1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструaција

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од CrvenoJagotce, 9 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Топ, и јас немам болки ама ми се темни што ми се влече по цела недела, а некогаш се доцедува и подолго. |( Ај прекинувам, ептен направив оф топик со жалењево. :D
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Белото прање значи дека имаш плодни денови ако е во нормална количина, но исто така може да се појави од стрес,нервоза...
    Не се спречува секоја женска особа го има.
     
  3. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Девојки верувам дека прашањето ми е за овде :) Не знам зошто и дали има простор за паника , но ова никогаш не ми се случило .Ми дојде на 24 декември и ми заврши по 5 дена некаде . Но еве сега сме 5 ти и пак ми дојде , немав никакви симптоми , ниту болка како обично кога треба да ми дојде само имав зголемен апетит , но и тоа е релативно . Инаку дали е можно од што бев сексуално поактивна , бидејки на една другарка на гинеколог и кажале дека може ако на пример паузирала некое време недела две и после нагло претерала со сексуалната активност . Јас последната недела може да се каже дека претерав , а последните ден два кога скоро и да немав менструација само онака знаете кога ке се избришам кафенко што е при крај кога е , бев сексуално активна . Дали има некој слично искуство за да знам дали да паничам :) Ви благодарам :)
     
  4. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    нема никаква врска сексуаната активност што ти дошна менструацијата толку рано, после една недела????---Ми дојде на 24 декември и ми заврши по 5 дена некаде . Но еве сега сме 5 -----ова не енормално на лекар женска, хормонско пореметување е веројатно.
     
  5. tittit

    tittit Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    здраво,
    значи последен пат ми дојде менструација на 27ми Декември и до 1ви Јануари ми беше завршена, имав односи со мојот дечко, без кондом, но не сврши во мене, воедно тоа беше и мој прв пат, не ми протече крв, наредниот ден користевме кондом и имаше крв,
    по 3-4 дена имав лесна инфекција на мочниот меур, не посетив доктор, но со пиење на чај од кантарион и уште една билка ми помина без никакви антибиотици,
    менструација требаше да ми дојде пред неколку дена, стомакот ми е подуен, имам болки во полојната (негде кај бубрезите), многу почесто го посетувам тоалетот и тоа за голема потреба :$ ве молам за некој совет, или слично искуство, пошто ме фаќа малку паника, ми се вртат разно разни работи низ глава.. од бременост (што знам дека не е можно) до не знам си што..
    anyone ?

    инаку последнава година ми е редовна, затоа вака паники ме фаќаат..
     
  6. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    987
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се пожалам ако можи така да се кажи :D Значи воглавно имам редовна менструација, некогаш се случува да ми дојди порано или да ми закасно 1 до два дена...Е сега последно добив на 6 јануари, ми траеше 5 дена како и обично и после завршување значи бројам 28 дена и на 28 ден оттогаш ми иди....Работата е шо глупавиот Period calendar што го имам инсталирано во телефонот ми покажува дека сум требала да добијам вчера :^) Ама од мојата менструација ни трага ни глас :D И јас како и обично почнав да си правам филмови :^) Место за паника нема, тоа до некаде сум сигурна, значи имавме односи со дечкото, со презерватив, се беше во ред, само во два односи тој сврши во мене....односот значи ни беше со презерватив, не беа скинати ни во двата случаи...проверено :D Е сега шо мислите вие? Јас сепак се водам по моите пресметки, на 28 ден, шо би значело дека треба да добијам на 7 февруари а глупавата апликација кажува дека требало вчера :!: Можно е да има пресметано грешно затоа што претходниот пат добив неколку денови порано?

    П.С........Каша попара го напрајв постот ама морав да го доловам проблемот мој :D
     
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    очекувај до 6-ти +- неколку дена, каков 28 јануар грешна ти е апликацијата, не се води по неа..... од кај 4 ф.ете од утре очекувај да имаш циклус. како не ми е јасно на 6 си добила и пак сакаш на 28-ми??? не се плаши ке ти дојде.
    Tи си го познаваш сопственото тело, не се води по некоја си апликација-има многу апликации хехех барем најди некоја прецизна ако сакаш да се водиш по неа.
     
