1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме заведе, ме искористи, па ме фрли

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од poizon, 3 јули 2011.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Па девојко искрено не ми личиш како да имаш 20 години, во ред што се случило се случило, животот не запира таму па сега ти мораш да се затвориш во соба.
    На чело ќе ти пишува дека ти си му дала на тој, немој ни до тоалет да одиш ако не, купи си нокшир и спушти ролетни, строго во соба седи и не комуницирај со никој, сега не се невина, сега си прав монструм...

    Мислам дај освести се, немој себеси да си наштетуваш и да губиш драгоцено време, гледај на момакот како на авантура, опушти се и уживај ;) .
     
    На una-princessa, Bunny05 и Offspring им се допаѓа ова.
  2. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Живот иде даље.
     
  3. andromia

    andromia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Види до пред да ја изгубиш не си мислела дека типот е идиот и се тоа..ама ете се случило, ништо страшно...Тоа што ти се обратил така нека не те нервира затоа што со своето однесување дотичниот само си покажува колку е мизерен и не вреди за пет пари..сега боже мој на секоја девојка ќе и помине некој дебил низ животот ама во тоа е и штосот ЌЕ ПОМИНЕ....замисли да ти се залепело такво говедо па уште и врска да сте почнале :) Не гледај на невиноста како на највредното нешто на светот апсолутно нема потреба...излези малку, прошетај, не се затворај ...живеј...а се друго постепено ќе си се среди. Утре кога ќе имаш активен секс живот ќе сфатиш дека понекогаш секс е само секс, а водење љубов е нешто сосема друго и далку поубаво. Уживај
     
  4. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Чим си пристала да имаш секс со типот не е користење тоа

    Јас се гледам во тип цел месец имавме секс и мене убаво и него , се испокарасвме очи не си видовме и ја треба да кажам ме искористи? НЕ. далеку од тоа и ти си имала корист од него и тебе ти било убаво
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Тоа што било-било. Нема враќање назад, а животот продолжува понатаму.
    Си ја изгубила невиноста, па што? Важното е дека тогаш ти било убаво. Ништо страшно, кога тогаш тоа морало да се случи.
    Не смееш да се затвориш во соба, не паѓај во депресија затоа што не вреди. Ќе видиш дека за некое време ќе заборавиш на ова, дури и ќе се смееш кога ќе се сетиш.
     
  6. MoSa

    MoSa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    devojce da se rece deka iame slucna sudbina.. 24/7 bevme zaedno no kratko vreme.. premnogu se zaljubiv vo nego sho mu se predadov.. za sho! za posle edna nedela da me sitne za edna kurva so se e*e so sekoj 2 u skopjevo i posiroko.. :/
    [mod-kirilica:104r6n71][/mod-kirilica:104r6n71]
     
  7. Marijana5

    Marijana5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Девојки ја гледам темава и мислам да не отварам нова па тука да ви пишам за совет.Со дечкото се знаеме уште од мн одамна, сме биле и другари и тоа мн добри излегувавме заедно на кафе ваму таму,но некако од еднаш се се смени правевме муабет и ајде излегоме се смувабме после тоа помина еден месец како бевме заедно, но ете го засакам....до тогаш беше се нормално и нормално се понашаше кон мене и една вечер се занесовме и ете бидна му се предадов но ми беше прв , еве после тоа се гледаме више 3 месеци но не е тоа тоа како што беше нема ни малку сличности како порано, се гледаме и сега али чуствата не се исти од негова страна ми стои како ништо да не му значам.Но сепак не бевме во врска.Денес дознав дека има друга и дека веке е со неа во врска а девојчето е помало од мене 3 год. Незнам што да правам несакам да го изгубам а и несакам да се гледам со него додека тој има женска се осекам мн понижено. И затоа ве молам за совет. Сакам да правам муабет со него......
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Маријана јави му се направи муабет да знаеш на што си,прашај го дали е вистина дека има женска и што чувствува моментално спрема тебе...
     
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    мацо душо по она твоево излегува онаа народната ,, помеѓу машко и женско нема другарство ,, можеби тој те сакал душо како другарка , а моментот на слабост и страста преминала во интима па сега не те сака толку многу за да ја продолжит врската како со женска ај прашај го што мислит и неговиот одговор прими го цврсто !!! и немат врска дека ти бил прв некој морало да бидит ако не продолжите немој да паѓаш во трауми животот е пред тебе ке сакаш Ти и тоа вистински ама тоа ке биде оној кој ке ја заслужи твојата љубов !
     
  10. Marijana5

    Marijana5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    незнам више како треба со него да се понашам знам дека е точно знам дека има женска очигледно со тоа ми покажува дека нејке више да биде со мене шо тоа ме највише повредува , нз зашо уствари ми га праве овоа....

