Мешање во туѓа врска (со цел да помогнам)

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Damata so marama, 16 јануари 2020.

  1. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, имам голем проблем па затоа немав време ниту да проверам дали има ваква тема или некоја слична на оваа.
    Имам голем проблем кој го држам во себе повеќе од половина година.
    Сестрами има дечко со кој е во врска повеќе од 3 години. Со тек на време се изнаслушав караници од нив и се. Кога се скараат се вреѓаат било да се на улица или во кафич. Значи ептен срамно. Но после еден ден се смират и да ти е мерак да ги гледаш колку се сакаат. После некое време пак истото и се во круг се врти.
    Е сега последниов месец бидеќи почесто сум со нив, сфаќам дека сестрами ептен е заглавена а и изгледа од срам не ми кажува. Со свои очи гледам како и ги троши парите кои таа ѓи заработува, јадната едвај 15000/16000 зима и на него ги троши. Впрочем дознав дека е заглавена со брзи кредити а ништо си нема купено. Денес случајно видов дека си го заборавила телефонот дома, па решив да откријам што всушност ја држи неа во таа врска. Го отворив разговорот со дечкои и уште на што не ли налетав. Почнувајќи од навреди од типот курва ваква онаква па се до закани дека ќе ја утепа ќе ја тепа во сред град ќе и се смеат сите ќе и направи дома проблеми, дека жива ќе ја запалил. А јаднава па му праќала слиќи како плака. Луѓе значи тој неа и физички и психички ја малтретира а таа пред мене глуми дека ептен се сакаат, незнам зошто но ништо не ми кажува. Луѓе значи колку сега гнев што имам во мене никогаш не сум имала. Ве молам помогнете како да ја спасам сестрами. Како?
    Пробав со зборови да и кажам дека тој не е за неа дека е млада има само 22 годни дека ќе си најде друг. А таа упорно ми тврди дека и е се океј и дека многу се сакаат.
    Мајками и таткоми ептен го сакаат бидејќи не знаат што зло е тој. Сакав и на нив да и кажам но сестрами ме спречи.
    Или ја ептен има уплашено или пак ептен е глупа и го сака и покрај сето ова што и го прави.
    Ве молам за помош, било каков совет би ми бил добредојден.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    6.609
    Допаѓања:
    160.464
    Разговарај со родителите.
    Многу лоша ситуација е затоа што таа не сака да биде спасена.
    Сама не можеш ништо да направиш.
    Советувај се со твоите.
     
    На Antebellum, Nigredo Odor, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Кажи ја на мајка и и татко ти. Негопријави го в'полиција со пораките како доказ, тоа ке станува се полошо и полошо. Нека ти се налути не е страшно, ќе ја спасиш и ке ти биде благодарна
     
    На poppie, cresa-jagoda, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    4.377
    Допаѓања:
    32.242
    што му плака она него?
     
  6. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Многу пати пробав да разговарам со неа за ова и многу пати и се заканив дека ако сама не ми каже што е проблемот за заедно да го решиме дека ќе ја кажам на родителите. На сето тоа добивав одговор да не и се мешам во животот и да не сум и правела проблеми дома, они се сакале а јас се грешка сум сфаќала. Понекогаш ќе и поверував но секогаш имав некој сомнеж и еве денес кога се прочитав се сруушив буквално. Ако покажам дома на моите можеби ептен полошо ќе и направам незнам. Во ниеден потег не сум сигурна незнам што да направам но само сакам да ја спасам од него а таа пак како куче трча по него. Да речам и дека го сака, колку и да го сака не верувам толку навреди и толку малтретирања дека би издражала само заради љубов
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    6.609
    Допаѓања:
    160.464
    Твое е да зборуваш со твоите и да им објасниш, и заедно да се обидете.
    Ако таа одбива да биде спасена, за жал, малку можете да направите.
    Имам таква ситуација во фамилија, момакот и затвор лежи а она не мрда од пред затворот. И што и да прават сите е џабе.

    Не е малолетна па со сила да можете нешто, за жал.
     
