1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме заведе, ме искористи, па ме фрли

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од poizon, 3 јули 2011.

  1. poizon

    poizon Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Здраво феминки,доколку се сеќавате на мене имав проблем со момчето кое излегував 3 ипол месеци,неможев да го заборавам,он фати девојка и замина Германија и така со тек на време јас го преболев некако со помош на "сегашниот" дечко.
    Он ме знаеше од порано од гледање значи не имавме муабет но еден ден така стапивме во контакт комунициравме се договоривме излеговме се смувавме почнавме некој вид на врска.Се беше убаво најубаво ми се понашаше просто да неможеш да поверуваш,првиот до средината на вториот месец рака не стави на мене значи премногу ме ценеше премногу ме почитуваше,јас многу го засакав а и он ми го покажуваше истото од негова страна немаше ден да не ми се јави и тоа не еднаш него 10 пати во ден,не се гледавме секој ден,но секоја средба беше полна со љубов.Се договоривме една вечер да гледаме филмче сами двајцата во стан.Гледавме си лежевме заедно.Предходно не сме имале ваков момент,не сме имале муабет за секс па ни сега ,но бакнежи,милувања едно друго трето МУ СЕ ПРЕДАДОВ.Ми беше прв и можам да кажам дека болеше премногу но издржав.Следната недела неговото однесување кон мене беше ФАНТАСТИЧНО.Никогаш и никој не се понашал така кон мене.Морам да кажам дека и таа недела имавме односи и со тек на време се помалку и помалку болеше.Но...проблемот е следниов....Дечково следните 5 дена не ми се јави,секогаш јас го барав прва,некогаш дури и не креваше на повици не одговараше на смс но сето тоа го замижав и со надеж ако јас му свртам грб ќе ме побара но многу неубо се излажав не ме побара ! И така повторно јас решив да го барам за муабет да си направиме.Се дог се видовме и го прашав кој е проблемот,зошто се однесува така а он ми рече дека си го направил ќејфот со мене па несакал повеќе да се гледаме.Скршена полна со солзи заминав дома.Трет ден еве кај што не излегувам од дома,не јадам не спиам не пијам несакам да видам никого заклучена сум во соба и излегувам само до тоалет...Девојки ве молам помогнете ми некако зашо животов за мене ми се чини нема смисла повеќе..Го изгубив највредното..ЈА ИЗГУБИВ НЕВИНОСТА СО ИДИОТ ! :@ :sweat:
     
    На ki-ki-ch-ka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GoldenValery

    GoldenValery Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    13
    Ме заведе,ме искористи па ме фрли

    Јас мислам дека самата ТИ си виновна за ова што ти се случува ...требало да размислиш дали тој е вистинскиот, не знам што совет да ти дадам ... значи си го направила тоа што не треба и нема назад...знам сигурно ти е тешко , но не се затварај во себе ..разговарај со ова со некој близок ,со мајка ,со другарка ...верувај ми полесно ќе ти биде ова да му го кажеш на некого во очи ,и не се грижи живот иде даље ,ќе ти биде тешко ова да го заборавиш знам голем ШОК е ова за тебе но ќе треба да се соочиш со ова :/
     
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Ме заведе,ме искористи па ме фрли

    ОК, се случило што се случило...готово, не вреди да се нервираш. :!:

    Искрено се изненадив кога прочитав дека некој може да биде толку суров и во фаца да ти плесне дека си го направил ќеифот. Еден збор-стока!!! Жал ми што постојат вакви машки. :(

    Е сега готово е, завршена работа, времето не можеш да го вратиш, биднало. Жал ми е само што губењето на невиноста ќе ти остане како лош спомен и тоа токму поради некој редок примерок од машкиот род.
    Можам само да те утешам да излезеш од соба и да си направиш ментална слика дека и ти него си го искористила. Ќе си најдеш друг дечко, некој што искрено ќе те сака.
    Некое време ќе мислиш дека сите се исти, ама не е така, ти само си налетала на погрешен. Тоа е. :)
     
    На una-princessa, Rose96 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ме заведе,ме искористи па ме фрли

    Леле па мора еднаш да се случи, што има врска ако се случило со погрешен не е тоа ништо трагично како што си го замислила ти. Наместо тоа што ти го рекол да ти биде мотив да го мразиш, ти како во некоја американска романтична комедија си се заклучила во соба и се трескаш од земја. И што постигнуваш? Тешко е? - Знам дека е, ама мора да биде, и мора да помине, кога и да било тоа ќе се случело, крај краева не те искористил, туку и ти си сакала, Господ да чува не те силувал. Ај избриши сега солзите, и трк на фризер или на маникир. ;)
     
