1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација за време на одмор

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од inanina, 28 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.347
    Пол:
    Женски
    Последните неколку години како не пишано правило,кога и да одам на море имам добиено. А одморот го планирам според тоа како ќе ми дадат одмор од работа, немам избор. Па таман работа да не се бањам. Си функциоирам најнормално. Користам тампони. Само правило ми е штом излезам од вода веднаш да го сманам тампонот. Затоа кога се стационираме на плажа мора во близина да има гардероба или пак до покултурен кафич. До сега не сум имала никаков проблем.
     
  2. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.675
    Допаѓања:
    5.445
    Пол:
    Женски
    Навистина не е фер од цели 365 дена , оние 10 дена најчесто, за кои живееш буквално, се спремаш цела година, штедиш и слично, и баш тие 10 дена да ти се зезнат.
    Јуначки си седам под чадор, бидејќи повеќе од 20 минути не се издржува на сонце а при тоа да не се разладиш, си читам, шетам наоколу, плискам нозете и тоа е тоа.
    Не сум помислила на земање апчиња со цел пролонгирање на циклусот, а и мислам во иднина не би посегнала по тоа.
    Тампони немам користено и исто мислам дека не би користела.
    Иако бројам и калкулирам, мојот организам реагира на промените, и откако прв пат имам добиено, не паметам да сум немала тие 10 дена.Најчесто 2-3 дена пред да си одам чук-чук, или додека сум таму, како ова лето на пример..
    Ужас!
    После 2 дена на одмор добив.
    Мака за мене, ама дупла мака беше за дечко ми :D

    Чта чеш, женски сме, мајка природа, неможеш против :)
     
    На l0vE...-love му/ѝ се допаѓа ова.
  3. unwritten

    unwritten Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    12
    Вистина ли е дека овие апчиња може да предизвикаат неплодност кај жената ?
     
  4. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Иам петнаесет ипол години, од кога памтам за мене одам со родителие на одмор и не ми се случило да да ми дојде менс. за време на одморот. Ааа оваа година сигурна сум дека ќе ми дојде и сакам некако да ја одложам, дали би било добро да земам п. нор (апчињата за одлагање) мајка ми ми вика да се консултирам со матичниот и ми дозволува. Што мислите вие... Кажете ве молам утре ќе одам :)
     
  5. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    а инаку сум имала односи, а не ми е згодно да им кажам за тампони.. ве молам помош .. :/
     
  6. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Јас се имам консултирано со доктор кој е доста искусен во својата работа и неговиот став е дека немаат негативно влијание врз организмот на девојката. Многу женски ги користат не само за одмор,туку посебно спортистки кои имаат важен натрпевар и слично. А за контраиндикациите и еден парацетамол да се напиеш може да настанат контраиндикации бре луѓе, важно е со било какви таблети,лекови,хормонски терапии да не се претерува доколу навистина не е потребно,а како што спомнаа некои претходно ако ги пиеш неколку дена (само за одмор) во годината сигурно ништо лошо нема да се случи :)
     
    На mime87 и butterfly33 им се допаѓа ова.
  7. tazna

    tazna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Би сакала да прашам дали кога се земаат таблетите за одложување на циклусот можеме да конзумираме алкохол по одреден период откога ке ја испиеме табелтата :|
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.086
    Допаѓања:
    155.548
    Неблагодарно е да тврдиш ваква работа. Извини ама хормон и парацетамол не е исто. Тоа е исто како да ти речам еј сакаш да ослабеш? Па јас имам еутирокс, кај здрави луѓе предизвикува нагло слабеење, сакаш да ти ги дадам да ослабеш,ништо нема да ти биде? А може да те фрли во кома, да доживееш срцев удар и не знам веќе што.
    На другарка и се здрвија прстите на нозете и крв од нос и течеше од контрацепција. Втора таблета никогаш не се ни напиј, отиде на доктор и и рекоа дека не смее да ги пие.
    Братучетка ми се исфрла со огромни чирови по целото тело и и се појавија нагони за повраќање.
    Така што вака што се советувате демек ништо страшно, не сум сигурна колку не е. А и имајте на ум дека контрацепцијата и се хормонско во огромна мера влијае врз сензитивноста на кожата на сонце...
    Не би ве советувала да ги зимате на своја рака освен ако не утврди доктор, гинеколог соодветно решение за вас.
    Контрацепцијата ја промовираат чисто од трговски причини, но ретко кој е волен да појасни дека не секоја од нас може да ја прима. Тие велат консултирајте се со доктор, ама не кажуваат зошто, па девојките си мислат е да бе, апче ко апче што ќе ми биде од едно.
     
