Да дополнам,тој е постар од мене(има 22 години),работи од утро до мрак и заработува,но сепак тоа не ги исполнува нејзините критериуми Не е толку во лоша ситуација како што таа сватила и го претставува,едноставно не е многу богат,но не е ни сиромашен.Средна класа.
Мила ти треба да разговараш со мајка ти,да и објасниш дека ти стварно го сакаш дечко ти и дека што и да прави џабе ќе и биде.Објасни и дека ти ја уништува среќата а тоа не и доликува на една мајка.Ако не успее и ова раговарај со татко ти и кажи му се! И дека не е мнигу сиромашен,дека како принцеза те третира Пробај не губиш ништо Ч)
И мојата мајка на почетокот на врската беше против и се тоа исто како тебе во слична ситуација бев и јас..но откако седнав да зборам со неа и и објаснив некои работи си го смени понашањето и све е океј пробај да разговараш со нејзе Со среќа
е не ми се верува дека има мајки кој на својте деца се во состојба да им ја попречат среќата .....и тоа ни мање ни више затоа што не бил богат .......абе бог да чуваа а што ако е богаат и не ја цени поштува вара и незнам више што се не .................
Денеска ми заѕвони телефонот и мајка ми го слушна.Почна да ми вика да и го дадам да видела кој ми звони,но јас не и го дадов и си заминав.Збесна!!!Помислив дека ќе ме убие.Потоа почна да ми вика на цел глас,да ме колне,и на крај ми рече ќе ме видиш ти мене,од сега не смееш да подизлезеш од дома,ни во сабота!!!! Единствениот излез кога можев да го видам сега го нема.Незнам кога ќе го видам,ни што ќе биде Неможам да раскинам,невистина многу го сакам и тој мене.Можеби ќе си речете ова се типични тинејџерски проблеми,но не е така.Нашата врска од секогаш беше стабилна,цврста,полна со разбирање и планови за иднина.Нејзе и е лесно да ме тера да раскинам,но како да се откажам од единственото нешто што ме прави потполно среќна?Среќна ли ќе биде кога ќе ми го сруши целиот свет? Повторно паднав во истиот оган во кој што се наоѓав. Стојам затворена помеѓу 4 зида како да сум го направила најголемиот грев. Немам со кого да зборнам,кој да ме свати,кој да ми подаде рака Потполно сум сама.ПОТПОЛНО Со мајка ми не зборуваме,брат ми е сеуште мал,не ме сваќа,а со татко ми имаме многу далечен однос навечер кога ќе се врати од работа одма си легнува,дечко ми единствената личност што ме прави среќна,сега е далеку од мене. Незнам што ќе правам
Незнаеш јас низ што врвам,колку солзи имам исплакано,што имам собрано во мене. Само збирам,збирам,збирам На овие години посакувам никогаш да не се родев,. Ако веруваш го колнам денот кога сум се родила
Во многу слична ситуација се најдов и јас кога со мм бевме уште дечко и девојка. Да, причината беше иста-пари. Исто како и тебе и мајка ми само ми ја полнеше главата со глупости и ме контролираше ама јас не се криев за инает и викав „со него сум“. А не е да немаме што да јадеме Бог да чува, можеме да си дозволиме многу работи, но не, уште 300 животи да поминат на нив никогаш нема да им биде доста од пари. Неама да ти го кажам она „мајка ти ти мисли најдобро“ затоа што на своја кожа осетив дека некои луѓе не заслужуваат да имаат потомство. Ние решивме (а и немавме некој избор зашто татко ми се закани дека ќе ме избрка од дома ако не прекинам, а јас сум човек што не може и не сака да крие) и откако мм разговараше со свекор ми, му рековме на татко ми штом е така нема потреба од бркање сами ќе си заминеме и оттогаш правеа 300 комбинации да не разделат преку овој преку оној, сосила ми ги зедоа сите алишта, татко ми пред мм крена рака на мене и 300 др работи што ми е срам да помислам на нив. Но, сега не е исто. Господ враќа само што опоравен на татко ми му се врати болеста и пошто брат ми е женет и си има свој живот не ги рецка моите, сега татко ми тепачот упорно ме бара, ме моли ми плаче ама јас му реков „ако ти е уживај си во паричките што ги заштеди овие години место да се погрижиш за сопственото дете, ти ги пушти да се мачи и притоа сеир му пукаше и на мене и на мм“. И господинот чиј глас ечеше кога ќе се раздереше на тоа сеа молчи како дете коа ќе скрши нешто и нејќе мама да види. Многу ме осудуваа што не им простив и никогаш нема, но ако се стави некој на наше место, колку се мачевме да испливаме на површина и додека траеше тоа ни се смееја и пукаа сеир мислејќи дека нема да се снајдеме сега коа стоиме добро, „ама јас сум ти мамичка, јас сум ти татичко“, не паѓам јас на тие финти. Ако сте мамичка и татичко, најдете ми се кога ми е најтешко после знам и сама. Така што ако планирате заедничка иднина сеа незз колку години имаш ама ако сте сериозни не е ни битно, бидете храбри и спротивставете им се, знам изгледа тешко, но ќе видиш дека се ќе се преброди. И ако (дај Боже) останете заедно и ве молат твоите за прошка, размисли дали би преминала преку се што ти направиле па тогаш одлучи. Среќно и известувај не како оди. П.С. Предлагам темава да се спои со оваа ljubovni-problemi/majka-mi-e-protiv-mojata-vrska-t360/30.html
Мајками и мене ме тера да раскинам со дечкоми иако јас мн го сакам а и тој мене....По се што поминавме заедно....Сите тие пречки...Оваа последнава никако да ја поминеме Многу пати и имам кажано на мајками да не ми забранува да бидам со него но таа...Ве молам за совет
Нормално е родителите да се грижат за децата, па дури и да се плашат и тоа да биде претерано. Значи родителите го сакаат само најдоброто за нас и верувај дека нема шанси да мислат лошо. Мајка ти треба да разбере дека ти си среќна со него, дека го сакаш... Обиди се пак да разговараш со неа, сериозно и без викање, објасни и како стојат работите.