    На khaleesi1, Rose96, rainlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Ме заведе,ме искористи па ме фрли

    Чекај тој со сила те тераше да идете во стан сами да "гледате филмче" :fubar:
    Или што си мислеше дека само ќе те гледа нема да проба да имате нешто, нема ништо што е за чудење, чудно би било ако не пробал :!:
    И дајте престанете веќе со тие муабети ме искористи, ми ја зеде невиноста!
    Тебе ти беше убаво додека бевте заедно?
    За промена почни да размислуваш дека ти него си го искористила :!:
    Додека да дојде "принцот на белиот коњ", уште колку коњи ќе поминат ехееееее.
     
    На MarchelineAmaru и Offspring им се допаѓа ова.
  6. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Ме заведе,ме искористи па ме фрли

    Прочитав што се случило и почнав да се туфкам и мрштам. Секогаш сум знаела дека има секакви говеда ама кога и да прочитам нештп вакво, поново се нервирам. Разбирам дека е тешко, ама живот иде даље. Не е баш утешно сега ама тоа е.. Излези од соба, како ќе најдеш некој што те сака и почитува ако седиш затворена постојано? Не си ти виновна, самата кажа дека бил прекрасен и совршен кон тебе. Не си можела да знаеш што следи. Затоа, излези од дома, среди се. Последно нешто што во моментов ти е потребно е да трошиш време мислејќи на таков копук. ( :x ) Еднаш мора да се изгуби невиност, не е највредното нешто кај девојката. Највредно нешто си ти. Уживај и пливај, како што љуби да каже татко ми.
    :)
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Убаво ти кажа Офи . Поубаво што ти ја кажал вистината , кога и да ти биде лошо само сети се што ти рекол и одма подобро ќе ти биде . Подобро ова него да не ти кажел ништо и ти да се прашуваш да не е во тебе грешката , разбираш ? За невиноста , кога тогаш ќе си ја изгубела . Дека те натерал , присилил или наговорил не можеш да кажеш . Никој не те тепал , како што сакал тој - така и ти . Само он ете сакал ќефот да си го направи а ти не . Искочи и направи нешто што ќе те развесели , купи си нешто ново , иди на фризер или ете маникир. Што е најважно , главата горе . Не давај да види дека ти е за нешто лошо ;) :)
     
  8. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.488
    Допаѓања:
    2.078
    За толку краток период не се прави тоа, посебно ако ти е прв пат. Значи ете тој ти правел лице мал период и си го добил тоа што го сакал. Треба да си среќна што живееме во 21 век и невиноста не игра голема улога како порано, па нема да останиш сама засекогаш. Разбирам криво ти е што тоа единствено чувство си го изгубила со слепец, па ова нека ти биде поука за друг пат, бидејќи тоа не може да го повратиш.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Абе има и предности у тоа што ти направил. Јухуууу не си веќе невина, искочи у град и можеш да се плескаш со кого сакаш :party: и секој да ти биде втор јејејее :D
    Шала на страна, поплачи уште некој ден и после гордо стани си, улепшај се и правец у диско во поход ;)
    Ќе пројде, невиност одамна не е веќе big deal. Плус ти било убаво коа си ја изгубила, затоа relax, како и да е ти си чиста, а гадот ќе се покае ;)
     
    На Mini-Mouse и Zumbula им се допаѓа ова.
  10. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Во моментот кога си го направила тоа - си го сакала те направило среќна. Никој тебе со сила не те терал. Е сега, што тој бил кретен и се поставувал добро со тебе предходно е друга приказна.
    Како и да е било, се случило и времето неможе дасе врати назад, за жал.
    Зборувај за ова со некоја другарка или со мајка ти, полесно ќе ти биде да се искажеш него да чуваш во себе, така само внатрешно ќе се уништуваш.. :worried: . И не се секирај многу, тебе во моментот ти било убаво, па не уживал само он ;) Батали го, најди си некој што ќе те цени тебе како личност, а невиноста како што ти кажале феминкиве од дамна веќе не е нешто тооооолку битно. ;)
     
  11. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Немој да паѓаш во депресија затоа што си наишла на ваков идиот, кој го врти.
    Ти кога-тогаш ќе го најдеш вистинскиот,кој ќе те цени и сака како што си заслужила, а на овој кретен ќе заоравиш дека е жив. Немој да се каеш за нешто што ти било убаво.
     
