1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мешање во туѓа врска (со цел да помогнам)

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Damata so marama, 16 јануари 2020.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @Damata so marama, кажувањето на родителите е меч со две острици, ама и единствено нешто што можеш да направиш. Ти си ги знаеш родителите, можеш да предвидиш како ќе реагираат. Ако почнат да викаат по неа, да ја караат, да се закануваат дека ќе ја затворат дома, или дека него ќе го тепаат, ништо нема да направат. Вие треба да и помогнете да си ги отвори очите, да види со какво говедо си има работа. Само смирено, со љубов и со разбирање. И дајте и време.

    Најпрво разговарај со родителите, не чекај. Супер што ги имаш разговорите, зошто сестра ти може и да негира. Ама нека разберат твоите дека со драма и хистерија ништо нема да постигнат, само полошо. Затоа, кога ќе дојде време за интервенција, нека и пристапат нежно.

    Меѓутоа, да бидете подготвени, дека ова нема да биде лесно, и како што пиша некој погоре, не секогаш ваквите ситуации имаат среќен крај. Колку лошо да ја третира партнерот, да ја тепа, вреѓа, има жени кои самите никогаш нема да ја прекинат насилната врска.

    Најлошо ќе биде ако на сестра ти не треба да и се отвараат очите, веќе да е совршена свесна со што гнаса од човек си има работа, но и покрај се, таа свесно да останува со него.
     
    На Ambitious, Antebellum, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ептен лошо ова ...
    Кажи им на твоите.
    Интервенција направете.
    Таа, ти, твоите, и адвокат, и седнете ја да и објасните зошто сте загрижени и каде може да води ова.
    Дечкото е насилник и поарно нема да биде никогаш, а за полошо, ти гарантирам.

    Ќе се лути, ќе ве мрази, ама мора да и' помогнете.
    Не е ич чудно нејзиното нелогично однесување..
    Ко Стокхолмски синдорм е психологијата на жртва на насилство во врска/брак.
    Навистина е убедена дека љубов е во прашање.

    Не е лошо и психолог/психијатар да има присутен.
    Ќе и' треба време да се соочи со реалноста.

    Со среќа :hug:
     
    На Ambitious, MynameisHelen, Feminka22 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    Ако си била присутна кога се расправале, ќе бидеш пак. Додека се расправаат неколку пати снимај ги со телефонот, само звук (со voice recorder) бидејќи ако е со камера ќе те видат, и после сниманото пушти им го на родителите на сестра ти.
    Полиција нема да се замара со вакви работи, џабе ќе одиш таму. Само ќе ти речат ако имало физички напад ќе реагираме и тоа да е пријавен од тој што е нападнат, а сестра ти "чим го сака" нема да пријави.
    Секако, мора да има доказ дека ја нападнал и сведок.
     
    На Antebellum и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Многу лоша ситуација.
    Ептен.
    Мораш да разговараш со родителите.
    И неа да ја седнете и да ја натерате да согледа што навистина тој и прави и како манипулира со неа. А штом спомна и казина, е тогаш за него нема спас.
    Утре не дај боже, ќе ја остави бремена, како ќе гледаат дете????
    Мора и со психолог да разговара, да увиди дека и после него ќе има живот и тоа многу подобар.
    Со среќа и се надевам ќе се извлече од ова, додека не е касно, сепак е многу млада.
     
    На Antebellum, Feminka22, Damata so marama и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    Многу е битно какви ви се родителите,каков пристап ќе имаат кон проблемов,за ова мораш да им кажеш,разговарајте вие 3ца смирено и развијте стратегија и план за разговор со неа,убаво ти кажа Вајлд ако треба организирајте адвокат и психолог и седнете ја,во смирена атмосфера,ова е многу лоша ситуација,тешко дека сама ќе се откачи од него.
     
    На Damata so marama и WildMk им се допаѓа ова.
  6. BlackSwan22

    BlackSwan22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2018
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тој и се заканил на сестра ти па таа од страв не сака да направи ништо. Убеди ја да ти објасни што се случува меѓу нив дали и двајцата се задолжени кај некој лихвари... Дали дечкои од секогаш се однесувал така спрема неа или сега во последно време?
     
