Па ,девојки се вознемирив,сакам да го споделам ова со некој.Дечко ми е во посета на роднини моментално е во друг град.Мн го сакам,и тој мене стално ми го кажува тоа,и дека мн му недостигам ,и денес ми се јавуваше на секои 5 мин буквално и вечерва како бев излезена пак ми се јави 100 пати,но сеа последниот пат ми рече дека ќе ми се јави,и еве сеа ми стигна порака од др број ми пиша дека немал батерија и не може да ми звони.Да се сомневам или не ..? Намерно го има исклучено моб,за да не го терам да ми се јави пак,да нема како да го контролирам,дали е пијан ,дали е дома или излезен уште..или стварно нема батерија . Што мислите?Би ми значело ваше мислење..
Ме лаже ли овој пат ??? Леле бе девојче полека малку ама си се испаничила Од каде знаеш дали те лаже? Ете ти се јавувал предходно можеби навистина снемал батерија па се јавил да не мислиш, полека малку, небаре светот пропадна
Ме лаже ли овој пат ??? па јави се на другиот број !! ама мислам дека нема потреба да се вознемируваш. гледај, ти се јавува на секои 5 мин!!! и што сакаш повеќе? милам дека дечкото ти е верен, ама за контрола јави се на другиот број. сигурно си е сигурно
Ме лаже ли овој пат ??? Дечкото и од друг број ти пишал, што значи има во предвид дека ќе се секираш и ете ти кажува што е маката со телефонот. Дали те лаже ние не можеме да видиме преку магична топка, а не можеш ни ти. Ама затоа постои нешто кое се вика доверба и е основа на секоја убава врска. И жити мене не се јавувај на другиот број, така само ќе му покажеш колку си несигурна во него, а со тоа и во себе и вашата врска. Никој не сака до себе детектив за девојка.
Девојче, уживај малце не се оптеретувај со глупости. Значи уште кога ти се јавува на секои 5 мин , значи му значиш и те цени, мисли на тебе. Со ова дека ти пишал поракака значи не сака да мислиш на глупости и да се сикираш беспотребно, сакал да ти каже и да те предупреди што е работата со неговиот телефон. Немој да правиш филмови, и не се јавувај на другиот број- нема потреба. Имај малку доверба, пред се во себе , а и во него. Ако сакаш да ви успее врската довербата е една од клучните фактори.
А зошто темата гласи Ме лаже ли овај пат? Имаш ли причина да се сомневаш, те излажал и претходно??? Инаку се сложувам со девојкиве дека не треба да дигаш паника,ниту да хистеришиш,во никој случај да се јавуваш на другиот број...и едно советче....Една од најбитните работи во една врска е Довербата
не, ме нема излажано др пат,ама му се има случено ова и повеќе пати,демек снемал батерија па.аман више! па да му е**м телефон ,батерија, памет незнам шо више!!
и јас така си имав едно време проблеми со мобилниот, ми се гаснеше цело време и сега и двата ми зафркаваат СЕ ГАСНАТ, значи аман олабави малце, нема да му биде тешко да те извара и со уклучен мобилен. ако сака ќе ти се јави додека е со друга и ич око нема да му трепне. друго-не се јавувај на др. број. ваљда не треба да оставиш впечаток и не треба да се однесуваш како контолор. ем ти се јавува, ем не ти чини. не е убаво така. гуд лак.
абе ајде шо се секираш може навистина му се изпразнила батеријата. Прочитав дека те немал досега излажано зошто се сомневаш во него. Не ја претерувај и не прави си филм од ништо самта да се проптеретуваш и измачуваш со такви мисли
Леле девојко, немаш потреба од паника... Ти се јавува секој 5 мин. и сега ако снемал батерија ќе паничиш... Уживај, немаш потреба од паничење...