    Ни најмалку не ми е тоа оти ми е прв мора некој да биде прв , со женската што е сега знам дека немаат секс а и нема да имаат . Али не ми е јасно зошто прет тоа не ми кажа ако несака више зошто има друга а вели дека ке се гледаме му имам кажано дека несакам на тој начин да се гледам со него , едноставно нејкам да се кријам од никој нејкам да бидам 2 и да бидам таа што ке биде глупата и што ке му прави задоволсто нему.....
     
    На princess11ska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    зошто е кукавица да ти каже во очи туку те наведува ти самата да си донесиш заклучок и нему да не му падне дел од вината ако е така тој не го заслужуват твоето внимание !
    п.с. биди храбра ! и во иднина одбирај ги пријателите од машки под ! :tmi: еве мене еден од подобрите приатели кој ми беше другар повеке години ми е сега сопруг ,а врската како дечко и девојка ни траеше еден до два месеци а како другари 7-8 години ! а како сопружници многу повеке ! ама Јас си го одбрав најхрабриот другар за дечко ! според мојов случај можна е врска помегу поранешни другари но само и само ако се појави обострана љубов , а не само еднострана !
     
  12. Marijana5

    Marijana5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    По моите заклучоци мислев дека ке трае подолго но ете се случи бидна што бидна у иднина мислам да не му џвонам д ане го барам тоа за мене веке е завршено неможам да поднесам тој да е со друга а да се гледа со мене едноставно се чуствувам понижено подобро кажано изкористено. и мислам дека така најдобро ке биде.......
     
  13. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Јас па мислам дека е важно со кого си ја изгубила невиноста и дека тоа останува како лошо или добро искуство целиот живот. Не би рекла дека сама си си крива, затоа што како што прочитав бил фантастичен, полн со разбирање, никогаш не форсирал за секс и слично. Но веќе враќање назад нема. Иако искуството ти било лошо те советувам да пробаш да не го гледаш тоа така односно ми го зема највредното па ме остави. Не дека сметам дека невиноста не е вредна меѓутоа во секој случај е болна па радувај си се што завршило. Биди срекна што типот не бил груб за време на чинот затоа што има за жал и такви машки :!: . Единствено ти преостанува да отвориш очи и да продолжиш храбро понатаму. Секое добро! :)
     
  14. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    маријана душо... знам како се Чуствуваш, знам дека си пониЖена, знаЧи колку ме нервираат таквите говеда бе, абе немаат карактер, деца ццц.. ништо остај го нека си оди со неговата девојка, само тоа што се слуЧило нека ти биде памет за друг пат, па нели сите грешиме и уЧиме на своите грешки, па и тоа на овој или на оној наЧин ке ти остане дел од Животот, грешка што се надевам дека ке ја поправиш.. гледај во иднината. ке дојде и твојот принц ке се заљубиш и ке се Чуствуваш сакана, не се Чуствувај така не вреди навистина гледај се прво себе а потоа другите гледај на тебе да ти биде добро , порано или подоцна и ти ке ја најдеш својата љубов, ти посакувам мн среќа драга моја свати го тоа како дел од Животот не се тревоЖи, знам дека е тешко, но работата е во тешкото да издрЖиш па за понатаму да бидеш среќна .. те поздравувам :)
     
  15. Marijana5

    Marijana5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    фала на сите за одговорите и за советите ке гледам во иднина цврсто да стојам на нозе и да продолжам со животот понатака што е тоа е....
     
  16. theboy

    theboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    32
    Маријанче не се нервирај ке си го најдеш ти својот поарно не биди со таков идиот, и за невиноста што си ја изгубила не се нервирај ти тоа си го направила од љубов значи си го сакала па си направила не си ја продала за пари.Мене лично не ми смета да имам девојка или жена а д аимала односи претхо...мислам во случај да биде како твојов бидејки ти не си виновна за тоа што тој се прави таков.А пак машко да имал односи пред тоа? тоа е исто значи и девојките да знаат треба ни една да не се со него? тоа не се нервирај
    ако вистинскиот ти верува за тоа што се случило нема да те прави ку*рва и тогаш можеш да сватиш дека тоа е вистинскиот што те сака бидејки ти верува,но ако знае дека си скината и те прави дека си имала односи со него батали го не ти треба таков.Тоа ти го кажувам бидејки сум машко и знам, а сега за идиотите тоа е друга приказна поззз :)
     
  17. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Те заведе-ОК
    Те искористи-тој те тераше??
    те фрли-те фрли,фрли го и ти...
    Како и да е,не те силувал,не ти направил ништо страшно,го сакаше?Барем ја изгуби невиноста со тој што го сакаше... :* .. друго незнам што да ти кажам .. :| ...
     
