Менструaција

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од CrvenoJagotce, 9 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrvenoJagotce

    CrvenoJagotce Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ми доцни циклусот веќе една недела, а до сега имав редовен циклус.Направив тест за бременост негативен е....дали знаете други причини или несакани болести поради кој би можело да касни???Фала однапред !!
     
  2. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    243
    Менструција

    Најчесто доцнењето на менструација е од нередовна исхрана,настинка,слабокрвност или од стрес.
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    Менструција

    може да е и од некои лекарства доколку имаш примано
     
  4. blagorodnicka

    blagorodnicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Менструција

    И мене ми доцни (првпат, секогаш имав редовна менструација) веќе месец и пол. Бремена не сум но се плашам да не е нешто сериозно. Добро и периодов ми е малку стресен колоквиумска недела па се надевам дека тоа е причината, само незнам дали е можно толку долго да ми доцни само од стрес?
     
    На tigarche1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    33
    Менструција

    Сигурно ти е од стрес поради тоа што си окупирана со учење. И кај мене беше така овој пат , инаку имам редовна менструација се случувало еднаш или два пати да ми доцни, така беше и овој месец цело време со учење, со нервози да се стаса материјалот.
    И имам забележано кога ми доцни после тоа додека ми трае менструацијата имам ненормални болки во половината и во долниот дел од стомакот.
     
    На blagorodnicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    123
    Менструција

    Незнам што е проблемот овој месец, со сите што разговарав им доцни веќе една недела. Мене за првпат ми се случи овој месец да ми доцни цели 10 дена. Дури денес добив, ама ова за првпат досега и ми беше многу чудно. Се јавив кај гинекологот и тој ми го рече истото, дека ми доцни од стрес (а овој месец богами го имаше во изобилство) а и плус ова времево беше многу променливо од сончево во -2 степени.

    Па така сите кои сте немале ризичен однос а имате редовни циклуси, без паника ќе добиете до времето е, а и стресот си го прави своето.

    Поздрав :*
     
  7. CrvenoJagotce

    CrvenoJagotce Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Менструција

    Фала многу..пробувам да не мислам на неубави работи но веќе една недела ми доцни..а можеби и поради стрес дека и јас исто имав колоквиумска недела и нервози цело време..но сепак сум загрижена не знам уште колку време да почекам..многу ми е страф. Поздрав !
     
  8. blagorodnicka

    blagorodnicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Менструција

    Значи дефинитивно стресот и времето се причината за доцнењето на мојата менструација. Денес ми дојде и ми олесна многу, иако имам неподносливи болки во стомакот. Ќе ти дојде за брзо и тебе CrvenoJagotce! Позз :*
     
    На Boobe_15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CrvenoJagotce

    CrvenoJagotce Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Менструција

    Дај боже Благородничка! И јас како тебее се грижам дека не знам колку долго би можело да ти касни од стрес..веќе цела недела сум под нервози дека ми нема дојдено на се помислувам ! Позз и фала !
     
  10. blagorodnicka

    blagorodnicka Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Менструција

    Таман додека се смирив дека ми дојде кога станав денес ми престанала менструацијата. Значи само малку ептен малку прокрварив вчера и толку. Сега сум уште повеќе загрижена и исплашена. Дали на некоја од вас ви се случило вака? Незнам што би можело да биде аман веќе. :worried:
     
  11. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    12.474
    Пол:
    Женски
    Менструција

    Значи може да се случи такво нешто,ми се случило и на мене и на мои другарки.Влијаат многу работи,времето,стресот,крвта,целиот организам ...мислам дека нема потреба од грижи,но ако сакаш ти да си бидеш мирна,ако не ти дојде во брзо време,оди провери си .
    Поздрав :*
     
  12. anetomalecko

    anetomalecko Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Менструција

    здраво да ве прашам дали редовна менструација се сметаа онаа која точно ти доагја секој месец неизбежно или може да доцни или доагја порано 2 до 3 дена различно секој месец а ретко кога доагја на ист датум како е кај вас??
     
  13. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    65
    Менструција

    обично доага на 28 дена ама можно е 2-3 дена да ти доцни или порано ете на пример мене никогаш не ми иди на 28 от ден секогаш ми доцни 2-3 дена па сепак си ја сметам за редовна . за нередовна се смета онаа да ти доцни по еден месец два па па к да ти дојде па пак да ја нема и така а инаку некој ден плус минус ок е :)
     
  14. Bananka

    Bananka Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Менструција

    Од што може менструацијата да ми биде кафена?? Никогаш кога ми било прв ден не ми било така а сега за прв пат ми е кафена..
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.577
    Допаѓања:
    79.431
    Пол:
    Женски
    Менструција

    Бојата на менструалната крв не е иста во сите денови.Првите и последните денови има кафеава нијанса,во средината на циклусот интензивна црвена боја.Нормално е не плаши се.
     
  16. Beyonce87

    Beyonce87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    38
    Менструција

    Ми треба итно совет!Пред две недели ми дојде,и како и секогаш ми траеше седум дена.Од ндедела пак почнав да крварам по малце,и уште крварам.Дали е тоа нормално или има нешто?Ви благодарам однапред :)
     
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    5.968
    Менструција

    Нормално менструацијата доаѓа од 25-30 дена,со тоа што кај некои жени може да доаѓа и на 35 дена.
    28 дена се смета за најправилен редослед,со тоа што околу 14 ден настанува овулација-пукање на јајце клетката,која може да биде оплодена или исфрлена со следната менструација.
    Не значи дека секој месец ќе доаѓа на ист датум или дека ќе биде со ист интензитет.
    На тоа влијаат многу фактори како-стрес,здравствени проблеми,употреба на алкохол,климатски промени и сл.
     
  18. DivljaISlobodna

    DivljaISlobodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Менструција

    Сакам да прашам која е причината ми доцни веќе 10 дена, а претходно имав редовна ментруација. Инаку имам 14 ипол години
     
  19. girl.9

    girl.9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    477
    Менструција

    ^^ Зависи, сепак имаш 14 години и сигурно сега брзо ти има дојдено. Нормално е да ти касни и два три месеци. Можеби сеуште не е навикната иако ти била редовна претходно
     
  20. mare1994

    mare1994 Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Менструција

    Здраво, имам 18 години и секогаш имам нередовен циклус, ми каснело околу недела две. Но овој месец ми касни цели 30 дена и многу се плашам од што би можело да биде. Ве молам за совет
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.