1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструaција

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од CrvenoJagotce, 9 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    330
    Девојки едно прашање. Пред некој ден бев на гинеколог и ми рече да ставам вагиналети polygynax. Но веке 2-3 дена кога се бришам како крв да имам, па дане знаете од што може да биде? А рано ми е за да добијам треба за една недела дури треба :/
     
  2. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Секако може да ти доцни од стрес. Плус да не имаш ослабнато за кратко време ? Во секој случај најубаво посети гинеколог :)
     
  3. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    ЧИТАЈТЕ ПОМАГАЈТЕ. Луѓе обично имам обилна менструација мислам средно обилна онака постојано ми се полни улошките и сега оваа менструација ми подрани 5 дена и ми е многу мала не ја сетив еве 4ти ден а од прв до денес ич да не мењав улошки што се вика ќе немаше да имам проблеми ептен малце имав јас викам да не зафркнав работа бидејќи од неќна имав многу чешање доле најверојатно поради тоа што ќе ми идело а јас пак исплашена да не е некоја инфекција и си се одмивав два три пати на ден а и со камилица и таа ден сабајлето станав и ме болеше малце стомак ама пак ме чешаше доле и земав камилица и отидов до веце немав ниш после коа се излади малце камилицата отидов и коа видов тазе две капки крв и викам ми дошло бе ама отидов си се одмив и со вода и со камилица ја викам од тоа да не е нешто? :doh:
     
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.437
    ^Камилицата е благо дезинфекционо средство, така што не може да направи штета. Дефинитивно не ти е од камилицата, нормално е некогаш да подрани.
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Па имам малку ослабнато. Ама преку здрав начин на исхрана, не држам никакви диети. :)
     
  6. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.956
    Допаѓања:
    67.030
    Ако знае некоја да ми одговори, неќам пак на гинеколог...

    Имав редовен период пред речиси 40 дена со што после една недела од завршувањето добив пак поради напорно вежбање, кое го прекинав веднаш (после пет дена) откако на гинеколог ми потврдија дека тие вежби ми предизвикуваат вонредна менструација. Од тогаш поминаа 30 дена, а кај мене нема апсолутно никакви симптоми, кои што во нормални околности секогаш се присутни (неколку бубулици, болки во грбот и долниот дел од стомакот). Направив тест за бременост (иако со мм сме многу внимателни) и е негативен. Месецов (после посетата каj гинеколог) ги прекинав контрацептивите, за да ги почнам откако ќе добијам повторно - по совет на гинекологот. Дали тоа може да биде причината зошто уште не ми е почнат циклусот?
     
  7. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    330

    Нема шанси да ти е од камилицата, може да е некоја инфекција заради тоа што те чеша, или па само ти дошло порано од глупавово време што се мења цело време. ;)
     
  8. AngieJolie

    AngieJolie Нов член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Da prasam i jas nesto pa nekoj ako znae ili e pominal niz istoto ako moze da mi objasni. Bev na eden ginekolog i mi rece deka iam cisti i takov celiot mi veli deka so tie cisti jas vo zivotot moze tesko da ostanam bremena. Me izvadi od takt si placev celo vreme. Za da se uveram vo toa otidov kaj drug ginekolog za vtoro mislenje i ne mu rekov deka sum bila prethodno kaj ginekolog i deka mi rece deka iam cisti...Me pregleda ginekologot i mi rece deka neam nisto problem i deka jajnicite mi bile cisti kako solza. A i veke edna godina pod red mene mi kasni mnogu retko ama po 10/15 dena. Mislite li deka iam jas stvarno nekoj problem ili ginekolozite si igraat majtap so mene???
    [mod-kirilica:3qgme76t][/mod-kirilica:3qgme76t]
     
  9. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И да има навистина цисти тие се лекуваат,има решение и за тоа,не се секирај за тоа гинекологот што ти рекол дека тешко дека некогаш ќе можеш да имаш деца,тој не е доволно стручен штом така те заплашувал. :fubar: Појди кај некој трет гинеколог,ако не си од Скопје,појди во Скопје,таму се најстручни и овојпат ќе мораш да кажеш дека си била претходно кај двајца различни гинеколози и што ти кажале,каква дијагноза ти поставиле секој поединечно од нив за да се утврди точно што дијагноза имаш и да се преземе соодветна терапија!Поздрав и само храбро затоа што храброста е она што заедно со упорноста највеќе ќе ти го треба за да се излекуваш целосно! :!: :hai:
     
  10. AngieJolie

    AngieJolie Нов член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Ти благодарам многу за добриот одговор atala !!!! А тоа дека имам цисти не верувам поради тоа што дефинитивно дознав денес дека тој гинеколог што ми го рече тоа е неспособен !!! А за тоа што ми касни така понекогаш како што објаснив не е ништо страшно така ??????
     
  11. AngieJolie

    AngieJolie Нов член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    И заборавив да кажам дека идиотов не ми даде НИКАКВА дијагноза ! Само ми го рече тоа ме стави во мисли и никаква терапија не ми препиша као демек имаш цисти и толку ! А вториот пат кога отидов кај другиот гинеколог е кога тој ми рече дека се е ок малку се смирив...
     
  12. aquamarine-123.4

    aquamarine-123.4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    22
    Месечниот циклус во последните 2 месеца ми се намали на 21 ден. Не ми е јасно кои се прочините за толку да ми се намали, нормално ли е тоа или ќе треба да посетам гинеколог?
     
  13. Histerica1

    Histerica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Луѓе ,а што мислите за нас со нередовен циклус дали може да ни бидат од помош Фемисан А капките?Има некој искуство да ми каже?
     
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски

    Јас ги пијам, првпат кога почнав да ги пијам во рок од две недели ми помогнаа и ми се регулираше менструалниот циклус, ама поради стрес секој ден, повторно имам нередовен циклус, во случајов ми доцни 4 месеци, ама и јас сум крива што овој пат забушавам не ги пијам редовно капките.
     
  15. Histerica1

    Histerica1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    Јас почнав да ги пијам од пред 1 ден,а немам добиено од мај,дали секако ќе ми регулираат?
     
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Почекај малку и пиј ги редовно и ќе ти го регулираат циклусот.
    Само не се оптеретувај премногу. :)
     
  17. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    девојки на 18 ке одам на одмор, требаше да ми дојде пред два дена не ми дојде , страв ми е да не ми дојде таму.ќе ми пропадне се паа , а нормално ли е да доцни толку време или не ?
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Ништо ненормално не е два дена доцнење де, само одморот да не ти го зезне. :D Ако не ти дојде деновиве секако ќе ти се фати да имаш на одмор, две недели и кусур сигурно нема да ти доцни. Ако ти е толку битно, единствено решение апчиња за одложување, ама би требало да ги почнеш од сега и цел одмор да ги пиеш, многу некако.... :| Да не те зезнам, консултирај си гинеколог ти. :)
     
  19. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски

    а некој чај ? оти мала сум за апчиња и тие како се викаа , можат скроз да ми ја пореметат менструацијата
     
  20. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам вака. Имам направено на фемина калкулаторот да ми покажува месечен циклус и сега сакав да прашам нешто. Јас имам ставено нормално времетраење 28 дена, но мене постојано откако првпат имав добиено ми касни. Недела негде отприлика, некогаш и повеќе знае но секогаш доцни. Дали треба времетраењето на циклусот да го сменам, односно на зголемам од 28 дена на повеќе или да оставам како што си е??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.