1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација за време на одмор

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од inanina, 28 јуни 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.769
    Допаѓања:
    131.124
    Даваш грешни информации. Иако не бараш совет, побарај. Штетни се апчињата, ама пиј си ги ти, побитно е да имаш секс на одмор отколку здрав репродуктивен систем.

    Останувам на тоа дека докторот ги дава кај хормонално пореметени девојки, или пак по нивно барање без разлика која им е причината. Не ги дава од чиста мира. Не се витамини, туку хормонални апчиња.
     
  2. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    ^ Добро, се извинувам на ширење на дезинформации. Од сега совет ќе барам од форуми, а не од мојот гинеколог. ;) Постручни луѓе има на интернет отколку оние со дипломи и приватни ординации. Поздрав.
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.898
    Допаѓања:
    111.300
    Пол:
    Женски
    А да си ја извадите матката и јајниците е тогаш ич нема да добиете менструација на одмор. Бог да чува да се пијат хормони од бес. 35 години имам никогаш не сум помислила на такво нешто. Сум добивала на одмор па никому ништо. После се чудиме зашто не може да останат бремени па миоми на матка па на градите промени. Али нема везе важно е секс на плажа да се има.
     
    На kjukli, tessie и Cka им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Често ми се случувало и не сум сметала дека е крај на свет. Поголема одговорност од аспект на хигиена 4-5 дена (некогаш само 2 дена ако не ме фатило на почеток) и тоа е тоа. Апчиња на крај памет не ми паѓаат. Да не се повторувам за причините, споменати беа погоре. А на одмор најбитно ми е да му се изнарадувам на морето, секс може и дома да имаме, од друга страна пак, море во двор немаме. Но, секој си има приоритети. Не судам, не се мешам, лично искуство.
     
    На kjukli, Valerin и Lovely93 им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.347
    Пол:
    Женски
    Добро што е проблемот со тампоните, дај објаснете ми. Бог да чува, ќе се клукак со апчиња, ќе мешам прсти во хормонален баланс на сопственото тело, ќе поместувам циклус. Си ставам бре тампон и готово. Стварно не разбирам зошто прв избор ви е апче (кое може да повлече низа последици по себе) него тампон кој со правилна употреба, се чувствувам исто како кога немам добиено. Значи го менувам на неколку саати и го менувам одма по искачање од вода. Тие ми се две правила и односно две екстра работи кои се разлика кога сум со добиено или без добиено на одмор.
    Па јас не само на одмор, и секој месец кога имам добиено при спортување, џогирање, пилатес, кога носам тесно здолниште прв избор ми е тампон. Ем да не се оцртава ем да не ми смета.
    А за секс, па ќе се стрпам 5 дена без него, голема работа одмор бил, или ако не ви смета терајте ја и таа работа кога имате добиено, мене лично ми смета, и се стрпуваме некој ден :lol: ама имам другарки кои немаат против.
     
    На kjukli и imelda им се допаѓа ова.
  6. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас лично сум против трите, и против апчиња, и против тампони, а особено против секс со менструација. :puke: Овојпат ете се решив за апчињата.... а што се однесува до тампонот, мислам дека пре би се бањала без ништо :lol: барем јас имам негативно искуство со тампоните.... Инаку за бањање со менструација единствено во солена не било нехигиенски имам прочитано, слатка вода и базен никако. Ко мала се бањав неколку пати во езеро со добиено, ама не сум знаела тогаш. :$
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Jaс никогаш во животов немам користено тампони, а искрено не сум ни сигурна како изгледаат бидејќи сум ги видела само на слика. Второ, и страв ми е да турам нешто внатре. Вие кои го правите тоа слободно јас не ви се мешам но јас сепак не би.
    Освен тоа, многу пати сум имала добиено за време на одмор, и не сум се капела тие 4-5 дена воопшто, ниту пак сум имала секс.
    Едноставно се воздржувам тој период и водам сметка за хигиената преку редовно капење со млака вода.
     
  8. Qs Toy

    Qs Toy Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Значи вака, имам 12 години. Прв пат добив на 20.06.2015 и мислев дека втор пат пак ќе добијам околу 20, но добив денес. На одмор одам на 05.07, па дали трет пат ќе добијам пак на 7 или на 20.Ми е страв ако добијам на 7 ке ми пропадне цел одмор.Благодарам однапред!
     
  9. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Да не си згрешила? Пошо сеуште не е 30 јуни, а ти велиш првпат тогаш си добила?
     