немаш наведено причина зошто сака да раскините....сигурно има некоја добра причина....ако сакаш наведи околу што се работи..? во секој случај, треба отворено да разговарате, без викање, да и покажеш дека знаеш со кого си и дека знаеш што правиш, едноставно да има доверба во тебе, без разлика дали ќе се работи за овој дечко, друг, или за нешто сосем трето....
Незнам од каде, изникна дека дечкоми се дружи со наркомани, иако не е точно ...Токму поради ова мајками ми рече да раскинам со него, јас многу пати и објаснив дека ги познавам неговите другари и дека никој од нив не се дрогира но таа не ми верува Исто така ми реце дека слушнала од сигурни извори но не ми кажува кој се тие извори
Девојче имаш само 15 години, уште не си доволно зрела и не си поминала доволно работи во животот за да можеш да размислуваш толку правилно во некои ситуации. Не верувам дека мајка ти намерно би измислувала такви работи ако гледа дека навистина го сакаш. Која мајка би и наштетила на сопствената ќерка и би направила таа да пати? -Никоја. Сигурно таа има доволно добри причини штом така ти зборува, да немаше, немаше да ти вика да раскинеш од чиста мира. Јас на твое место би разговара отворено, би ја замолила да ми каже од каде тие информации, дали е сигурна и се, па после и со него би зборела, не да речам еј мајка ми рече... туку да му потспомнеш да видиш како ќе реагира, ако лаже ке се познае по реакцијата Сепак, мислам дека не треба слепо да веруваш во него, и да не ја слушаш мајка ти, сепак на 15 години за жал, може и он да те лаже, мала си и неискусна. И секогаш запамти, дека мајка ти е единствеата која секогаш ќе ти зборува за твое добро, ти ќе го сфатиш ова, порано или подоцна.
незнам зосто те убедува да не бидес со него која е прицината но понекогас знаат и мајките да претераат се месаат таму каде не им е место ко децкоти кеспие со неа а не со тебе па незнам бил од село па не бил убав .нема убава кола дрн дрн дрн ко да за неа бира затоа не се замарај води си ги твоите цуства ако тебе ти се допага и ви е убаво на двајцата тогас немапотреба никого да слусас.посто знам како е и јас го имав слицниод проблем
Фала за советите ...Јас ќе размислам убаво што сакам..И ќе зборувам со мајками и дечкоми и ке видиме што ке излезе од сето тоа ... Сепак фалави уште еднаш Позз
ако се вистинити гласините, тогаш мајка ти е со право загрижена, нормално како и секој родител. Но, ако не е вистина, тогаш мајка ти не може да ти забрани да се гледаш со него само поради некој гласини. Жалосно е што родителите честопати повеќе им веруваат на некои од на улица што ќе кажат, отколку на сопствените деца. (и тоа најчесто се случува да те види на пример некоја тетка, со некој каде разговарате, па одма доаѓа дома ти за да земи муштилок) А, мајка ти, ако сака да си и ти искрена, нека биде и таа, нека го каже изворот, освен ако не е заштитен сведок, побитен од тебе
Луге помагајте со совети секако. Со моите неколку дена по ред зборам за одмор да идам со дечко ми и не ме пуштаат. ми зборат ко мажена жена ке сум идела само со дечко и такви работи. мајка ми рече не сакам да дискутирам веке за тоа и не ме пушта. најлошо ми е тоа што дечко ми нема да иде со другарите поради тоа што со сите откажа ради мене и мајка ми сега ова го прави. и не е само за одморов не ме пушта нигде да идам на ден два со дечко ми. знае дека идеме 2 ипол години и тоа е време и сепак ми вика ко мажена жена не може вака така. дечко ми е толку нервозен што вика она и во брак ако ни се меша вака подобро е сега да прекинеме и крај. до кога ке ти диктира што да правиш. и стварно се сака да е по нејзино. сите мои другарки си идат со дечковци и друштво а јас си седам дома и си киснам. ме пушта да искачам со него не прави проблеми ама како да и објаснам дека се осекам загушено, дека не можам вака да живеам и да правам како они што сакаат. се осекам многу лошо. и и викам треба да се омажам ли па да идам со него на одмор? сакам некое советче од вас и се надевам дека работиве ке се поправат иначе не знам што ке правам со ваков начин на живот
пред се ако си полнолетна тогаш можеш без проблем да те пуштат. Прашај ги што е причината зошто не те пуштаат? сигурно и добро го познаваат па не си од вчера заедно. разговарај со нејзе кажи и ги твојте планови за во иднина. Јас тој проблем го решив со тупкање на нозе идам и крај и исто побарав после две години да идам со него на одмор но ги припремав уште од зимоска и стварно летото им реков дајте само пари јас идам. Значи биди упорна и храбра и пред се јака и истрајна во она што го сакаш
Расчистив со мајками а со дечкоми повеќе не сме заедно...Но не поради тоа...Поради други причини...Дури сега сваќам дека мајками сепак имала право do nekade Позз