    На candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    9.976
    Пол:
    Женски
    Однесувањето нивно не го коментирам иако и по тоа неа треба да и станат јасни многу работи во смисла што ја очекува во иднина.
    Ама делов со париве и тоа како сакам да го прокоментирам во добронамерна смисла. Мислам да заработувам блиску до минималец и да земам брзи кредити и да се задолжувам за некој друг...:headbang:
    Јас би те прашала дали си сигурна дека ги троши парите само за него или можда двајцата должат на некого, некаде а ти не знаеш или сестра ти не сака да ти објасни се во детали?
    Друго каде се твоите во ситуацијава? Заработува таа не вложува ли во финансирање по дома? Не и заприметиле твоите дека брзо си ја троши платата на ништо? Сигурно штом се' троши одма и бара од нив, претпоставувам ова.
    Мој совет ти е да поразговараш со твоите во врска со тоа каде и одат на сестра ти парите така инстант, па и тие да ја притиснат малце таа сама да си каже. Така ем нема да и се замешаш во врската ем ќе се стават граници до каде со парите. За другото се надевам со тек на време ќе прогледа што е и како е.
     
    На candy.cane и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  9. Doris123

    Doris123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2016
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    507
    Пол:
    Женски
    Дали она знае дека си видела во нејзиниот мобилен разговори?
    Ако не знае, кажи и, јас мислам дека е исплашена од него па затоа така реагира, пред некоја година во семејството имав ваков сличен проблем..
    Подобро реагирај на време, не знам како би реагирале вашите родители на ова, но подобро кажи им, тие знаат како да постапат со нејзе и да откријат сѐ и да и помогнат.
    Штом тој и ги зема парите ( таа му ги дава од некоја причина) може да заглави многу повеќе, оти тој ќе бара постојано пари од нејзе.
    Најдобро е да ја откриете причината зошто и ги бара парите, и зошто и се заканува
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Многу пие, а сега и двајцата заедно се нон стоп по казиното, колку што ја познавам сестрами таа не сака да се коцка но сигурно тој ја залажал. Незнам сепак не е мало дете да се лажи. Исто така постојано шетаат негде и за нова година беа на дочек во Белград и во разговорот што го прочитав си стои дека тој и пишал дека доколу не му плати нема да одат на нова година бидејќи тој немал пари а таа му одговорила дека доста ја искористувал и тој веднаш после тоа почнува да ја вреѓа
    Дома ништо не пресметуваат бидејќи таа никогаш за дома ништо не е купила. Фактички уште на почетокот на врската е било така а јас и мајками се чудевме зошто таа ни денар не дава за дома. Евиденција за платата никој не и води бидејки си е сепак возрасна, а мајками и таткоми никогаш не би се посомневале во него бидејќи тој кога дојде кај нас како мед и млеко да му тече од устата, му помага на таткоми работи по дома, си се маабети со мајками, си ја гушка сестрами а јас се чудам навистина.
    Не, незнае утре изутрина ќе и кажам и ќе разговарам со неа за последен пат, доколку не прифати заедно со мене да го решиме проблемот, барем да ми го каже проблемот тогаш веднаш ќе кажам на моите
    Ви благодарам на советите, ќе зборувам утре со неа, па доколку не успеам ќе кажам и на родителите. Мислам дека ова е премногу озбилно за да го премолчам пред родителите
     
    На Antebellum, RosettaStone, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Сакам само да прашам доколку знаете. Ако јас ја убедам сестрами да стави крај со него и плус да одиме во полиција да го пријави за малтетитање толку време, со разговорите како докази. Дали ке добие некоја казна? Со законите не сум баш запозната но мислам дека со толку многу докази дека е малтретирана треба да сноси казна
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    6.609
    Допаѓања:
    160.464
    Ќе пријавите во полиција, но и ќе се консултирате со адвокат.
    На хартија би требало да добие казна, но сепак е ова Македонија, не оставајте на случајност.
     
    На Antebellum, WildMk и Damata so marama им се допаѓа ова.
  13. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Активен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Ке го стресат малку вполиција. И можи да си побара забрана да и се доближи.
     
