Не разбирам зошто не кажуваат од катедрата кога сите знаеме за дописот и кога веќе е воведен полициски час. За организирање ќе се организираат секако не им е првпат. Добро е да знаеме на што сме сепак.
Значи има студенти од други градови, не сме сите во Скопје, мора и ние од страна да си се организираме некако...
Има ли некој друг проблем со iknow, не ми е внесен семестарот а од деканат не даваат конкретен одговор
https://forum.femina.mk/threads/Медицински-факултет-УКИМ-vs-Медицински-факултет-УГД.9607/ https://forum.femina.mk/threads/УГД-или-УКИМ.29612/
Јас мислам дека координаторите знаат, само не кажуваат, не верувам дека не им е кажано, ама би требало веќе да знаеме не се фер..
Координаторката напиша дека до петок, би требало да бидеме известени. Во коментар на објавата е напишано.
А од која причина не би кажале? Сите знаеме за забраната за полагање со физичко присуство, само се чека да потврдат од катедрата со официјално соопштение за да бидеме 100% сигурни.
Сериозно мислите дека таа демек не знае? Глава давам дека професорката и има кажано дека ќе е онлајн само и има кажано да ќути до петок за демек да учиме. Стандард идат така работите, за жал ние последни дознаваме..
Не треба да е некој координатор за да заклучи како ќе биде во овој случај. Сите студенти дознаа за дописот од деканат и според тоа останува или да се одложат колоквиумите или да се спроведат online. Ама штом физио 1 полагавме online најверојатно и двојката така ќе биде. А ова што не држат во неизвесност од катедтата е демек за да не се олабавиме според мене. Така да нема потреба да се плука по координаторите, барем во овој случај не.
Тотално се сложувам. Плус, не треба баш да ни менува нешто фактот дека ќе е физичко присуство или онлајн, пошо секако треба да си научиме. Е сега, фактот што многу од колегите сме од надвор од Скопје е проблем, но до петок секако ќе кажат така да сите може до понеделник да испланираат за превоз ако е со физичко присуство (што не верувам дека ќе биде).
И да и е кажано да молчи и да не знае воопшто, на сите ни е јасна ситуацијата, а и досега навремено сме биле известени за физио секогаш. Не мора одма да се плука по се, веќе сме свесни дека и професорите знаат да бидат тешко достапни и да не даваат конкретни одгвори.
И ние од тригодишните уште чекаме извествуање од катедрата за физиологија што првично беше кажано дека ќе биде со физичко присуство , полагаме во понеделник а се уште нема известување...
Или ќе биде онлајн, или ќе го одложат, или нема да полагаме и се ќе стават на испит. Нема што друго. Не можат да одат против деканат, и да си организираат физичко полагање само тие.
Само што добивме инфо , испитот ќе ни биде онлајн на нас , претпоставувам и на вас ќе ви биде онлајн.
Дали некој знае дали микро учебникот оргинал е во боја? дека ако не е во боја не гледам поента да чекаме и за него оргинал