  8. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Девојки пишав и во интимни прашања и проблеми ама да се обратам и тука...

    Последен пат добив на 25 Декември и до 30ти ми беше завршено. На 31 и 1ви имав односи со кондом и свршување надвор и порано изваден. На 5ти повторно имав односи со кондом и исто така со порано вадење и свршување надвор во кондом.

    Потоа бев 6 дена со температура 39 на инфузии и глупости ради грип и 2 недели пиев парацетамоли и антибиотици заедно на 6 саати.

    Требаше да добијам на 22ри ЈАнуари според калкулаторот на фемина- ама веќе е 3ти и се уште немам добиено... :sweat: не ми е од односите сигурно затоа што е невозможно, но која би била причината хммм... немам никакви симптоми на менструација-подуеност,болки,отеченост,поспаност итн

    веќе почнувам и да се загрижувам инаку менструацијата не ми е редовна-секогаш ми касни по неколку дена.


    Се извинувам што и овде пишувам исто мислење, само сум загрижена :(
     
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Девојче ништо не е 100 % сигурно,незаштитениот однос што завршува без свршување во тебе исто не е сигурен,со оглед на фактот дека и во предсемената течност се наоѓаат живи сперматозоиди,иако поретко но има и такви случаеви..може да биде и од инфекцијата..ваљда :?: но сепак почекај,не паничи веднаш можеби треба да добиеш па затоа тие болки.
     
  11. imfriendswithamons

    imfriendswithamons Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки.Пишав и во друга тема,ама одлучив и овде истото да го напишам :) Вака сакам да ве прашам нешто...ми доаѓа секогаш на 4ти но претходниот месец ми дојде на 1ви и ете сега овој месец уште ми нема дојдено. И морам да напоменам дека сум на апчиња веќе цела недела. Вчера имав капка крв ептен малку, а уште не ми е пробиено и многу ми е страв секогаш ми е била редовна и точна. Премногу се нервирав претходната недела бидејќи бев болна па и нешто по дома се карав и мислите ли дека ми касни од нервоза и апчињата или ? И дали мислите дека ќе ми дојде овие денови, бидејќи како што реков, имав ситна црвена капка, а не може да е ништо друго(барем така мислам).. ПОМОШ, ви благодарам однапред. A и морам да додадам дека стомакот ме боли така само како 10-20 секунди па прекинува и градите така малку ме болат. Со дечко ми се пазиме многу, а и испитував мокрача па ако беше до тоа ќе излезеше на резултатот од мокрачата и крв испитував и железото ми е многу слабо...ви благодарам стварно ги ценам вашите мислења :)
     
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Може да биде и од апчиња, нервоза или настинка. Меѓутоа ако сакаш да си сигурна направи си тест за бременост. Нема да покаже ни преку крв ни преку урина, доколку не побараш тоа да се испита.
     
  13. tittit

    tittit Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    менструацијата ми каснеше 7-8 дена, пред тоа имав блага инфекција на мочниот меур, но со чаеви ја тргнав, последнава недела стомакот ми беше подуен, имав болки во бубрезите..
    (имав незаштитен секс ден после завршувањето на претходниот циклус, но со навремено прекинување на чинот :lol: )
    денес направив домашен тест, се испостави негативен, и еве почнуваат очекуваните болки во долниот дел од стомакот, како кога треба да ми дојде, и имам мало истекување но на кафеава крв, не црвенкаста,
    сметате дека има некој проблем во тоа или колку толку ви делува нормално, да не треба да направам уште еден тест пример наредниот ден ?
     
