Навистина, како не те замара повик на секои 5 мин?? Јас ќе полудам некој да ми се јавува толку често. Мене ме нервираше бившиот и на 2 саати што ѕвонеше! Што муабет правите на 5 мин не ми е јасно... А и што е тоа да излезе и пак да ти ѕвони цело време? што ќе виде од излегувањето? И веројатноста со батеријата е голема, цел ден ти се јавувал, можеби не зел полнач, од каде батерија после? Многу е логично. И не го напнувај детето, се гледа дека те сака, немој да го изгубиш заради параноја и хистерија! олабави.
Ајде сега расплачи се!!!!!! Те молам И јас што сум кралица на гњавењето ќе исклучам некој толку да ме бара.Па отишол дај му простор да се релаксира далеку од тебе.Сето ова е глупаво.Нормална реакција на ментално здрав човек е кога телефонот ќе му се исклучи за батерија а не е дома да не превзема ништо во врска со тоа.Дечко ти дури ти пишал порака со објаснување.Порасни! Дури јас сум некако сигурна дека не е лажго.
Темата гласи -Ме лаже ли овој пат-што не значи дека ме излажал друг пат,иам објаснето во еден од коменатрите погоре. побарав само совет за мојот проблем ,а не мислење дали темата треба да постои или не.ова ми беше мене потребно,а доколку не си согласна со нешто немало потреба за коментар едноставно требало да затвориш. Сепак благодарам за времето што го посвети да го напишеш мислењето. -.-
Колку пати ми се има десено мм од памет да се извади, не сум била достапна цел ден иако два пати ме предупредил да го ставам моб да се полни. Не е дека го лажев, по цел ден сум си дома, едноставно некогаш не ми текнува, дури после два саати буљење у телефонот ќе си речам, абе ај да го ставам да се полни. Не си расипувајте врски за вакви ситници бе дечки. Ако сака да те вара, може и да те вара и да ти пишува пораки...ми текна на една дешавка на која бев сведок у една дискотека. Малиов ја имаше прегрнато една типка, нешо дали у врат ја гризеше, љубеше, шливка праеше, сеедно и со таа рака со која ја имаше прегрнато го чепкаше нешо мобилниот баш зад грб шо би се рекло, абе испраксирано дете, се изнасмеавме со другарка ми како постигнуваше не ми е јасно
Не се оптеретувај толку со ситници и не си ја расипувај врската заради вакви работи. Не гледам причина зошто да се секираш. И да ти се јавува по 500 пати на ден, пак може да те изневерува и да те лаже ако сака. Тоа не е никаков доказ за верност и искреност.
Зашто се вознемируваш? Па ако на секои 5 мин ти звони ке си здосадите едни на други. Верувајте си меѓусебно, ако има доверба нема ништо да се деси. Па сеа ке ви прекипа и на двајцата постојано гледање мобилни, ни малку слобода. Гледаш дечко ти се грижи за тебе, баш затоа и те известил да не се секираш Нема потреба од паника и грижи. Уживај, прекрасна ти е врската!
Можеби стварно му снемало батерија на човекот не донесувај погрешни заклучоци,ако тој те сака толку многу како што викаш нема ни да проба да направи некоја глупост
Чим ти ѕвинел на секои 5 минути и би требало да снема батерија! И нема потреба за паника.И незнам како не ти здосадило толку често да се слушате.викаш искочена си била он 100 пати ти вртел..бог да чува !