1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструација

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од Era, 19 април 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Три месеци. Од хормонално нарушување. Оставив контрацептивни таблети по десет години и повеќе, ми дојде два месеца по ред природната, и после тоа три месеца ништо. Психички бев, како накострешен мисир, некој да ми пријде само и бес ме фаќаше. Докторот кај кој отидов првин ме убедуваше дека само по себе ќе се стабилизира. Вториот месец веќе почнаа да се сомневаат да не сум влегла во рана менопауза. И косата ми паѓаше ненормално тој период. Нема врска дека треба да добиеш прво па да ти тестираат хормонален статус. Доволно е да знаат кога ти беше последната вистинска менструација, и од тоа да пресметаат, каде од циклусот би требало да си и кое ниво на хормоните би требало да ти биде. Плус кај некои хормони има доволно луфта да се каже во целиот период да се рачуна во нормала додека кај некои веднаш се приметува дали се ептен надвор од скалата на нормално без разлика кој период од циклусот ти е.
     
  2. GladIoGirll

    GladIoGirll Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    здравоо :)
    Имам 16ипол год а менструацијата вејќе 2 год не ми е средена 1месец ќе имам после 3-4 месеци ке немам,бев на гинеколог ми рекоа дека ми се во ред јајниците а сега што е работава нз ни јас самата :\ Дали неможе да пробие или .. :worried:
     
  3. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Ох бе девојче ме насмеа не можело да пробие :D
    Немај гајле штом се е во ред ,со време ќе ти се регулира сеуште си во развој . Инаку има жени кои имаат нередовна менструација најчесто улога игра генетскиот фактор , имам другарка која до својата 24 та година имаше нередовна па дури после породување и се среди циклусот , така да без гајле .
     
    На Twinkles и GladIoGirll им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Значи не ти е уште средена за да ти биде редовна, млада си и уште си во фаза на созревање. Ќе ти варира тој период, ти биди здрава колку сакаш но треба доста време за да си дојде на свој ред и месечно да добиваш на секои 28 дена.
     
    На GladIoGirll му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GladIoGirll

    GladIoGirll Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    А имам и слушано ако имаш секс можеби ќе ти се среди менструалниот циклус хаха интересно :D :D
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа, очигледно ве лажат на млади години. И после сексуалниот однос менструацијата може да ти дојде, може и не, или порано да дојде или подоцна. ;)
    Или со еден збор кажано ќе ти варира.
     
    На GladIoGirll му/ѝ се допаѓа ова.
  7. jessicaalba7

    jessicaalba7 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    17
    Девојкииииииии мајка ми сака да ме носи на гинеколог... Што да правам?
    Иначе мастурбирам понекогаш со триење преку алишта? Може ли тоа да има некаква врска со циклусот?
    :sweat:
     
  8. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не си сексуално активна, па и да си ако не му кажиш на докторот или докторката само на ехо ќе те видат на стомакот и ако имаш некоја цистичка ќе ти дадат апчиња, ако не ќе ти речат дека од самото ќе ти помини и да се опуштиш оти можно е да ти од стрес или едноставно се уште да не ти е средена секако си во пубертет. Не паничи се е во ред.
     
  9. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10

    Јас имав проблем со нередовна менструација. Најпрво, еден-два месеци ми течеше по две капки, за потоа шест месеци да немам воопшто.
    Додека да се открие што е проблемот, отидов на десет места и дадов едно чудо пари.
    Најпрво, испитав хормонален статус во Адриа Лаб, резултатите беа ок. На крај, испадна дека ми доцни, односно воопшто не добивам бидејќи сум била премногу слаба, па ме советуваа да накачам некое килце.
    После тоа, почнав да пијам витамин ц, витамин б, јадев мед и матичен млеч, свежо цедени сокови, почнав да јадам и месо и циклусот ми се регулираше. Сега добивам редовно, на триесет дена вообичаено.
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    А сега добив, ама никако да престане. Шести ден активно крварење без тегоби, што е апсурд за мене. Најдолгата менструација ми била 4 дена. Боли ме уво за се'. Ќе си одмарам дома. Кај матичната нема веќе да се појавам, не планирам ни во Плодност некое време. Само ме одраа пари, како да незнам, како појма да немам. Само предлагаат некои апсурдни изпитувања, да ги повторувам одновo и одновo кога нема вистинска потреба за истите, посебно ако се направени пред недела дена како на пример, ПАП, типизација. Која е поентата, резултатот е ист. Мислам дека треба да се почне со терапија па да се повтори испитувањето.
     
  11. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Од што би можело да доцни менструација? Јас обично сум добивала на 28 дена а сега поминаа 32 и ништо. Прв пат ова ми се случува. Не сум бремена, не сум имала некој стрес, не сум сменила средина. Многу чудно, дури и немам ни болки во градите, ни во стомакот, како што сум имала обично во ПМС. Совет?
     
  12. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Да не си пиела некакви лекови?? Зш имам другарка која ако пиет било какво апче после не добиват тој месец...
     
  13. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Ете сега добив, само паники за ништо... сепак фала :*
     
  14. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Дали некој искусил отсуство на менструација кога ќе започне да вежба? Јас не почнав сега да вежбам, ова ми е трет, скоро четврт месец, претходните две менструации ми беа редовни, со помало крварење, но и најчесто немам баш обилни крварења. А овој месец немам никакви симптоми на ПМС (вообичаено ме болат мн градите, јајниците ме болат недела дена пред да добијам, нервоза итн.. ) а терминот ми е на 30ти. Осеќам дека нема да добијам и не се потресувам премногу, и претходно ми се случувало некој месец да ме рипне, ама знам дека не е нормално. Некој совет? И дали на некоја и се има случено да не примети плодни денови (зголемен тегав исцедок - јас го имам секој месец на средина на циклус, овој месец не приметив или имав минимално) а сепак да добие нормално менструација?
     
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално кога циклусот трае мн. кратко? На мене последните 2 месеци ми завршува на третиот ден. Не дека се жалам, ама дали е нормално тоа?
     
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    36.060
    Пол:
    Женски
    Секој организам е различен.Кај некои цуклусот трае подолго,а кај некои пократко.И мене ми трае 3 дена,па се е во ред.Ако се сомневаш на некакви промени,обрати се кај матичниот гинеколог.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    ^ И кај мене се е во ред, добро штом не сум единствената таква тогаш не ме загрижува многу. Фала poenta :*
     
  18. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш промена во должината на траењето на твојот циклус тогаш треба да одиш на лекар. Ако ти траела менструацијата 3 дена од самиот почеток кога си добила менструација тогаше во ред,нема паника и грижа. Јас познавам жена што менструацијата и трае само 1 ден и има родено 2 деца најнормално. Секоја жена е различна. Позз
     
    На 1.9.9.2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tea.15

    tea.15 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ве молам некој да ми каже.Имам 15 години и не ми дошла менструација од февруари,а пред тоа редовно добивав. Дали некој знае да ми каже што е проблемот?А и понекогаш ми потекува некаква кафеава течност.ама скроз малце е тоа. Фала однапред.
     
  20. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.437
    Можно е од напорно вежбање да одсуствува менструација.
    Јас ретко кога за време на овулација имам густ исцедок, а досега само еднаш бил темен значи можно е и без ова да добиеш.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.