па штом ти звони на секој 5 мин како сакаш да има батерија? И зошто баш толку често звонење? Мене стварно не ми е јасна таа контрола и тоа кај си што правиш (а уште ти е црвено увото од претходниот разговор) дај олабави и не се нервирај..на крај краева па нека излезе детево како човек нис град кога отишол некаде на посета а не дома моб да пуни и со тебе бла бла филмове да развива...
девојко сама си го правиш проблемот, не си го фатила до сега да те лаже, или да те изневерува а креваш паника зошо не ти се јавува на секои 5 мин како може да му е исклучн телефонот? не се оптертувај со глупости, гледаш дека и самиот ти пишал дека нема батерија за да не го мислиш а ти упорно се сомневаш. да прашам колку време сте заедно? и дали има причина поради која се сомневаш дека би направил нешо? според ова што го кажа нема зошто да се нервираш, убаво кажа ирена ако сака да те изневери ќе го направи тоа со вклуќен тел дури и ќе ти се јави. ако до сега немало нешто поради кое си изгубила доверба во него не вреди за ова да се нервираш и да мислиш
Meне искрено некој да ми звони на секои 5 минути јас ке полудам...Какво е тоа јавување?Не ти здосади?не се осекаш како да те контролира тој тебе а не ти него?па и да се напил па што, еднаш се живее,сега ако не лудува кога?Не можеш ти да му забрануваш.И биди срекна што се снашол од каде да ти пиша зошто можел и да не го стори тоа.
Не гледам причина за паника ете ти се јавувал на секои 5 мин и сеа му се испразнила батеријата и важно ти пишал да не се секираш, а да не ти пишел ??!
Aко толку страшен проблем е тоа да се останува без батерија, тогаш мене маж ми одамна требаше да ме остави. Јас сум секој трет ден без батерија, заборавам бре да полнам телефони
не знам дали треба ваква тема?? зошто се разврстуваат подтеми од темата Љубовни проблеми и совети? Ме лаже ли и овој пат? - Значи еднаш веќе те излажал!? Кој излажал еднаш, ќе излажи и втор пат!
Да ми се јавува на секој 5 минути, прво ќе го отерам кај што не треба. Ме умара мене тоа. И кој доказ ти е дека ако ти се јавува дека не те вара??? Значи, ако тој сака да те извара ќе те извара и кога ќе отиде во веце, а ти седиш во кафичот и го чекаш, сакам да кажам шанси има милион. Не се оптоварувај со глупости. А за тоа, дали те вара, дали да му веруваш, никој не може со сигурност да ти кажа, зошто нели не му светиме што прави. Опушти се и уживај. А да, и никако не врти на тој другиот број, најгрдо нешто ми е тоа, а и плус може да се налути и да го изгубиш.
Имаш 17 години, а некаде чинам прочитав дека си во врска една година. Посесивна си и параноична и може да ви биде се' најубаво и совршено, со ваквото твое детско и незрело однесување ќе дочекаш крај на врската поскоро отколку што очекуваш. Не, не те лаже, едноставно си е заљубен, заблеан и многу фин штом ти поднесува извештај по 100 пати на секои 5 минутки, па згора на се' наоѓа и друг телефон да ти пише да не се секираш, а ти тоа го злоупотребуваш и напнуваш онака, до смрт.
Драга моја, не знам каков режим си имате во врската, да си поднесувате извештаи итн., ама не гледам никаква причина за толкава фрка. Јас да му барам на мојот дечко извештај на секои 5 мин ќе ме отера и пичку матер, а искрено и мене некој да ме замара толку ќе ми пукне филмот и го гасам тел. Па ако сака нешто да ти направи зад грб, ама ништо нема да го спречи. Немој да ме сватиш погрешно, ама мислам дека претеруваш, нема потреба толку да го оптеретуваш да ти се јавува на секои 5 мин. А тој па толку фин, нашол и друг тел да ти каже дека нема батерија. Зар вакви дечковци уште постојат??? Немој да напнуваш толку, опушти се малку зошто можеш еден ден и да му здосадиш со контролирањето.