  10. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте :( Имам 14 години и мојата менстурација првите 2 години(добив кога имав 12)на иста дата секој месец беше редовна и баш се радував ради тоа но последнава година кога ке и текне доаѓа хаха дури се случува и два пати во месецот да имам;( и во јули ке одам на одмор незнам што да правам,тампони незнам дали да користам т.е дали мајка ми ке ми даде појма неам невина сум сум немала односи фала му на бога хахахах,ехх помогнете мии;(:sweat:
     
  11. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Mislam deka normalno e toa, poso i mene mi bese taka prvite 2 godini mi bese redovna i bas si znaev koja data ke dobijam, ali posle ne mi bese redovna a nekad i dobivav neocekuvano, ali ke pomine toa neznam vo rok od nekolku meseci ili 1 godina. Ali ja iako imam skoro 20 god tamponi nemam koristeno, cudno mie. No, ti nosi si vloski za sekoj slucaj pa valjda nema da ti dojde za tie 10 dena hah :D:D
     
  12. Qs Toy

    Qs Toy Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Sorry! Прв пат добив на 20.05.2015 и денес добив пак сум ги згрешила датумите затоа што ме фати паника.
     
  13. Perfectgirl5

    Perfectgirl5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2015
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    985
    Пол:
    Женски
    Нормално е првите 1-2-3 години да не ти е редовна и да ти доага неочекувано. А, неможеш уште сега да знаеш на кој датум ќе добиеш. И нема зошто да ти е страв тоа си е нормално, со себе носи си влошки, па се надевам нема да добиеш баш тој период кога си на одмор :$
     
  14. Qs Toy

    Qs Toy Нов член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Благодарам.Многу ми олесна. Ја прашав и мајка ми и таа ми кажа дека 1-2 години ќе ми е нередовна, но сепак не ќе бев мирна ако не слушнев и некој совет од вас. :*
     
    На Perfectgirl5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.275
    Пол:
    Женски
    Да не се заречам ама ете никогаш не ми се погодило да имам менструација за време на одмор, али имам другарка на која константно и се годи тој период.На 2ри/3ти ден од одморот и доаѓа и ми вика не доаѓа во предвид да седам и да не се капам.Си влегува во вода со влошка, потоа ја трга.Тампон сеуште не користи, а и да и се случи некоја незгода(мада што не е можно во вода не протекува)вика ич не ми е гајле ионака никој не ме познава таму.:lol:
     
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Скоро секоја година имам, бар некој ден, дали на крај ми доаѓа или првите денови како и да е ме фаќа бидејќи обично идам на одмор по 15дена.. Ама тоа во никој случај нема да ме сопре да уживам, тампон и гајле си немам, за болките неколку аналгина и како нова сум :rofl::rofl:
     
    На Oscar Lady и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ја разбирам темава, менструација за време на одмор и што? Какви апчиња за одлагање какви глупости, ние треба да се прилагодиме на природата а не природата на нас.
    Незнам како можете воопшто да помислите да спречите нешто што е природен процес, мислите ли на далекусежните последици или мислите само на тие 7дена?
    Нема да умре никој ако не плива една година, еве јас никогаш не сум пливала па сум сеуште жива.
    Чувајте го здравјето додека го имате бидејки на одмор можете да одите кога и да посакате ама здравјето ни со пари неможете да го купите.
     
    На Sky-butterfly, Miss.N и kjukli им се допаѓа ова.
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не можам, а да не се запрашам- што прави со влошката откако ќе влезе во вода?
    Се надевам дека не ја фрла во морето:o.
     
    На kjukli и crazylady им се допаѓа ова.
  19. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.275
    Пол:
    Женски
    Не не, таман работа.:rofl:
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Епа не можам да сфатам- јас така го сфаќам тоа “си влегува во вода, па потоа ја трга“.
    Зарем не е пологично да ја тргне пред да влезе во вода?- навистина не ми се јасни овие, морам да кажам примитивни методи.

    Колку убава работа се тампоните, а се уште има еден куп девојки кои или седат со шорцеви, или применуваат некои вакви работи како другарка ти, место да си стават тампон и да заборават на секоја нелагодност предизвикана од менструацијата.

    Јас неретко сум добивала или сум имала добиено кога сум била на одмор, ама тие неколку денови сум ги поминувала цивилизирано, со често менување на тампон, и на тој начин менструацијата воопшто не влијаела на моето уживање.
     
    На Strumka22, kjukli и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.