата ,оооооффффффф !!!!!!!!!!!
     
  14. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    А бака кога правите муабет прашај ја мајка ти дали би била посречна ако дечко ти има диплома ама не му се оди на работа?Како таа диплома ке ви носи пари дома?Значи најважно е каков е тој ,а ти најдобро си го знаеш тоа.Ако ти сметаш дека тој е вреден да те има тогаш биди си со него.
     
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Докажувај и на најразлични начини дека не е таков како што го замислила...така што ќе зборуваш каде работел и такви работи...
     
  16. BabY21101994

    BabY21101994 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    И јас имам сличен проблем...секогаш е на негова страна секогаш е така како што мисли он.а најсмешното е што не се знаат :))
    Едноставно кулирај пред нејзе...кажи и да не го прави тоа дека сакаш ти да си го контролираш твојот живот...! тешко дека ке те разбере бидејки мајка ти е:) ама обиди се направи муабет со нејзе.. :)
     
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Многу се мислев дали да ја спеделам мојата приказна и конечно собрав храброст,зошто неможам повеќе ;( Можеби некои ќе ме осудите,други ќе ме охрабрите,но ве молам кажете ми нешто ;(

    Имам прекрасна две годишна врска.Дечко ми е прекрасна,внимателна личност каква што секој би сакал да има покрај себе.Ме држи како последна капка вода во раката,никогаш за ништо не ми згрешил едноставно немам зборови со кои ќе ја опишам неговата добрина и искреност.Кога сум покрај него,животот ми го прави бајка.Но,најголемата кочница во сето ова е мајка ми.Не сака да го смисли само затоа што не бил богат.Го следи секој мој чекор,нема ден а да не ми префрли и со часови да ме прекорува,ми вика попрво ќе умрам отколку да ја дозволам оваа врска,го навредува со секакви погрдни зборови,го нарекува сељак,глупак,клошар и како уште не,го навредува неговото семејство,а тие се прекрасни луѓе.Живеам во неверојатен страв и стрес[.Секој ден се будам со помислата да не дознала и да не упропасти се.Приморана да градам кула од лаги,да ја убедувам дека сум раскинала и немам ништо повеќе со него.Кога ќе види некоја со богат дечко и веднаш почнува е види ја онаа,е знае каде да си се намести,онака треба,а не ко тебе со сељаци си фатила работа. :x
    Се гледаме еднаш неделно и тоа само навечер,на поскришно место за да не ме види некој ;(
    Додека сите мој другарки си ги менуваат дечковците ко чорапи и секој нов дечко е прифатен од родителите,додека си одат на викенди,на одмори и секаде каде што ќе им текне,мене вака Бог ме казува ;(
    Од една страна се обвинувам зошто ја лажам,но од друга немам друг излез.Стојам помеѓу два огнови.Неможам да ви ја опишам мојата болка.
    Понекогаш се прашувам зошто олку не ме сака Господ?Каде згрешив? ;(

    Ве молам девојки помогнете ми ;(
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Mила ти никаде не си згрешила, едноставно си се вљубила и тоа во прекрасен дечко како што кажуваш.

    Очигледно е дека мајка ти е таа која е полна со предрасуди...не дека е целосно крива... ако се потрудиш да ја разбереш ќе сфатиш дека само го сака најдоброто за нејзиното дете.
    Ете тој не е богат, а неа материјалната страна и е битна, пред се` за твојата сигурност и иднина. Сигурно си мисли- од љубов не се живее. Ама па вие сте млади, имате само по 18 год., цел живот е пред него за да се изгради па дури и да стекне некое си богатство кое би ја задоволило твојата мајка.

    А каде е татко ти во вашата љубов, што мисли тој, дали тој ја подржувал вашата врска или воопшто не ни знае?

    Немој да се разочаруваш и да мислиш дека Господ не те сака...такви сме ние мајките, мислиме за нашите деца, вие сте нашето богатство и таа само не сака ти да страдаш и да се мачиш. Може имала самата таа тежок живот и не сака низ истото ти да поминуваш.

    Лошо е само што нејзиниот пристап е премногу погрешен, што го навредува дечкото и што не си дава самата таа шанса да го запознае, што уште од сега си го бара идеалниот зет..
    Немој повеќе да ја лажеш, седни си со неа на кафенце и полека и смирено објасни и дека сега за сега тој дечко ти значи, дека сега за сега е совршен што не значи дека исто ќе се чувствуваш и по неколку месеци.
    Кажи и` ги негови доблести, објасни и дека ти значи и дека не е фер да ти брани да љубиш.
    Кажи и` дека подобро е да ја знае вистината, отколку да ја лажеш...

    Што би направила-да не избрка од дома случајно, да не те тепа и казни, кажи и` дека со тоа само уште повеќе ќе те отргне од себе, а ќе направи се` повеќе и повеќе да го сакаш.
    Нека ти дозволи самата да направиш избор и да донесеш одлука дали би го поминала и остатокот од животот со него.
    Кажи и` дека си млада, дека ете си се вљубила, што не значи дека тој ќе е и единствениот дечко во твојот живот.
    И запомни на лагата кратки и се нозете, кога тогаш ќе се дознае за вашата љубов.
    И уште нешто запомни, мајката никогаш не му помислува лошо на своето чедо.

    Мора да најдеш храброст и да и` кажеш, макар што знаеш дека ќе наидеш на осуда и на навредувања.
    Немој се` повеќе и повеќе да се заплеткуваш во лаги, гневот ќе биде поголем кога ќе дознае дека и покрај се` си ја лажела.

    Жал ми е што мајка ти нема разбирање за твојата љубов. Сепак ако постои и најмала шанса барај подршка кај татко ти, може заедно ќе успеете да и` докажете дека парите и богатството не се предуслов за среќа.
    Со среќа :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Фала многу,многу многу драга lolyta777.Незнаеш колку ми значи ова,што конечно некој не ме окриви и ме поддржа.

    Инаку татко ми незнае ништо околу ова,страв ми е да му кажам од неговата реакција, да не направам уште полошо.Знам дека мајка ми,ми го мисли најдоброто,но како што кажа и самата,нејзиниот пристап е многу погрешен што само го осудува,а не сака да ги запознае неговите доблести.
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Заедно сте две години, време е и татко ти да дознае, не мора да значи дека ќе те осуди, може баш тој ќе има разбирање, може ќе те подржи.
    И онака веќе си во тешка ситуација, полошо не верувам дека може да биде, доста се солзи, време е за насмевка.
    Биди храбра и кажи му, има право да знае. И тој ти е родител.
    Ајде, ајде не е се така црно, има надеж. :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.