1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ме обвинува мене...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од N.A.T.A.S.A, 28 април 2011.

  1. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Значи вака! Со дечко сми сме во врска повеке од 4години! Јас сум овде во Македонија, а тој живее во Италија. Значи се гледеме само на распуст кога доаѓа овде! Пред скоро 1 год кога беше тој овде јас останав бремена но дознав дури кога тој си отиде. Го известив дека сум бремена тој многу се израдува и ми плати авионска карта да појдам таму кај него. Моите од дома не знаеја дека сум бремена бидејки одлучивме прво на неговите род да кажеме па потоа на моите! Се беше добро ме пуштија од дома да одам кај него и стигнав таму. Значи 2 пат одам кај него! Се ми беше познато. Не рековме одма на неговите род бидејќи чекавме добра прилика. Беше Недела и отидовме да се прошетаме низ паркот и мене ми се слоши! :( Почнав да крварам се исплашивме и двајцата и тој ме однесе во болница! Таму имав абортус :'( Поради слаба бременост морав да абортирам. Поминав низ тешки денови!!! Но сега веќе тој почна често да ми вели дека јас сум била крива за тоа. Јас не сакав да се случи тоа. Му објаснувам дека и докторите велат дека сум имала слаба бременост и дека немаше да можам да го износам. Значи сега уште сме дечко и девојка но не е веќе како што беше. Целата вина ја истура врз мене! Што да правам сега како да му објаснам??
     
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Не сум јас крива!!!

    Уф, многу лошо. Сигурно ти е многу тешко, ама не може цело време да трпиш! Кажи му јасно и гласно дека не смее тебе да те обвинува, па веројатно не е до толку идиот!
    И на крај краева, ако вистински сакате бебе, зошто да не пробате пак? Иако искрено речено, не знам како ќе успеете во тоа. Се гледате само на распуст, значи некои 2-3 месеци годишно, односно се на се вистински сте заедно само 1 година. Сигурна ли си дека се знаете доволно? Да не збориме за тоа дека логично е да се земете, па селење... малку напорно, не? :)
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не сакам да бидам погрешно сфатена, но нема основа да те обвинува тебе, зашто ако некој има поголем товар на вина, тоа е тој. Нека дојдеше тој во Македонија, за да не тормози бремена жена по патишта горе-доле. :fubar:

    И за ова не знам како ке ме сфатиш, ама дали можеш да бидеш сигурна дека не се мачи некако да те откачи, па изнаоѓа начини?
     
    На ruzmarinka и Podarok им се допаѓа ова.
  4. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Самото тоа што ти си го претрпела е навистина болно, неговото префрлање сигурно ти доаѓа како капак на се. Но во никој случај тоа не е твоја вина :|
    И немој никако самата да си се обвинуваш, сепак пробај да го разбереш, ако навистина го сакал тоа детенце, нормално е на почеток така да реагира, знаеш дека секогаш за се други ни се криви. Сепак не му дозволувај многу многу да ти труби на глава. Разговарај отворено, и да зошто да не се обидете повторно, животот е пред тебе, млада си. Зајакни си го имунитетот, земај витамини, и после тоа обидувајте се, ќе биде пак. Воопшто немој да се чувствуваш виновна, така требало да биде.
     
  5. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    На секое слушање по телефон, скајп тој ме расплакува ;( ;( ;( Зарем не знааше да се чуваш, моето дете да го чуваш! Тоа се неговите зборови! Многу ме боли ама што да правам така требало да се случи!
     
  6. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Верувај многу убаво го знам чувството поготово во таква ситуација целата работа е тоа сто ти не смеес психички сега да подпагас не е фер никој не е крив во таква ситуација а единствената зртва си ти и тоа потруди се да му го објаснис место сега тој тебе да те теси тој го бара виновникот а барем малку да знае колкава болка ти претрпувас тоа е дел од тебе,се сто сакам да ти казам е да бидес малку построга оти навистина ти казувам после вакви ситуации доагја до неверство демек ти си го расипала односот па тој е озалостен иако не ја ни свака ситуацијата во права смисла и ред други работи сто немора тебе да ти се случат ама тоа им е психата.Немој во никој случај да залис така требало да биде и се има своја причина па стрпи се да видис која е причината во овој случај немозе он така лесно да обвинува или сто утре друјден ко ке имате деца и ќе се разболат пак ќе бидес крива?Кога несто нема да биде како сто треба во други ситуации пак ќе бидес крива?не дозволувај и знам дека не е лесно но потруди се да си доказес дека си силна и дека сето тоа те прави посилна секој товар е успех немој да бидес слаба па сама ќе видис дали тој те подрзува и кој е тука слаб треба и тој да сване дека мозеби друго ќе било тој од почеток да се трудел да бидете заедно и оти мозеби од сите тие стресови за него довеле до тоа само нека си размисли малки.поздрав ти посакувам се најдобро
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Наташа искрено зар не мислиш дека си премлада? Пу пу, на 19 години не ми ни доаѓа на памет да чувам дете, а камо ли да имам психопат за дечко и вербално да ме малтретира. Не си виновна и не си должна да трпиш обвинувања. Остави го и сфати ја оваа ситуација како нова шанса за живот. Има време кога да чуваш деца и да го переш мажот. Овие години еднаш се живеат и не се враќаат.
     