  14. bubamara96

    bubamara96 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Здраво, имам 13 години. Во ноември 2013година ми дојде за прв пат менструација. Потоа нели во декември, се беше нормално. А сега во јануари цел месец не ми дојде .. Се плашам :( бидејќи
    Сега може ке ме нападнете бидејќи сум мала и сум зачленета на овој форум ама морав некого да прашам за ова .. Бидејки немам мајка, а баба ми е веке 1 месец кај тетка ми во Германија.. Па малце ми е незгодно преку телефон :/ Ако нешто знаете, некои причини зошто би можело да не ми дојде кажете ми .. Благодарам однапред
     
  15. Anisijaf

    Anisijaf Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    15
    bubamara96 нормално е може да ти дојде после два месеци или слично.На една моја другарка вториот пат и дојде многу подоцна
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    не се грижи мила, може и тоа да се случи :) но со тек на време ке се регулира менструацијата и редовно ке ти доаѓа. Tочно е дека се случуваат и такви работи на почетокот, ама се средува се верувај. Mене на пример на почетокот кога ми дојде, се случуваше да добијам 2 пати во месецот, братучедками таа пак и каснеше со месеци, беше и на лекар и се беше во ред.
    Aко ти касни повеке време, може да одиш на лекар, ке те прегледа гинекологот и ке ти каже најубаво-не е страшно ништо, ниту пак срамно :D :D се ке биде во ред, ке добиеш сигурно мила. :* :*
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    здраво девојки,ептен сум загрижена па ако има некој некоја информација ке ве замолам да ми писе,вака,знаци од поцеток имам нередовна менструација,имам идено неколку пати на гинеколог но не ми е откриено нисто ,пред година време ми е откриена нарусена функција на тироидната и мислевме можеби од тоа ми доцни но тироидната ја средив во нормала а менструацијата не само сто несе среди но стана полосо еве веке 3 месеци немам добиено,ми е страв да не е менопауза иако немам полни 30 знам дека е можно бидејки моја тетка на 25год и има прекинато да и доага,сакам да знам дали е наслледно,ве молам за одговор,благодарам..
     
  18. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    На тетка ти најверојатно и е отстранета оперативно матката или,пак,јајчниците и се извадени со операција,прашај си ја убаво за тоа,јас мислам дека мора задолжително да прима хормони во таков случај,но мислам дека во твојот случај не може да биде нешто наследно колку што ми е на мене познато за таа проблематика.Мислам дека кај тебе не се работи за некоја рана менопауза,а на Википедиа најдов дека ако во рок од 90 дена максимум не дојде ментруација,а жената не е бремена,тогаш може да се работи за некои израстоци на половите органи,воспалувања на внатрешните полови органи и поради некои силни душевни потреси,така што оди на детални испитувања на гинеколог и побарај и второ мислење од друг гинеколог,не само од твојот матичен бидејќи,да не те плашам,но по ова како го опишуваш имам чувство дека се работи за нешто сериозно,само не е предвремена менопауза,биди сигурна во тоа!Поздрав и биди многу храбра затоа што сега тоа највеќе ќе ти треба! :!: :hai:
     
  19. Hristina-t

    Hristina-t Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Веќе 4 ден имам обилно крварење кое наместо да се намалува се повеќе и повеќе течи.Вртоглавици имам не можам да одам,лицето ми е бледо како вампир.Не знам што да правам премногу ми е страв. :(
     
  20. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Многу девојки имаат многу блед тен и имаат обилно крварење и вртоглавици кога имаат менструација и затоа дури и не можат да се движат и се намалено работоспособни.Сепак,јас ти препорачувам да одиш на гинеколог и се убаво да му објасниш што ти се случува и секако,да не се плашиш затоа што можеби немаш ништо сериозно затоа што менструацијата дури по неколку години од добивањето сосема се регулира,но,сепак,тоа си е индивидуално и само гинеколог може убаво да процени дали е или не е се во ред со тебе.Поздрав и само храбро! :!: :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.