Мислам темава е повеќе -како се прифатени другите нации и раси во Македонија, не гледам да е проблем со врската како таква. Како се прифатени- како марсовци. Колку помало место, толку поголеми марсовци, и тоа треба да се има предвид.
Ако немаш проблем со мајка ти и татко ти,тие ти се најблиски за остатокот од светот неважно.Штом нејзините те прифатиле и ја даваат за тебе да дојде тука тоа е добро.Да не ти прават они проблем ,или барем да те остават на мира да живеете заедно И ДА НЕ СЕ МЕШААТ.Или сакаш да ги изненадиш.Нашиот народ прифаќа странци,јас мислев дека сте двајцата од МК.
Кај нас те отпишуваат ако се земеш со од друга каста, а не па вера, националност или раса... Ма да мене најмалце ми се свиѓа врска од различни вери, затоа што сите мажи нели се со отворени сваќања бла бла бла, се додека не треба да се крстат или сунет да им се праи на децата, име да им се даде и да се применуваат верските обичаи од жената... Особено муслиманите. Те мафтаат на почеток, додека не си легнеш на брашното али после веќе е касно... Како и да е, ваш живот што ти е гајле. Да, ќе ви мрчат, и на децата ќе им мрчат, али тоа е малограѓанштина шта чеш. Ништо ново.
Tragichna rabota, iskreno. Ne sme dvajcata od MK, zatoa i ja napraviv temava. Nemashe nekoj drug forum za koj shto znam shto e aktiven i razumen kako ovoj, i zatoa me interesirashe. Inaku i kaj shto sme ne ni e bash najsjajno, znae ponekogash osuduvanje i na Zapad da ni se sluchi, zoshto ne e se sjajno i tamu. I od tamu mi dojde grizata za profakjanje na meshani vrski, osobeno vo Makedonija
Ти ако си ја прифатил и таа тебе те прифатила, воопшто да не ти е гајле што ќе кажат другите. Борете се еден за друг а не секој да може да ви влијае на врската. Зошто се замараш за другите?
Тоа дали вашите семејства се сложуваат да бидете заедно е малку битно за да имате мир. Што мислат комшиите е тотално небитно. А, дека народов ќе се понаша осудувачки и потсмејувачки, ќе се понаша. Не сите, но за жал уште има такви. Некој ќе проба да те убедува дека нејзините ќе побараат од тебе да ја смениш верата или твоите од неа, дека ќе бидете отпишани од семејствата, бла, бла, бла... Но, на вас не треба да ви е гајле.
Како мислиш не сме двајцата од МК? Што си ти по националост и вера?Не разбирам пак кој ти е проблемот?
Извини, не дефинирав како што треба. Со тоа мислев дека дцајцата не сме македонци, туку дека само јас сум Македонец, во таа смисла.
Приметуваш колку пратам детали.Им кажа на твоите родители?Нејзините викаш прифатиле.Престој е дозволен само со брак мислам.Ако со твоите не си начисто нека не те мафтаат овие што викаат немај гајле,љубовта се победува.И јас така мислев,ама немажена.Заедничкиот живот и онака има предизвици,не пак со различни вери и нации.Треба стварно убаво да се договорите вие двајца и да разговрате и за тоа,после дете имање, живот се менува од корен.Самата промена на држава е стрес,треба да бидеш тука и да и помогаш во нашата култура и социјализација зашто тука сакате да живеете,за било која земја ова важи,да се вклопиш во средината каде што си.Во АФГАНИСТИН да идам сигурно нема со суќна да одам,бидејќи ќе ме утепаат или силуваат.Ме разбираш што ти кажувам.И пак имате шанси,ние како народ сакаме странци повеќе од наши луѓе.
Јас искрена да бидам мислам дека се плашиш како она како Пакистанка ќе биде тука прифатена. Мислам дека стравот ти е до некаде оправдан, затоа би ви препорачала да да дојдете тука на кратко да види каде доаѓа, дали би се снашла. А ако вие си се сакате и најблиските ве подржуваат, пријателите се друго е минорно.
Па да, страв ми е. Ни се има случено, дека ние сме во појужниот дел од Англија каде обично има доста луѓе со различни позаднини, кога одиме на Север да добиеме чудни погледи и по некој непристоен коментар. она повеќе ги добива од мене зошто се забележува дека не е Англичанка, или нивна како да го кажам. А мене ми се има случено кога ќе дознаат дека не сум Англичанец мислењето да им се смени, дека сум сепак од "затуцаните Југословенски држави". И сега ако тоа се случува во Англија, ќе речеш донекаде либерална држава, можеш да замислизм како ми е за во Македонија да ја донесам. Но не ти е лоша идејата за прво краток престој, може ќе поразговарам со неа деновиве.
Според напишаното мене ми изгледа дека ти не си сигурен во врската. Се обидуваш да најдеш изговори сам за себе. Не велам дека не си заљубен, меѓутоа да беше 100% сигурен во врската немаше да пишуваш тука по форуми. Ми се чини дека сам себе си се осудуваш. Ти ако веруваш во вашата врска нема да те интересира рекла казла. Народот ќе зборува и вака и така. Како велат, секое чудо за 3 дена. Не сакам коментаров да звучи како напад, ама реално светот не се врти околу тебе. Што значи, луѓето не се замраат со тебе (или со било кој друг) колку што мислиш. Така што, ако навистина се сакате и семејствата ве прифаќаат, who cares what other people think?
Јас па мислам навистина има човекот доживеано расистички искуства, и не би сакал да се пресели на подеднакво лошо место. Идејата да дојдат на кратко и да видат атмосфера, е единствената паметна.
Еве јас сум во мешан брак на почетокот се противеа и неговите и моите но на крај се помирија. Нема да дозволам поради вера или нација да не бидам со човекот што го сакам. Не е лесно има предизвици но доколку се сакате ќе успеете, мене искрено не ми е гајле воопшто другите што зборуваат комшиите или некој таму нсјчесто луѓе незадоволни од себе знаат да коментираат на таа тема додека мажот дома им се пијани и му робуваат ама битно иста вера се.
Vo vremeto bese zabraneto , no sega e naj normalno da si so nekoj sto ti ja saka dusava bez razlika na nacionalnost
Ич да не секираш. Прости луѓе имаат секогаш нешто негативно да кажат нема како да ги избегнеш. Јас со толку прости луѓе сум имала работа и без да бидам во врска со Пакистанец така да не се замарај. Еве јас сум во Мк и не сум заостаната така да и такви и вакви има и во ук и тука. Со среќа тука; има многу позитивни работи да си во мк и ќе се снајдете без проблем