  14. MeowMeow

    MeowMeow Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    126
    Пол:
    Женски
    Сликај ги разговорите со твојот телефон во случај он утре да се посомнева и да ја натера да ги избрише пораките, а и јас мислам дека треба да им објасниш на твоите, па дури и да им ги покажеш разговорите за да знаат со каков човек си имаат работа. Гледајте да ја убедите некако и да и дадете до знаење дека е во нездрава врска со класичен тип на манипулатор, кој гледа да и го скрши духот за да може да ја контролира, главно ради негов материјален интерес. Пријателка моја беше во врска со човек кој ја гледаше неа и нејзиното семејство низ призма на пари, ја смалуваше нејзината самодоверба за да се постави над неа, а кога она ќе решеше да се тргне од него, цмиздреше и се лигавеше пред неа. На крај самата сфати и почна да ги согледува знаците дека типот бил психо и ја злоупоребувал. Дај Боже самата да сфати пред се, така ќе ви биде полесно да се борите понатаму.
     
    На Antebellum и Damata so marama им се допаѓа ова.
  15. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    8.242
    Пол:
    Женски
    Пробај да ти каже се како што е. Можда борџат пари на лихвари штом одат нонстоп во казино, а тоа е голема заебанција да си фатиш со нив работа. Тука ни ЦИА не те спасува. Не избрзувајте зашто можеш да ја ставиш во упте полоша ситуација.
    Друго, немојте ти и родителите со инает и со забрани зашто ќе почне уште повеќе да се пази и крие и ќе биде полошо.
    Многу внимавај што ќе направиш.
     
    На Antebellum, Stressed Out и Damata so marama им се допаѓа ова.
  16. LadyLollypop

    LadyLollypop Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.964
    Пол:
    Женски
    Јас да сум на твое место би ги седнала родителите и неа као да им кажеш нешто са себе, а потоа кажи што навистина се случува. Тогаш родителите ќе превземат. Што и да крие, дури и да е вмешана во нешто, сигурно ќе и помогнат да се спаси од лошото.
    А вака разговор првин со неа, ќе ги избрише сите докази и уште полошо ќе направи дека си и љубоморна...
     
    На MynameisHelen, RosettaStone, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    5.201
    Пол:
    Женски
    Ако знаеш дека ја малтретира и искористува не премолчувај ни момент. Насилниците најчесто така си ги манипулилраат жртвите. Час се супер фини, час се груби па жртвите мислат дека грубоста е нешто што тие сами го предизвикуваат.

    Само види со сестра ти до каде е заглавена со долгови и од кого се имам земено пари. Тоа може да биде опасно.

    Обавезно кажи на родителите, ама некако со докази да не биде твојот збор против нејзиниот/неговиот. Направи слики од пораките или слично. И настапите заедно пред неа. Ама со намера дека ја заштитувате и дека ќе и помогнете да се извлече од ситуацијата во која се нашла, дека сте со неа и слично.
     
    На Damata so marama му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Ги сликав, имам се во мојот телефон.
    Од се сум сигурна само дека вадела брзи кредити за него.
    Милиони пати кога сум зборувала со неа ми го има кажано тоа дека сум и љубоморна, тој ја има завртено против мене највише.
    Ви благодарам ќе зборувам денес.
     
    На MeowMeow му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    4.423
    Допаѓања:
    37.028
    Пол:
    Женски
    Мора да им кажеш на твоите родители.Сестра ти сама нема ништо да направи,а очигледно не ни сфаќа дека тој е опасност за неа.
    Како што ти рекоа,мора и разговор со полицијата.
     
  20. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    4.528
    Пол:
    Женски
    Пробај уште еднаш да разговараш отворено со неа нека ти раскаже се или со некоја блиска другарка на која мислиш дека и кажува се јас не би ги мешала родителите одма попрво и со него би зборувала кажи му се што знаеш
    Мене нешто во сето ова не ми се вклопува сигурно има причина
    Може и двајцата да се вмешани во нешто
    Пробај да ископаш информации од повеќе извори ако не бидне тогаш кажи му на родителите
    Има милион варијанти
     
    На Damata so marama му/ѝ се допаѓа ова.