  12. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Не е се во тоа да му дадеш па да го задржиш! Сеа се каеш .. а си требала да почекаш некое време да видиш дали тој е вистинскиот,дали стварно те сака.Љубовта не се докажува со зборови туку со дела ;) Но што е тука е.ПАМЕТ ЗА ДРУГ ПАТ !
    Сега ти треба да гледаш напред а не назад! Не се затварах ради таков идиот.Иди прошетај,животот е убав.Искочи со другарки.Така послесно ќе можеш да го заборавиш. ;)
     
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Те заведе, те искористи па те фрли?
    Било, поминало, продолжи...

    Ако се навраќаш на она што можело и требало да биде, ќе видиш дека е погубно за самата себеси...
    И памет за во иднина, не е злато се' што сјае!
     
  14. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    ваквите луѓе едноставно не се достојни да живеат и да ја газат земјата али тоа светот е полн со секакви будали. Немој ти да се затврорас по дома да тагуваш и да паѓаш во депресија мисли, си го сакала си ја изгубила невиноста со него не си ни прва ни последна. Живееме во 21 век каде невиноста не игра некоја глема улога како што било тоа во минатото. Не се секирај ќе имаш и други кои ќе те заслужуваат. Па уште и без ронка срам во лице ти кажува дека само си го напраил ќеифот можам само идиот и не заслужува натаму да коментирам за него
     
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ретко кој останува засекогаш со првиот со кој имала односи.Кај тебе раскинувањето се случило релативно брзо по односот и јасно ми е колку си изреволтирана од целата ситуација.
    Мора самата да се соочиш со ситуацијата, да сфатиш дека на чело не ти пишува дека веќе не си невина и да продолжиш нормално, се случило...не си го направила тоа насилно, дошло спонтано, двајцата сте учествувале во тој чин, сте сакале да се случи секс, сте уживале и не треба да се чувствуваш искористено.
    Си го направил ќефот, ама си си го направила и ти. Ти направил услуга, следниот пат кога ќе имаш секс со некој што бескрајно го сакаш, да уживаш, а не да те боли! :lol:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Искрено мене ми е страв пак да се заљубам,не дека во моментов не сум но од вакви машки искрено се тресам од страв.
    Се случило,си му се предала зошто си го сакала,тешко ти е,но продолжи понатаму.Без да помислуваш на одмазда нити како да го вратиш,верувај залудно губење на време е .Било и поминало.Наместо да седиш овде и да тагуваш за она што се случило размисли како да го поминеш утрешниот ден,да излезеш и да шеташ,да започнеш нов живот-БЕЗ НЕГО,да запознаеш нови момчиња кои сигурно ке сакаат да бидат со тебе не само заради секс туку само зарадти тоа што те сакаат и сакаат да бидат со тебе.Знам дека е лесно од страна да се каже,а потешко да ти се биде во кожа.Но верувај и јас сум во слична ситуација ко твојата.Утрово плачев за типот но потоа решив да го закопам за секогаш и не постои повеке за мене.Со тие зборови ке се чуствуваш подобро кога ке ги спомнеш.
     
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ова донекаде ме потсека на последната љубовна приказна која се случуваше пред некој месец

    Се запознавме со тип на курс по албански организиран од заводот за вработување, почнавме да се друзиме, ме покани на кафе-го одбив, па после неколку дена прифатив ми понуди врска го одбив, па после за второто кафе јас го поканив тој прифати.И така беше се супер,глумење лудило такозвано врска :D дрзење за раце, симнување на звезди, слушање,гледање , за во мегу време ме покани по неговиот стан кој немал светло
    "да видам каков е станот" секако дека не прифатив, и пред да наполниме 1 месец призна дека нема намера да се смени ниту да ме повреди, и така мирољубиво раскинавме-само што после раскинувањето го видов еднаш -кога го полагавме тестот по Албански јазик(си ја бараше тетратката , оти му беше кај мене) и некако беше нервозен, ама јас онака најнормално му казав да смири зивци, и пред да заврши тестот го снема, и толку од него :)

    инаку заборавив да напоменам дека се обиде да ми најде работа-мислев дека никогаш нема да ме повикаат на интервју,кога најмалку очекував ме повикаа но се уште немам вести од работодавците во таа фирма :sweat:
     
  18. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    за жал во ова лудо време вакви случаеви постојат и допрва ќе ги има :)