  9. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Дали некој знае после колку време треба да ти дојде откако ќе испиеш 17 апчиња од Примолут Нор? Мене ми ги дозволи гинеколог дека имам скоро 16г. И не ги пијам веќе 2 дена па сеуште не ми дојде... Ај речете нешто некако имам страв... :/
     
  10. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Околу 5 дена (ова е некој просек,кај некои +/-, 1-2 дена).
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    I JAS ги имам пиено лани на одмор требаше да имам цел одмор и немав др.избор боже мој штетни биле па кој таблети не се штетни?и затоа има гинеколог да прашаш и фармацевда се консултираш јас од лани се немам напиено кога престанав да ги пијам по 2 дена ми дојде најнормално и како и секоја менструација ми беше и тогаш ми траеше 7 дена и то ето немав никаква мака со менструација никогаш не би отишла на одмор првите 2 дена имам обилно крварење имам болки и ги поминвам во кревет и со сето ова јас да одам на плажа на +40 да и да припаднам во секој момент сигурно,или да се капам со менструација и да закачам 500 бактери или да го поминам цел одмор во хотелска соба да сигурно,затоа и е кажано после одмор си пиел таблети или не да се оди на гинеколог тука секој може да кажува бабини и деветини...
     
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Кој го препорачува тоа? Прв пат слушам. :^)
    Мислам, во ред ако се правеле пакости на одмор, со непознати момци, и без заштита, гледам валидна причина да се оди на гинеколог. Ама онака, најредовен одмор, зошто на гинеколог? :?:
     
    На Bozica1980 и Hipster им се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    па бидејќи во вода кога се капиме колку луѓе има?многу скоро сите вршат мала потреба плукаат во вода некои све тоа е бактерии и зараза мојот гинеколог тоа ми го имаше речено и да ги пијам таблетите и не да одам на проверка поради бактерии што има и такви работи
     
  14. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Blagodaram, nekako se smiriv
     
  15. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Јас секогаш си го планирам одморот да ми биде откако ќе ми заврши циклусот.
    Дечко ми барем за тоа не се буни. (знае дека и за него така е подобро :P )
    Гледаме и со другарките (зависи кои идеме) да се погодими. Ако не одговара ептен па и одделно си идеме, во групи по неколку. Женските меѓу себе си се разбираме за овој проблем и не се лутиме една на друга за тоа.
     
  16. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Благодарам, некако се смирив :)
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.885
    Допаѓања:
    25.947
    Во мора, скоро и да нема можност за закачување бактерии, проточна е водата и плус солта убива се.
    Додека друго е во езерска вода.
    Како и да е, подобро тампони, отколку хормонски апчиња.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Мене сепак пак не ми е јасна финтата за бактерии, и потребата за одење на гинеколог после одмор. Освен ако гинекологот наплаќа за секој преглед па затоа така да советува.
    Не одам на заболекар после одмор од страв дека ми влегла бактерија во уста од водата во која сите се капат, па што има врска со долната шуплина, стварно? :^)
     
  19. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    девојки дали некоја во скоро време ги има користено тиа апчиња за одлошување? мене треба да ми дојде на 12 а на 10 тргам на одмор, дали се штетни? да ми објасни некоја што ги има користено стварно за таква работа? првпат одам на одмор со дечкоми, и несакам да ми се расипе одморот. ќе ви бидам благодарна ако ми одговорите.
     
  20. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Џенски,хелп.. :worried:
    За неколку дена одам на одмор.Мојте ќе ми ја исполнат долго посакуваната желба :$ .Да одиме повторно Лефкада,притоа со нашиот автомобил и да се шетаме,по плажите низ островот.Ќе бидеме таму 9 ноќи,10 дена.
    И од тие 10 дена јас 5 ќе имам менс.За се е крив тој Април месец! Мораше ли пред време да ми дојде,а се си имав испланирано.Ќе ми дојдеше последниот ден.Па така цел одмор уживање. :angel: Можно ли е да сум толку малер!?Ајде де 5тиот ден немам,баш ќе се искапам. :!: И налет тоа роденден ќе ми е.И сакам да се шетаме тој ден со брод.Сака да се капам,не сакам пола одмор да го поминам под чадор. :( Сакам да сум нон стоп во вода :!: .И плус морам да одам со пливање,до другиот остров,а за тоа треба вежбање.
    Тампони и апчиња нема да користам,хелп.. :worried: :worried:
    Ама еве и ова докажува колку сум малер! :doh:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.