    На Elmedina и Tamarax3Ronaldo им се допаѓа ова.
  8. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Kaжи му дека исто ти е и тебе жал колку што му е и на него,кажи му дека не смее така да ти зборува зошто ти прави да ти биде уште потешко и пред се можеш да му кажеш дека времето е пред вас ќе родиш друго,не треба да се навраќате наназад,треба ова да ве направи посилни,и уште повеќе да ви ја зацврсти врската доколку тој стварно сака да е со тебе и сака дете со тебе!позз
     
  9. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Искрено твојот дечко е многу безобразен ( БЕЗ НАВРЕДА) Он тебе треба да те сака и чува,се случило што се случило ни ти не си сакала,кој е он да те обвинува,аххххххх навистина си во тешко ситуација ама јас мислам дека е најдобро да му кажеш како се чуствуваш и колку те навредува и повредува тој со своето однесување и да видиш дали ќе се промени на подобро,ако не барај си ја среќата на друго место со некој што ќе те сака и цена како што заслужуваш...Среќно!!! мила...
     
    На Elmedina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Млада сум но ни на крај памет не ми пагаше да абортирам! Да не имав слаба бременост немаше ни да помислам на тоа! Уште кога тестот испадна позитивен јас го сакав тоа детенце ;( Го носев скоро 2 месеци во мене, а дечко ми можеби е психопат, безобразен ама и тој ного го сакаше. Кога се случи абортусот тој плачеше ;(
    Само сакам сега да најдам начин да му објаснам дека не сум јас крива за тоа!
    А 2 год треба да се чувам значи во никој случај не смеам да останам бремена!
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Извини вака ама идиот е !!! :o :@

    Сигурно ти не си сакала да абортираш ц.ц.ц требал да покаже разбирање и подршка да ти пружи а не да те обвинува :!: . Доволно е што си се измалтретирала и по патишта и по болници доволно стресови се претрпела уште неговите осуди ти требаат ... Не ми се верува абе мозокот нека почне да го користи за промена леле каков човек не ми се верува .
    Долга врска и се тоа .... Ама подразмисли дали сакаш ваков човек покрај себе ... Јас искрено не би можела лесно да поминам покрај ова ....
    Нема што да му објаснуваш ти си сторила се што треба си му објаснила ама како што кажав нејќе да сфати . :x
     
  12. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Оххх да не сте на мое ;( Се би дала да се врати времето! Понекогаш вели добро сваќам но тоа е се до следното слушање. Сега ми вели да одам пак таму! Страв ми е искрено!
     
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Премногу контрадикторности има во твојата приказна.
    Немам никогаш слушнато за слаба бременост,па и уште да се прави абортус поради тоа.
    Ако си имала спонтан абортус,слободно после месец,два може повторно да се обидеш да останеш бремена.
    Само после примање на хемотерапија може лекарот да препорача да не се остане бремена до 1 година,за 2 немам слушнато посебно после спонтан абортус.
    Како и да е ти си ја знаеш вистината каква и да е
     
  14. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Добро Наташа ти не си навредена повредена лута и бесна како што сум јас на пример во моменетов ? ! :@

    Фала му на Бог не ми се случила ваква работа и се надевам нема да се случи, те сваќам 4 години НО навистина ти бараш начин да му се извиниш за нешто што не си виновна :^) :tmi: . Плачел па добро де и ти плачеше и ти загуби и ти трпеше болки и трауми , размисли те молааам имаш само 19 !!!
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Значи вака! Прилично слаба девојка сум . Имам висина но не и килограми! Една од причината беше и токму тоа што сум слаба! Кога ми се слоши добив крварање и изгубив премногу крв и одма дојде до абортуст! А заради моето здравство и следна бременост морам да почекам барем 2 год за да имам сигурна следна бременост! Одев 2 недели на терапија затоа што бев слаба! А сето тоа беше во Италија, барем таму лекарите се нешто подобро од овде.
    А Вендиии не барам начин да се извинам но барам начин барем малку да докажам дека не сум крива.
     
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Ама Наташа ти НЕ СИ КРИВА !!! тоа треба тој телетабисот да го сфати ...
    Што сака повеќе од тебе ?! А замисли намерно да си го абортирала што ќе се случело ? :x Човекот не е тука ... Кога во најтешките моменти ја немаш неговата подршка не знам јас што понатака .... Ова однесување е како на мало дете кога нешто упорно му кажуваш дека е бело тој се инаети црно е ... Толку е бесчуствителен и суров уфф од вакви и слични :puke:

    Ти посакувам се најдобро се надевам дека ќе си живеете среќно до крајот на животот :) |( јасно ми е дека не планираш ништо поинаку ...
    Како и да е твоја работа е на крај краева ...
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  17. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Благодарам Вендиии! Ќе се обидам да објаснам уште еднаш па ако веќе стварно не бива :worried: :worried:
    Никој нема да ни го врати детенцето ама сепак и јас имам чест и ако не за мене туку за болките што ги претрпив ке го оставам!
     
  18. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Само уште нешто? Да појдам ли сего кај него?? Треба на 15 мај да отидам!
     
  19. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Па мислам дека треба да одиш, чисто за отворено да разговарате, вака преку тел или нет не е баш добро :worried:
    Само храбро разговарај со него, ако тој останува на своето ... не е ни прв ни последен, секогаш ќе се најде некој подобар :)
     
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Ахаа! Последнио пат кога се видовме беше на Новата Година и не поминавме баш најдобро!