1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме игнорира!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Antina, 22 април 2011.

  1. Antina

    Antina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Со него се имам видено 5,6 пати.. се смувавме. Сега ме игнорира,, мислам го барам на тел не ми крева, а кога ке се сретнеме ме погледнува! Поголем е од мене 8,9 години.. со женска го немам видено, работи во друг град. Знам дека треба да престанам да го мислам и барам и сето тоа, ама неможам чуствувам нешто за него. Она што го чуствувам е безусловно, значи јас ништо не очекувам од него.. ама зошто е таков со мене? Сакам некако да го заведам, ама како? Можеби треба да го игнорирам,,, ама мислам и дека ако го игнорирам ништо тоа него нема да му значи и нема да го смени.. Да најдам друг неможам.. Сите ми се одвратни и неможам да ги смислам :worried: :worried:
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ме игнорира! :(

    Со тоа што го бараш значи си заинтересирана за него. Дечкото сакал само авантура за една вечер, нема зошто да го бараш, игнорирај ги не мора тоа да му го ставаш на знаење а и така нема да го интересира. Џабе си ги трошиш мислите на него.
     
    На lolita97 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Се согласувам со мислењети на Струмфета, не губи време со тоа!
     
  4. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Гледај кажи му дека го сакаш безусловно и дека ништо не очекуваш ќе почне подот да го брише со тебе :!: . Не си комплицирај работи јасно е батали го ни прв ни последен , не му ги кревај акоциите веќе :@

    Малку почит кон себеси те молааам :^)
     
    На Rock-a-Fella и Anely им се допаѓа ова.
  5. Antina

    Antina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Ма јас сум луда заљубена и изгубена по него а што е најстрашно неможам да сакам па ни да погледнам друго машко... никој не ме интересира!!!
    А безусловна стварно го сакам.. тоа е мислам права љубов која никогаш не сум ја почуствувала,,, да сакаш а да не очекуваш да те сака.. Права љубов која ја даваш а ништо не очекуваш за возврат!! Аххх првпат ми е вака... Ке полудам !!!
    Тој само нека продолжи да ме игнорира ;(
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Антина типот има 30сетина години ти сега мислиш дека ќе го смениш???
    Не ти крева и ти повторно му ѕвониш? Не се потценуваш така?
    Те погледнува кога ќе се видите. Ах тоа ми е ко во основно и средно, ме гледаше леле ме сакаааааа или не ме сака, не бе ме сака. А он пред 15 години завршил основно.
    И велиш не очекуваш ништо од него? Значи сакаш да го заведеш, да се исполапате, да легнете у кревет и така да те искористува.
    Девојко најди некој кој те цени. А не некој кој ќе те мува, па игнорира, па набљудува без да ти пријде а притоа има 30 години и е возрасен маж. Не знае да се однесува со годините што ги има.
    А друг секако дека може да најдеш, неможе 3 останати милијарди мажи во светот и 1 милион во Македонија да ти се одвратни. Ти очигледно си хипнотизирана од типов и не ни гледаш други. Хипнозата кога тогаш поминува тоа да го знаеш. Батали го додека е време, не се повредувај и понатаму.
     
    На marija305 и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  7. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Been there, Done that !
    И јас сум била во слична ситуација, но подобро ми е да пукнам од нервоза, и да плачам со срце и душа, отколку да го молам !
    ако сака-бујрум, ако нејќе-упм !
     
    На fallenangel и lolita97 им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ох девојче, си подразмислила ли дека можеби и не е баш БЕЗУСЛоВНА ЉУБОВ во прашање, како што велиш, а дека проблемот е во тоа што никој друг не ти се свиѓа?!?
    Можеби работата е токму тоа нема некој што те привлекува во моментов, па прилично многу сакаш овој да е ТОЈ ?!?
    Ако човекот се однесува со тебе како што велиш искрено и не знам што е тоа што те привлекува кај него, карактерот се разбира не е, значи дека физички е до толку згоден и нема друг како него згоден...

    Доколку пред ова си имала некаква врска и завршила на ружен начин, богами и те разбирам сосема зашто сега сакаш некој како овој што те игнорира, па дури и се убедуваш себе си дека е безусловна љубов во прашање и да разбирам зашто луѓето околу тебе не те привлекуваат.
    Но, се што треба е време. Ако во моментов нема човек што те привлекува ќе се најде. Не веднаш, впрочем и тебе ти треба време да ја преболиш безусловнава љубов. А, пак, за да го заведеш ОВОЈ, како што сакаш и да го добиеш тоа што го сакаш НЕГО И САМО НЕГО, без разлика што тоа нема да е врска и тој нема да е со тебе ОФИЦИЈАЛНО, а кога ќе посака... е сосема лесно. Кажи му го тоа и ќе го имаш. Па, ако е тоа што сакаш, твојата безусловна љубов да ја делиш со човек, кој те игнорира и сака да те искористи супер.
    Мој совет не дека е многу битен, но почекај. Ќе налета друг. Секогаш налетува. Можеби не кога ти сакаш, но налетува и да, ќе те привлекува тој и ти него.. не вака безусловно како овој, да ништо не сакате еден од друг, бидејќи ќе бидете од оние здодевните парови како што се и грото парови, кои сакаат да се заедно, САКААТ СВЕТОТ ДА ЗНАЕ ДЕКА СЕ ЗАЕДНО, ќе се замарате со банални работи како: каде е, со кого е, колку време не сте се виделе?!? и ќе се сакате СО УСЛОВИ И ТОА да СИ ИМАТЕ ЕКСКЛУЗИВА вие двајца и никој друг измеѓу.... но, доколку си од луѓето кои што ги сакаат овие патетични работи. Ако не си.... тогаш лесно ќе е со безусловната љубов... еден повик муабет и си се имате. :) Бирај.
     