  18. Marijana5

    Marijana5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2

    За искористување не знам и јас го сакав тоа па и затоа го направив , а и да барем ја изгубив невиноста со тој што го сакам , ич не се кајам за тоа али незнам зошто одеднаш така се сменија чуствата кај него али јбг тоа е...живот иде даље....
    Фала за коментарот ептен ми значи бидеејки е од машко ....фала ставрно многу ме охрабри некако
     
  19. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Ја видов темата, па не сакав да отворам нова. И јас се најдов во слична ситуација. Имав врска од нешто повеќе од 2 и пол години преку интернет, со личност од друга држава и континент, а комунициравме на англиски, од кого и научив многу од јазикот. После кога тој отиде да аплицира за виза во Македонија, му беше одбиена, па јас слетав до Истанбул и повторно заедно аплициравме и пак му ја одбија. Во меѓувреме, бевме цело време заедно, по цел ден ми ја искажуваше неговата љубов, а вториот ден во Истанбул веќе имавме и поинтимни односи, а го направив тоа само затоа што и јас сакав, оти го сакав. По неколку дена се вративме во нашите држави и ја продолживме нашата комуникација секојдневно. Пред јас да одам во Истанбул, тој ги потроши сите свои пари по хотели и за храна, дури поклон ми даде лаптоп. Дури за карта авионска за назад јас му пратив пари, со мое инсистирање секако. 2 месеци после тоа се се одвиваше добро, до пред неколку дена. Претходниот ден беше се ок, покрај што разговаравме, ми праќаше и смс, а следниот ден ми вели во декември оди за Америка, имал виза, имало некоја девојка, ќе се женел со неа, комуницирал со нејзе 5 дена и го бендисувала. Не се работело за некоја љубов, оти според него не постои љубов. А брат му му ја нашол кој има бизнис таму, а живее во Германија. После почна и со навреди, како татко ми направил намерно за тој да не ја добие визата и дека нашиот стандард на живот е многу низок и дека тој сака убав удобен живот. Дека бил навреден, поради мене тој бил ко запуштен во Турција и се испотрошил и сега работи да ги врати долговите на тие што му позајмија. За два дена пак ми се јавува на мобилен, а јас бев во ресторан со родителите на вечера, и сакаше да се расправа и почна да вреѓа, велејќи ми која сум јас така да се однесувам со него и да му прекинувам на телефон, да не сум случајно Анџелина Џоли или некоја лепотица, па јас му викам, да то сум јас, а ти да не си Бред Пит, му велам. Па ми вели кучка, дебела, слон, грда, а кога беше со мене не велеше така, туку спротивно. Па јас му вратив пред да ме гледа мене, нека се види себе се. Јас само малку да подослабам и сум идеална, а тој треба да си прави пластична операција, дури в темница никој не може да го види, па му реков црно лајно. И тој врати смс со навреди и се каравме вечерта. Следниот ден иди онлајн и ми вели бил лут и зато ме лажел дека нашол девојка, ама јас вчерадента демек сум му го покажала вистинското лице што сум го вреѓала и ми рече да си најдам некој бел и убав. Па јас му реков дека тој мене многу полоши зборови ми упати, дури и за фамилијата дека ми е сиромашна и евтина, а јас потекнувам од семејство просветни работници и доктори. А се направивме да ја добие визата, дури сакавме и преку фирма да го поканиме, и се беше во ред додека тоа не се случи. И ми вели дека колку и да ме сакал не можел да биде со мене, макар и да се отепа, оти многу сум го навредила, и дека сум ја фрлила љубовта в море. Вели поради мене заврши, јас сум била виновна.Вчера дојде онлајн за да ми каже да не го вознемирувам и да не го барам, инаку ќе го сменел бројот. А колку само смс му пратив и му ѕвонев и се пробав да се смириме се до вчера. Ама, веќе доволно се понижив, така да повеќе не му се јавувам.
    Мене сега душата ме боли, не можам така лесно да ја избришам оваа врска, колку ли време ќе ми треба да го преболам??? Се налутив, и знам дека имам доволно причини да го мразам и сакам тоа да го постигнам, ама воопшто не е лесно... Ве молам за некој совет... поззз
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Let Him Go.Ова ти го кажувам од лично искуство зошто пред некој период доживеав слично погазување.
    Немој да велиш дека го сакаш,знам дека е така ама трчај додека те држат нозе.Бегај од таков.Штом си дозволил да те навредува значи е никој и ништо.Не се погазувај,не простувај,не дозволувај такви работи зошто јас лично знам како е и многу боли ама треба да се ставаме први на место.Не си морала да пагаш на негово ниво.Само остави да си ја свати грешката.Си прифакала подароци од него?Врати му ги,бриши сместа се од него.Не ти е потребен,не се мачи себеси за некое лигле.Веке го кажал тоа,нема назад.
     
    На lepa.milena му/ѝ се допаѓа ова.