  7. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Или и двајцата се влезени во некоја каша.
    Но сепак треба на време да спречиш.
    Седни ги твоите родители и кажи ја цела ситуација.
    Тие да ја контролираат,и да не кажуваат дека ти си кажала.
    Тие се возрасни ќе најдат решение за ситуацијата.
     
    На Damata so marama, doubleg и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Денес зборував со неа. И кажав дека се знам и за се сум свесна. И кажав дека имам докази и дека направив schreenshot од пораките. На сето тоа добив одговор дека не сум смеала да и чепкам по приватност. Зборував на секој начин и добив одговор дека он ја сакал неа но кога се изнервирал така и пишувал ја напаѓал бидејки таа секогаш го нервирала.
    Јас сум сигурна дека он неа ја сака, барем 70% сум сигурна. Бидејќи после караниците и звони на телефон и плака, се моли да му прости. Барем во минатото така беше, сега за во последно време не знам. И реков зошто дозволува да и ги троши парите ми одговори дека заедно ги трошеле и неговите и нејзините.
    Во сето ова сега се сомневам дека он има психички проблеми, дека сето ова се одразува од тоа. Но зошто и ги троши парите, неможе заради психички проблеми.
    И кажав дека ќе кажам на родителите и ми кажа дека ќе прекине со него само да и дадам малку време. И дадов рок до една недела доколку нависитна не стави крај, проблемот ќе го кажам на родителите додека не е доцна.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Во тоа ми е проблемот, ако кажам дома таткоми не само да вика, да се дере, ќе му отиде дома и ќе го запали жив. Потоа ќе ја нападне и сестрами затоа што криела цело време.
    Да не беа избувливи јас до сега немаше да кријам ни од првиот пат кога се посомневав за нивната врска.
     
    На Antebellum и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Затоа што она го сака и мисли дека се е океј додека му плаќа и дава се, а овој кога ќе најде друга со повеќе финансии ќе ја шутне. И нема да го откачи туку ќе му каже дека ти знаеш се и проблемот ќе се продлабочи. Седни дома со твоите разговарај, и на 22 години лета паметот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Класичен Стокхолм синдром.

    Јас би направила се што можам, легално и нелегално, да ја тргнам од таков пропалитет, додека не ја врже со брак и дете.
     
    На Emy867, Shalitra, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.672
    Допаѓања:
    116.490
    Пол:
    Женски
    Додека се крие,ситуацијата може да се влоши.Поради тоа не чекај многу и кажи им на твоите.
    Нека се избувливи,за вакво нешто имаат право да знаат.
     
    На Damata so marama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Different7

    Different7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Под хитно да им кажеш на твоите. Таа и да му раскине, тој нема да ја остави на раат и ќе ја бара постојано. Постои можност да ја предомисли, а ти да не знаеш за тоа.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nona13

    Nona13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Секој родител секако дека ќе реагира така тие ја растеле ја воспитувале а сега еден никаквец да ја згазе е тоа секако нема да го дозволат биди упорна и спаси ја и кажи на твоите никој подобро неможе да ти помогне од родител, се надевам ќе ја убедиш и тај никаквец ќе изчезне од вашиот живот..
     
    На Antebellum и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. AAKG

    AAKG Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    1.266
    Ќе мора таја лично да дај изјава во полиција дека е малтретирана и пораките ќе служат за доказ али и тие пораки можи да ги проверат преку крим техника случајно да не се праќани од фејк профил или друг број од мобилен.
    Ќе добие забрана за доближување и следена закана ако и прати на сесрати,ке добие парична казна во глоба од 50до 300евра пошто е закана по живот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Многу се думав шо да ти вратам, а темава ја видов од сам почеток. Ама жртвата некогаш не знај дека е жртва, во други ситуации одбива помош зошто негира ситуација, а во други зошто мисли дека не заслужува помош. Мислам дека сестра ти е третото.

    Јас гласам ЗА да збораш уште еднаш со неа, со отворени карти. Да ти објасни кој дел не го разбираш, оти нели рече не било како шо изгледа и дека не знајш се. Ако добиеш нови информации, шо се сомневам, ќе ги увидиш па ќе одлучиш за следен чекор.

    Следен чекор се родителите. Не можам да опишам колку е важна поддршката од родителите. Не само во оваа ситуација туку општо. Зборај на само со нив и објасни им дека сестра ти е жртва и дека е многу важно да не викаат по неа туку да ѝ бидат поддршка. И после тоа сите тројца зборувајте со неа.

