1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструaција

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од CrvenoJagotce, 9 ноември 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Someday ако е циста ќе се види на обично ехо. Ама циста значи многу крварење. Цистичка можеби, но еве јас имам цистички и гинекоголот рече не е ништо страшно.
    Инаку може да се формираат било кога, пример ти си била на почеток, они се формирале нешто подоцна.
     
    На Someday му/ѝ се допаѓа ова.
  2. InnaR

    InnaR Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам дали е нормално менструацијата да трае 2 дена?)
    Претходно не ми доцнела а и имам нормално траење од 5 дена.
     
  3. simonasimona5

    simonasimona5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да прашам нешто слично..
    Менструација ми иди најчесто на 35-38 денови, прошлиот месец ми дојде на 30, и потоа на 26 но имав само кафеаво и тоа 2 дена.
    Може некој да ми кажи што би можело да е причината?
    Макар што ми се случувало и претходн, пред една година од стрес.. ама перидов немав баш..
     
  4. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.Веќе многу одамна менструацијата ми доцни по 10 дена па и повеќе,дури еднашми имаше задоцнето 3 недели.Инаку 3 ипол години сум полово активна а немам отидено на гинеколог бидејќи сум срамежлива.Ако има некој да ми каже некој совет или сл.навистина сум исплашена од што ми е тоа така.Ви благодарам однапред.
     
    На Tina2017 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    И мене ми се има случено да ми трае 2 дена, па еве ништо не ми е :?:
     
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Како така 3 ипол години имаш односи а немаш ниеднаш отидено на гинеколог?
    Срам ти е да појдеш на матичен лекар за настинка или на заболекар? Исто ти е.
    Под најитно да си појдеш на гинеколог! Ние тука не гатаме за да знаеме зошто ти доцни. И макар и ништо да не ти е (и дај Боже ништо да не ти е) мораш да си правиш редовни контроли, ПАП брисеви и сл. За здравје се работи, не знам како така лесно си ги сфаќате работите!
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Незнам,многу пати се решам да закажам преглед и на крај ќе се предомислам оти многу ми е срам и незнам што ке ми прават од самата помисла ми станува непријатно иаку знам дека ниту сум прва,ниту последна а се плашам да не има некаков проблем.
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Девојче, а каков проблем би можел да ти направи доктор кажи ми?
    Единствениот проблем е оној кој сама на себе би можела да си го направиш поради тоа твоето да не се навредиш но зелено, детско размислување. Штом веќе имаш односи претпоставувам дека ги имаш и годините за да размислуваш малку посериозно и да си водиш грижа за сопственото здравје.
    Зар мислиш дека на анонимен форум ќе добиеш поточна дијагноза и подобри совети отколку од доктор?
    Си играш со сопственото здравје, толку можам да ти кажам.
    Не може да ти е срам да одиш на гинеколог кога веќе имаш односи. А ако тооолку ти е незгодно од маж, ете најди жена гинеколог и оди кај неа, иако мислам дека нема полот врска. Немаш ништо што го немаат видено.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Кога реков проблем мислев да не има некаков проблем кај мене,а не дека гинекологот може да ми направи некаков проблем.Инаку ти благодарам за советот иаку и самата си го знам тоа и ке гледам во најскоро време да закажам преглед.
     
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Епа токму ако за несреќа има некој проблем, докторот ќе биде тој кој ќе го окрие проблемот, и ќе ти помогне за брзо решавање на истиот. Ако не одиш и живееш во заблуда дека сѐ е ОК, само може да дозволуваш некоја постоечка инфекција или нешто слично да се шири сѐ повеќе и повеќе.
    Токму затоа и ти кажувам дека редовни посети на гинеколог мора да ти се задолжителни.
    Се надевам дека ќе си обрнеш повеќе внимание на здравјето отсега, и ќе почнеш да одиш на прегледи. :)
     
  11. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Секако,после овој разговор со вас станав посилна од утре да фаќам кај гинеколог оти тешко мене|( Поздрав и имајте убава вечер
     
  12. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Е не, седи дома затвори се, и односи кога ќе имаш стриктно со исклучено светло пошто нели срамота е да не те види некој случајно, па моли се и теши се дека ти си јака и тебе не ти требаат доктори како на секоја друга жена.
    Ако не ти се свиѓа добронамерен совет и мислење твое е, а не ем човек пробува да ти укаже за твое здравје ем ќе превртуваш со очи.
    Прави што сакаш, не си мала никој да те учи.
     
  13. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    леле незнам зошто погрешно ме разбираш.Тоа превртување со очи го ставив поради мене дека ако не отидам да се прегледам само може лошо на мене да си направам.Се извинувам ако лошо сум се изразила со тоа.Вашиот совет го примив со добра намета
     
    На MagsDestiny и elimkd им се допаѓа ова.
  14. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Добив на 15ти април, потоа на 1ви мај па на 27ми мај.. сега пак ме болат градите теско си ги осекам и пак ако добијам овој викенд и аман веке... мн начесто ова. А баш овој не сакам да добијам :/ :D Дали оние таблетките незнам како се викаа за недобивање се штетни ги има ли некој пиено, мора ли да се знае точна дата за добивање за да почнам или кога ке се осетам дека треба да добијам,, зашто еве нередовна е
     
  15. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Женички, пишав и во Општи здравствени проблеми ама ајде и овде, во сабота вечерта при одење во ВЦ забележав кафеав исцедок на гаќичките и мислев дека ќе добијам зошто датите ми се поклопија. Истото е и овие неколку денови со малку по зголемено крварење. Претходниот месец пиев антибиотици заради Ешерхија коли и овие два дена имам чувство дека цело време ми се мочка. Минатиот месец исто бев и на гинеколог и ми рече дека имам полицистичен јајник.
    Дали имам причини за грижи или да се опуштам?
     
  16. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    А што ти рече гинекологот за полицистичен јајник...дали има нешто што ке ти пречи?
     
  17. milana856

    milana856 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2017
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Девојки веќе 8ми ден како ми касни.Имав ризични односи два пати правев тест негативен е.
    Сакам да прашам дали овие некој болести како полицистичен јајник имаат претходно некој симптоми,бидејќи многу ми се лоши личат како симптоми на бременост ама тесост е негативен.
     
  18. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Па не ми рече ништо посебно, само да внимавам на исхрана ( да избегнувам благо) и да намалам тежина.
     
  19. Girl Life

    Girl Life Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Епа штом така ти кажал,ако имаш проблем со килажата пробај да смрниш нешто во исхраната,можеми ќе бидне подобо
     
  20. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Тестовите даваат прилично точни резулати а освен тоа си направила не еден туку два така што шансите дека погрешиле се минимални. Може да ти е од стрес, диети, слабеење, голема физичка активност... Претходно ако не ти се случувало да ти доцни не би било лошо да отидеш на лекар. Инаку колку што знам полицистичните јајници се карактеризирааат со изостанок на менструација кој може да трае и со месеци, појава на акни и мозолки, проблеми со телестаната тежина, зголемена појава на влакна кои може да се појават дури и во пределот на лицето ...Кај некои овие симптоми може да бидат повеќе изразени, кај некои помалку. Еден преглед не е на одмет.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.