    никој не би сакал да е во твоја кожа и сеа и да ти кажам не плачи, не прај тоа.... знам дека се зборови..
    не би сакала да се откажеш и да постанеш некоја депресивна девојка..
    знаеш во денешно време не е веќе ни важно дали ти е прв.. но кај нас девојките таа работа не е ни најмалку едноставна,за нас тоа е како бајка и мора се да се совршено, па и мора бе, тоа останува за цел живот,првиот бакнеж може се заборава,гаден ни бил или незнам како но губењето на невиност :x

    ако можам преку мој пример да ти помогнам еве повели
    мојата невиност ја изгубив од за мене веќе најголемото ѓубре што постои бе,пред да имаме односи незнаеш колку беше убаво,но после тоа се се промени,тој се измени со мене,а јас депресии што да ти кажувам и врската си пукна...
    ја после тоа плачење патење...прв ми бил.... мене не ми кажа во лице... но јас со тек на време си сватив дека ме искористил,но потоа со тек на време не беше се така црно,типот созреал и ете ти го најголем пијаница и моли незнаеш како ме моли..
    но цигарче се свести колку е саат, и си најде некој што ја цени и ја заслужува и еве сеа прекрасно ни е, да втор ми е и знае, никогаш не ми пререкол.. имам сватено во некои моменти дека му е криво што ете не ми е прв но подобро и да не ми,ете првиот пат сум имала лошо искуство,но вториот односно сега,се чувствувам како нај саканата и нај ценетата девојка !

    затоа мила главата горе и стави пепел..ќе дојде денот кога ќе сватиш дека тоа морало да се случи,и на крај на крај ти си го искористила и сега знаеш како е всушност да се има односи ;)
    се надевам малку барем ти помогнав :)
     
  19. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Да си здрава и жива...не ќе мислиш сега за невиноста која си ја изгубила со него! Ти си мислела тогаш дека тоа што го правиш е правилно. И не гледам причина зошто да те осудувам... Си го сакала, преубаво ти било со него, тој те сакал (барем така ти кажувал и така се понашал) и што треба повеќе ?!
    Здравје сега, не гледам ни причина зошто да се затвораш дома?! Е арно де, не си ни прва ни последна...дечкото на мојата другарка со кој идеше 2 ипол години ја скина и по два дена ја остави. Ете ќе речеш , таа не се брзаше-чекаше погоден момент...демек погоден-ете друго се воспостави !! И што да прави сега?! Да се затвори, да плаче, да не јаде?? Баш напротив-таа си излегуваше, се дружеше, а сега па не сака да и го спомнеме и' се гади од името и од самата помисла на него! Таа што се вика уште не е ни доскината! И беше тешко ама ете пола година помина и болката помина! Не се глупирај девојко, дома во четири зида ништо нема да направиш!! Излези, шетај дружи се и биди јака! Во животот те чекаат потешки работи, а за невиноста-нема да ти бараат бел чаршав кога ќе се омажиш! Помири се со тоа и крај, точка на муабетот . Ако не беше тој, ќе беше некој друг! Биди среќна што си го покажал своето вистинско лице за неколку месеци-биди среќна што тоа не биле години! Уживај и шетај, излегувај! Се надевам дека ќе сфатиш дека ти помогнал колку што ти одмогнал! Поззздрав :*
     
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Леле трагедија :o Постојат идиоти од мажи тоа да и овој твојот е еден од нив, ама јас да сум на твое место би му била благодарна затоа што ти ја кажа вистината во лице и не те матка и замара уште, можеше полошо да биди !! И ве молам не правете од ништо нешто. Ретко кој останува до крајот на животот со тој што му бил прв. И не знам дали сеуште постојат луѓе кои веруват дека невиноста треба да ја изгубиш со „вистинскиот“ тоа го има во цртаните на Дизни, па дури ни таму :worried: Не прави од ова голема работа затоа што не е !! Сфакам дека си повредена моментално ама не вреди да плачиш и да не излегуваш од дома тоа е претеризам :!: И да...ќе заборавев за малку НЕ ТЕ ИСКОРИСТИ воопшто затоа што и ти сакаше, затоа што свесно и доброволно му се предаде.
    Имаш 20 години. Дали навистина си помисли дека „ќе гледате филм“ ??
    Некој паметен рекол:„ После е***е-нема кајање“
    Живот иде даље !! Главата горе !!
    Едит: Немој да си останала уште еден ден дома дотерај се, стави ја насмевката на лице и излези. И ако те види остани таква-насмеана. Нема потреба да знае дека ти е битен и не треба да ти биди, нема потреба да знае дека ти го срушил светот и не треба да ти биди.