  9. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    за дечко и автобус не се секирај-веднаш доаѓа следниот :P
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :$
    колкуе само точно тоа
    проверено :$
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    значи ти буквално сакаш типот да те искористува??? сакаш да му дадеш се,а не очекуваш ништо за возврат??? Навистина,имај почит кон самата себе !!! Башка лудило,не ми се верува дека типот нема девојка,има 30 год,работи во друг град?Можеби таму има некоја сериозна врска а ти си му била да си пополни време.Несакам да се навредиш,и не верувам дека ќе послушаш било кој совет,но барем пред да почнеш да се газиш себе си,разгледај наоколу можеби ќе ја пронајдеш и вистинската причина за тоа што ти се случува ;)
     
  12. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    епа вака.. поЧна да ме игнорира од кога дозна дека го свиѓав и ме избриша од фб заради тоа пошо он мене не ме свигал и не сум била негов тип, а пред тоа се иаме запознаено, лајкнување, седење заедно со друштво и такаа, и сеа као да ме игнорира и некако си се кривам самата себеси пошо ја ја заебав работата и мн се каам и сеа сакам барем на здраво да бидеме, ке може да ми кажете како да го придобијам неговото здраво барем што да направам? сакам барем тоа да го имам од него пошо мн го засакав... ;\
     
  13. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Си го засакала?? колку години имате?колку години има он?
    да те избрише од фб пошо дознал дека го свигаш??мене ми личи како детево да е 5то оделение .-.-
    Сакаш здраво од него?? а извини што ке ти е негово здраво,коа он види што прави?Мој совет ако сакаш да ти обрне внимание БЛОКНИ ГО ТИ СЕА НА ФБ,НЕМОЈ ДА ЗБОРИШ ЗА НЕГО НА НИКОГО!ни на другарки ни на другари ,никако ни на познаници.ништо ништо.ако те праша некој ти ке си кажеш дека не го свигаш И ДЕКА НЕ ТИ ТРЕБА ТАКВО ДЕТЕ!!!коа ке види детенцево дека го игнорираш и буквално ни здраво ни поглед да не му даваш,го видиш си вртиш глава на друга страна верувај ми за некоја недела,месец ке те побара.пошо он сеа очекува дека ти ке го молиш.ако сакаш толку ниско да паднеш МОЛИ ГО ,па макар и за здраво.па цел град коа ке дознае зашо он ке си се фали и ке ти се смеат сите. не вреди за такви како тој ,веруј :)
     
  14. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    не е за петто одделение туку има 18 години постар е една година од мене и еднаш кога од далеку го видов дека иде наваму и ја натаму за да се разминеме реЧе здраво ама незнам дали на мене или на сестра ми ама ја не го рецнав не го ни погледнав само онака си гледав право и вЧера сакав пак да поминам намерно покрај него за да видам дали пак ке ни реЧеше здраво или пак ја да му реЧев ама не го сторив тоа... :\
     
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Нема што да поминуваш покрај него.Остави го,се ке си дојде на свое место.Ке му недостига нему твоето внимание. ;) па кога ке увиди дека не го рецкаш ке се запраша кај е тоа свигање кое го имаше за него?
    Остави на времето да покаже,а се согласувам и со погорниот совет.Се однесува ко мало дете.Не ти треба таков.А следниот пат кога ке те додаде за пријател а сигурно ке те додаде не го прифакај па да види како е :D
     
  16. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    И ти игнорирај го.. очигледно му поминал меракот и си го покажал лицето...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly1234

    Butterfly1234 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Значи вака,има едно момче со кое си се допаѓаме веќе подолг временски период но поради обострана страмежливост немаме никаков контакт па дури ни едно обично Здраво,двајцата сме средношколци,последниве неколлку месеци забечежав како ме игнорира јас почнав да се нервиврам и постојана одев да бидам во негова близина за да откријам што точно се случува,пред некое време дојде на училиште и имав чувство како тајно да ме посматра без да видам потоа пак почна да ме игнорира,потоа пак се сретнавме и приметив како ме погледна потоа пак игнорирање...
    Значи навистина незнам што се случува ? Што ми слите вие?.. Дали ,можеби наседнав на една глупава тактика или не ?
    Како да му возвратам ?Што да направам?
     
  18. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Ова е нешто најнормално, баш и не е тактика, тој само не знае што да прави. Факт е дека стварно му се свиѓаш и би сакал да имате нешто, но ни тој не знае како, исто како и ти, затоа и почнува да му се здосадува од разменувањето погледи. Пробај, најди негов фб или прашај некој што и двајцата го познавате, да ве запознае, демек случајно нормално. Ако немаш такви можности, веројатно ќе помине време дур си прозборите :/
     
    На Butterfly1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Butterfly1234

    Butterfly1234 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Сакаш да кажеш здосадено му е од погледи ...планира нешто посериозно па затоа така постапува?..можеби очекува јас да преземам нешто прва..? инаку мене довлно ми е само едно "здраво" да имаме,а за запознавање малку потешко,со оглед на тоа што јас сум таков тип што за такви работи не зборувам со другарки па и баш не знам како да го изведам сето тоа,сепак ти благодарам за искрениот одговор :)
     
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Пораснете!!! И Двајцата. Се свиѓале, па срам им било, па се глеале под око.Па се игнорирале. И на крај ке си најдете и двајцата некој/а со повеќе храброст.