    Не знам колку е легално, ама ти имај слики од разговорите. Мани скринови кога можиш и пушти си ги.

    Одење дирек во полиција не мислам дека ќе среди веднаш се зошто сестра ти го брани ама кога мислиш дека треба - одете. Нормално, со максимална поддршка од родителите. Те молам, не знам какви луѓе се, ама обиди се да им објасниш колку е важно да дадат безрезервна поддршка.
     
    На Doozy, Jas!, Ambitious и 6 други им се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Работата е што може и сестра и да е замешана во нешто нелегално, па со полицијата да и ја стави главата во торба нејзе уствари.
    Затоа треба многу внимателно во вакви ситуации. Животот не се одвива секогаш ко по книга. Пречесто не знаеме што имаме дома.
    И 90% нема да прекине со него. Ќе му каже дека знаеш се и ќе се пазат уште повеќе.
     
    На Stressed Out, happygirl, ane.bella и 4 други им се допаѓа ова.
  18. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Чим одат по казина, тогаш парите се од брзи кредити и тој така реагира ваљда зошто се заглавени а таму ненормално високи се каматите за секој изминат ден после рокот.

    Додека сама не се разбуди, никој и ништо нема да ја спречи да биде со него. Ако родителите дознаат и ко што вика девојчево избувливи се, а тој има контрола на неа, а таа мисли дека е крива за се, ќе излезе полошо зошто тој ќе ја убеди дека тој е жртвата а тие се криви и бетер од сега ќе биде.

    Ако се замеша полиција што ако двајцата се некаде заглававени, башка и ако е без нејзино знаење пријавено таа ќе негира никогаш нема да признае дека е така или дека и смета тоа и што може полицијата ако жртвата не сака да се превземе нешто?

    Со разговор со неа тешко дека ќе ја убеди, неа и се случува ова не на некој трет па да и се посочува да сфати. Сама ко не си сфатила до сега, тешко со совети... Лошо е што таа за него мисли дека е жртва, нема да му направи лошо на некој што веќе се кае што му грешела...

    Освен да направите план дека парите нејзини некако заминуваат некаде, излажете нешто, направете стратегии, измислете дека некој се заглавил, сте дале, ви зеле, сте купиле нешто, ви побарале, не знам само да поверува дека нема пари барем еден месец. После гарант без пари тој или сам ќе се тргне или таа ќе види дека се било за пари.
    Да се надеваме.

    А дека ќе го оставела ама и требало малку време нема врска, само си купува време да не ја замараш некој период...
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Да зборуваш со твоите обавезно, што дечкото доаѓа дома треба да знаат и тие каков е, вака ја поддржуваат сестра ти без да го познаваат вистински. Полиција нема ништо да направи, плус сестра ти ќе застане на негова страна и тогаш нема место за полиција. Твоите нека и побараат пари да дава дома, како така заработува а дома како на гости. Нека и дадат повеќе обврски да плати некоја сметка, да пазари нешто за по дома. Таа сама инаку ништо нема да направи, вљубена е и не сака да признае што и се случува.
     
    На Damata so marama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.317
    Допаѓања:
    10.428
    Пол:
    Женски
    На родители, одма.
    Не е ни свесна во каков проблем ја навлекол.
    Луѓе губат се што имаат на коцка.
    Полошо и од дрога мене ако ме прашуваш, човек губи емпатија према блиските, губи осет за се освен за финансиска корист. Се што не е од финансиска корист него не го интересира, ни љубов, ни забава, ни шетање, ни бакрачи. Се сакаат кога таа има пари, кога веќе нема ја малтретира.

    А богами, ако дошло до тоа сестра ти цела плата на него да ја троши и кредити да зема, аларм. Одма треба да се превземе нешто. Разговарај со родителите, кажи им што си прочитала, за караници и навреди дека ја малтретира и најбитно, дека на негова иницијатива одат во казино и ја трошат нејзината заработка.
    Неа може проблеми со лихвари да и направи.

    Да не кажувам каков сличај знам, што е заглавен на коцка. Работи цел месец за 30000, стига плата нему целата за долгови, ни денар не му останува, башка тоа што неговите кредити имаат подигнато за да го куртулат. И самиот само ветува дека од утре не се коцка, после пак по старо.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.